ПОЛОВ РАЗВОЈ, ВОСПИТАНИЕ И СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Оливера РАШИЌ

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

SEXUAL DEVELOPMENT, EDUCATION AND SEXUAL ABUSE OF PERSONS WITH DISABILITIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Olivera RASHIKJ

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

Оливера Рашиќ го одбрани својот магистерски труд на 17. 06. 2009 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методија“ – Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Владимир Трајковски, проф. д-р Ристо Петров и доц. д-р Наташа Чичевска-Јованова.

 

Olivera Rashikj defended her master thesis on 17 June 2009 at the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, University of “Ss. Cyril and Methodius” – Skopje, in the presence of commission consisted of: Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, Prof. Dr. Risto Petrov and Ass. Prof. Dr. Natasha Chichevska-Jovanova.

Примено: 11. 08. 2009
Прифатено: 01 09. 2009
UDK: 376.24:176.4(497.7)

 

Received: 11. 08. 2009
Accepted: 01. 09. 2009
Abstract from master thesis

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

На ниво на општествената заедница сè уште постојат митови и стереотипи коишто се однесуваат на сексуалноста на лицата со инвалидност. Најчестите погрешни претпоставки ги застапуваат идеите со кои се тврди дека лицата со инвалидност се асексуални – доживотни деца, како и спротивните идеи со кои се тврди дека лицата со инвалидност се сексуално импулсивни. Вистината е дека сексуалноста е интегрален дел од животот на секое лице, започнувајќи во инфантилниот период и протегајќи се низ целиот животен век.
Основната цел на овој магистерски труд, презентиран на 190 страници, беше да ги претстави карактеристиките на половиот развој кај лицата со инвалидност, поточно кај лицата со ментална ретардација, оштетување на видот, оштетување на слухот и лицата со телесен инвалидитет. Да се одреди
степенот и начинот на полова  едукација  кој се остварува и да се направи компарација во однос на преваленцијата и причините на сексуална злоупотреба кај лицата со различен вид и степен на инвалидност, како и да се наведат можностите за превенција на злоупотреба.
Примерокот на истражувањето беше составен од 317 испитаници поделени во шест групи и една контролна група. Првата група ја сочинуваа 98 испитаника со ментална ретардација, меѓу кои 36 на возраст од 10 до 15 години од посебните основни училишта „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“, 29 испитаника со лесна ментална ретардација на возраст од над 15 години од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, 33 испитаника со умерена ментална ретардација со најмала возраст од 10 години, од Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Топанско Поле. Втората група беше составена од 25 лица со оштетување на видот од Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, меѓу кои 8 испитаника беа на возраст од 10 до 15 години и 17 беа на возраст од над 15 години. Третата група ја сочинуваа 19 испитаника со аудитивно оштетување на возраст од 10 до 15 години од Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен слух „Кочо Рацин“ - Битола и 16 испитаника со аудитивно оштетување постари од 15 години од Центарот за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ - Скопје. Во четвртата група беа вклучени 25 лица со телесна инвалидност од Заводот за заштита и рехабилитација на телесно инвалидни лица „Бања Банско“ - Струмица, 21 испитаник со најмала возраст од 12 години и 4 испитаника од Центарот за церебрална парализа на возраст од 10 до 15 години. Во петтата група беа опфатени 72 дефектолози и стручни работници од заводите и посебните основни и средни училишта, во шестата беа вклучени 30 родители на лица со инвалидност и во последната група 32 ученика од ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ од 10 до 15 години.
Третиот дел од магистерскиот труд го претставува анализата на резултатите со дискусија. Податоците презентирани во ова поглавје се всушност номинални податоци, кои откако беа собрани, за полесна обработка беа нумерички означени, групирани и табелирани, а потоа компјутерски обработени со стандардната статистичка програма SPSS 11 for WindowsXP, применувајќи c2тест, кој пак кај табелите 2 x 2 беше заедно применет со Fisher exact тест R x C табели на контингенција, со цел да се добијат попрецизни резултати и да се забележат евентуалните отстапки доколку постојат. За да се утврди поврзаноста на две или повеќе варијабли, во однос на одредени прашања, беше применет коефициент на контингенција (C), а кај прашањата каде испитаниците давале по повеќе можни одговори, беше применет тест за проценка на еднаквост на проценти (z), со цел да се процени дали процентуалната застапеност на одреден одговор за дадено прашање е еднаков или различен кај две или повеќе групи на испитаници. За статистички значајна се сметаше разликата на ниво на значаност од p<0,05.
Како позначајни од заклучоците можеме да ги издвоиме следниве: Лицата со инвалидност го следат истиот развоен циклус, како и останатата популација, со евентуални мали отстапки во склад со видот и степенот на инвалидноста; сите лица со инвалидност се сексуални суштества; информациите за половиот развој лицата со инвалидност ги добиваат од медиумите и другарите, при што најслаби познавања имаат од областа на несаканата бременост и контрацепцијата. Утврдивме дека најчест метод со кој им се презентира содржината за половиот развој и воспитание во рамките на училиштата е класичниот метод со извесна примена на илустрации, а во склоп на семејствата има недоволно застапено полово воспитание. Беше дојдено до заклучокот дека незанемарувачки е бројот на инвалидни лица кои биле принудени на гледање различни порнографски материјали или на вршење разни видови на сексуални чинови. Најафецирана категорија во однос на дадената проблематика се лицата со ментална ретардација, а наjслабо се едуцирани лицата со оштетување на слухот на возраст од 10 до 15 години. Еден од заклучоците беше и потребата од посебна едукација на дефектолозите, останатиот стручен кадар и родителите на лицата со инвалидност во однос на половата едукација, превенцијата и навременото откривање на сексуалната злоупотреба на оваа категорија на лица.

 

At social community level there are still myths and stereotypes, which refer to sexuality of the persons with disabilities. The most common wrong assumptions are those stating that persons with disabilities are asexual – long life children and the opposite ideas which state that persons with disabilities are sexually impulsive. The truth is that sexuality is an integral part of each life starting in the childhood and stretching throughout the whole life.  
The main goal of this master thesis, presented on 190 sheets, was to elaborate the characteristics of sexual development of persons with disabilities, more exactly of persons with mental retardation, vision impairments, auditive impairments and persons with physical impairments. Furthermore, to determine the degree  and  manner  of  acquired sex education and to make comparison in terms of prevalence and reasons for sexual abuse of persons with different types and degrees of disabilities, as well as to stress the possibilities for prevention.
The sample of the research was consisted of 317 examinees separated in 6 groups and one control group. The first group included 98 examinees with mental retardation, out of which 36 at the age between 10 and 15 years from the Special Primary Schools “Idnina” and “Dr. Zlatan Sremac”, 29 examinees with mild mental retardation older than 15 years from the State Secondary School for Rehabilitation and Education “St. Naum Ohridski”, 33 examinees with moderate mental retardation no older than 10 years of age, from Institution for Rehabilitation of the Children and Youth – Topansko Pole. The second group included 25 persons with visual impairments from the Institution for Rehabilitation of Children and Youth with Visual Impairments “Dimitar Vlahov”, out of which 8 were at the age between 10 and 15 years and 17 examinees were older than 15 years. The third group included 19 examinees with auditive impairments at the age between 10 and 15 years from the Institution for Rehabilitation of Children and Youth with Auditive Impairments “Kocho Racin” – Bitola and 16 examinees with auditive impairments older than 15 years from the Center for Education and Rehabilitation “Partenija Zografski” – Skopje. In the forth group there were 25 persons with physical impairment, from the Institution for Prevention and Rehabilitation of the Persons with Physical Impairments “Banja Bansko” – Strumica, 21 examinees no older than 12 years of age and 4 examinees from the Center for Cerebral Palsy at the age between 10 and 15 years. 72 special educators and rehabilitators and professional staff from the institutions, primary and secondary special schools were included in the fifth group, and in the sixth group were included 30 parents of the persons with disabilities. In the last group 32 pupils from the Primary School “Petar Zdravkovski – Penko” at the age between 10 and 15 years were included.   
In the third part of the master thesis the analysis of results and discussion were presented. The information presented in this part are nominal data, which after collecting, were numbered, grouped and tabled, and after that processed with standard statistical program SPSS 11 for WindowsXP, applying c2 test, which at the 2 x 2 tables was applied together with Fisher exact test R x C tables of contingency, in order to obtain more precise results and determine existence of the possible concession. In order to determinate correlation between two or more variables related to some of the questions, coefficient of contingency (C) was applied and for the questions where the examinees gave more than one answer, the test for evaluation of the equality of the percentage (z) was applied in order to estimate if the percentage of some answers was equal or different for two or more groups of examinees. Statistical important difference was at the level of p<0,05.
As important we can point out the folowing conclusions: the persons with disabilities follow the same developmental cycle as other population with possible small concessions in relation with the type and degree of disability; all persons with disabilities are sexual creatures; they acquire information for sexual development from media or friends, and the knowledge about unwanted pregnancy and contracepcion is at lowest level. We determined that the most common method for presenting the contents of sexual development and education is the classical method with certain application of illustrations, while there is insufficient sexual education within the family. It was concluded that there was significant number of persons with disabilities which had been forced to watch different pornografic matherials or do different sexual actions. The most affected population in relation to this problem are persons with mental retardation, and the lowest education get persons with hearing impairments at the age between 10 and 15 years. One of the conclusions was also the need of professional education about sex education, prevention and early detection of the sexual abuse of this category of people for the special educators and rehabilitators, the other special staff and parents of the persons with disabilities. 

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

Оливера РАШИЌ

 

Olivera RASHIKJ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија
e - mail: oliverarasic@yahoo.com

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
"Krste Misirkov" bb, 1000 Skopje, R. of Macedonia
e - mail: oliverarasic@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in