JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 46242
ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Весна КОСТИЌ-ИВАНОВИЌ
Посебно основно училиште |
|
BEHAVIORAL PROBLEMS IN CHILDREN WITH MILD AND MODERATE INTELLECTUAL DISABILITY
Vesna KOSTIKJ-IVANOVIKJ
Special elementary school |
|
|
|
Примено: 21. 04. 2009 |
|
Received: 21. 04. 2009 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Дефектологот во работата со лица со попреченост, своите базични заклучоци ги заснова на проценувањето на однесувањето на рехабилитантот и адекватно применува соодветни социотераписки, психотераписки и рехабилитациски постапки (1). Однесувањето на детето со интелектуална попреченост мора да биде согледано во контекст на семејно-социјалните услови во кои живее и расте (2). Семејната и пошироката – општествена и културна средина, значајно влијаат во создавањето на прифатливи облици на однесување кај децата (3). Доколку средината е потолерантна и со поголемо разбирање кон овие лица, проблемите во однесувањето полека исчезнуваат и лицето се адаптира во конкретната средина, но и средината на него (4). Интелектуално попречените деца потребно е да бидат научени на социјални вештини кои ќе доведат до развој на позитивни социјални релации и персонална компетенција (5). Социјалната компетенција треба да се согледа во нејзината целовитост, како интегративен модел од мултидимензионалноста на интелигенцијата и адаптивното однесување (6). Американската асоцијација за ментална ретардација при дефинирањето на лицата со интелектуална попреченост сигнификантно се фокусира на адаптивното однесување (7). Несоцијалните облици на однесување влијаат на стекнувањето и перформансот на адаптивното однесување (5). Критериум за адаптивно однесување кај лицата со интелектуална попреченост е дека заедницата може да го толерира нивното однесување (8). Проблематичното однесување се дефинира во однос на општествените норми на една заедница, при што тоа значајно отстапува од истите и предизвикува општествена реакција на неодобрување (9). Резултатите од истражувањата укажуваат дека 30 - 50% од лицата со интелектуална попреченост имаат одредени потешкотии во однесувањето (10). Во голем број случаи проблемите во однесувањето произлегуваат од погрешното воспитување и справување со проблемите од страна на родителите (11). Сите симптоми на нарушувања во однесувањето треба да бидат што е можно порано детектирани, за да може истите благовремено да бидат третирани и отсранети, т.е. минимизирани (12). Постои неопходност од правовремена сензитивна корекција, пред да се надоврзат секундарни нарушувања, а така се создаваат претпоставки за успешна интеграција во социјалната средина (13). Не може да се постигне целосен интегритет на личноста без интеграција на лицето во општествената средина. (14) Првенцијата на овие појави мора да се фокусира на развивање на позитивна и ментално здрава атмосфера во семејството и институцијата во која престојува лицето (15). |
|
While working with children with disabilities, the special educator and rehabilitator bases his conclusions about the child on the observation of the child’s behavior and applies socio-therapeutic, psychotherapeutic and rehabilitation methods adequately (1). The child’s behavior must be seen in context of the family and social environment in which the child lives, grows and develops (2). The family and also the wider social and cultural environment have strong influence on the development of acceptable forms of behavior at children (3). If the community is more tolerant and shows more understanding to these persons, then behavior disorders slowly disappear and the person adapts to the society, and vice versa, the society to the person (4). Children with intellectual disabilities need to be trained to social skills that will develop positive social relations and personal competence (5). Social competence of these persons should be seen in its wholeness, as an integrative model of multidimensional intelligence and adaptive behavior (6). The American Association of Mentally Retarded while determining persons with intellectual disability focuses significantly on the adaptive behavior (7). Antisocial forms of behavior influence the acknowledgement and performance of adaptive behavior (5). The criterion for adaptive behavior of persons with intellecttual disabilities is that the community is tolerant to their behavior (8). Problematic behavior is detining social norms of the community, and the behavior must significantly differ from the current norms and provokes social reaction of disapproval (9). The research results show that 30-50% of persons with intellectual disabilities have some behavior problems (10). In many cases these behavior problems are a result of an inappropriate upbringing and dealing with the problems by the children’s parents (11). All the symptoms of behaviour disorders should be detected early, and treated adequately so that they could be eliminated or minimized (12). Early intervention and sensitive correction is necessary for preventing secondary disorders, and also for successful integration in the society (13). A complete personal integrity is not possible to obtain without integration of the person in the society (14). Prevention of these manifestations could be done by developing positive and mentally healthy atmosphere in the family and institution where the person lives (15). |
|
|
|
Метод |
|
Method |
|
|
|
Предмет на ова истражување беа проблемите во однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост. Беше користен дескриптивен метод за опишување на испитуваните појави (карактеристики на однесувањето) и каузален метод за испитување на причинско-последичната врска меѓу независните варијабли (пол, хронолошка возраст, интелектуален и социо-економски статус) и зависната варијабла (однесувањето). Како техники и инструменти беа користени анализа на содржината на постоечката документација (индивидуалните досиеја) и скалирање со помош на две скали. ААМД-скалата на адаптивно однесување е наменета за проценка на однесувањето на лицата со интелектуална попреченост. Избраните примероци се прикладни и овозможуваат евалуација на адаптивното однесување кај испитаниците. Поделена е на два дела, а вториот го мери неадаптираното однесување кај личноста и нарушувањата во однесувањето (8). Со Скалата за проценка на однесувањето на детето в училиште се откриваат проблемите кои детето ги има во психо-социјалниот развој. Мерниот инструмент се покажал како валиден во истражувањата во дефектологијата, развојната психијатрија и невропсихологија. Добиените резултати даваат јасна слика дали детето има хиперактивно, инхибирано, дисхармонично или складно однесување (1).
|
|
The subject of the research was behavioral problems in children with mild and moderate intellectual disability. The descriptive method was used to describe the researched phenomena (behavioral characteristics) and causal method to examine the cause-effect relationship between independent variables (gender, chronological age, intellectual and social-economic status) and dependent variable (behavior). The following techniques and instruments were used: content analysis by analyzing the contents of documentation (individual portfolios) and scaling with the two Scales. AAMD Adaptive behavior Scale is constructed to evaluate the behavior of persons with intellectual disabilities. Selected items were appropriate and objectively evaluated the adaptive behavior of participants. The Scale consists of two parts, and part II evaluates the person’s maladaptive behavior and behavioral disorders (8). The Scale for evaluating behavior of the child in school reveals the problems that child has in his psychosocial development. The questionnaire has proved as valid in researches field of special education and rehabilitation, developmental psychiatry and neuropsychology. The obtained results show whether the child has hyperactive, inhibited, disharmonic or harmonic behavior (1).
|
|
|
|
Примерок |
|
Sample |
Беа опфатени 100 испитаници на возраст од 7 до 18 години, од кои 74 ученици со лесна интелектуална попреченост од ПOУ „Д-р Златан Сремац“ од Скопје (каде сите ученици се на дневна програма и повеќето живеат во своите семејства, освен одреден број деца кои живеат во дом за деца без родителска грижа) и 26 деца со умерена интелектуална попреченост од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ од Скопје (каде еден дел од децата се на дневна програма, додека другите се институционализирани). Истражувањето беше спроведено од април до јуни 2008 година. Започна со прибирање на релевантни податоци за испитаниците, а потоа беше реализирано скалирањето помеѓу дефектолозите кои се во интензивен контакт со испитаниците, но за да се намали субјективноста во процената, резулатите беа ревидирани од страна на членовите од стручните тимови (психолог, социјален работник). |
|
The Sample consisted of 100 participants at the age between 7 and 18, out of which 74 were students with mild intellectual disability from the Special school “d-r Zlatan Sremec” from Skopje (where all students are on a daily program, mostly living within families, but also some students are parentless and live in orphanage) and 26 children with moderate intellectual disability from the Institute for Rehabilitation of Children and Youth “Topansko pole” – Skopje (where one part of the children are on a daily program, while others are institutionalized). The research was conducted from April till June 2008. It began with collecting general data about participants and continued with scaling with the two Scales, among the special educators and rehabilitators who have intensive contact with the participants. In order to minimize the subjectivity of the assessment, the results were reevaluated by professional team members (psychologists, social workers). |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
|
|
|
Основната цел беше испитана со помош на двете скали. Од табелата 1 на која е прикажан бројот на испитаници кои имаат проблеми во однесувањето според Скалата на ААМД, може да се забележи дека од вкупниот број испитаници 78% имаат одредени проблеми во однесувањето. |
|
The main goal was examined by using the two Scales. In Table 1., which represents the number of participants that have behavior problems according to AAMD Scale it can be seen that out of the total number, 78% have some behavioral problems. |
|
|
|
Табела 1 |
|
Table 1. |
Од табелата 2 на која е прикажан бројот на испитаници кои имаат проблеми во однесувањето според Скалата на Бојанин, може да се види дека 52% од вкупниот број на деца имаат нескладно однесување, при што 23% имаат дисхармонично, 19% хиперактивно, а 10% инхибирано однесување. |
|
Table 2. represents the number of participants that have behavior problems according to Bojanin Scale and it can be seen that out of the total number, 52% of the children do not have harmonic behavior, from which 23% disharmonic, 19% hyperactive and 10% inhibited behavior. |
|
||
Табела 2. |
|
Table 2. |
Првата посебна цел беше истражена со помош на Скалата на ААМД. Од табелата 3 на која е прикажана фреквекцијата на појавноста на нарушувањата во однесувањето во однос на подрачјата на ААМД-скалата, може да се забележи дека најголем број од испитаниците покажуваат нарушувања во следниве подрачја: психички нарушувања 61%, отпор кон авторитети 56%, несоцијално однесување 54%, насилно однесување 37%, повлечено однесување 30% итн. |
|
The first specific goal was examined by AAMD Scale. Table 3. shows the most frequent behavioral problems of participants according to AAMD Scale, and it can be seen that most of the children show disorders in the following categories: psychiatric disorders 61%, resistance towards authorities 56%, antisocial behavior |
|
|
|
Табела 3. |
|
Table 3. |
Втората посебна цел беше испитана со Скалата на ААМД. Од табелата 4 на која е прикажано влијанието на полот врз однесувањето кај испитаниците, може да се забележи дека поголеми проблеми во однесувањето покажуваат женските испитаници (54,31), во споредба со машките (52,49). Коефициентот на корелација r=0,02 укажува на непостоечка корелација, а вредноста за t=0,17 (p<0,05) нема статистичка значајност. |
|
The second specific goal was examined by AAMD Scale. In Table 4., which represents the influence of gender on the behavior, it can be seen that girls show more behavioral problems (54,31), compared to boys (52,49). Correlation coefficient r=0,02 shows no existing correlation, and t–value (t=0,17) is not statistically significant (p<.05). |
Табела 4. |
|
Table 4. |
На табелата 6 е прикажано влијанието на интелектуалниот статус врз однесувањето кај испитаниците и од неа може да се види дека најголеми проблеми во однесувањето покажуваат испитаниците од групата на умерена интелектуална попреченост со послаби способности (124,14), по нив се децата со умерена попреченост со подобри способности (98,42), па децата со лесна интелектуална попреченост со послаби способности (55,26) а на крајот се децата со лесна попреченост со подобри способности (21,90). Коефициентот на корелација r=0,77 укажува на умерена корелација, а вредноста за F=47,56 (p<0,05) има статистичка значајност. |
|
Table 6. represents the influence of intellectual status on the behavior, and it can be seen that participants with moderate intellectual disability with lower abilities show most behavioral problems (124,14), rather than the children with moderate intellectual disability with higher abilities (98,42), and participants with mild intellectual disability with lower abilities (55,26) and at the end the children with mild intellectual disability with higher abilities (21,90). Correlation coefficient r=0,77 shows moderate correlation, and F–value (F=47,56) is statistically significant (p<0.05). |
Табела 5. |
|
Table 5. |
Дискусија |
|
Discussion |
|
|
|
Резултатите од истражувањето кореспондираат со досегашните научни сознанија добиени во проблемската област на трудот. Во продолжение наведуваме резултати добиени од релевантни истражувања. Ќордиќ А. пронаоѓа 34,3% лесно интелектуално попречени со нескладно однесување в училиште и 55,2% нескладно однесување мерено со Винеланд-Дол-скалата на социјална зрелост (16). Соколовски Ж. заклучува на примерок од 2351 испитаници со лесна интелектуална попреченост на школска возраст, дека 30% имаат растројства во социјалното однесување (17). Авторите Досен А., Ван Генеп А. прикажуваат преваленца од 30 - 50% нескладно однесување кај лицата со интелектуална попреченост, а процентот на лоша адаптација бил далеку поголем кај институционализираните (18). Радуловиќ К. истакнува дека од 101 лесно интелектуално попречени деца на училишна возраст 55,4% имале складно, 7,9% инхибирано, 11,9% хиперактивно и 24,8% дисхармонично однесување (19). Знаор М. ја испитувала зачестеноста на непожелните облици на однесување кај 100 деца со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст од 5-10 години и заклучува дека најзастапени се стереотипното (40%) и хиперактивното однесување (33%) (20). АвторитеIaconoT., KoritsasS., Hamilton D.потенцираат дека кај |
|
Results of the research are corresponding with the scientific knowledge gained in the thesis field. Some results from relevant researches are the following: Kjordikj A.finds 34,3% mildly |
Заклучоци |
|
Conclusions |
|
||
Анализата на обработените податоци и добиените резултати упатуваат на следниве заклучоци:
|
|
As an outcome from the analysis of processed data and discussed results a number of conclusions were made:
|
Табела 6. |
|
Table 6. |
Табела 7. |
|
Table 7. |
Citation:Kostikj-Ivanovikj V. Behavioral Problems in Children with Mild and Moderate Intellectual Disability. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):49-62. |
||||
|
||||
|
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE