ДЕНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ
2008“-СРБИЈА

 

Оливера РАШИЌ

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

SPECIAL EDUCATORS AND REHABILITATORS DAYS 2008-SERBIA

 

Olivera RASHIKJ

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Во организација на Друштвото на дефекто­ло­зите од Република Србија во периодот од 11 јануари до 15 јануари 2008 година беше одр­жа­на манифестацијата „Денови на дефекто­ло­зите 2008“, во местото Врњачка Бања.

Покрај широкото подрачје и опсежната про­бле­матика со која се занимаваат дефекто­ло­зи­те, на оваа манифестација предност беше дадена на прашањата за:

·         Модели на едукацијата и рехабили­та­ци­ја­та на лицата на кои им е потребна посеб­на општествена поддршка-од визија до реа­лизација;

·         Заедници на домување со поддршка на ли­цата со интелектуални нарушувања - ино­вативно-методолошки пристап.

Работата беше организирана по тематски об­лас­ти каде се зборуваше за актуелни пробле­ми, предлози за нивно решавање и заклучоци и работа по секции, каде се презентираа тру­до­ви од дефектолошката практика.

На оваа средба присуствуваа околу 700 учес­ни­ци од просторите на бившите Југословен­ски републики. Преглед на состојбата на на­уч­ните и практичните достигнувања од об­лас­та на дефектологијата во Република Маке­до­нија преку своите трудови дадоа:

·         Лаура Ѓурчиновска (претставник од ПЗУ „Интегрин“) и Ристо Петров (професор при Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ - Скопје, Филозофски факултет, Инс­ти­тут за дефектологија) со темата Живот во други семејства - нов квалитет во жи­во­тот на децата со тешки интелек­ту­ални нарушувања, со која се укажува на правата и потребите на децата со посебни едукативни потреби да имаат семеен жи­вот, надвор од институциите, па макар и да живеат со небиолошки родители.

·         Владимир Трајковски (вонреден профе­сор при Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет, Инс­титут за дефектологија) со темата Ау­ти­зам и гени, во која имаше цел да даде приказ на новите откриени гени и меха­низ­мите кои се во основа на етиопато­ге­не­зата на аутизмот.

 

 

In organization of the Association of Special Educators and Rehabilitators of the Republic of Serbia, in the period from 11th January to 15th January 2008 Special Educators and Rehabili­tators Days 2008, were held in the place of Vrnjachka Banja.

Besides the wide area and extensive issues which were of interest to the special educators and reha­bilitators, advantage of this assignation was given to the questions for:

·         Models of education and rehabilitation of per­sons with special needs for society support-from vision to realization;

·         Communities of habitation with support for persons with intellectual disability-innovative methodological approach.

The work was organized in topic areas, where current problems were discussed with proposals for their solving and conclusions, and work in sections where papers from special educators and rehabilitators practice were presented.

At the meeting about 700 guests participated from the territories of former Republics of Yugo­slavia.  Overviews on the situation of scientific and practice achievements in the area of special education and rehabilitation in the Republic of Macedonia in their papers gave:

·         Laura Gjurchinovska (member of the PHO Integrin) and Risto Petrov (professor at the “Ss Cyril and Methodius” University-Skopje, Faculty of Philosophy-Institute of Special Education and Rehabilitation) with the topic: Living with other families-New quality of life for children with severe mental disability, pointing out the rights and needs of children with special educational needs to have family life, outside of the institutions, even-though they live with a foster family, and

·         Vladimir Trajkovski (associate professor at the “Ss Cyril and Methodius” University-Skopje, Faculty of Philosophy-Institute of Special Education and Rehabilitation) with the topic: Autism and genes, presenting the new detected genes and mechanisms which are in the base of the etiopatogenesis of the autism.

 

 

UDK: 376(497.11)(063)

Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Оливера РАШИЌ

 

Olivera RASHIKJ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје, Р. Македонија
oliverarasic@yahoo.com

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation
"Krste Misirkov" bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
oliverarasic@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in