Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА ја одбрани својата докторска дисертација на 15.03.2008 год. на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет-Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Горан Недовиќ, проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Ристо Петров и доц. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ. | | Natasha CHICHEVSKA-JOVANOVA defended her doctoral thesis on 15 March 2008 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Phylosophy-Ss Cyril and Methodius University in Skopje, before the Commission consisted of Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Goran Nedovikj, Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, Prof. Dr. Risto Petrov and Ass. Prof. Dr. Daniela Dimitrova Radojichikj. |
Задача на нашето истражување во оваа област е да развиеме и дефинираме методологија за проценка на преостанатите способности кај лицата со инвалидитет, врз чија основа понатаму ќе се одвива изработката на индивидуалните програми за едукација и рехабилитација. Основната цел на ова истражување е да се даде проценка на преостанатите способности кај лицата со церебрална парализира и лицата со лесна ментална ретардација. Во истражувањето беа опфатени вкупно 65 лица, од двата пола. Првата група на испитаници се состоеше од 45 лица со лесна ментална ретардација, а втората група се состоеше од 20 лица заболени од церебрална парализа. За потребите на истражувањето беше формиран протокол за проценка на моторното и когнитивното функционирање во социјалната средина, кој се состоеше од општ и посебен дел. Во општиот дел собравме информации од општ карактер, како што се: име и презиме, пол, датум, година и место на раѓање, одделение, дијагноза, година на вклучување во едукацијата. Посебниот дел од Протоколот е структуриран така што ќе овозможи проценка на моторното и когнитивното функционирање на лицата во социјалната средина. Одбрани се тестови и батерија на тестови на чија основа е можно да се дојде до валидни податоци за тестирањето на поставените парадигми. Проценката на децата со ЦП и ЛМР е вршена во следните области од моторното и когнитивното функционирање: општата моторна способност, визомоторната координација, конструктивната праксија, доживувањето на телесната целост, визуелната перцепција, ориентацијата, вниманието, помнењето, учењето, јазикот и говорот. Врз основа на анализата на добиените резултати кај церебрално парализираните деца и младинци, може да се евидентира статистички значаен пад на постигнувањата во однос на максимално можните резултати на сите тестирани параметри, од што може да се заклучи дека церебралната парализа е проследена со истовремен дефицит во областа на моторното и когнитивното функционирање. При тестирањето на лесно ментално ретардираните деца и млади е евидентиран статистички значаен пад во постигнувањата во однос на максимално можните резултати во сите испитувани варијабли. | | The goal of our research in this field is to develop and to define methodology for estimation of the residual abilities in persons with disabilities. Based on this estimation individual programs for education and rehabilitation will be prepared. The particular goal in this research is to estimate residual abilities in persons with cerebral palsy disability and persons with mild mental retardation. In total, sixty-five persons from both genders were included in the research. The first group contained 45 persons with mild mental retardation (MMR), and the second group contained 20 persons having cerebral palsy (CP). For the research purposes, Protocol for estimation of motor and cognitive functioning in social environment consisting of general and specific part was prepared. In the general part, the general information as: first name, last name, gender, birth date, place of birth, class, diagnosis first year of education are gathered. The specific part of the Protocol is composed on such a way to provide estimation of the motor and cognitive functioning of the persons in social environment. Based on chosen tests and battery of tests it is possible to come up to valid data for testing of given paradigms. Estimation of children with CP and MMR is conducted in the following fields of motor and cognitive functioning: general motor ability, vision-motor coordination, constructive praxis, body image, visual perception, orientation, alertness, memory, education, language and speech. Based on the analysis of the results in children with CP and adolescents it can be observed significant statistic decrease in the results compared with the maximum of all tested parameters. The conclusion to be drawn is that CP is joined with simultaneous deficit in the field of motor and cognitive functioning. The tests in mild mentally retarded children and adolescents indicated significant statistic decrease in the results compared with the peak results at all tested parameters. |
Заклучивме дека когнитивниот дефицит кај ЛМР деца и млади доведува до дефицит и во областа на моторното однесување. Со компарација на просечните постигнувања помеѓу испитуваните групи е добиена разлика во одредени области од моторното и когнитивното функционирање на овие лица (општа моторна способност, визомоторна координација, конструктивна праксија, визуелна перцепција и доживување на времето), што е последица на дејствувањето на основниот фактор, т.е. припадноста на определената група. Истовремено, во одреден број области од когнитивното функционирање на лицата со церебрална парализа и лесно ментално ретардираните лица, не е најдена статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи (внимание, говор, јазик, доживување на телесната целост, визуелна перцепција - мултипли задачи, ориентација во простор). Врз основа на ваквите структури на добиени резултати од истражувањето, може да се заклучи дека не постои статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи во сите области од моторното и когнитивното функционирање. Моторното и когнитивното функционирање кај лицата со ЦП и лицата со ЛМР е детерминирано од дејството на два независни фактора. Првиот фактор е припадност на групата, а вториот фактор е видот на задачата. Моторните и когнитивните дефицити се лимитирачки фактори кои го детерминираат видот и содржината на едукацијата и рехабилитацијата на овие лица. Програмите за едукација и рехабилитација мора да се засноваат на специфичната организација на овие способности и мора да го следат и поттикнуваат нивниот развој. | | The conclusion is that cognitive deficit in MMR children and adolescents brings deficit in the motor behaviour, too. With comparison of the average results among the tested groups, we get the difference in specific fields of motor and cognitive functioning of these persons. (General motor ability, vision-motor coordination, constructive praxis, visual perception and feeling of the climate), which is consequence of action of the basic factor, e.g. belonging to specific group. At the same time, in specific number of fields in the cognitive functioning of persons with CP and MMR persons, there is no significant statistic difference among the tested groups (alertness, speech, language, body image, visual perception - multiple items, orientation in space). Based on the obtained results from the research one can conclude that there is no significant statistical difference among the tested groups in all fields of motor and cognitive functioning. Motor and cognitive functioning in persons with CP and persons with MMR is determined from the action of two independent factors. The first factor is the group belonging, and the second factor is type of the task. Motor and cognitive deficits are limitation factors that determine the type and contents of the education and the rehabilitation of these persons. The programs for education and rehabilitation have to be based on the specific organization of these abilities and have to follow and increase their development. |