JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 56720
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОСТТРАУМАТСКИОТ СТРЕС И ДЕПРЕСИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ПРЕКУ УВЕЖБУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА МОЗОКОТ
Вијендра К. СИНГ,
Меѓународен истражувачки центар за состојбата на мозокот и технологии |
|
NEUROREHABILITATION OF POST-TRAUMATIC STRESS
Vijendra K. SINGH,
Brain State International Research Center |
Примено: 05. 05. 2009 |
|
Received: 05. 05. 2009 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Психијатриските нарушувања како посттрауматски стресни нарушувања (ПТСН) и депресијата, посебно големото депресивно нарушување (ГДН) се сериозни медицински болести кои влијаат врз милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи и околу 20 до 25 милиони луѓе во САД. Финансискиот товар е огромен и многумина не бараат медицинаска помош, а други едноставно не можат да си дозволат да платат за потребните лекови. Двете нарушувања манифестираат некои симптоми кои се преклопуваат, но тие сепак претставуваат две различни болести. ПТСН е повеќе анксиозност која луѓето ја добиваат после изложување на трауматски или опасни по живот настани, како војна, силување, земјотрес, ураган, авионска несреќа или автомобилска несреќа. ПТСН може да предизвика проблеми како епизоди на враќање во минатото или чувство како настанот повторно да се случува, проблеми со спиењето или ноќни мори, чувство на осаменост, испади на лутина, чувство на грижа, вина или тага. Депресијата или ГДН е медицинска болест која карактеристично демонстрира значајна промена во човековата способност да функционира на дневна основа. Симптомите на депресија вклучуваат постојано тажно или иритирачко расположение, промени во спиењето, апетитот и енергијата, тешкотии во мислењето, концентрацијата, помнењето, физичко забавување или анксиозност, отсуство на интерес или задоволство од активностите кои некогаш биле пријатни, чувство на вина, безвредност, безнадежност и празнина, постојани мисли за смрт или самоубиство и постојани физички симптоми кои не одговараат на третманот, како главоболки, дигестивни нарушувања и хронична болка. Иако механизмот на патогенеза на ПТСН и ГДН не е многу добро разбран, и двете имаат невробиолошка основа (1,2) и тие се манифестираат како патологии на човечкиот мозок, најверојатно заради неуравнотежената мозочна функција (3). Во сегашната студија, ние опишуваме дека ПТСН и депресивните тенденции можат да се потиснат преку тренинг на мозокот со употреба на Увежбување на состојбата на мозокот (УСМ). |
|
Psychiatric disorders such as post-traumatic stress disorder (PTSD) and depression, particularly major depressive disorder (MDD), are serious medical illnesses that affect millions of people worldwide, including an estimated 20 to 25 million adults in the United States. The financial burden is huge and many don’t seek medical help and yet others simply can’t afford to pay for the much needed medication. The two disorders manifest some overlapping symptoms but they represent two separate disease entities. PTSD is more of an anxiety disorder that people acquire after exposure to traumatic or life-threatening events, such as war, rape, earthquake, hurricane, airplane crash or automobile accident. PTSD can cause problems like flashbacks, or feeling like the event is happening again, trouble sleeping or nightmares, feeling alone, angry outbursts, feeling worried, guilty or sad. Depression or MDD is a medical illness that characteristically demonstrates a significant change in an individual’s ability to function on a daily basis. The symptoms of depression include persistently sad or irritable mood, pronounced changes in sleep, appetite, and energy, difficulty thinking, concentrating, and remembering, physical slowing or agitation, lack of interest in or pleasure from activities that were once enjoyed, feelings of guilt, worthlessness, hopelessness, and emptiness, recurrent thoughts of death or suicide and persistent physical symptoms that do not respond to treatment, such as headaches, digestive disorders, and chronic pain. Although the mechanism of pathogenesis of PTSD and MDD is not very well understood, both of them have a neurobiological basis (1, 2) and they are manifested as the pathologies of the human brain, most likely because of imbalanced brain function (3). In the present study, we describe that the PTSD and depressive tendencies can be suppressed though brain training using Brain State Conditioning (BSC). |
|
|
|
Материјали и методи |
|
Materials and methods |
Во оваа пилот-студија проучивме 8 возрасни испитаници. Четири од овие случаи (сите мажи на возраст од 49 до 59 години) имаа цел да ги надминат манифестациите на ПТСН, додека другите четири случаи (двајца мажи на возраст од 35 до 38 години и две жени на возраст од 41 до 60 години) имаа за цел да ја надминат депресијата. Сите тие имаа дополнителни цели како подобрување на сонот, когнитивните перформанси, општествената интеракција, донесувањето одлуки, вниманието и фокусирањето, зависноста од лекови, мотивацијата, стабилизирањето на расположението, среќата и благосостојбата, тежината, болката и справувањето со лутината, физичкото здравје и балансот итн.
Испитаниците беа распоредени да дојдат на првична проценка (45-60 мин.) на индивидуализирани мозочни мапи, проследени со 4 до 6 последователни сесии од 90 мин., секоја распоредена во текот на 2 до 5 дена. Илустрацијата покажува машки испитаник приклучен на електроди во Совршената столица на Хјуман Тач (Human Touch) (слика 1) произведена од компанијата Хјуман Тач во Лонг Бич, Калифорнија, САД. Испитаниците беа замолени да го пополнат ПТСН-прашалникот или Беков прашалник после последната сесија на мозочен тренинг. Различните опсервации беа внесени во компјутерската база на податоци и/или досиејата на клиентите и последователно анализирани од членовите на персоналот. |
|
We studied a total of 8 adult subjects in this pilot study. Four of these cases (all males aged 49 to 59 years) had goals to overcome manifestations of PTSD while the other four cases (2 males aged 35 to 38 years and 2 females aged 41 to 60 years) had goals to overcome depression. They all had additional goals such as improving sleep, cognitive performance, social interaction, decision making, attention and focus, drug addiction and dependency, motivation, mood stabilization, happiness and well-being, weight, pain and anger management, and physical health and balance, etc.
Subjects were scheduled to come for initial assessment (45-60 min) of individualized brain |
Слика бр 1. Илустрација која покажува машки испитаник приклучен на електроди за УСМ |
|
Figure 1. Illustration showing a male subject hooked up to electrodes for BSC |
|
|
|
Резултати и дискусија |
|
Results and Discussion |
Каратктеристиките на испитаниците и нивната реакција на Увежбување на состојбата на мозокот (УСМ) се сумирани во табелата 1 за ПТСН и табелата 2 за депресија. Во студијата, шест од осум испитаници беа мажи, додека другите двајца беа жени. Возраста на ПТСН-групата беше помеѓу 40-тата и 59-тата година, додека возраста на групата со депресија се движеше помеѓу 35-тата и 60-тата година. Објективните анкети открија дека иако двете групи на испитаници имаа различни цели, главно ПТСН или депресија, имаше значително преклопување на другите манифестации во однесувањето. На пример, клиентите пријавија недостаток на спиење и/или слаби когнитивни перформанси. Некои исто така пријавија ниско ниво на самодоверба, физичко здравје и баланс и општествени интеракции. Други пак пријавија проблеми со тежината, болка и справување со лутината. Сите учесници беа замолени да апстинираат од алкохол една недела пред проценката и три недели по последната сесија. Пред првичната проценка, сите испитаници пополнија ПТСН-прашалник или Беков прашалник, што претставуваше основа за или пред УСМ-реакција. |
|
The subject characteristics and their response to Brain State Conditioning (BSC) are summarized in Table 1 for PTSD and Table 2 for depression. In the present study, six out of 8 subjects were male while the other two were females. The age for the PTSD group was between 40 to 59 years whereas the age for the depression group ranged between 35 to 60 years. The objective surveys revealed that although the two groups of subjects had distinctive goals, mainly PTSD or depression, there was considerable overlap of other behavioral manifestations also. For example, the clients commonly reported lack of sleep and/or poor cognitive performance. Some also reported low level of self-confidence, physical health and balance, and social interactions. Still others reported problems of weight, pain and anger management. All participants were asked to abstain from alcohol one week before the assessment and three weeks after the last session. Before the initial assessment, all subjects completed a PTSD Questionnaire or Beck’s Inventory, which represented a baseline or pre-BSC response. |
|
|
|
Табела 1. Карактеристики на ПТСН-испитаници и нивна реакција на Увежбување на состојбата на мозокот |
|
Table 1. Characteristics of PTSD subjects and their response to Brain State Conditioning |
|
|
|
Табела 2. Карактеристики на испитаниците со депресија и нивната реакција на Увежбување на состојбата на мозокот |
|
Table 2. Characteristics of Depression subjects and their response to Brain State Conditioning |
Citation:Singh KV, Gerdes L. Neurorehabilitation of Post-Traumatic Stress and Depressive Behaviors by Brain State Conditioning. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):85-97. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE