JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 30256
КРИМИНАЛИТЕТ КАЈ МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ДЕФИЦИТ
Зоран КИТКАЊ
Филозофски факултет, |
|
CRIMINALITY AT MINORS WITH INTELLECTUAL DEFICIENCY
Zoran KITKANJ
Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation, Skopje |
Примено: 29. 05. 2009 |
|
Received: 29. 05. 2009 |
|
|
|
|
|
|
Лицата со интелектуален дефицит и нивната способност за вина |
|
Persons with Intellectual Deficiency and their Ability for Guilt |
Лицата со интелектуален дефицит немаат капацитет правилно да расудуваат и да ги оценуваат општествените појави и процеси, т.е. не се во состојба да направат проценка што е дозволено и нормално, а што е забрането и патолошко (1). |
|
Persons with intellectual deficiency do not have the capacity for proper reasoning and assessment of social manifestations and processes, that is, they cannot make an assessment of what is allowed and normal and what is forbidden and pathological (1). |
|
|
|
Класификација на интелигенцијата |
|
Classification of Intelligence |
Една од класификациите на интелигенцијата и застапеноста на лицата кои припаѓаат на одредени категории ја дава Векслер и таа изгледа на следниот начин. |
|
Wechsler gives one of the classifications of intelligence and the frequency of persons who belong to a certain category and it is as follows: |
Кај граничните случаи имаме заостанување во интелектуалниот развој, при што инфериорноста во учењето не е силно изразена. Овие деца се карактеризираат уште и со слаб или недоволно организиран мисловен процес, ригидност во менталното функционирање, слабо помнење и учење и слично (6). |
|
At borderline cases there is falling behind in the intellectual development where inferiority in studying is strongly expressed. These children are characterized also with weak or insufficiently organized thinking process, rigidity in mental functioning, weak memory and learning and so on. (6) |
|
|
|
Пресметливоста кај малолетните престапници со интелектуален дефицит |
|
Mental Competence at Juvenile Delinquents with Intellectual Deficiency |
Овој поим доаѓа од правната терминологија, а ја опфаќа способноста на обвинетиот за вина, односно способноста да се биде одговорен за стореното кривично дело. До таквата констатација се доаѓа исклучително по медицински пат, преку стручни психијатриски експертизи, кои судот може, а и не мора, да ги прифати. Значајно е да се напомене дека Кривичниот законик не ја третира директно пресметливоста, туку непресметливоста на обвинетиот, поаѓајки од претпоставката дека секое полнолетно лице е пресметливо, односно способно да ги сфати своите постапки - дозволени или недозволени, сè додека не се докаже спротивното(8). Непресметливоста е институт кој ја исклучува кривичната одговорност кај сторителите на кривични дела. |
|
This term comes from the legal terminology and comprises the ability of the accused for guilt that is the ability to be accountable for the committed crime. Such conclusion can be drawn only medically, through professional psychiatric expertises, which the court can, but not necessarily, accept. It is important to mention that the Criminal Code, takes into account the supposition that every adult is mentally competent that is capable of understanding own actions while proven the opposite (8). Mental incompetence is an institute that excludes criminal accountability at perpetrators of criminal acts. |
|
|
|
Цел на истражувањето |
|
Aim of the Research |
Да се утврди учеството и структурата на повторот кај малолетните лица со интелектуален дефицит во вкупниот број на малолетни престапници кои се на издржување на заводска мерка (воспитно-поправен дом) или казна малолетнички затвор. |
|
The aim of the research was to establish the participation and structure of repeating the act at minors with intellectual deficit in the total number of juvenile delinquents who hold institutional measure correctional institution for minors or penalty - juvenile penitentiary. |
|
|
|
Методологија на истражувањето |
|
Methodology of Research |
|
|
|
Примерок |
|
Sample |
Со истражувањето беа опфатени 62 малолетни лица од кои 22 малолетни престапници издржуваат казна малолетнички затвор во Малолетничкиот затвор во Охрид, 35 се на издржување заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом во ВПД - Тетово (во моментот лоциран во кругот на Истражниот затвор „Шуто Оризари“ во Скопје) и 5 малолетници кои издржуваат казна малолетнички затвор во казненопоправниот дом „Идризово“ во Скопје. (Според Казнениот закон на РМ (2004) и Законот за малолетничка правда (2007) лицата кои наполниле 23 години живот, казната малолетнички затвор ја издржуваат во казненопоправен дом за возрасни). |
|
The research covered 62 minors out of whom 22 juvenile delinquents pay the penalty - juvenile penitentiary in the Juvenile Penitentiary in Ohrid, 35 hold institutional measure correctional institution for minors in the Correctional Facility in JP-Tetovo and 5 minors who pay the penalty - juvenile penitentiary in the Juvenile Penitentiary Idrizovo in Skopje. (According to the Criminal Code of RM (2004) and Juvenile Justice Law (2007) persons who turned 23, pay the penalty - juvenile penitentiary in a correctional facility for adults). |
|
|
|
Методи во истражувањето |
|
Research Methods |
Во истражувањето е користен дескриптивниот метод со цел да се опише учеството и структурата на повторот кај малолетниците со интелектуален дефицит во вкупниот број на малолетници кои издржуваат една од споменатите санкции. |
|
Descriptive method was used in the research in order to describe the participation and structure of repeating the act at minors with intellectual deficit in the total number of minors who pay one of the abovementioned sanctions. |
|
|
|
Техники на истражувањето |
|
Research Techniques |
Анализа на содржина на готови документи е основна постапка во собирањето на податоците од истражувањето. |
|
Contents analysis of documents was the main procedure in collecting data for the research. |
|
|
|
Инструменти на истражувањето |
|
Research Instruments |
|
|
|
|
|
|
Резултати и дискусија |
|
Results with diiscussion |
|
|
|
Застапеност на малолетните престапници со интелектуален дефицит во малолетничкиот криминалитет |
|
Frequency of Juvenile Delinquents |
|
|
|
Табела 1. IQ кај малолетните престапници |
|
Table 1. IQ at juvenile delinquents |
Од вкупно 62 испитаника 35 се на издржување заводска мерка упатување во ВПД; 22 ја издржуваат казната малолетнички затвор во Малолетничкиот затвор во Охрид и 5 испитаници ја издржуваат казната малолетнички затвор во КПД „Идризово“ (во РМ лицата кои се постари од 23 години казната малолетнички затвор ја издржуваат во КПД „Идризово“). |
|
Of the total 62 subjects, 35 subjects hold institutional measure correctional institution for minors in the Correctional Facility in JP; 22 pay the penalty - juvenile penitentiary in the Juvenile Penitentiary in Ohrid, and 5 subjects pay the penalty - juvenile penitentiary in the Juvenile Penitentiary Idrizovo. |
|
|
|
Повтор кај малолетниците кои се на издржување на казна ВПД или казна малолетнички затвор |
|
Repetition at minors who hold institutional measure correctional institution or pay the penalty - juvenile penitentiary |
Од вкупниот број на малолетници кои се на издржување на заводска мерка ВПД или казна малолетнички затвор 74,2% се рецидивисти и тоа 46% сториле повеќе кривични дела од иста група (специјални повеќекратни повторници), 17,8% малолетници сториле повеќе кривични дела од различна група (општ повеќекратен повтор); 8% од малолетниците по вторпат извршиле исто кривично дело (обичен специјален повтор) и еден малолетник сторител е на две кривични дела од различна група (општ обичен повтор). |
|
Of the total number of minors who hold institutional measure correctional institution or pay the penalty - juvenile penitentiary 74.2% are recidivists that is 46% committed more criminal acts from the same group (special multiple offenders), 17.8% of the minors did more criminal acts from different group (common multiple repetition); 8% of the minors committed the same criminal act for the second time (common special repetition) and one minor is a perpetrator of two criminal acts from different group (common ordinary repetition). |
|
|
|
Табела 2. Повтор кај малолетните лица кои се на издржување на заводска мерка или казна малолетнички затвор |
|
Table 2. Repetition at minors who hold institutional measure correctional institution or pay the penalty - juvenile penitentiary |
Од податоците може да се констатира дека 80% од потпросечните малолетни сторители на кривични дела кои се на издржување на заводска мерка или казна малолетнички затвор се рецидивисти. Кај оваа категорија на малолетни сторители најзастапен е специјалниот повеќекратен повтор. Кај малолетните престапници со гранична интелигенција имаме 77,8% рецидивизам. Кај оваа категорија најмногу е застапен општиот повеќекратен повтор. Од вкупниот број (18) малолетни престапници со просечен IQ 11 или 61,1% се рецидивисти и тоа најмногу специјалeн повеќекратeн повтор. |
|
The data shows that 80% of the below average juvenile perpetrators of criminal acts who hold institutional measure correctional institution or pay the penalty - juvenile penitentiary are recidivists. At this category of juvenile offenders the most frequent is special multiple repetition. |
|
|
|
Рано почнување со вршење на кривични дела |
|
Early Beginning with Committing Criminal Acts |
Загрижувачки е фактот што 80,6% од испитаниците кои се на издржување на некоја од споменатите санкции сториле кривични дела како категорија на деца, т.е. до 14-тата година од животот. Уште позагрижувачки е фактот што 20,9% од нив сториле кривични дела на возраст до 10 години, 24,2% до 12 години и 35,5% до навршени 13 години живот. Повеќе од 56% од потпросечните малолетни престапници за прв- пат во судир со законот дошле до 14-тата година, т.е. како категорија на деца. |
|
It is of great concern that 80.6% of the subjects who pay some of the mentioned sanctions committed a criminal act as a category of children i.e. up to 14 years of age. Furthermore, it is of greater concern is that 20.9% of them |
|
|
|
Табела 3. Возраст кога првпат биле во судир со законот |
|
Table 3. Age when they first broke |
Заклучоци |
|
Conclusions |
||
|
|
|
||
Голем број малолетни лица - 35 или 56,4% од вкупно 62 кои се на издржување на една од споменатите санкции (казна малолетнички затвор или упатување во воспитно- поправен дом), имаат интелектуален дефицит, односно IQ под просек. Гранична интелигенција имаат 14,5% од испитаниците, а останатите 29,1% се со просечен IQ. Поради наведеното велиме дека интелектуалниот дефицит е можен (но не и пресуден) фактор за делинквентно однесување. |
|
A number of minors, or to be more precise, 35 or 56% out of 62 individuals who pay some of the above-mentioned sanctions (penalty - juvenile penitentiary or correctional institution for minors) have intellectual deficit that is below average IQ. 14.5% of the subjects have borderline IQ and the rest 29,1% have average IQ. As a result of the above stated reasons we say that intellectual deficit is possible (but not crucial) factor for delinquent behaviour. |
||
|
|
|
||
Citation:Kitkanj Z. Criminality at Minors with Mental Deficiency. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):72-83. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE