PREFACE BY THE EDITORIAL BOARD

 

 

 

 

 

 

 

 

Respected readers,

 

 

 

In the year when the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy in Skopje celebrates the 15 anniversary of its existence, the Journal of Special Education and Rehabilita­tion has been running its ninth year, and now with a new Editorial Board. Activities related to publishing and editorship in a small country of transition such is Macedonia, is more than a Sisyphean task. Facing nu­merous problems such as a small interest for participation of special educators from our country, rela­tively low level of scientific commitment in comparison to the Western world, as well as the financial problems which burden the Editorial Board, we stand before Hamlet’s dilemma “to be or not to be”. We have decided to cope with these issues and to continue to exist due to the fact that our journal is the first journal on the Balkan in the field of special education and rehabilitation which has published the papers in both Macedonian and English language. In the meantime we have been indexed in data base of EBSCO and NUBSK, and we have applied for indexation for the following data base: Thomson Scien­tific, PsycINFO, Proquest Central, Scopus, and Index Copernicus etc. We sincerely hope to be included in some of them soon.
The publication of our journal has not only been of interest to professionals and scientists from Mace­donia, but as well as to authors from Belgium, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Germany, Italy, Po­land, Rus­sia, USA, Slovenia, Serbia, the Netherlands, Croatia. We intend to increase the number of pa­pers by authors from other countries.
You, respected readers, in this two-numbered journal 1-2 for 2008, can come across interesting contents in the field of special education and rehabilitation issue, medical treatment, psychology and pedagogy. You can encounter some attitudes, opinions and dilemmas, and the inevitable columns: News, Informa­tion, Bibliography, and Abstracts on defended doctoral theses, as well as to get to know the experiences and innovation worldwide.
As an Editorial Board, in the coming period, we will try to enhance the content and the technical quality of the journal. Furthermore, we will work on its internationalization, to increase its indexation and quoting. You, distinguished readers, can help us a lot to fulfill our mission with your well-intentioned remarks and suggestions, with your interest for publishing your papers and your wish to get this journal for your libraries.

 

 

With sincere respect,
Editor-In-Chief
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski

 

ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитувани читатели,

 

 

 

Во годината кога Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет од Скопје ја слави 15-годишнината од своето постоење, списанието Дефектолошка теорија и практика ја изодува својата деветта година и тоа со нов состав на редакцискиот одбор. Дејноста со издаваштво и уредништво во мала земја во транзиција каква што е Република Македонија е повеќе од си­зи­фов­ска работа. Соочени со бројни проблеми од типот на мал интерес за објавување од страна на дефектолозите од нашата држава, релативно нискиот степен на научна посветеност во однос на западниот свет и финансиските проблеми кои ја обременуваат Редакцијата, исправени сме пред Хамлетовската дилема “да се биде или не”. Ние одлучивме да влеземе во костец со сите овие проблем и да го продолжиме нашето опстојување. Уште повеќе заради фактот што на балкан­ските простори нашево е прво списание од областа на дефектологијата што ги објавува трудовите во целост и на македонски и на англиски јазик. Во меѓувреме сме индексирани во базите на по­да­то­ци на EBSCO и NUBSK, а дадени се апликации за индексација во следните бази на податоци: Thomson Scientific, PsycINFO, Proquest Central, Scopus, Index Copernicus и др. Искрено се надева­ме дека наскоро ќе влеземе во некоја од нив.
Интересот за објавување во нашето списание веќе поодамна не е само на професионалци и науч­ни­ци од Македонија, туку во списанието можат да се сретнат автори од Белгија, Босна и Херце­говина, Бугарија, Германија, Италија, Полска, Русија, САД, Словенија, Србија, Холандија, Хрватска. Нашата интенција е да се зголеми бројот на автори кои објавуваат и да се прошири бројот на зем­ји­те што се застапени во него. 
Вие, почитувани читатели, во овој двоброј 1-2 за 2008 година, ќе можете да сретнете интересни содржини од областа на дефектолошката проблематика, медицинскиот третман, психологијата и педагогијата. Овде ќе можете да најдете и некои погледи, мислења и дилеми, неизбежните рубри­ки: Вести, Информации,  Библиографија, Резиме од одбранет докторат, како и да се запознете со искуствата и новините од светот.
Како редакција, во наредниот период ќе се трудиме да го подобриме содржинскиот и техничкиот квалитет на списанието, уште повеќе ќе работиме на негова интернационализација, да го зго­лемиме неговото индексирање и цитирање. Вие, ценети читатели, можете многу да ни помогнете во исполнувањето на таа мисија со вашите добронамерни забелешки и сугестии, со вашиот ин­терес за објавување на трудови и со вашата желба да го добивате ова списание во вашите библио­теки.

 

 

Со искрена почит,
Главен и одговорен уредник
Проф. д-р Владимир Трајковски

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in