САМОЕВАЛУАЦИЈА НА КОМПЕНТЕНЦИИТЕ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ ОД ПОСЕБНИТЕ УСТАНОВИ

 

 

Наташа М. ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА
Даниела Б. ДИМИТРОВА-РАДОЈИЧИЌ

 

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

SELFEVALUATION OF COMPETENCES OF THE SPECIAL EDUCATORS AND REHABILITATORS IN THE SPECIAL INSTITUTION

 

Natasha M. CHICHEVSKA-JOVANOVA
Daniela B. DIMITROVA-RADOJICHIKJ

 

Faculty of Philosophy - Institute for Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 15. 05. 2009
Прифатено: 10. 06. 2009
UDK: 371.125.044.4

 

 

Received: 15. 05. 2009
Accepted: 10. 06. 2009
Best practice article

 

 

 

     

Вовед

 

Introduction

 

 

 

Образованието во Р. Македонија повеќе од една деценија подлежи на големи промени. Тие прво започнаа во редовното пред­учи­лиш­но и основно образование, а потоа и во по­себ­ното. Истовремено со овие промени се слу­чуваа и неформални промени во обра­зо­ва­нието на наставниот кадар. Болоњската дек­ларација претставува само една логична пос­ледица на формализирањето на овие про­мени. При формирањето на модерни уни­верзитетски студиски програми потребно е­

 

More than one decade, the education in the Republic of Macedonia is going under big changes. At first they started in the regular pre-elementary and elementary education, and then in the special education. At the same time, together with these changes there have been informal changes in the education of the teaching staff. The Declaration of Bologna presents just one logical consequence of the formalization of these changes. Upon designing the modern university study programs, it is ne-

за секое поединечно подрачје да се дефи­ни­раат спе­ци­фич­ните компентенции што сту­ден­тите тре­ба да ги стекнат во текот на студиите.
Во литературата постојат повеќе дефиниции за компетентноста. Според Perrenoud (1999) ком­петентноста е „способност“ за ефикасно функ­ционирање во бројни ситуации, кое се те­мели на стекнатото знаење, но сепак не е огра­ничено со тоа знаење“ (1).
Компетенциите на едукаторот се неговите спо­собности, знаења, вештини и квали­фи­ка­ции коишто се потребни за реализација на це­лите на предметите што ги предава. Истите можат да се рангираат во пет меѓ­у­себ­но поврзани целини (2):

  • Лична компетентност која опфаќа: одлучност, самодоверба, интелигенција, иницијативност, одговорност, искреност, довер­ба, комуникативност и трудо­љуби­вост на наставникот.
  • Развојна компетентност која овоз­мо­жу­ва успешно водење на воспитно-обра­зов­ниот процес, иновативност и креа­тив­ност, користење најнови откритија од по­лето на струката при предавањето и пре­познавањето на потребите на уче­ни­ци­те.
  • Стручната компетентност го опфаќа дефектолошкото, педагошкото, психо­лош­кото и другото знаење кое е потреб­но за работа во одделението, креатив­но­то користење на времето и реализацијата на целите на предметот.
  • Социјалната компетенција вклучува знаења за комуникациите, интер­ак­ци­ја­та, познавањето на техниките за ре­ша­ва­ње на проблемите и за начините за мо­ти­вација на децата во тимска работа.
  • Акциската компетентностги опфаќа практичните активности во училиштето и надвор од него.

 

cessary to definite specific competences, which students should acquire during their studies. In the literature, there are a number of definitions for the term competence. According to Perrenoud (1999) competence is “ability for effective functioning in numerous situations, which is based on acquired knowledge, yet not limited to that knowledge only.” (1)
Competences of the educator are his abilities, knowledge, skills and qualifications, which are useful for realization of the goals of the subjects he teaches. The same ones could be ranked in five mutually connected unities (2):

  • Personal competency,which includesdecisiveness, self-confidence, intelligence, initiative, responsibility, honesty, trust, communication and diligence of the teacher.
  • Developmental competencies, which enable successful leadership of the educational process, innovation and creativity, utilization of the latest inventions in the professional field upon the teaching and recognizing of the students’ needs. 
  • Professional competency includes special educators and rehabilitators, pedagogic, psychological and other knowledge, which is necessary for work in classrooms, creative use of the time and realization of the goals of the subject.
  • Social competency includes knowledge for communications, interactions, familiarity with the techniques for problem solving and the ways of motivation of children for teamwork.
  • Action competency includes practical activities both, in the school and out of school.

 

 

 

Материјали и методи

 

Materials and methods

 

 

 

Со цел да утврдиме како дефектолозите (прак­тичари) ги оценуваат сопствените струч­ни способности, спроведовме анкета. Анкет­ниот лист се состоеше од вкупно 14 пра­шања за постигнатите и посакуваните ком­пентенции кои се важни за еден дефек­то­лог. Во истражувањето беа анкетирани вкуп­но 42 дефектолози, и тоа:

  • 15 од ПОУ “Маца Овчарова” - Велес;
  • 12 од ПОУ “Д-р Златан Сремац” - Скопје;
  • 9 од ПОУ “Иднина” - Скопје и
  • 6 од посебната паралелка од ОУ “Ванчо Прке” - Штип.

Добиените одговори од анкетниот лист ги поделивме во 2 групи: едната за она што нау­чиле во текот на студирањето (научив), а другата за она што им е потребно (потребно е). Бидејќи прашањата беа од отворен тип, во табелите ги прикажавме најфрекфентните одго­вори. На дел од прашањата, дефек­то­ло­зи­те не дале свое мислење. Во продолжение ќе ги презентираме и анализираме ре­зул­та­ти­те само на 7 прашања од оригиналниот анке­тен лист. Имено, сметаме дека токму овие прашања директно влијаат на про­фе­сио­налните компентенции кои примарно се стек­нуваат за време на студирањето.

 

In order to determine how the special educators and rehabilitators (practical people) assess their self-professional capabilities, we have con­ducted a survey. The questionnaire consisted of 14 questions, for the acquired and desired competences, which are essential for a special educator and rehabilitator. The survey covered 42 special educators and rehabilitators, namely:

  • 15 special educators and rehabilitators from Special Primary School (SPS) “Maca Ovcharova” – Veles;
  • 12 special educators and rehabilitators from SPS “Dr. Zlatan Sremac” – Skopje;
  • 9 special educators and rehabilitators from SPS “Idnina” –Skopje, and
  • 6 special educators and rehabilitators from the special class of the regular primary school “Vancho Prke” – Stip.

The answers we have received were divided in 2 groups, i.e. one group of what had been learned during the studying (I have learned), and the other of what was needed (it is necessary). Since the questions were of the open type, in the tables we have shown the most frequent answers. To part of the questions, the special educators and rehabilitators did not give their opinion. Further on, we have presented and analyzed the results for only 7 questions from the original paper. We think that these questions have directly influenced the professional competency, which are primarily acquired during education.

 

 

 

Резултати со дискусија

 

Results with discussion

 

 

 

Табела 1. Дидактички карактеристики

 

Table 1. Didactic Characteristics

На првото прашање кое се однесуваше на позна­вањето и разбирањето на  дидак­тич­ките карактеристики на воспитно-образов­н­ата програма, 23 (54,8%) дефектолози сме­таат дека доволно научиле за оваа тема за време на студирањето, 3 (7,1%) сметаат дека се стекнале со делумни знаења кои подоцна ги  продлабочиле во пракса. Во однос на содржините кои треба да бидат вклучени во иницијалната подготовка на дефектолозите, 6 (14,3%) сметаат дека се потребни повеќе прак­тични вежби за изготвување на годиш­ни­те и тематските планирања. Голем број на дефек­толози ја истакнуваат потребата од орга­низирање на семинари и работилници за одре­дени теми со цел следење на сите про­ме­ни и новини кои се случуваат во посеб­ното образование.

 

To the first question referring to knowledge and understanding of the didactic characteristics of the education programs, 23 (54,8%) special educators and rehabilitators think that they have learned enough during the studies, 3 (7,1%) believe that they have acquired partial knowledge, which have later been expanded in practice. Regarding the contents that should be included in the initial preparation of the special educators and rehabilitators, 6 (14,3%) believe
that more practical exercises for preparation of the annual and topic planning are needed. Numerous special educators and rehabilitations have stressed the need of organizing seminars and workshops on certain topics, in order to follow all the changes and novelties in the special education.

 

 

 

Табела 2. Воспитно-образовни цели

 

Table 2. Educational Goals

На второто прашање кое се однесуваше на правилната формулација и утврдувањето на воспитно-образовните цели, 27 (64,3%) се изјасниле дека добиле доволни знаења за вре­ме на студирањето, а 9 (21,4%) сметаат де­ка за време на студирањето треба да се посве­ти повеќе внимание на јасната дин­стин­кција на истите.

 

To the second question referring to correct formulation and establishment of the educa­tio­nal goals, 27 (64,3%) think that they have acqui­red enough knowledge during their stu­dies, and 9 (21,4%) consider that during the stu­dies more attention should be paid to clear dis­tinc­tion of the same ones.

 

 

 

Табела 3. Прилагодување на наставната содржина

 

Table 3. Adjustment of
 the Curriculum

Научив/ I learnt:

Потребно е/ It is necessary:

- Доволно/                      16 (38,1%)
sufficiently
- Делумно/                        6 (14,3%)
partially
- Повеќе теоретски
знаења/                           2 (4,8%)
more theoretical knowledge

- Практичната настава/                           9 (21,4%)
practical tutoring
- Семинари и обуки/                                5 (11,9%)
seminars and trainings

На прашањето дали за време на студирањето се оспособени за прилагодување на настав­на­та содржина според инди­видуал­ни­те потреби на учениците, 16 (38,1%) од дефек­то­лозите одговориле дека добиле доволни информации, 6 (14,3%) сметаат дека добиле делумни информации, 2 (4,8%) се изјасниле дека добиле повеќе теоретски знаења. Ана­лог­но на овие констатации, сугестиите се во на­сока да се обрне поголемо внимание на практичната настава (табела 3).

 

To the question whether during the studying they are enabled for adjustment of the curri­cu­lum according to individual needs of the pupils, 16 (38,1%) of the special educators and re­ha­bi­li­tators believe that they have acquired enough infor­mation, 6 (14,3%) consider that they have acqui­red partial information, 2 (4,8%) explain that they have acquired more theoretical know­ledge. In analogy to these conclusions, sugges­tions have been made in direction for greater atten­tion to be paid to the practical instruction (table 3).

 

Табела 4. Изготвување на ИОП (Индивидуален образовен план)

 

 

Table 4. Preparation of Individual Educational Plan (IEP)

Како што еден дефектолог истакна: „ИОП не беше актуелна тема кога јас студирав“, дека имаат доволно познавање на оваа тема се изјасниле помал број од анкетираните. Скоро сите ја посочуваат важноста од него­во­то изготвување за постигнување на по­доб­ри резултати при работата. Во однос на она што е потребно да се вклучи во ини­цијал­на­та подготовка на дефектолозите 12 (28,6%) сметаат дека изготвувањето на ИОП треба да биде предвиден во практичната настава.

 

As one special educator and rehabilitator poin­ted out: “IEP was not an actual topic, when I was studying”, smaller number of the res­pon­dents has stated that they have enough know­ledge on this topic. Almost everyone points out the importance of its preparation for achieving better results during work. Considering what is impor­tant to be included in the initial prepa­ra­tion of the special educators and rehabilitations, 12 (28,6%) believe that preparation of the IEP should be scheduled in the practical instruction.

 

 

 

Табела 5. Тестови за проценка

 

Table 5. Assessment Tests

Во табелата 5 се презентирани добиените одговори на прашањето кое се однесуваше на правилниот избор на тестови за про­цен­ка на потребите на ученикот во наставата.  Дефектолози ја истакнаа потребата од упо­тре­ба, односно изработка на станд­ар­ди­зи­ра­ни и индивидуални тестови за проценка кои ќе бидат објетктивни и јасни.

 

The answers on the question referring to the correct choice of assessment tests for the pupil’s needs in the schooling are presented in table 5. Special educators and rehabilitators stress the need for usage that is preparation of standardized and individual assessment tests, which would be objective and clear.

 

 

 

Табела 6. Информатичка технологија

 

Table 6. Information Technology

Иако знаевме дека во однос на оваа тема нема да добиеме позитивни резултати (во последните неколку години во наставната програма е ставен акцент на оваа тема) сепак сметавме дека во компетенциите на идните дефектолози потребно е да биде опфатена и оваа содржина. Резултатите покажаа (54,8% од анкетираните) дека е потребно обука и едукација, а двајца сугерираат да има по­се­бен предмет во рамките на наставниот план на Институтот за дефектологија.

 

Although we knew that regarding this topic we would not get positive results (in the last few
years the accent in the schooling programs has been put on this topic), we still thought that this topic should be included in the competences of the further special educators and rehabilitators. The results have shown that 54,8% of the res­pon­dents think that further training and edu­ca­tion is necessary, and 2 suggest having a special subject within the curriculum of the Institute for Special Education and Rehabilitation.

 

 

 

Табела 7. Соработка со родителите

 

Table 7. Cooperation with Parents

Седмото прашање од анкетниот прашалник се однесуваше на соработката со роди­те­лите. Оваа тема дефектолозите ја по­со­чу­ваат како една од поважните (родителите се една од главните алки во воспитно-обра­зов­ната работа). Тие сметаат дека за време на сту­дирањето по однос на оваа тема се до­би­ваат повеќе теоретски знаења. Во однос на еду­кацијата на идните дефектолози, анке­ти­ра­ните сметаат дека е потребно да се орга­низираат директни контакти со родителите и за­должителна волонтерска работа на сту­ден­тите во невладини организации на ро­ди­телите.

 

The seventh question of the questionnaire referred to the cooperation with parents. This topic was stressed as one of the most important ones by the special educators and rehabilitators (the parents are one of the main rings in the educational work). They consider that during the studies more theoretical knowledge is acquired on this topic. Regarding education of the future special educators and rehabilitators, the respondents believe that it is necessary to be organized direct contacts with the parents and obligatory voluntary work of the students in the non-governmental organizations of the parents.

1

Слика бр. 1. Институции

 

Figure 1:Institution

 

 

 

На прашањето: Каде најдобро можете да ги реализираате Вашите професионални ко­мен­тенции?, им беа понудени 4 установи: по­себни основни училишта (ПОУ), рехаби­ли­та­циони установи, предучилишни уста­нови и редовни основни училишта (РОУ). Со користење на броевите од 1 до 4 (1 - мн. добро; 2 - добро; 3 - доволно; 4 - недоволно), тие требаше да направат градација меѓу овие 4 установи. Од сликата 1 може да се за­бе­ле­жи дека анкетираните дефектолози се чувствуваат најкомпетентни за работа во ПОУ (СВ 1,12), потоа во рехабилитационите уста­нови (СВ = 2,64), а најмалку компе­тентни за работа во РОУ (СВ = 3,25).

 

To the question: Where could you best realize your professional competences?, the respondents were offered 4 institutions: special primary schools, rehabilitation institutions, pre-school institutions and regular primary schools. By using the numbers 1 to 4 (1- very good; 2-good; 3-sufficient; 4-unsufficient) they were supposed to make gradation among these 4 institutions. From the picture 1 it can be seen that the respondents feel most competent to work in the special primary schools, rather than in the rehabilitation institutions, and they are the least competent for work in the regular primary schools.

 

 

 

Заклучоци

 

Conclusion

 

 

 

Резултатите покажаа дека еден вид компентенции во досегашната програма не би­­ле земени предвид. Најголеми недоста­то­ци на кои секако ќе треба да посветиме по­го­ле­мо вни­мание се оние компентенции кои се одне­суваат на новитетите во образованието, ка­ко што е инклузијата на учениците со по­себ­ни образовни потреби, интер­дис­ци­п­ли­нар­носта, што пак значи соработка (тимска ра­бота) како и сите видови на комуницирање (соработка со родителите и пристап кон информатичката технологија). Учењето и стек­нувањето на овие компентенции секако под­разбира и промена во методите на  поу­чу­вање на студентите (од “subject-centered” и “teacher-centered” кон “student-centered”) што пак претставува и една од целите на Болоњ­скиот процес. Тоа значи повеќе актив­на настава на студентите, поттикнување на критичкото мислење, решавање на проб­ле­ми, поголемо насочување на студентите кон употреба на знаењата во нови ситуации и помало класично подучување. Добиените податоци претставуваат драгоцена основа за изготвување на новите студиски програми на Институтот за дефектологија.
Но, меѓу факторите кои ја наметнуваат потребата од пер­манентно усовршување на профе­сио­нал­ни­те компентенции, Day (1999) ги истакнува но­вите сознанија од стручната област и но­вите технологии, кои значат дру­ги извори на инфор­мации (3). Современиот едукатор прет­ставува ини­ци­јатор на про­мените, поттик­нувач на учењето кој се грижи за сво­јот личен и професионален развој (4) .

 

The results have shown that one type of competences in the past program had been ignored. The major shortfalls to which we should pay more attention are those competences which refer to the novelties in education, such as inclusion of the pupils with special education needs, interdisciplinary, which means cooperation (teamwork) as well as all types of communication (cooperation with parents and access to information technology). Learning and acquiring these competences of course involves changes in the methods of teaching the students (from „subject-centered” and „teacher-centered“ towards „student-centered“) which presents one of the goals of the Bologna process.  That means more active schooling of the students, instigation of the critical thinking skills, problem solving, better direction of the students to use their knowledge in new situations and lesser classical schooling.  The obtained results present a valuable basis for preparing the new study programs at the Institute for Special Education and Rehabilitation.
However, among the factors that impose the need of permanent improvement of professional competences, Day (1999) stresses the new findings in the expert area as well as the new technologies, which mean other sources of
information (3). The contemporary educator presents an initiator of the changes, an exciter of learning who takes care for his personal and professional development (4).

 

 

 

Citation:Chichevska-Jovanova N, Dimitrova-Radojichikj D. Self Evaluation of Competences of the Special Educators and Rehabilitators in the Special Institution. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):25-32..

   

 

   

Литература / References

 

 

  1. Perrenoud. Ten News Competences for Educators. Invitation for journey, Paris: ESF; 1999.
  2. Stanikj S. Competence profile of the “Ideal” executive. Free pedagogy; 2002;53 (1): 168-184.

 

  1. Day C. Developing Teachers, The Challenges of Lifelong Learning. London: Falmer Press, 1999.
  2. Niinisto K. Chang Agent Teacher-Becoming a Teacher in a Developing Organisation. V: Tella, Seppo (ed.). Teacher education in Finland. Helsinki: University of Helsinki, 1996; 145-150.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in