JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 30597
ПРОЦЕНКА НА НИВОТО НА РАЗВИЕНОСТ НА ПРОСТОРНАТА ОРИЕНТАЦИЈА КАЈ СЛЕПИТЕ ДЕЦА
Бранка ЈАБЛАН,Весна ЖИГИЌ,
Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград, Србија |
|
THE ASSESSMENT OF THE LEVEL OF DEVELOPMENT OF SPATIAL ORIENTATION IN CHILDREN WITH VISUAL IMPAIRMENT
Branka JABLAN, Vesna ZHIGIKJ,
Faculty of Special Education and Rehabilitation, Belgrade, Serbia |
|
|
UDK: 376-352-053.5 |
Вовед |
|
Introduction |
Просторот е ордината која заедно со сознанието за телото и времето го одредува егзистенцијалното поле и психичкиот развој. Слоевите во просторот се субјективен простор, додека објективен простор е движењето на екстремитетите во просторот. Објективниот простор е просторот од другата страна на телото, одда-лечениот простор или расположливиот простор. Текот на децентрација на мислењето со можност за перспектива, според Бојанин (1), „односот спрема просторот надвор од телото почнува да игра реална улога при вршењето на спонтаните активности и изведувањето на организираните движења“. |
|
Space is the ordinate we use, along with notions of time and entity, to define the existential field and mental development. Layers of space consist of subjective space, area of body motions and objective space. Objective space is the space outside an entity, the distant or available space. It is only with the decentralization of thought, along with the possibility of perspective that, according to Bojanin (1), “the relation to the outer space starts to play a real role in spontaneous activities and organized motions”. |
|
||
|
||
Цел на истражувањето |
|
Purpose of study |
Истражувањето е спроведено со цел да се утврди нивото на ориентација во просторот кај слепите и практично слепите деца. |
|
The study was conducted with the purpose of establishing the level of spatial orientation in blind and practically blind children. |
Методологија на истражувањето |
|
Methodology of the study |
Примерокот се состои од 67 ученици со оштетен вид. Според степенот на оштетување на видот, учениците се поделени во две групи: целосно слепи (42) и практично слепи (25). Сите испитаници се на училишна возраст и учат во Училиштето за деца со оштетен вид „Вељко Радмановиќ“ во Земун. |
|
The sample consists of 67 pupils with visual impairment. The pupils are divided into two groups, in accordance with the level of visual impairment, as follows: totally blind (42) and practically blind (25). All of the pupils are of elementary school age and are enrolled at the School for Children with Visual Impairment “Veljko Ramadanovikj” in Zemun. |
Метод на работа |
|
Work method |
Со примена на тестот Семенов Л. А. го утврдивме нивото на развиеност на просторната ориентација кај децата со оштетен вид. Задачите предвидени со овој тест се наменети за деца со основноучилишна возраст, нивото на развој се означува со броен износ и се едноставни за изведување, одговараат на секојдневното движење на улица на човекот и покажуваат различни нивоа на ориентација во просторот кај слепите деца: I= ниско, II = пониско од средното, III = средно, IV = високо.
Секоја задача слепиот ученик претходно ја извршува со помош на испитувачот. Точката на неговото самостојно „пристигнување“ во некоја од зоните беше индикатор за развој на просторната ориентација. Способноста за просторна ориентација проценета е на скала од 0 до 4 поени на секоја задача, така што скалата во целост има опсег од 0 до 16 поени. |
|
In applying the Semenov L. A. test we established the level of development of spatial orientation in children with visual impairment. The tasks foreseen by this Test are intended for primary school aged children; with numeric expression they maintain the level of development of spatial orientation, they are simple to execute, are appropriate for the every day life style of a person on the street and show different levels of space orientation of blind children: I – low, II – lower than moderate, III – moderate, IV – high.
Each of the tasks was previously completed by the blind pupil with the examiner. The point of the pupils’ independent “arrival” in one of the zones was an indicator of the development of spatial orientation. The ability of spatial orientation is appraised on a scale from 0 to 4 points for each task, so that the scale in its entirety ranges from 0 to 16 points. |
Во табелата 1 прикажани се просечните достигнувања на слепите деца од нашиот примерок. |
|
In table 1, the average results achieved by the blind pupils from our sample are shown: |
|
|
|
Табела 1. Просторна ориентација кај слепите деца |
|
Table 1.Space orientation of blind children |
Резултатите од истражувањето прикажани во табелата 1 покажуваат дека слепите ученици се најуспешни кога доаѓаат одејќи кон статичен звучен ориентир, потоа при директно доаѓање со одење и звучен ориентир кој се преместува, потоа кога доаѓаат директно одејќи, додека најмалку се успешни кога доаѓаат трчајќи. |
|
The results of the study given in table one show that blind pupils are the most successful in walking directly forward with a static sound orienteer, then in walking directly forward with a sound orienteer which location is moved around, and in a situation when they are walking directly forward, while they are the least successful in running directly forward toward the target. |
|
|
|
Табела 2. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на возраста |
|
Table 2.Spatial orientation of blind pupils in relation to age |
Добиените резултати покажуваат дека со годините на старост се зголемува и ориентацијата во објективниот простор во целост (t=2,59 p=0,01). Просечните достигнувања кај помладите (7 до 11 години) и постарите (12 до 15 години) испитаници во третата ситуација се еднакви (разликата помеѓу аритметичките средини не е значајна). |
|
The obtained results show that as age increases so does the orientation in objective space on the whole (t=2.59, p=0.01). The average results obtained by the younger group (7 to 11 years) and the older (12 to 15 years) of pupils in the third situation are equal (the difference between the arithmetic means is not significant). |
Табела 3. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на полот |
|
Table 3.Spatial orientation of blind children in relation to sex |
Незначителните разлики помеѓу поединечните достигнувања покажуваат дека ориентацијата во објективниот простор подеднакво е развиена (способноста во целост како и во поединечните ситуации) кај слепите момчиња и девојчиња при основноучилишната возраст. |
|
The significance of the differences of the average results show that orientation in objective space is equally developed (ability in general as well as in particular situations) in blind boys and girls who are at primary school age. |
|
|
|
Табела 4. Просторна оријентација на слепите деца во однос на категоријата на слепило |
|
Table 4.Spatial orientation of blind children in relation to the category of blindness |
Сите добиени разлики во достигнувањата на практично и целосно слепите испитаници се мали и статистички незначителни. Може да заклучиме дека просторната ориентација во четири различни ситуации во целост, е подеднакво развиена кај целосно и практично слепите ученици. |
|
All of the obtained differences in the results of the practically and totally blind pupils are small and are not statistically significant. It can be concluded that spatial orientation in the four different situations and as a whole, are equally developed in both the totally and practically blind pupils. |
Резултатите за развиеноста на просторната ориентација кај слепите испитаници со различни интелектуални способности прикажани се во табелата 5. |
|
The results of the development of spatial orientation of blind pupils with different intellectual abilities are shown in table 5. |
|
|
|
Табела 5. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на степенот на развиената интелигенција |
|
Table 5.Spatial orientation of blind children in relation to the level of intellectual development |
Добените резултати и значителната разлика помеѓу просечните достигнувања, покажуваат дека ориентацијата во просторот е значително повеќе развиена кај слепите испитаници со повисоки интелектуални способности. Резултатите за развиеноста на просторната ориентација кај слепите испитаници во однос на успехот во училиштето прикажани се во табелата 6. |
|
The obtained results of the significance of differences between the average results obtained show that spatial orientation is significantly more developed in blind pupils with higher intellectual abilities. |
|
|
|
Табела 6. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на успехот на училиште |
|
Table 6: Spatial orientation of blind children in relation to success at school |
Анализата на резултатите покажува дека ориентацијата во просторот во целост и во различни ситуации е подеднакво развиена кај слепите испитаници со различен успех во учењето (нема значителни разлики во просечните достигнувања). |
|
The results of our analysis show that the orientation in space as whole and in the four different situations is equally developed in blind pupils with varying levels of achievement at school (there are no significant differences in the average results). |
Слика 1. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на возраста, полот, категоријата на слепило, интелегенцијата и успехот во учењето |
|
Figure 1. Spatial orientation of blind children in relation to age level, sex, category of blindness, intelligence and success at school |
Дискусија |
|
Discussion |
||
Совладувањето на објективниот простор се врши со мобилитет, а неговите компоненти се ментална организација и телесна локомоција. Менталната организација е способност на субјектот да ја препознае својата средина, нејзината просторна и временска релација. Ориентацијата во објективниот простор се утврдува со позицијата на поединецот и неговиот однос спрема предметите во просторот (11). |
|
Mastering of objective space is done by way of mobility, and its components are mental organization and body locomotion. Mental organization is the ability of the subject to recognize its surroundings, its relation with space and time. With the orientation in objective space the position of the individual is established in addition to the relation toward the objects in that space (11). |
||
Резултатите од истражувањето покажаа дека задачите со статичен звучен ориентир слепите лица ги совладуваат со најдобар успех. 46,3% од испитаниците успешно ја утврдуваат својата позиција и однос кон предметите во објективниот простор. Тешкотии се присутни кај 53,7% од испитаните деца. Слепите испитаници се помалку успешни при директно поминување на бараната патека со звучен ориентир кога тој е поставен подалеку од местото за вртење (3 метри). Процентот на успешни деца на овој дел од тестот изнесува 36,3%, а тешкотии при изведувањето на оваа задача евидентирано е дека имаат 63,7% од слепите испитаници. Задачата за директно доаѓање со одење без звучен ориентир успешно ја изведуваат 35,8%, а пречки се присутни кај 64,2% од испитаните слепи деца. Позицијата на слепите деца и нивниот однос спрема предметите во објективниот простор се најзагрозени тогаш кога во задачата ќе се воведе трчање. Дури 70,1% од испитаниците имаа тешкотии при изведувањето на овие задачи. |
|
The results showed that in the tasks with a static sound orienteer the blind obtain the best results. Of the pupils that were evaluated, 46.3% of them successfully established their position and relation toward the objects in the objective space. Difficulties were present in 53.7% of the evaluated pupils. The blind pupils are less successful in the direct passing of the required pathway with a sound orienteer which is placed somewhat further from the turn (3m). The percentage of pupils tested which were successful in this part of the test totals 36.3%, whilst difficulties in this task were noted in 63.7% of the blind pupils. In the task where the pupils were to walk directly forward without a sound orienteer, the rate of success was 35.8%, while there were difficulties experienced by 64.2% of the evaluated blind children. The position of the blind children and their relation toward the objects in the objective space are most imperilled when running toward the target is introduced to the task. As much as 70.1% of the evaluated children had difficulties in completing this task. |
||
|
||||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
Истражувањето покажа дека има висок процент на деца со оштетен вид кои имаат изразени тешкотии при себелокализирањето во одредена точка во познат простор и локализирањето на предметите во истиот простор. Осмислениот развој на просторната ориентација се појавува како важна алка во системот на корективно-воспитната работа во установите во кои се школуваат децата со оштетен вид. |
|
The study showed that there is a high percentage of children with visual impairments who have distinct difficulties in localizing themselves at a certain point of a familiar space and locating objects in the same space. Thought out development of spatial orientation appears as a significant link in the system of corrective-training and work at institutions in which visually impaired children are educated. |
||
|
|
|
||
Citation:Jablan B, Zhigikj V, Stanimirovikj D. The Assessment of the Level of Development of Spatial Orientation in Children with Visual Impairments. J Spec Educ Rehab 2008; 9(1-2):7-17. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE