Развојот на дефектологијата доведе до значајно коригирање на методолошкиот пристап во работата со инвалидните деца и млади, што доведе до промени во класичното и традиционално гледање на нивната едукација и рехабилитација. Традиционалниот дефектолошки пристап ги класифицира лицата со инвалидитет во одредени категории. Во основата на тој пристап е ставот дека лицата кои припаѓаат на иста категорија се многу слични, т.е. дека имаат многу повеќе сличности отколку разлики. Најновите истражувања во дефектологијата, покажуваат дека лицата кои припаѓаат на иста категорија во голема мера меѓусебно се разликуваат, т.е. дека групите се хетерогени. Овие сознанија доведоа до значајна измена на методолошкиот пристап во работата со инвалидните деца и младинци. Задача на нашето истражување во оваа област е да развиеме и
дефинираме методологија за проценка на преостанатите способности кај
лицата со инвалидитет, врз чија основа понатаму ќе се одвива
изработката на индивидуалните програми за едукација и рехабилитација.
Основната цел на ова истражување е да се даде проценка на преостанатите
способности кај лицата со церебрална парализира и лицата со лесна
ментална ретардација. Во истражувањето беа опфатени вкупно 65
лица, од двата пола. Првата група на испитаници се состоеше од 45 лица
со лесна ментална ретардација, а втората група се состоеше од 20
лица заболени од церебрална парализа. За потребите на
истражувањето беше формиран протокол за проценка на моторното и
когнитивното функционирање во социјалната средина, кој се состоеше
од општ и посебен дел. Во општиот дел собравме информации од општ
карактер, како што се: име и презиме, пол, датум, година и место на
раѓање, одделение, дијагноза, година на вклучување во едукацијата.
Посебниот дел од Протоколот е структуриран така што ќе овозможи
проценка на моторното и когнитивното функционирање на лицата во
социјалната средина. Одбрани се тестови и батерија на тестови на чија
основа е можно да се дојде до валидни податоци за тестирањето на
поставените парадигми. Проценката на децата со ЦП и ЛМР е вршена во
следните области од моторното и когнитивното функционирање: општата
моторна способност, визомоторната координација, конструктивната
праксија, доживувањето на телесната целост, визуелната
перцепција, ориентацијата, вниманието, помнењето, учењето,
јазикот и говорот. Врз основа на анализата на добиените
резултати кај церебрално парализираните деца и младинци, може да се
евидентира статистички значаен пад на постигнувањата во однос на
максимално можните резултати на сите тестирани параметри, од што може
да се заклучи дека церебралната парализа е проследена со истовремен
дефицит во областа на моторното и когнитивното функционирање.
При тестирањето на лесно ментално ретардираните деца и млади е
евидентиран статистички значаен пад во постигнувањата во однос на
максимално можните резултати во сите испитувани варијабли. Заклучивме дека когнитивниот дефицит кај ЛМР деца и млади доведува до дефицит и во областа на моторното однесување.
Со компарација на просечните постигнувања помеѓу испитуваните групи е
добиена разлика во одредени области од моторното и когнитивното
функционирање на овие лица (општа моторна способност, визомоторна
координација, конструктивна праксија, визуелна перцепција и доживување
на времето), што е последица на дејствувањето на основниот фактор, т.е.
припадноста на определената група. Истовремено, во одреден број
области од когнитивното функционирање на лицата со церебрална
парализа и лесно ментално ретардираните лица, не е најдена
статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи (внимание,
говор, јазик, доживување на телесната целост, визуелна перцепција -
мултипли задачи, ориентација во простор). Врз основа на ваквите
структури на добиени резултати од истражувањето, може да се заклучи
дека не постои статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи
во сите области од моторното и когнитивното функционирање. Моторното
и когнитивното функционирање кај лицата со ЦП и лицата со ЛМР е
детерминирано од дејството на два независни фактора. Првиот фактор е
припадност на групата, а вториот фактор е видот на задачата.
Моторните и когнитивните дефицити се лимитирачки фактори кои го
детерминираат видот и содржината на едукацијата и рехабилитацијата на
овие лица. Програмите за едукација и рехабилитација мора да се
засноваат на специфичната организација на овие способности и мора да
го следат и поттикнуваат нивниот развој. | | The development of special education and rehabilitation provided significant corrections in the methodological approach of the work with disabled children and adolescents. This brought changes in the classical and the traditional point of view of their education and rehabilitation. The traditional approach classifies disabled children in specific categories. Basically, children belonging to the same category are very similar, e.g. they have more similarities than differences. The newest research in the special education and rehabilitation shows that children belonging to the same category, mutually differ more, and the group by itself is heterogeneous. This knowledge brought significant change in the methodological approach of the work with disabled children and adolescents. The goal of our research in this field is to develop and to define
methodology for estimation of the residual abilities in persons with
disabilities. Based on this estimation individual programs for
education and rehabilitation will be prepared. The particular goal in
this research is to estimate residual abilities in persons with
cerebral palsy disability and persons with mild mental retardation.
In total, sixty-five persons from both genders were included in the
research. The first group contained 45 persons with mild mental
retardation (MMR), and the second group contained 20 persons having
cerebral palsy (CP). For the research purposes, Protocol for
estimation of motor and cognitive functioning in social environment
consisting of general and specific part was prepared. In the
general part, the general information as: first name, last name,
gender, birth date, place of birth, class, diagnosis first year of
education are gathered. The specific part of the Protocol is
composed on such a way to provide estimation of the motor and cognitive
functioning of the persons in social environment. Based on chosen
tests and battery of tests it is possible to come up to valid data for
testing of given paradigms. Estimation of children with CP and MMR is
conducted in the following fields of motor and cognitive functioning:
general motor ability, vision-motor coordination, constructive praxis,
body image, visual perception, orientation, alertness, memory,
education, language and speech. Based on the analysis of the
results in children with CP and adolescents it can be observed
significant statistic decrease in the results compared with the
maximum of all tested parameters. The conclusion to be drawn is that
CP is joined with simultaneous deficit in the field of motor and
cognitive functioning. The tests in mild mentally retarded children
and adolescents indicated significant statistic decrease in the results
compared with the peak results at all tested parameters. The conclusion is that cognitive deficit in MMR children and adolescents brings deficit in the motor behaviour, too.
With comparison of the average results among the tested groups, we get
the difference in specific fields of motor and cognitive functioning of
these persons. (General motor ability, vision-motor coordination,
constructive praxis, visual perception and feeling of the climate),
which is consequence of action of the basic factor, e.g. belonging to
specific group. At the same time, in specific number of fields in the
cognitive functioning of persons with CP and MMR persons, there is no
significant statistic difference among the tested groups (alertness,
speech, language, body image, visual perception - multiple items,
orientation in space). Based on the obtained results from the research
one can conclude that there is no significant statistical difference
among the tested groups in all fields of motor and cognitive
functioning. Motor and cognitive functioning in persons with CP and
persons with MMR is determined from the action of two independent
factors. The first factor is the group belonging, and the second factor
is type of the task. Motor and cognitive deficits are limitation
factors that determine the type and contents of the education and the
rehabilitation of these persons. The programs for education and
rehabilitation have to be based on the specific organization of these
abilities and have to follow and increase their development. |