JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 31579
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА АУТИЗМОТ Оливера РАШИЌ
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” |
| INTERNATIONAL DAY OF AUTISM
Olivera RASHIKJ
University "St. Cyril and Methodius" Institute of Special Education and Rehabilitation |
|
| UDK: 376.3:616.89(063) |
Минатиот декември, Генералното заседание на ОН под иницијатива на државата Катар, а со оглед на тоа што денес аутизмот е сериозно едукативно и здравствено прашање, усвои резолуција која 2 април го декларира како Меѓународен ден на аутизмот. По повод првиот Меѓународен ден на аутизмот, аутизам-Европа, ги повикува сите држави членки на Европската унија и Советот на Европа во одбележувањето на овој ден. Државите членки на Европската унија и Советот на Европа треба посебно внимание да посветат на аутизмот, водејќи сметка за високата преваленција на оваа инвалидност. Врз основа на евиденцијата од научните податоци, денес знаеме дека аутизмот не е ретка појава доколку се опфати целиот спектар на аутистични растројства. Инвалидноста може да опфаќа околу 0,6% од популацијата, што значи дека Европа (вклучувајќи ги државите членки на Европската унија и Советот на Европа) брои околу 5 милиони луѓе со аутизам. Со оваа резолуција државите од Европската унија и од Советот на Европа се обврзани да ги почитуваат дигнитетот и човековите права на лицата со аутизам. Со цел да се овозможи нивниот дигнитет, лицата со аутизам не треба да се сметаат или третираат како популација која не може да ги оствари целите кои се однесуваат на постигнување на независност и самопотврдување. |
| Last December, the United Nations General Assembly adopted a resolution under the initiative of the State of Qatar, which declares April 2 as World Autism Awareness Day. Autism is indeed today a very serious education and health issue around the world. At the occasion of the first World Autism Awareness Day, Autism Europe recalls the following to the Member states of the European Union and of the Council of Europe. The Member States of the European Union and the Council of Europe should pay a particular attention to autism considering the high prevalence of this disability. On the basis of evidenced scientific data, we know today that autism is not a rare condition and if the whole spectrum of autistic disorders is considered, the disability can affect 0.6% of the population. This means that Europe (including all members of the Council of Europe) counts around 5 million people with autism. With this resolution Member States of the European Union and the Council of Europe are obligate to respect the dignity and human rights of the persons with autism. For guaranteeing their full dignity, people with autism should not be considered nor treated as a population that is not able to achieve goals such as independence and self-determination. |
Лицата со аутизам ги имаат истите човечки вредности како и сите останати, со што ги имаат и истите човекови права. Како резултат на комплексноста на нивните потреби, тие формираат една особено ранлива група дури и во рамките на лицата со инвалидност. Како што е истакнато од Советот на Европа, лицата со аутизам често се предмет на повеќе сериозни дискриминации. Врз основа на фактот кој покажува дека лицата со аутизам, во најголем дел, се сè уште лишени од индивидуализирана и специјализирана едукација која ќе ги доведе до вистинско подобрување, оваа резолуција се залага за посветување на значително внимание и обезбедување на прилагодена грижа и едукација за овие лица. Развојот на нивните индивидуални потенцијали зависи од обезбедувањето на поволна, рана, детална и доживотна поддршка, како и од степенот на индивидуалниот инвалидитет. Обезбедувањето на соодветна поддршка бара воспоставување на позитивни дејности и активни мерки во националните системи: · Државите членки мора да се осигураат дека лицата со аутизам се подложни на адекватна и рана дијагноза и третман, во согласност со меѓународно прифатените медицински стандарди. Лицата со аутизам треба исто така да имаат пристап до соодветни здравствени згрижувачки сервиси и можност да добиваат грижа која ќе одговара на нивните здравствени потреби. · Државите членки треба да се осигураат дека лицата со аутизам имаат адекватна едукација во текот на целиот живот. За овие лица едукацијата претставува многу повеќе отколку основно човеково право. Едукацијата е неопходна за да ги надополни големите тешкотиите кои овие лица ги имаат во извлекување на поучни работи од искуството, за кои кај останатата популација не е потребна посебна едукација. Аутизам-Европа смета дека потребата е голема во рамките на Европа, но и надвор од неа да се споделат знаењата и најдобрата практика помеѓу државите, за да се овозможи постигнување на овие цели. |
| People with autism have of course the same human value as anyone else and as such they have the same human rights. Because of the complexity of their needs, they form an especially vulnerable group even among disabled persons. As underlined by the Council of Europe, people with autism are often the subject of more serious discriminations. According to the fact that people with autism are still, in great majority, deprived from personalized specialized education and treatment which would permit them to truly improve, this resolution pledge to pay particular attention and ensure appropriate care and education of these persons. The development of their unique potential depends more on the availability of suitable, early, comprehensive and lifelong support than on the degree of individual impairment. Ensuring the appropriate support requests restituting of positive actions and active measures in national systems: · Member States must ensure that persons with autism have access to appropriate and early diagnosis and treatment, in accordance with internationally accepted medical standards. People with autism must also have access to the ordinary healthcare services and receive the care that is appropriate to their health needs. · Member States must ensure that persons with autism receive appropriate education all life long. For people with autism, education represents a lot more than a basic right. Education is indispensable to compensate for the great difficulties that people with autism have in extracting meaning from simple experiences, something most other people are capable of without specific educational support. Autism-Europe considers that in Europe - but also outside Europe - there is an urgent need for sharing knowledge and best practices between countries for achieving these goals. |
|
|
|
Адреса за кореспонденција: |
| Coresponding Address: |
Оливера РАШИЌ |
| Olivera RASHIKJ |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” |
| University "St. Cyril and Methodius" Institute of Special Education and Rehabilitation |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE