ЕПИДЕМИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
НА АУТИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Владимир ТРАЈКОВСКИ 1
Кристин ВАСИЛЕВСКА 2
Љупчо АЈДИНСКИ 1
Мирко СПИРОСКИ 3

 

Филозофски факултет                  
Институт за дефектологија, 1

Медицински факултет
Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, 2

Медицински факултет
Институт за имунобиологија со хумана генетика 3

 

EPIDEMIOLOGICAL CHARACTERISTICS OF AUTISM IN REPUBLIC OF MACEDONIA

 

Vladimir TRAJKOVSKI 1
Kristin VASILEVSKA 2
Ljupcho AJDINSKI 1
Mirko SPIROSKI 3

 

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation 1

Faculty of Medicine
Institute for Epidemiology and Biostatistics with Medical Informatics 2

Faculty of Medicine
Institute for Immunobiology and Human Genetics 3

     

Резиме

 

Abstract

Детскиот аутизам претставува первазивно развојно нарушување кај кое постои ненормален или оштетен психички развиток кој се манифестира пред третата година од животот, со карактеристичен облик на патолошко функционирање во социјалните интеракции, во комуникациите со околината и со повторувачко однесување.
Цел на трудот е да покаже дел од демографските и епидемиолошките карактеристики на популацијата лица со аутизам регистрирани во Република Македонија.Истражувањето претставува ретроспективна студија и е направено на подрачјето на Република Македонија, а опфати 50 лица со аутизам. Испитаниците имаат верифицирана дијагноза според ICD-10 класификацијата и DSM-IV критериумите во некоја од дефектолошките и медицинските установи во нашата држава.
Од анализата на испитуваниот аутистичен синдром во примерокот се утврди дека преваленцијата на аутизмот во РМ изнесува 0.25 лица на 10.000 жители. Машкиот пол е 2.5 пати почесто застапен од женскиот. Средната возраст на испитаниците изнесува 11 години. Социјално-економскиот статус не игра улога во настанокот на аутизмот. Сезоната на раѓање не е поврзана со појавата на нарушувањето. Податокот за болести на мајката во тек на бременоста (p=0.04), како и патолошкиот тек на истата (p=0.02) е ризик фактор за појава на синдромот. Патолошкото породување и компликациите во перинаталниот период не претставуваат ризик фактори во оваа студија (p>0.05). Времетраењето на доењето и предвременото одбивање на мајчиното млеко се сигнификантно асоцирани со појавата на аутизмот (p<0.01).
Резултатите од оваа студија можат да се искористат како добра основа за понатамошни епидемиолошки истражувања, откривање на нови ризикофактори во настанувањето на аутизмот и во планирањето на превенцијата на овој тежок синдром.

 

Infantile autism is pervasive developmental disorder with abnormal or damaged psychical development manifested after the second or third year of life, with characteristics in the shift of pathological functioning in the sphere of social interactions, in communications with the environment, and with repetitive behavior.
The aim of this article is to show a part of demographic and epidemiological characteristics of the population with autism registered in the Republic of Macedonia.This research is a retrospective study, followed on the territory of the Republic of Macedonia, which covered 50 people with autism. All examined people have a verified diagnosis according to ICD-10 classification of diseases and DSM-IV criteria made in the special educational and medical institutions in our country.
From the analysis of examined autistic people in the sample it has confirmed that the prevalence of autism in RM is 0.25 people up to 10.000 inhabitants. The male gender is 2.5 times more frequent than the female gender. The mean age of patients is 11 years. The socio-economic condition does not take part in the genesis of autism. The season of birth is not connected with the appearance of the disturbance. Data for mothers disease during the pregnancy (p=0.04), as well as the pathological course of the pregnancy (p=0.02) is a risk factor for appearance of the syndrome. The pathological delivery and the complications in the perinatal period are not the risk factors in this study (p>0.05). The duration of nursing and the preliminary rejection of mother’s milk are significantly associated with the appearance of autism (p<0.01).
The results from this study may be useful as a good base for further epidemiological researching, revealing new risk factors in the genesis of autism, and for planning the prevention of this severe syndrome.

 

Citation:Trajkovski V, Vasilevska K, Ajdinski Lj, Spiroski M. Epidemiological Characteristics of Autism in Republic of Macedonia. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):25-39.

     
Клучни зборови: аутизам, епидемиолошки карактеристики, Република Македонија   Key Words: autism, epidemiological characteristics, Republic of Macedonia
     

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Владимир ТРАЈКОВСКИ

 

Vladimir TRAJKOVSKI

Институт за дефектологија
Филозофски факултет
бул. "Крсте Мисирков# бб
1000 Скопје
Република Македонија
E-mail: vladotra@fzf.ukim.edu.mk

 

Institute of Special Education and Rehabilitation
Faculty of Philosophy
Bull. “Krste Misirkov” bb
1000 Skopje
Republic of Macedonia
E-mail: vladotra@fzf.ukim.edu.mk

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in