JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 43978
АНАЛИЗА НА ИНТЕРАКЦИЈАТА МЕЃУ НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ИНКЛУЗИВНАТА УЧИЛНИЦА - СТУДИЈА НА ДЕТЕ СО КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТАНТ
Зора ЈАЧОВА1
Филозофски факултет |
|
ANALYSES OF THE TEACHER-PUPIL INTERACTION WITHIN THE INCLUSIVE CLASSROOM-CASE STUDY OF A CHILD WITH A COCHLEAR IMPLANT
Zora JACHOVA1
Faculty of Philosophy - Institute for Special Education and Rehabilitation1 |
UDK: 376.353-053.5 |
|
Original article |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Главните причини за бариерите во учењето и партиципацијата на децата со оштетен слух можат да се најдат во опкружувањето. Ова може да се случи како резултат на негативните ставови кон децата, погрешното разбирање на процесот на активно учење, премногу ригидниот систем и наставни програми, несоодветно адаптираните пристапи кон методите на подучување, несоодветниот пристап кон образовната средина итн. |
|
The main reasons for the barriers in learning and participation of the children with impaired hearing can be found in the surrounding. This can happen as a result of the negative attitudes towards the children, misunderstanding of the process of active learning, too rigid system and curriculum, inadequate adaptation of the learning methods, inappropriate approach towards the educational environment etc. |
|
|
|
Метод |
|
Method |
|
|
|
При дефинирањето на проблемот на истражување се одлучивме за контекстуален проблем, со цел да добиеме информации кои ја опишуваат ситуацијата и тешкотиите со кои се сретнуваат децата со кохлеарен имплантант во определен контекст, во Република Македонија. |
|
During the selection of the problem we decided for contextual one with the purpose to gain information that describe the situation, the difficulties that the pupils with Cochlear implant interface in a certain context, in Republic of Macedonia. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
Во текот на снимањето на феноменот којшто го истражувавме, како инструмент го употребивме видеоупатството за снимање и се раководевме според дадените видеоиндикатори. |
|
During the taping of the researched phenomenon, as an instrument in the research we used the video guide for taping and we guided by the given video indicators. |
Слика бр. 1: Следење иницијативи |
|
Figure 1 Following initiative |
|
|
|
Кај третиот индикатор или држење на телото и сигналите што ги даваат наставниците, добивме помали вредности во однос на претходните два индикатора. Сепак после дадените сугестии на наставниците се забележува значително подобрување, односно во 85% случаи наставниците во четвртото снимање покажале добро држење на телото. |
|
In the third indicator or body posture and the signals that the teachers give, we got lower values in comparison with the previous two indicators. Nevertheless after the given suggestions to the teachers we noticed a significant improvement. In 85% of the cases the teachers in the fourth shot showed good body posture. |
Слика бр. 2: Следење иницијативи |
|
Figure 2 Following initiative |
Во однос на четвртиот и петтиот параметар - добро користење на гласот и изразот на лицето, односно соодветна фацијална експресија (која демонстрира страв, замореност, пријателство, водство) забележуваме високи вредности при последното снимање односно во 85% од случаите. Можеме да заклучиме дека инструктивната работа на дефектолозите значајно влијае на подобрувањето на употребата на гласот и изразот на лицето. |
|
Regarding the fourth and fifth parameter - good use of the voice and face expression that is an adequate facial expression (that demonstrates fear, exhaustion, friendship, leadership) we notice high values during the last shot, that is in 85% of the cases. We can conclude that the instructive work of the special educators and rehabilitators significantly influences on the improvement of the use of the voice and the face expression. |
Слика бр.3: Следење иницијативи |
|
Figure 3 Following initiative |
|
|
|
Контактот со очите го издвоивме како посебен параметар за видеоинтеракција, иако истиот може да се разгледува и во рамките на претходниот параметар. За овој седми параметар добивме висок процент при последното снимање, односно во 61% случаи наставниците во текот на четврото снимање успеваа да воспостават контакт со ученикот со помош на очите. |
|
We observed the eye contact as a separate parameter for video interaction although the same can be monitored in the frames of the previous parameter. For this seventh parameter we got a high percentage during the last shot that is in 61% of the cases, the teachers during the fourth shot managed to establish eye to eye contact with the pupil. |
Слика бр. 4: Примање сигнали |
|
Figure 4 Accepting signs |
|
|
|
Во однос на следниот видеоиндикатор – вклучување, односно придружување во групата во која партиципира ученикот (или индивидуалниот ученик ако нема групна работа) забележуваме генерално високи вредности. При последното снимање во 85% случаи наставниците активно се вклучуваа во работата на ученикот (групата). |
|
Regarding the next indicator - engage that is engagement in the group in which the pupil participates (or the individual pupil if there is no group work) we notice generally high values. During the last shot in 85% of the cases the teachers were actively involved in the work with the pupil (group). |
Слика бр. 5: Одобрување |
|
Figure 5 Approval |
|
|
|
Во однос на следниот параметар од групата на индикатори кои се однесуваат на следење на иницијативата, односно одобрување, разгледувавме два видеоиндикатора. Од анализата на првиот индикатор именување на предметите/одобрување се забележува дека во 77% случаи наставниците при третото снимање и 92% од наставниците при четвртото снимање со конкретни термини ги искажувале своите акции и емоции. |
|
Regarding the next parameter from the group of indicators, that regard to the initiative following that is approval, we observed two indicators. From the analyses of the first indicator giving name to the objects/approval we can notice that in 77% of the cases, the teachers in the third shot and in 92% the cases in the fourth shot showed their emotions and made actions with concrete terms. |
Слика бр. 6: Артикулација на часот |
|
Figure 6 Change in sequence |
|
|
|
Артикулацијата на часот подразбира три елементи. За првиот индикатор - отворање тема и давање на јасни сигнали кога се отвора темата добивме извонредни резултати, односно во 100% случаи наставниците во четвртото снимање соодветно ја отвориле темата. |
|
The change in sequence counts three elements: for the first indicator - Opening a theme and giving clear signals when the theme is opened we got remarkable results, that is in 100% of the cases, the teachers in the fourth shot adequately opened the theme. |
Слика бр. 7: Давање упатства |
|
Figure 7 Giving instructions |
|
|
|
При анализирањето на следниот индикатор – спомнување што се случува, која активност од страна на наставниците ги стимулира учениците на размислување, добивме незадоволителни резултати при првите две снимање. По инструктивната работа со наставниците се појави подобрување, односно во 46% случаи наставниците ги стимулираа сите акции кај учениците. |
|
During the analyses of the next indicator – referring what is happening, an activity which stimulates the pupils to think, we got unsatisfactory results during the first two shots. After the instructive work with the teachers there was an improvement that is in 46% of the cases the teachers stimulated all the actions by the pupils. |
Слика бр. 8: Давање упатства |
|
Figure 8 Giving instructions |
||
При анализа на следниот индикатор – давање предлози, сугестии и упатства на учениците забележуваме подобрување во текот на четирите снимања. При последното снимање кај 92% случаи забележавме дека наставниците ги коригираа учениците соодветно и навреме. |
|
During the analyses of the following indicator - giving proposals, suggestions and recommendations to the pupils we noticed an improvement during the four shots. During the last shot in 92% of the cases, we noticed that the teachers made corrections appropriately and on time. |
||
|
|
|
||
Дискусија |
|
Discussion |
||
|
|
|
||
Во однос на првото истражувачко прашање - Дали наставниците употребуваат идентични методи при реализација на содржините со детето со кохлеарен имплантант и нивната варијација во поглед на нивните индивидуални барања на детето, можеме да заклучиме дека наставниците употребуваат соодветни методи за секој наставен предмет. Некои од наставниците употребуваат идентични методи при реализација на наставните содржини, бидејќи природата на предметите го бара тоа од нив. Одредени наставници го употребуваат писмениот метод како средство за доближување на содржините кон испитаникот со кохлеарен имплантант. Ова се однесува на оние содржини кои испитаникот не може орално да ги перципира. |
|
Regarding the first research question - „Whether the teachers use identical methods during the realisation of the curricula contents with the child with a cochlear implant and their variation regarding their individual requests from the child” we can conclude that the teachers use adequate methods for each teaching subject. Some of the teachers used identical methods during the realisation of the curriculum contents because the nature of the subjects demands it. Certain teachers use the written method as a mean for approximating the content to the subject with a cochlear implant. This regards those contents that the subject can not perceive orally. |
||
|
|
|
||
Препораки за наставниците |
|
Recommendations for the teachers |
||
|
|
|
||
Постојат неколку работи што може да ги направат наставниците со цел да им помогнат на децата со кохлеарни имплантанти да постигнат успех во инклузивната училница.
|
|
There are few things that the teachers can do with the purpose to help the children with cochlear implants to achieve success in the inclusive classroom.
|
||
|
|
|
||
Citation:Jachova Z, Karovska A. Analyses of the Teacher-Pupil Interaction Within the Inclusive Classroom-Case Study of a Child With a Cochlear Implant. J Spec Educ Rehab 2008; 9(3-4):7-22. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE