КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗВОЈОТ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА

 

Наташа АНГЕЛОСКА-ГАЛЕВСКА


Филозофски факултет
Институт за педагогија

Скопје, Македонија

 

TENDENCIES IN THE DEVELOPMENT OF THE METHODOLOGY OF RESEARCH IN THE SPECIAL EDUCATION

 

Natasha ANGELOSKA-GALEVSKA


Faculty of Philosophy
Institute of Pedagogy

Skopje, Macedonia

 

 

 

Резиме

 

Abstract

     

Текстот има цел да ги покаже развојните тенденции на методологијата на дефектолошките истражувања во светот и кај нас, но и да го потенцира значењето на методолошкото оспособување на дефектолошките кадри што се едуцираат на Филозофскиот факултет во Скопје.
Научните сознанија, до кои доаѓаме по пат на истражување, се основен предуслов за унапредување на дефектолошката теорија и практика. Резултатите од научната работа некогаш предизвикуваат мали, незначителни промени, а некогаш донесуваат и радикални пресврти. Благодарение на научните истражувања и сознанија, отфрлени се одредени предрасуди што владееле до 60-тите години на минатиот век; како на пример, уверувањето дека ментално ретардираните деца треба да бидат сегрегирани од другите во општеството, бидејќи се опасни и непријателски настроени, или, дека глувите деца не треба да го учат знаковниот јазик зашто нема да бидат мотивирани да научат да читаат од усни и потешко ќе се адаптираат. Пијаже и соработниците од Женевската школа биле едни од првите истражувачи кои го наметнале сфаќањето дека хендикепираното дете не е хендикепирано на секое поле и дека има потенцијал што може и треба да се развива со систематска и организирана работа. Неспорна е потребата за иницирање на што поголем број натамошни истражувања во сферата на дефектологијата, како што е потребна и критичка анализа на веќе реализираните истражувања. Натамошниот развој на научните истражувања во дефектологијата треба да претставува основа за креирање на образовната политика за лицата со инвалидност и за унапредување на институционалниот и вонинституционалниот третман на оваа популација.

 

The aim of the text is to point out the developmental tendencies in the research methodology of special education and rehabilitation worldwide and in our country and to emphasize the importance of methodological training of students in special education and rehabilitation at the Faculty of Philosophy in Skopje.
The achieved scientific knowledge through research is the fundamental pre-condition for development of special education and rehabilitation theory and practice. The results of the scientific work sometimes cause small, insignificant changes, but, at times, they make radical changes. Thank to the scientific researches and knowledge, certain prejudices were rejected. For example, in the sixth decade of the last century there was a strong prejudice that mentally retarded children should be segregated from the society as aggressive and unfriendly ones or the deaf children should not learn sign language because they would not be motivated to learn lip-reading and would hardly adapt. Piaget and his colleagues from Geneva institute were the pioneers in researching this field and they imposed their belief that handicapped children were not handicapped in each field and they had potentials that could be developed and improved by systematic and organized work. It is important to initiate further researches in the field of special education and rehabilitation, as well as a critical analysis of realized researches. Further development of the scientific research in special education and rehabilitation should be a base for education policy on people with disabilities and development of institutional and non-institutional treatment of this population.

 

 

 

Citation:Angeloska-Galevska N. Characteristics of Research Methodology Development in Special Education and Rehabilitation. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):19-29.

   

 

   
Клучни зборови: дефектологија, методологија, истражувања, научна работа.  

Key words: special education and rehabilitation, methodology, research, scientific work.

     
     
     

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

Наташа АНГЕЛОСКА-ГАЛЕВСКА

 

Natasha ANGELOSKA-GALEVSKA

Универзитет "Св. Кирил и Методиј#
Филозофски факултет
Институт за педагогија
Бул. "Крсте Мисирков# бб
1000 Скопје, Република Македонија
natasa@fzf.ukim.edu.mk

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Institute of Pedagogy
Bull. "Krste Misirkov" bb,
1000 Skopje, Republic of Macedonia
natasa@fzf.ukim.edu.mk

 
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in