на несоодветни материјали, кои или се преобемни и ги надминуваат интересите на дефектолозите, или пак се оскудни и недоволно ги едуцираат истите во однос на хуманата физиологија и анатомија.
Проф. д-р Владимир Е. Трајковски остварувајќи долгогодишна блиска соработка со дефектолозите и увидувајќи ја веќе напоменатата проблематика, пристапи кон нејзино разрешување, а воедно давајќи и свој придонес во збогатувањето на збирката на научни публикации, со една книга изработена според најсовремените светски стандарди.
Книгата Физиологија со функционална анатомија на човекот претставува едно успешно продолжение на истоимената скрипта објавена во 2007 година, водејќи се од основната цел студентите подобро да се запознаат со целите и содржините на самиот предмет Физиологија со функционална анатомија и да ги стекнат неопходните знаења за градбата, структурата и функционирањето на човековото тело во целина, кои ќе им послужат како темел за понатамошно стручно и научно надоградување. Но опсежноста на материјалот, научната заснованост на информациите и богатата илустративност, оваа книга ја прават применлива не само за студентите, туку и за последипломците, дефектолозите кои веќе работат во воспитно-образовните, рехабилитационите или социјални институции, за психолозите, медицинарите и останатите стручни профили кои се во директна или индиректна врска со хуманата физиологија и анатомија.
Физиологија со функционална анaтомија на човекот содржи 468 страници во Б5 формат, поделени во седумнаесет поглавја. Секое поглавје претставува изобилна обработка на одреден систем од човековото тело, богато илустрирана со слики и графикони, а завршува со дел составен од прашања поврзани со обработената тематика, намeнети за полесно совладување на материјалот и потенцирање на позначајните информации, чии одговори се наоѓаат на крајот на книгата. Освен поглавјата со обработка на системите, книгата е збогатена и со анатомско-физиолошки речник кој е од непроценливо значење за читателите, овозможувајќи им објаснување на стручната терминологија. Научната вредност и пристапноста на обработените содржини авторот Трајковски ја зголемува и со индексацијата на зборови.
Читателите користејќи ја оваа книга може да го збогатат своето знаење со следниве содржини: функционална организација и општ план на телото (подетално запознавајќи се со хомеостазата и составот на човековото тело), клеточна физиологија (градба на клетка, регулација на ацидо-базна рамнотежа), телесни течности и електролити, крв, мускулен систем, нервен систем (структура, поделба и функција), систем на сетила, ендокрин и репродуктивен систем, терморегулација и метаболизам, физиологија на говор, кардиоваскуларен систем, респираторен, дигестивен и уринарен систем. Kако дополнување на претходното издание тука може да се сретнат информации и за покривниот и лимфниот систем со имунитет.
Разгледувајќи ја книгата не може, а да не се напомене дека е мошне квалитетно изработена, почнувајќи од солидно илустрираната корица, која би го привлекла вниманието на секој читател што се занимава со обработената проблематика, понатаму не занемарувајќи ја техничката и естетската страна, па сè до богатиот извор на домашни, меѓународни, печатени и интернет референци. Знаејќи дека книгата претставува второ продолжение, можеме да констатираме дека авторот несомнено го адаптирал материјалот на потребите на дефектолошките кадри, решавајќи го проблемот на несоодветна литература, кој со години се провлекуваше, но и да ја пофалиме зрелоста на научно- истражувачката дејност на авторот.
Се надевам дека книгата покрај основната цел, ќе послужи и како поттик за младите истражувачи, научници и останати стручни профили да објавуваат свои дела и покрај тешките околности, но и како пример за начин на собирање, генерализирање и произнесување на научни податоци, потенцирајќи го она што претставува основа која може да се надоградува и збогатува со бројни факти и информации.
Книгата топло ја препорачувам да биде дел од нивното библиотечно катче на сите студенти, дефектолози, психолози, стоматолози, медицинари и сите љубители на вистинската научна мисла.
|
|
special educators and rehabilitators staff was dealing with the problems of deficient materials, which are large extensive and go beyond their interests, or they are indigent and they do not educate enough the things for the human physiology and anatomy.
Ph.D. Vladimir E. Trajkovski achieving a long-time close cooperation with the special educators and rehabilitators and noticing the previously mentioned problem, approached to its solving, and at the same time giving his own contribution to the enriching of the collection of scientific publications, with one book prepared according to the modern world standards.
The book Human Physiology and Functional Anatomy presents a successful continuing of the same named script published in 2007 year, leaded from the main goal, better acquaintance of the students with the goals and contents of the same subject, Physiology and functional anatomy and to get the necessary knowledge about the organization, structure and functioning of the human body as whole, which will be used as base for further expert and scientific addition. But the material exhaustiveness, scientific base of the information and rich illustration, make this book useful not just for under-graduate students, but also for post-graduate students, special educators and rehabilitators who work in educational, rehabilitation or social institutions, for psychologists, medical students and other expert profiles which are in direct or indirect correlation with the human physiology and anatomy.
Human Physiology and Functional Anatomy consists of 468 pages in B5 format, divided in 17 chapters. Each chapter presents abundant interpretation of some human body system, which is wealthy illustrated with pictures and figures, and it ends with a part consisting of questions related to the interpreted topic, intended for easier overcoming of the material and pointing the more meaningful information, whose answers are at the end of the book. Beside the chapters with interpretation of the systems, the book is also enriched with an anatomical-physiological dictionary, which is of inestimable meaning for the readers, enabling them an explanation of the expert terminology. The scientific value and admittance of the elaborated contents, the author Trajkovski enlarges with inserting the part in which are explained all abbreviations used in the book, as well as the index of the words.
The readers using this book can enrich their knowledge with the following contents: functional organization and general plan of the body (more precisely getting information about homeostasis and constitution of the human body), cell physiology (constitution of the cell and acid-base equilibrium), body fluids and electrolytes, blood, muscle system, nervous system (structure, division and function), sensory system, endocrine and reproductive system, thermoregulation and metabolism, speech physiology, cardiovascular system, respiratory, digestive and urine system. In addition to the previous publishing here we can get information for cover system and lymph system with immunity.
Describing the book it is not possible not to mention that it is made in high quality, starting from the excellent illustrated cover, to which every reader who is interested in the elaborated problematic will pay attention, further not neglecting the technique and esthetic site, and including the abundant source of domestic, international, print and Internet references. Knowing that the book is a second edition, we can conclude that the author without suspicion adapts the material according to the special educators and rehabilitators’ needs, solving the problem of inadequate literature, which was for a long period actual, but also to praise the maturity of the scientific-research activity of the author.
I hope that the book besides the main goal, will serve also as motivation of the young researchers, scientists and other experts to publish their papers despite the hard conditions, but also to serve as an example for the way of collecting, generalization and publishing the scientific notes, pointing the main one which presents the base which can be added and enriched with numerous facts and information.
I heartily propose the book to be part of the library of all students, special educators and rehabilitators, psychologists, dentists, medical students and all admirers of the real scientific thought.
|