JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 1958
ОБРАЗОВНО-ВОСПИТНИ ЕФЕКТИ ОД РАБОТАТA НА ПРОЕКТНАТА НАСТАВА СО ДЕЦА
Јасмина КОВАЧЕВИЌ
Факултет за специјална едукација и рехабилитација, |
|
EDUCATIONAL EFFECTS FROM THE WORK WITH A PROJECT CURRICULUM WITH HEARING IMPAIRED CHILDREN
Jasmina KOVACHEVIKJ
Faculty for Special Education and Rehabilitation |
Вовед |
|
Introduction |
Новиот начин на мислење и однесување на луѓето во општествени, социјални и животни услови не може да не влијае и врз процесот на учење во организираната училишна настава, како во редовното така и во специјалното образование. Затоа, се бараат нови, поефикасни патишта за учење кои ќе се темелат на потребите, интересите и целите на новите генерации на ученици од сите возрасти. Модерните пристапи во образованието презентираат систем на нови методи и постапки (настанати во последните две децении на 20-иот век), но и дидактички системи кои ја менуваат технологијата на наставниот процес во правец на отстранување на противречностите помеѓу целта на наставата од една страна и организацијата на содржините и процесот на настава од друга страна (1). Истакнувањето на активни облици на настава го воведуваат ученикот во позиција на активен субјект, кој заедно со наставникот стекнува и развива знаења, навики и умеења, ги прогнозира и сумира резултатите од работата и учењето. Таквиот пристап во работата претставува најдобар пат за борба против формализмот и рутинерството, но и пат за хуманизација на наставата. |
|
The new way of thinking and acting of the people in the society, the social and life conditions influences the learning process in the organized school teaching, both in the regular and the special education. Therefore, we are searching for new, more efficient learning paths that will be based on the needs, interests and the goals of the new generations of pupils of all ages. The modern approaches in education present a system of new methods and behaviors (that have been formed for the past two decades of the 20-th century), but also didactical systems that change the technology of the educational process in direction of removing the contradictions between the education goal on one side and the organization of the contents and the teaching process on the other side. (1) Pointing out the active forms of teaching is introducing the pupil in a position of an active subject, which together with the teacher gains and develops knowledge, habits and skills, prognoses and summarizes the results from the work and the learning. This approach in the work represents the best way in the fight against formalism and routines, but also a way of humanization of education. |
Работата на проект, односно проектната работа како што вообичаено се дефинира во педагошката литература, всушност претставува еден од наставните модели кој се вклопува во концептот на современо образование. |
|
Working on a project or a project work that is commonly defined in the pedagogical literature, actually presents one of the educational models that interacts with the concept of contemporary education. |
Проблем на истражување |
|
Research problem |
Во согласност со вака конципираниот теоретски пристап дефинирана е практичната рамка, односно проблемот на истражување кој се однесува на експерименталната проверка на ефикасноста од примената на проектната настава со методите на кооперативното учење и групниот облик на работа во однос на традиционалната настава во која доминира фронталниот облик на работа, и тоа во поглед на нивото на усвоените знаења кај ученикот со оштетен слух. |
|
According to the concept theoretical approach we defined the practical framework or the research problem that was directed towards an experimental check up of the efficiency from the application of the project teaching with the methods of cooperative teaching and a group form of working regarding the traditional teaching in which the frontal form is dominant, in direction to the level of the gained knowledge of the hearing impaired pupil. |
Инструменти и техники на истражување |
|
Research instruments and techniques |
Со цел да се провери усвоеното знаење по обработката и утврдувањето на секоја наставна целина, со учениците од експерименталната и контролната група се користеше тест на знаење. Тестот имаше петнаесет задачи, а вкупниот број на поени изнесуваше 30. Резултатите се рангираа според бодовната листа: недоволно до 10 поена, доволно од 11 до 15 поена, добро од 16 до 20 поена, многу добро од 21 до 25 поена и одлично од 26 до 30 поена. Пред да се примени завршниот тест за знаење, учениците по секоја обработена и утврдена наставна целина решаваа краток тест во облик на петминутно испитување кое имаше двојна улога. Учениците со решавањето на задачите го проверуваа знаењето, но ги повторуваа и утврдуваа обработените содржини, а наставниците добиваа информации за тоа колку учениците ги сфатиле обработените содржини и дали нивната работа била ефикасна и во согласност со индивидуалните потреби и способности на слушно оштетените ученици. |
|
With the purpose to check the gained knowledge after teaching and processing every teaching unit, with the pupils from the experimental and the control group we used a test for knowledge. The test had 15 tasks, and the total number of points was 30. The results were ranged according to a points list: not sufficient to 10 points, sufficient from 11-15points, good from 16-20 points, very well from 21-25 points and excellent from 26-30 points. Before the application of the final test for knowledge, the pupils after every taught and processed teaching unit made a short test in the form of a five minutes examination that had a two side role. The pupils by doing the tasks checked their knowledge, but also repeated the taught contents, and the teachers got information for how well the pupils understood the processed contents and whether their work was efficient and according the individual needs and abilities of the hearing impaired pupils. |
|
|
|
Начин на спроведување на истражувањето |
|
Manner of conducting of the research |
Истражувањето е спроведено во специјални училишта за деца со оштетен слух во временски период од 4 недели колку што со наставниот план и програма е предвидено за обработка и проверка на тематските целини. |
|
The research is conducted in the special schools for hearing impaired children in the time period of 4 weeks that are predicted with the curriculum for processing and check up of the thematic units. |
Домаќинство за учениците од петто и шесто одделение од основните училишта за деца со оштетен слух и Биологија за учениците од седмо и осмо одделение од основните училишта за деца со оштетен слух. Овие наставни предмети имаа достапна содржина од која можеше да се издвои типично егземпларен број репрезентативни теми кои беа адекватни за примена на проектната настава. |
|
Housing for pupils from fifth and sixth class from the primary schools for hearing impaired children and Biology for pupils from seventh and eighth classes from the primary schools for hearing impaired children. These teaching subjects had an accessible content from which we could separate a typically exemplary number of representative subjects that would be adequate for application of the project teaching. |
ангажирани во пребарувањето на интернет-сајтови кои им помогнаа за добивање на дополнителни информации за поквалитетно решавање на поставените проектни задачи. Групите меѓусебно се договараа за начинот на презентирање на резултатите. Учениците од помлада возраст (петто и шесто одделение) изработија паноа на кои ги лепеа неопходните илустрации кои беа следени и со текстуално објаснување. Слушно оштетените ученици од постара возраст (седмо и осмо одделение) ги изработија презентациите на компјутер (power point). Наставникот ја следеше работата на групите и кога имаше потреба даваше дополнителни објаснувања. |
|
|
|
|
|
Резултати од истражувањето со дискусија |
|
Results from the discussion with research |
За утврдување на образовниот ефект на проектната настава во однос на традиционалниот начин на работа, следен е успехот на учениците од експерименталната група на завршниот тест за знаење во однос на успехот на учениците од контролната група, но и успехот на експерименталната група во однос на почетната оцена од наставните предмети опфатени со истражувањето, во однос на полот и степенот на оштетување на слухот. |
|
To evaluate the effect on the education of the experimental teaching in relation to the traditional way of teaching, the success rates and passing rates of the students from the experimental group on the final exam including the success of the control group, the success rate of the experimental group in relation to the initial grade of the students in to account were taken including: gender, and the level of the hearing impairment. |
|
||
Слика 1. Успехот на експерименталната и контролната група на тестот за знаење по спроведеното истражување |
|
Figure 1. Success rates on the final exam of the experimental and the control group after the research |
Добиените резултати (слика 1) покажуваат дека учениците од експерименталната група кај кои во наставната работа е применета проектната настава, на завршниот тест за знаење постигнале подобар успех во однос на учениците од контролната група. Во рамките на експерименталната група од 26 ученика 61,53% (16) постигнале одличен успех, 26,92% (7) многу добар успех, 2 ученика постигнале добар и 1 – доволен успех. |
|
The given results (see Figure 1) show that the students from the experimental group, on the final exam achieved better than the students in the control group. From 26 students 61.53% 16 students achieved Excellent, 26.92% or 7 students achieved Very Good, 2 students achieved Good and one student achieved Enough. |
Слика2. Резултати на експерименталната група добиени на тестот за знаење во однос на полот |
|
Figure 2. Results of the final exam from the experimental group in relation to the gender |
Анализата на резултатите од тестот за знаење после примената на проектната настава во однос на полот на испитаниците (слика 2), покажуваат дека испитаниците од двата пола постигнале висок процент на успешност и дека нема статистички значајна разлика во постигнатите резултати помеѓу момчињата и девојчињата. |
|
The Analysis of the results from the final exam after the project education has been used in relation to the gender (Figure 2), the results clearly show that both sexes achieved high percentage and there is no statistical importance between the results. |
|
||
Слика 3. Резултати на експерименталната група добиени на тестот за знаење во однос на степенот на оштетување на слухот. |
|
Figure 3. Results of the final exam from the experimental group in relation to the level of hearing impairment |
|
|
|
Резултатите прикажани на сликата 3 покажуваат дека испитаниците без оглед на степенот на оштетување на слухот постигнале висок процент на успешност на тестот за знаење по пат на проектна настава. |
|
The results shown on Figure 3 indicate that the students without any prejudice to the level of impairment achieved high percentage on the final exam when project education was used. |
|
|
|
Заклучок |
|
Conclusion |
Во наставата која што денес доминира во редовните училишта, но и во училиштата за деца со оштетен слух, најголем дел од времето учениците го поминуваат следејќи го излагањето на наставникот со цел попрецизно да ги запомнат изложените факти.
|
|
The education which is prevalent today in the regular schools , but in the school for students with hearing impairment as well, most of the time students spend their time listening-following to the teacher in order for them to remember certain facts. |
Citation:Kovachevikj J. Educational Effects from the Work with a Project Curriculum with Hearing Impaired Children. J Spec Educ Rehab 2008; 9(1-2):18-28. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE