JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 62527
ПОЛОВА ЕДУКАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Филозофски факултет |
|
SEX EDUCATION OF PERSONS WITH DISABILITIES
Olivera RASHIKJ
Faculty of Philosophy - Institute of Special Education and Rehabilitation |
Примено: 17. 05. 2009 |
|
Received: 17. 05. 2009 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Половата едукација треба да започне што е можно порано, пред детето да навлезе во пубертет и да развие свои модели на полово однесување, но да биде во склад со календарската возраст и менталната зрелост на детето. Едукацијата започнува во рамките на семејството преку разговори со родителите уште од најрана возраст и продолжува во пубертетот и адолесценцијата. Од непроценлива важност е родителите да ги согледаат своите лични чувства, ставови и гледишта кои се однесуваат на сексуалноста и лицата со инвалидност, бидејќи голем број родители и старатели сакајќи да ги заштитат своите деца, несвесно ги оставаат во информативен мрак и на тој начин многу повеќе ги изложуваат на ризик. |
|
Sex education should begin as early as possible, before the child gets in puberty and develops own models of sex behavior; however it should be in corelation with calendar age and mental maturity of the child. Education starts within the family, by conversations with parents since early age, and continues in the puberty and adolescence. It is of utmost importance for the parents to perceive their own personal feelings, attitudes and views, which are related to sexuality and persons with disabilities, because there are number of parents and guardians, who, by wanting to protect their children, unconciously put them in information darkness and thus, put them in greater risk. |
|
|
|
Развој на адекватна содржина за полово воспитание на лицата со инвалидност |
|
Developing adequate contents for sex education of the persons with disabilities |
Половата едукација за лицата со инвалидност бара извесен степен на прилагодување и индивидуализација, во склад со преостанатите способности, при што како инструмент се применува курикулумот. |
|
Sex education for the persons with disabilities requires a certain degree of adjustment and individualization, in accordance with the rest of the abilities, where the curiculum is used as an instrument. |
|
|
|
Полова едукација на лица со ментална ретардација |
|
Sex education of persons with mental retardation |
Лицата со ментална ретардација имаат еднаков ранг на сексуални мисли, аспирации, чувства, однесувања, фантазии и активности како и лицата без инвалидност. Тие ги доживуваат истите физички и хормонални промени како и своите врсници, иако нивната експресија на сексуалноста не ретко се гледала како проблем и на негативен начин. При половата едукација на лицата со ментална ретардација се тргнува од двата генерални проблеми со кои се соочува оваа популација (3):
Најдобра реализација на програмските содржини се спроведува преку мултисензорниот пристап, со примена на изворни и импровизирани нагледни материјали (4, 5, 6, 7):
Постојат повеќе начини на кои се спроведува половата едукација, но резултатите се значително повисоки доколку има комбинација на методи и техники:
|
|
Persons with mental retardation have the same rank of sexual thoughts, aspirations, feelings, behaviors, fantasies and activities as the persons without disabilities. They expirience the same physical and hormonal changes as their peers, although their sexual expression, has often been perceived as a problem and in negative way. When speaking about sex education of perosns with mental retardation, the starting points are the two general problems that this population faces (3):
Best realization of the programme contents is executed by multi-sensory approach, using unique and improvised supervision materials (4, 5, 6, 7):
There are a number of ways for realization of sex education, but the results are significantly higher if there is a combination of methods and techniques:
|
|
|
|
Полова едукација на лица |
|
Sex education of the persons with visual impairments |
Многу деца кои се со визуелно оштетување имаат значителни празнини и задоцнувања во нивното разбирање на социјалните и физичките аспекти на сексуалноста. Забележливи се ниско самопочитување, сиромаштво на социјални вештини, тешкотии во интерперсоналните односи, како и наивност во врска со сексуалната анатомија и функции. Начинот на кој децата се охрабрувани да играат, облеката која им се дава да ја носат, однесувањето за кое добиваат пофалби и стимулации, начинот на допир кој го чувствуваат од другите и кој им е овозможен да го воспостават, како и комплиментите и забелешките кои ги добиваат, се основата за формирање на позитивна или негативна слика за себе и степен на самопочитување (8). Со оглед на тоа што тешко е да се формира претстава за сопственото тело без да се види телесниот приказ во огледало, Corn предлага примена на огледала со зголемувачка способност, во половата едукација на децата со оштетен вид, уште од најмала возраст, со цел да добијат појасна и реална претстава за својата појавност. Додека за децата кои се конгенитално слепи или подоцна останати без остаток на видот, неопходно е да се применува вербален и тактилен feedback (9). Идеален метод на инструкција за децата со визуелно оштетување подразбира примена на реални објекти во комбинација со вербалниот модел, секогаш кога е возможно, но како што растат децата станува непријатно и неприфатливо од пошироката заедница употребувањето на тактилниот метод за живите модели. Па како оптимално средство, покрај анатомски обликуваните кукли, се користат и анатомски модели на репродуктивни органи, напречен пресек, ембриони, книги напишани со Браево писмо, електронско-вербални книги, зголемени слики за слабовидните и сл. (10). |
|
Many children with visual impairments have significant voids and delays in their understanding of the social and physical aspects of sexuality. There is a visible low self-esteem, scarcity of social skills, dificulties in interpersonal relationships, as well as naiveness in terms of sexual anatomy and functions. The way in which the children are encouraged to play, the clothes which they are given to wear, the behavior for which they get praise and stimulations, the way of touch they feel from the others and which is enabled for them to establish, as well as the complements and remarks that they get are the basis for forming positive or negative image about themselves and the degree of self-esteem (8). Having in mind the difficulty to form an image for own |
|
|
|
Полова едукација на лица со оштетен слух |
|
Sex education of persons with hearing impairments |
Многу деца со слушно оштетување, добиваат во многу мала мера или воопшто не добиваат сексуална едукација презентирана со знаковен јазик. Сето тоа се должи на непознавање на гестовите со кои би се означиле термините за сексуална едукација, од страна на претпоставените лица (11). Неразбирањето на апстрактните поими и тешкотиите во читањето, знаејќи дека лицата со оштетен слух читаат на пониско развојно ниво за разлика од своите врсници, ги попречува овие лица во едуцирањето преку едукативни програми на електронските медиуми или во списанијата и магазините. Цедеата кои се користат за сексуална едукација кај популацијата со нормален слух, не можат да се применуваат и кај децата со оштетен слух, тие имаат проблем при истовремено следење и читање на говорот од устата на презентерот и следење на дадените прикази, кои се објаснуваат. Најоптимални методи и средства кои треба да се применуваат во половата едукација на лицата со оштетен слух се:
|
|
Many children with hearing impairments get very little sex education or do not get it at all presented with sign language. All that is due to the lack of knowledge of the gestures that would denote sex education terms by the persons in charge (11). Lack of understanding of the abstract concepts and difficulties in reading, having in mind that the persons with hearing impairments read at lower developmental level compared to their peers, obstructs them in being educated by educational programs on the electronic media or by journals and magazines. The CD’s that are used for sex education of population with normal hearing, cannot be used at children with hearing impairments; these children have problems with simultaneously following and reading the speech from the mouth of the presenter and following the given accounts, which are explained. The most optimal methods and instruments that should be applied in sex education of the persons with hearing impairments are the following:
|
|
|
|
Полова едукација на телесно инвалидните лица |
|
Sex education of the persons with physical impairments |
Еден од основните проблеми со кои се соочуваат лицата со телесна инвалидност, е прифаќањето на сопствениот физички изглед онаков, каков што е, различен од изгледот на општата популација.
|
|
One of the basic problems that persons with physical impairments face is accepting their own physical appearance the way it is, different from the appearance of the general population.
|
|
|
|
Материјал и методи |
|
Material and methods |
|
|
|
Цел на трудот беше да се утврди степенот на полова едукација кој се реализира во рамките на воспитно-образовните институции, каде се опфатени лицата со инвалидност и во рамките на семејствата како и да се утврди начинот на полова едукација кој се реализира во воспитно-образовните институции и во семејствата во Р. Македонија. Во склад со степенот на полова едукација сакавме и да го констатираме нивото на развиена способност за разликување на нормалното од абнормалното сексуално однесување кај лицата со инвалидност.
Во истражувањето беа применети методите на структуралната, дескриптивната и компаративната анализа. Од техниките беа применети анализа на документација и анкета, а како инструменти се употребија 3 типа на анкетни листови, за лицата со инвалидност и контролната група, за дефектолозите и за родителите. Компјутерската обработка на податоците беше спроведена со стандарден статистички програм - SPSS 11 for WindowsXP, применувајќи X2 тест, Fisher-ов Exact тест R x C табели на контингенција, коефициент на контингенција (C) и тест за проценка на еднаквост на проценти (z). За статистички значајна разлика се сметаше разликата на ниво на значајност од p<0,05. |
|
The aim of the paper has been to determinate the degree of sex education realized within the educational institutions, where persons with disabilities are included and within the family, as well as to determine the way sex education is carried out in the educational institutions and families in the Republic of Macedonia. In accordance with the degree of sex education, we wanted to establish the level of developed ability for distinction of normal from abnormal sexual behavior at persons with disabilities.
Methods of structural, descriptive and comparative analysis were applied in the study. From the technics, analysis of documents and survey were applied, and as an instrument 3 types of questionnaires were used; one for persons with disabilities and control group, one for special educators and rehabilitators and one for the parents. Computer processing of the data was conducted with the standard statistical programme SPSS 11 for WindowsXP, applying X 2 test, Fisher Exact test R x C tables of contingency, coefficient of contingency (C) and test for assesment of equality of percents (z). For statistically significant difference it was considered the difference at the level of significance for p<0,05. |
|
|
|
Резултати со дискусија |
|
Results and discussion |
|
|
|
Прашање 1 (се однесува на испитаниците од „Кочо Рацин“ - Битола, „Димитар Влахов“ - Скопје, „Партение Зографски“ - Скопје, „Св. Наум Охридски“ - Скопје, „Бања Банско“, контролна паралелка): Дали во училиштето имате предавања за половите (сексуални) односи меѓу девојчињата и момчињата? |
|
Question 1 (refers to the examinees from „Kocho Racin“- Bitola, „Dimitar Vlahov“- Skopje, „Partenie Zografski“- Skopje, „St. Naum Ohridski“- Skopje, „Banja Bansko“, control group): Do you have in your school lectures about sexual relationships between girls and boys? |
Слика бр. 1. Фрекфенција на одговорите на првото прашање |
|
Figure 1:Frequency of answers of |
|
|
|
Прашање 1.1 (се однесува за ПОУ „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“ - Скопје, Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Топанско Поле, Скопје и испитаниците од Центарот за церебрална парализа): Дали знаеш со што се разликуваат момчињата од девојчињата ? |
|
Question 1.1 (referes to Special Elementary Schools „Idnina“ and „D-r Zlatan Sremac“- Skopje, Institution - Topansko Pole, Skopje and examinees from the Center for Cerebral Palsy): Do you know what is the difference between boys and girls? |
Прашање 2 (се однесува на испитаниците од „Кочо Рацин“ - Битола, „Димитар Влахов“ - Скопје, „Партение Зографски“ - Скопје, „Св. Наум Охридски“ - Скопје, „Бања Банско“, контролна паралелка): Дали во училиштето имате предавање за карактеристиките на половиот развој кај момчињата и девојчињата? |
|
Question 2 (refers to the examinees from „Kocho Racin“- Bitola, „Dimitar Vlahov“- Skopje, „Partenie Zografski“- Skopje, „St. Naum Ohridski“- Skopje, „Banja Bansko“, control group): Do you have lectures in your school on the characteristics of sexual development of boys and girls? |
|
|
|
Табела 1. Разлики во одговорите според |
|
Table 1. Differences in the answers according to the age |
Прашање 2.1 (се однесува за ПОУ „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“ - Скопје и испитаниците од Центарот за церебрална парализа): Дали знаеш што е тоа пубертет ? |
|
Question 2.1 (refers to Special Elementary Schools „Idnina“ and „D-r Zlatan Sremac“- Skopje, and examinees from the Center for Cerebral Palsy): Do you know what is puberty? |
|
|
|
Прашање 2.2 (се однесува за испитаниците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Топанско Поле): Дали знаеш што е тоа менструација? |
|
Question 2.2 (refers to examinees from the Institution - Topansko Pole, Skopje): Do you know what is menstrual cycle? |
|
|
|
Прашање 3: Дали знаеш што претставува контрацепција и какви начини постојат? |
|
Question 3: Do you know what is contraception and what types are there? |
|
|
|
Табела 2. Разлики во одговорите според видот и степенот на инвалидноста |
|
Table 2. Differences in the answers according to the type and degree of the disability |
Прашање 4: Дали знаеш што се тоа полово преносливи болести ? |
|
Question 4: Do you know what are sexually transmitted diseases? |
|
|
|
Прашање 5 (се однесува на испитаниците од „Кочо Рацин“ - Битола, „Димитар Влахов“ - Скопје, „Партение Зографски“ - Скопје, „Св. Наум Охридски“ - Скопје, „Бања Банско“, контролна паралелка): Дали знаеш што претставува абортус? |
|
Question 5 (refers to the examinees from „Kocho Racin“ - Bitola, „Dimitar Vlahov“ - Skopje, „Partenie Zografski“- Skopje, „St. Naum Ohridski“ - Skopje, „Banja Bansko“, control group): Do you know what is abortion? |
|
|
|
Табела 3. Разлики во одговорите според видот и степенот на инвалидноста |
|
Table 3. Differences in the answers according to the type and degree of the disability |
На 5-то прашање вкупно точен одговор дале 82 испитаници или 57,75%. Од „Кочо Рацин“ 4 испитаници дале точен одговор; од „Димитар Влахов“ 11 испитаници дале точен одговор; во „Партение Зографски“ сите испитаници дале точен одговор. Од испитаниците од „Св. Наум Охридски“ 16 одговориле коректно и од „Бања Банско“ точен одговор имале 47,62%. Од контролната група 5 испитаници не знаеле. Добиените резултати посочуваат на постоење на статистички значајна разлика во одговорите на испитаниците (p<0,05) (табела 4). |
|
82 examinees or 57,75% gave correct answer to the fifth question. 4 examinees from „Kocho Racin“ gave correct answer; 11 examinees from „Dimitar Vlahov“gave correct answer, and all the examinees from „Partenie Zografski“ gave correct answer. 16 from the examinees from „St. Naum Ohridski“ answered correctly and 47,62% from „Banja Bansko“ had a correct answer. 5 examinees from the control group did not know the answer. The results obtained point to a statistically significant difference in the answers of the examinees (p<0,05) (Table 4). |
|
|
|
Прашање 6 (не се однесува само на испитаниците од Заводот во Топанско Поле): Знаењата за половите односи и половиот развој најчесто ги стекнувам? |
|
Question 6 (does not refer only to the examinees from the Institution - Topansko Pole): The knowledge about sexual relationships and sexual development I most frequently acquire from? |
Табела 4. Разлики во одговорите според видот и степенот на инвалидноста |
|
Table 4. Differences in the answers according to the type and degree of the disability |
Прашање 7: Дали сметаш дека треба подобро да се спроведува половото воспитание, учењето на правилно сексуално однесување и да се организира обука за лична заштита од сексуална злоупотреба? Во „Кочо Рацин“ 6 испитаници одговорија потврдно. Од испитаниците од „Димитар Влахов“ 20 одговориле афирмативно, во „Партение Зографски“ 13 испитаници одговориле афирмативно на прашањето, а од „Св. Наум Охридски“ 14 испитаници одговориле дека треба да се организира полово воспитание. Во „Бања Банско“ само 5 испитаници одговориле негативно, во контролната паралелка 28 испитаници одговориле позитивно. Врз основа на добиените податоци, се заблежува дека постои статистички значајна разлика (табела 5). |
|
Question 7: Do you think that there should be better implementation of sex education, teaching of correct sexual behavior and organization of training for personal prevention from sexual abuse? |
Слика бр. 2: Разлики во одговорите според видот и степенот на инвалидноста |
|
Figure 2:Difference in the answers according to the type and degree of disability |
|
|
|
Табела 5. Разлики во одговорите според видот и степенот на инвалидноста |
|
Table 5. Differences in the answers according to the type and degree of the disability |
Прашања за дефектолозите и родителите:
Прашање 1: Дали сметате дека лицата со инвалидност имаат доволно познавања од областа на половиот развој и соодветното сексуално однесување? |
|
Questions for special educators and rehabilitators and parents:
Question 1: Do you consider that persons with disabilities have enough knowledge about sexual development and appropriate sexual behavior? |
|||
|
|
|
|||
Табела 6. Разлики во одговорите меѓу дефектолозите и родителите |
|
Table 6. Differences in the answers between special educators and rehabilitators and parents |
|||
|
|
|
Прашање 2: Дали во воспитно-образовната програма во доволна мера се опфатени темите во однос на половото воспитание и адекватното сексуално однесување? |
|
Question 2: Does the school curriculum comprise enough topics regarding sex education and appropriate sexual behavior? |
||
|
|
|
||
Прашање 3: На каков начин се остварува половото воспитание и обазование во вашата институција? |
|
Question 3: How is sex education performed in your institution? |
||
|
|
|
||
Прашање 4: Од која област сметате дека лицата со инвалидност имаат најслабо познавање? |
|
Question 4: Which is the area of least knowledge for persons with disabilities? |
||
|
|
|
||
Прашање 5 (за родители): Дали вие отворено зборувате со вашето дете за половиот развој и сексуалното однесување? |
|
Question 5 (for parents): Do you talk openly with your child about sexual development and sexual behavior? |
||
|
|
|
||
Прашање 6 (за родители): Дали сте провериле што знае вашето дете за половиот развој и сексуалното однесување? |
|
Question 6 (for parents): Have you checked what your child knows about sexual development and sexual behavior? |
||
Прашање 7 (за родителитe): Како се чувствувате кога треба со своето дете да разговарате за половиот развој и сексуалното однесување? |
|
Question 7 (for parents): How do you feel when you need to talk to your child about sexual development and sexual behavior? |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Од наведеното можеме да заклучиме дека нашата Република е далеку од светските стандарди и кај нас сè уште доминира мислењето дека доколку се избегнува темата поврзана со сексуалниот нагон, истиот ќе биде потиснат и занемарен, а во установите и семејствата каде што се спроведува половото воспитание и едукација, тоа сè уште е на примитивно ниво, т.е на класичен начин, без примена на дополнителни едукативни и нагледни средства и без да им се овозможи на лицата со инвалидност потполн пристап до информации. Знаењата кои лицата со инвалидност ги поседуваат во однос на оваа тематика, како резултат на самостојното стекнување преку медиумите или другарите, се површни и многу често се недообјаснети, поради што доаѓа до недоразбирања меѓу лицата со инвалидност. Во рамките на семејствата може да се каже дека во мала количина се спроведува полово воспитание, 40% од родителите се изјасниле дека на таа тематика разговараат само доколку детето нешто ги праша, а 20% и воопшто не зборуваат на таа тема. 50% родители не провериле што знаат нивните деца за половото однесување и карактеристиките на развојот, а 36,67% родители одговориле дека им е непријатно да разговараат на таа тема со своите деца. |
|
From the results presented above we can conclude that our country is far from the world standards and there still dominates the thinking that by avoiding the topic about sexual drive, it will be suppressed and neglected. Furthermore, the level of sex education in the institutions and families is still primitive i.e. conducted in a classical way, without usage of additional educational means and without enabling the persons with disabilities full access to information. The knowledge that the persons with disabilities possess regarding this topic, as a result of their individually acquired knowledge through the media or friends is superficial and often not clear enough which leads to misunderstanding among persons with disabilities. It can be said that within the families sex education is provided at a very low level. 40% of the parents said that they talk on the subject only if the child asked them and 20% do not talk at all on the subject. 50% of the parents have not checked what their children know about sex behaviour and characteristics of development and 36.67% of the parents answered that they feel uncomfortable to discuss the subject with their children. |
||
|
|
|
||
Citation:: Rashikj O, Trajkovski V. Sex Education of Persons with Disabilities. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):7-24. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE