вести-информации

 

news and information

 

ПРВ ГРУПЕН ДОМ ВО ЗАЕДНИЦА ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Оливера РАШИЌ

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

 

FIRST GROUP HOME IN THE COMMUNITY FOR PEOPLE WITH INTELECTUAL DISABILITY

Olivera RASHIKJ

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено 26-01-2009
Прифатено 17-03-2009
UDK: 364-624(497.7)(083.94)

 

 

Received 26-01-2009
Accepted 17-03-2009

По примерот на многу европски земји, во­де­ни и од желбата за подобрување на начинот и условите за живот на лицата со инва­лид­ност, Владата на Република Македонија го за­почна процесот на деинсти­туцио­на­ли­за­ци­ја.
Во склопот на овој процес на 04.12.2008 го­ди­на во Скопје, од страна на претседателот на Владата на Р. Македонија, г-дин Никола Гру­евски и министерот за труд и социјална поли­тика, г-дин Џељаљ Бајрами, беше отво­рен првиот групен дом во заедница за лица со интелектуална попреченост.
Финансиската помош за реализација на овој проект ја овозможува Министерството за труд и социјална политика на Република Ма­ке­донија и унгарската Иницијатива за мен­тал­но здравје - Open Society Mental Health Initiative од Будимпешта, а со домот ќе рако­во­ди Полио плус - движење против хенди­кеп.
Домот претставува семејна куќа од околу 100 м2 и се наоѓа на локацијата зад ПОУ „Д-р Златан Сремац“, во општина Кисела Вода.
За почеток на проектот во домот се сместени чети­ри лица претходни штитеници на Спе­ци­­јалниот завод - Демир Капија, на кои ќе им биде овозможен 24-часовен надзор од струч­­но обучени лица, едукатори и меди­цин­ска екипа.
Пла­новите на Владата на Р. Македонија се во наредниот период да отвори уште 48 груп­ни домови, каде ќе бидат опфатени око­лу 190 деца, штитеници на Специјалниот за­вод - Демир Капија.­

 

 

According to the example from many European countries, lead by the wish for improving the way and the conditions for living of the persons with disability, Government of Republic of Macedonia initiated the process of deinstitu­tionalization.
In the framework of this process on the 04 of December 2008 in Skopje, the first group home in community for people with intellectual disability was opened by the President of the Government of the Republic of Macedonia, M-r Nikola Gruevski and the Minister for labour and social politics, M-r Dzelal Bajrami.
The financial help for realization of this project was enabled by the Ministry for labour and social politics of the Republic of Macedonia and the Open Society Mental Health Initiative from Budapest and the home will be lead by Polio Plus-movement against disability.
The group home is a family house with around 100 m2, and it is located behind the Special Primary School “D-r Zlatan Sremac” in the Municipality of Kisela Voda.
For the beginning of the project, in the group home are accommodated four people, previous dependants of the Special Institute in Demir Kapija, which will have 24 hours supervision by the professionally trained persons, educators and medical team.
The plan of the Government of the Republic of Macedonia is to open additional 48 homes and to include about 190 children, dependants of the Special Institute in Demir Kapija in the near future.

Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Оливера РАШИЌ

 

Olivera RASHIKJ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје, Р. Македонија
e - mail: oliverarasic@yahoo.com

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
"Krste Misirkov" bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
e - mail: oliverarasic@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in