ПРОЦЕНКА НА МОТОРНОТО И КОГНИТИВНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ КАЈ ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ЛИЦАТА СО ЛЕСНА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА

Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

ESTIMATION OF MOTOR AND
COGNITIVE FUNCTIONING IN
PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
AND PERSONS WITH MILD MENTAL RETARDATION

Natasha CHICHEVSKA-JOVANOVA

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education end Rehabilitation

 

 

UDK: 37.036-052.26

Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА ја одбрани сво­ја­та докторска дисертација на 15.03.2008 год.  на Инсти­ту­тот за дефектологија при Фило­зоф­скиот факултет-Универзитет „Св. Кирил и Ме­то­диј“ во Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Горан Недовиќ, проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Ристо Петров и доц. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ.

 

Natasha CHICHEVSKA-JOVANOVA defended her doctoral thesis on 15 March 2008 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Phylosophy-Ss Cyril and Methodius University in Skopje, before the Commission consisted of Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Goran Nedovikj, Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, Prof. Dr. Risto Petrov and Ass. Prof. Dr. Daniela Dimi­trova Radojichikj.

Задача на нашето истражување во оваа област е да развиеме и дефинираме методологија за про­ценка на преостанатите способности кај лицата со инвалидитет, врз чија основа понатаму ќе се одвива изработката на индивидуалните програ­ми за едукација и рехабилитација.
Основната цел на ова истражување е да се даде проценка на преостанатите способности кај ли­ца­та со церебрална парализира и лицата со лес­на ментална ретардација.
Во истражувањето беа опфатени вкупно 65 ли­ца, од двата пола. Првата група на испитаници се состоеше од 45 лица со лесна ментална ре­тар­дација, а втората група се состоеше од 20 ли­ца заболени од церебрална парализа.
За потребите на истражувањето беше формиран протокол за проценка  на моторното и когни­тив­ното функционирање во социјалната среди­на, кој се состоеше од општ и посебен дел.
Во општиот дел собравме информации од општ карактер, како што се: име и презиме, пол, да­тум, година и место на раѓање, одделение, ди­јагноза, година на вклучување во  едукацијата.
Посебниот дел од Протоколот е структуриран така  што ќе овозможи проценка на моторното и когнитивното функционирање на лицата во социјалната средина. Одбрани се тестови и батерија на тестови на чија основа е можно да се дојде до валидни податоци за тестирањето на поставените парадигми. Проценката  на децата со ЦП и ЛМР е вршена во следните области од моторното и когнитивното функционирање: оп­штата моторна способност, визомоторната коор­­динација, конструктивната праксија, дожи­ву­­ва­ње­то на телесната целост, визуелната пер­цеп­ци­ја, ориентацијата, вниманието, помне­ње­то, уче­њето, јазикот  и говорот.
Врз основа на анализата на добиените резул­та­ти кај церебрално парализираните деца и мла­динци, може да се евидентира статистички зна­чаен пад на постигнувањата во однос на макси­мално можните резултати на сите тестирани параметри, од што може да се заклучи дека це­ре­бралната парализа е проследена со исто­вре­мен дефицит во областа на моторното и когни­тив­ното функционирање.
При тестирањето на лесно ментално ретарди­ра­ни­те деца и млади е евидентиран статистички зна­чаен пад во постигнувањата во однос на мак­си­мално можните резултати во сите испиту­вани варијабли.

 

The goal of our research in this field is to develop and to define methodology for estimation of the residual abilities in persons with disabilities. Based on this estimation individual programs for educa­tion and rehabilitation will be prepared. The par­ticular goal in this research is to estimate residual abilities in persons with cerebral palsy disability and persons with mild mental retardation.
In total, sixty-five persons from both genders were included in the research. The first group contained 45 persons with mild mental retardation (MMR), and the second group contained 20 persons having cerebral palsy (CP).
For the research purposes, Protocol for estimation of motor and cognitive functioning in social envi­ronment consisting of general and specific part was prepared.
In the general part, the general information as: first name, last name, gender, birth date, place of birth, class, diagnosis first year of education are gath­ered.
The specific part of the Protocol is composed on such a way to provide estimation of the motor and cognitive functioning of the persons in social envi­ronment. Based on chosen tests and battery of tests it is possible to come up to valid data for testing of given paradigms. Estimation of children with CP and MMR is conducted in the following fields of motor and cognitive functioning: general motor ability, vision-motor coordination, constructive praxis, body image, visual perception, orientation, alertness, memory, education, language and speech.
Based on the analysis of the results in children with CP and adolescents it can be observed signifi­cant statistic decrease in the results compared with the maximum of all tested parameters. The conclu­sion to be drawn is that CP is joined with simulta­neous deficit in the field of motor and cognitive functioning.
The tests in mild mentally retarded children and adolescents indicated significant statistic decrease in the results compared with the peak results at all tested parameters.

Заклучивме дека когнитивниот дефицит кај ЛМР деца и млади доведува до дефицит и во областа на моторното однесување.
Со компарација на просечните постигнувања по­меѓу испитуваните групи е добиена разлика во одредени области од моторното и когни­тив­но­то функционирање на овие лица  (општа мо­тор­на способност, визомоторна координација, конструктивна праксија, визуелна перцепција и доживување на времето), што е последица на дејствувањето на основниот фактор, т.е. при­пад­носта на определената група. Истовремено, во одреден број области од когнитивното функ­цио­нирање на лицата со церебрална парализа и лесно ментално ретардираните лица, не е нај­де­на статистички значајна разлика помеѓу испи­ту­ваните групи (внимание, говор, јазик, дожи­ву­вање на телесната целост, визуелна перцеп­ци­ја - мултипли задачи, ориентација во прос­тор). Врз основа на ваквите структури на до­бие­ни резултати од истражувањето, може да се заклучи дека не постои статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи во сите об­ласти од моторното и когнитивното функцио­ни­рање. Моторното и когнитивното функцио­ни­­рање кај лицата со ЦП и лицата со ЛМР е де­тер­минирано од дејството на два независни фак­тора. Првиот фактор е припадност на гру­пата, а вториот фактор е видот на задачата.  Моторните и когнитивните дефицити се лими­ти­рачки фактори кои го  детерминираат видот и содржината на едукацијата и рехабилитацијата на овие лица. Програмите за едукација и реха­би­литација мора да се засноваат на специ­фич­ната организација на овие способности и мора да го следат и поттикнуваат нивниот развој.

 

The conclusion is that cognitive deficit in MMR children and adolescents brings deficit in the motor behaviour, too.
With comparison of the average results among the tested groups, we get the difference in specific fields of motor and cognitive functioning of these persons. (General motor ability, vision-motor co­ordination, constructive praxis, visual perception and feeling of the climate), which is consequence of action of the basic factor, e.g. belonging to spe­cific group. At the same time, in specific number of fields in the cognitive functioning of persons with CP and MMR persons, there is no significant statistic difference among the tested groups (alert­ness, speech, language, body image, visual per­ception - multiple items, orientation in space). Based on the obtained results from the research one can conclude that there is no significant statis­tical difference among the tested groups in all fields of motor and cognitive functioning. Motor and cognitive functioning in persons with CP and persons with MMR is determined from the action of two independent factors. The first factor is the group belonging, and the second factor is type of the task. Motor and cognitive deficits are limitation factors that determine the type and contents of the education and the rehabilitation of these persons. The programs for education and rehabilitation have to be based on the specific organization of these abilities and have to follow and increase their de­velopment.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА

 

Natasha CHICHEVSKA-JOVANOVA

Институт за дефектологија
Филозофски факултет,
Бул. „Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, РМ
cicevska@freemail.com.mk

 

Institute of Special Education and Rehabilitation
Faculty of Philosophy
Bull. “Krste Misirkov” bb, 1000 Skopje, RM
cicevska@freemail.com.mk


Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in