ВИДОВИ НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА
ВО ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА

                         

Наташа АНГЕЛОСКА-ГАЛЕВСКА

 

Филозофски факултет - Скопје

 

TYPE OF SCIENTIFIC RESEARCHES IN SPECIAL EDUCATION

 

Natasha ANGELOSKA-GALEVSKA

 

Faculty of Philosophy-Skopje

 

 

 

 

 

 

Резиме

 

Abstract

Научните истражувања во дефектологијата се користат за систематско проучување на некој предмет или појава за да се дојде до нови сознанија што ќе овозможат унапре­ду­ва­ње на воспитанието и образованието на лицата со пречки во развојот. Постојат раз­лич­ни видови научни истражувања, а опре­дел­бата за некој од нив зависи од целта на истражувањето, од природата на предметот што треба да се проучува, од методо­лош­ки­те можности, опитноста на  истражувачот, сред­ствата со кои се располага и низа други фактори.
Во овој текст се разгледуваат видови научни истражувања поаѓајќи од нивната поделба според различни критериуми. Притоа не се опфатени сите можни видови научни ис­тра­жувања, туку само оние основните, оние кои најчесто се сретнуваат во дефектолошката теорија и практика, како што се фундамен­тал­ните и применетите, теоретските и емпи­рис­ките, трансверзалните и лонгитудинал­ните итн. 

 

The scientific researches in special education are used for systematic investigation of a certain sub­ject or phenomenon that aims to reach knowledge that can improve education and rehabilitation of people with special needs. There is a huge variety of research strategies, and what the researcher will choose among them depends on the research ob­jective, the nature of the investigated phenomenon and the possibilities for its examination, the ex­perience of the researcher, the research tools, and many other factors.
In this text, different types of scientific researches are explained, according to their division based on different criteria. This review does not include all types of research, but the most basic and the most common ones in the theory and practice of special education, such as the basic and the applied re­search, the theoretical and the empirical, the cross sectional and the panel, etc.

 

 

 

Citation:Angeloska-Galevska N. Types of Scientific Researches in Special Education. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):7-16.

   

 

   

Клучни зборови:видови истражувања, ме­­то­дологија, дефектологија

 

Key Words: types of research, methodology, spe­­cial education

 

 

 

 

 

 

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Наташа АНГЕЛОСКА-ГАЛЕВСКА

 

Natasha ANGELOSKA-GALEVSKA

Универзитет "Св. Кирил и Методиј#
Филозофски факултет
Бул. "Крсте Мисирков# бб
1000 Скопје, Република Македонија
E-mail: natasa@fzf.ukim.edu.mk

 

University "Ss. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Bul. “Krste Misirkov” bb
1000 Skopje, Republic of Macedonia
E-mail: natasa@fzf.ukim.edu.mk

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in