ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР ВО ВЕТЕРНИК

 

EDUCATIVE SEMINAR IN VETERNIK

На 06.06.2008 година во Ветерник, место во близина на Нови Сад во Република Србија, беше одржан едукативен семинар на тема Ком­бинирана попреченост - придружни сос­тојби, во организација на Домот за деца и младинци со оштетен развој и Медицинскиот факултет од Нови Сад.

Семинарот беше наменет за сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт и ги третираат децата со комбинирана попре­че­ност: педијатри, физијатри, невролози, пси­хи­јатри, како и за дефектолозите – специјал­ни­те едукатори од сите профили и психоло­зи­те.

На семинарот учествуваа околу 70 учесници, чие внимание беше насочено кон:

·         Превенцијата на раѓањето деца со конге­ни­тални аномалии и наследни болести.

·         Структурата на моторните нарушувања кај децата со интелектуална попреченост.

·         Улогата на сензорната интеграција во ра­бо­тата со лица со комбинирана попре­че­ност.

·         Значењето на диференцијалната дијагноза на оштетувањето на слухот, на аутизмот и на аутизмот со оштетување на слухот.

·         Примената на отворената Монтесори-про­грама како алтернативна метода за лица со потешка попреченост на помлада воз­раст.

·         Едукацијата на семејството на член со комбинирана попреченост.

·         Prader-Willi-синдромот - проблематиката на придружните симптоми.

·         Интегралниот пристап во згрижувањето на лицата со Lesch-Nyhan-ов синдром.

Претставник од нашата држава на овој семи­нар беше д-р Владимир Трајковски, вонреден професор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Филозофски факултет, Ин­с­ти­тут за дефектологија, кој вниманието на присутните гости го насочи на темата со која се претстави: Физиолошки абнормалности кај аутизмот.

 

On the 6th June 2008 in Veternik, a place near the city of Novi Sad in the Republic of Serbia, an educative seminar was held on the topic: Multi­ple disability-accompanied conditions, in or­ganiza­tion of Hospice for children and youth with dis­ability and the Medicine Faculty of city of Novi Sad.

The seminar was intended for all medical stuff which has direct contacts and treats children with multiple disabilities: pediatricians, physiatrists, neurologists, psychiatrists as well as all profiles of special educators and rehabilitators and psy­chologists.

About 70 subjects participated at the seminar, and it was spoken about:

·         Prevention of delivery of children with con­genital abnormalities hereditary disorder;

·         Structure of motor impairments in children with intellectual disability;

·         The role of the sensory integration in work with persons with multiple disability;

·          The meaning of the differential diagnosis of hearing impairments, autism and autism with hearing impairments;

·         Application of open Montessori programme as alternative method for persons with severe disability on the younger age;

·         Education of the family of the member with multiple disability;

·         Prader-Willi syndrome- problems of the ac­companied symptoms;

·         Integral approach in care for the persons with Lesch-Nyhan syndrome.

Representative of our state at that seminar was Dr. Vladimir Trajkovski, associate professor at the “Ss Cyril and Methodius” University-Skopje, Faculty of Philosophy-Institute of Special Education and Rehabilitation, who directed the present guests’ attention on the topic which he presented: Physiological abnormalities in au­tism.

 

Оливера РАШИЌ

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

 

Olivera RASHIKJ

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in