СЛЕДЕЊЕ НА РАЗВОЈОТ КАЈ ДЕЦА РОДЕНИ СО ВИСОК ФАКТОР НА РИЗИК ДО КРАЈОТ НА ТРЕТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ

 

Валентина ДУКОВСКА

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје

 

 

DEVELOPMENTAL FOLLOW-UP
OF HIGH RISK INFANTS UNTIL
THE AGE OF THREE

 

Valentina DUKOVSKA

PHO University’s Children Hospital - Skopje, Republic of Macedonia

Валентина Дуковска го одбрани својот магис­терски труд на 01.11.2008 година на Инс­титутот за дефектологија при Фило­зоф­скиот факултет, Универзитет “Св.Кирил и Ме­тодиј“ - Скопје пред комисијата во сос­тав: проф. д-р  Драгослав Копачев, проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Ристо Петров.

 

Mrs. Dukovska Valentina graduated as Master of Arts at the Institute for Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy,  University “St. Cyril and Methodius” – Skopje, on 1st of November, 2008. The graduating commission was consisted of the following members: Prof. Dr Kopachev Dragoslav, Prof. Dr Jachova Zora and Prof. Dr Petrov Risto.

     

Цел­та на овој магистерски труд е да се утвр­дат раните развојни постигнувања кај децата ро­дени со висок фактор на ризик, како ге­не­рал­ните така и во одделните развојни облас­ти; да се утврди влијанието на факторот асфиксија врз развојните способности и ри­зи­кот за појава на невроразвојни пречки.
Во истражувањето се опфатени 30 деца родени со висок фактор на ризик, не­до­но­се­ни со многу ниска родилна тежина и до­но­се­ни со хипоксично исхемична енце­фало­па­ти­ја -  ХИЕ II и 29 деца родени без фактор на ри­­зик кои ја претставуваат контролната гру­па.
Развојното тестирање и следење го вршевме со примена на Griffiths Mental Development Scales (GMDS),од 0-8 години.
Анализата на добиените резултати ни по­ка­жа дека децата родени со висок фактор на ри­зик покажуваат значајно пониски гене­рал­ни развојни постигнувања во текот на први­те три години од животот во однос на кон­трол­ната група. Со примена на едно­фак­тор­ска­та еднонасочна АНОВА докажавме дека асфиксијата прави разлика во развојните постигнувања зависно од степенот на неј­зи­но­то делување. Недоносените со многу нис­ка родилна тежина покажуваат стати­стички зна­чајно пониски развојни спо­собности во си­те развојни области, но особено во облас­та праксични способности. Доносените со ХИЕ II покажуваат подеднаква засегнатост во сите области како резултат на енце­фа­ло­па­тија под влијание на асфиксијата. Нај­голем процент од недоносените - 26 % имаат сигнификантен податок за постоење на теш­ки моторни пречки. Под влијание на фак­то­рот асфиксија тој процент се зголеми на 50%. Кај доносените со ХИЕ II, кај 50% има сиг­нификантен податок за постоење на теш­ки пречки во развојот.
Од нашиот труд можеме да заклучимe дека е по­требна рана развојна дијагностика, утвр­ду­вање на раните развојни постиг­ну­вања кај високо ризичните новородени.
Предлог-мерките се спроведување на раз­вој­ните програми кои опфаќаат рани сти­мула­тивни програми во единицата за интензивна тера­пија, работа со родители и мулти­дис­ци­пли­нарно, тимско водење на високо ризич­ните новородени.

 

The underlying purpose of this study was to determine the early development in high risk newborns through assessing their general psy­chomotor development and the separate deve­lopmental areas, and also determining the influence of asphyxia on their developmental abilities and determining the risk of probable neurodevelopment difficulties.
A group of 30 children born with high risk factors, preterm children born with very low birth weight (VLBW) and term children born with presence of Hypoxic Ishemic Encep­ha­lo­pathy - HIE-II was included in this study and, also, a control group consisting of 29 children born without high risk factors.     
The developmental monitoring was done with the use of Griffiths Mental Development Scales (GMDS) for age 0-8.
The analysis of the data shows that the high risk infants have significantly lower general deve­lopmental outcome during the first three years of life than the control group. With use of a one-way ANOVA we were able to prove that there is a difference in the developmental outcome of these children in accordance with the level of severity of asphyxia. Preterm children with VLBW have significantly lower outcome in all of the developmental areas, especially in the performance. Term children with HIE-II condition show equally lower outcome in all of the developmental areas as a result of encephalopathy caused by asphyxia. The largest percentage of preterm children (26%) shows a statistically significant result for existence of profound developmental diffi­culties, and 50% show the same developmental difficulties as a result of the influence of asphyxia. In 50% of the term children with HIE-II condition there is a statistically sig­nificant existence of profound develop­mental difficulties.    
From our study we can conclude there is a need for diagnostics of the early development in children and assessment of early developmental outcome in the high risk infants.
In fact, the guidelines are developmental programs which are consisted of early stimu­lation programs during the stay in NICU, work with the child’s parents and management of the high risk infants by a multidisciplinary team.

 

 

 

Индекснизборови: децароденисовисокфакторнаризик, асфиксија, Грифитови ментално развојни скали, раниразвојнипостиг­нувања, ризикзапојавананевро­развојнипречки

 

Keywords: high risk infants, asphyxia, Griffiths Mental Development Scales, early deve­lopmental outcome, risk of neuro­deve­lop­ment difficulties.

     
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in