JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 37490
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА
Даниела ДИМИТРОВА-РАДОЈИЧИЌ
Филозофски факултет |
|
IMPLEMENTATION OF THE BOLOGNA PROCESS AT THE INSTITUTE OF SPECIAL EDUCATION AND REHABILITATION
Daniela DIMITROVA-RADOJICHIKJ
Faculty of Philosophy |
|
|
|
Основите на Болоњскиот процес се поставени уште во 1988 година во Магна картата на Универзитетот (MagnaChartaUniversitatum) потпишана во чест на 900-годишницата на најстариот Европски Универзитет во Болоња. Друг важен момент во реализацијата на овој процес е Лисабонската конвенција од 1997 година за признавања на високообразовните квалификации во Европскиот регион. После оваа конвенција следи т.н. Сорбонска декларација, потпишана во Париз, во која се истакнува приоритетот за хармонизација на европскиот високообразовен систем. |
|
The bases of the Bologna process were set in 1988, in Magna Charta Universitatum, signed in honor of 900 anniversary of the oldest European University in Bologna. Another important moment in carrying out this process was the Lisbon Convention of 1997 on recognition of higher educational qualifications in the European region. After the Lisbon Convention so called Sorbonne Declaration was signed in Paris which pointed out the priority of the harmonization of the European higher educational system.
After the Bologna Declaration had been signed on 19th May 1999, other activities followed which in different ways presented partial revision and addition to the Declaration (Convention of European Higher Educational Institutes, Salamanca, 2001; Students’ Declaration, Geteborg, 2001; Paris Communiqué, 2001; Graz Declaration, 2003; Bergen Communiqué, 2005).
As the main principles on which the Bologna Declaration is based, most frequently are some of the above mentioned ones, especially the quality criteria such as mobility of all academic personnel without additional administrative procedures and obstacles, the unique credit-accreditation system of assessment which consequently enables direct certification and recognition of diplomas without the former principle of validation, better quality studies, academic competition etc. In the New Curriculum, all more semester subjects were divided into one semester subjects and more optional subjects were included. |
По потпишувањето на Болоњската декларација на 19 мај 1999 година, следеа низа на активности кои на различни начини претставуваа делимична ревизија и надополна на Декларацијата (Конвенцијата на европските високообразовни заводи, Саламанка, 2001; Студентска декларација, Гетеборг, 2001; Париско комунике, 2001; Грашка декларација, 2003; Бергенско комунике, 2005).
|
|
|
Како главни принципи и начела на кои се базира Болоњската декларација најчесто се наведуваат некои од споменатите, главно квалитативни критериуми како што е мобилноста на сите академски кадри без дополнителни административни процедури и заплети, единствен кредитно-акредитациски систем на оценување кој потоа ќе овозможи директна сертификација и признавање на дипломата без досегашниот принцип на нострификација, поквалитетни студии, академска конкурентност итн. |
|
|
Во новиот Наставен план, сите повеќесеместрални предмети беа поделени на едносеместрални, а се воведоа и повеќе изборни предмети. |
|
|
|
|
|
Преглед на досегашниот и на новиот наставен план: |
|
Review of the former and the new curriculum: |
|
|
|
Стар наставен план-Old Curriculum |
|
Нов наставен план-New Curriculum |
Анализирајќи го распоредот на предметите во I и II семестар, во новата студиска програма скоро сите предмети се едносеместрални, за разлика од старата каде повеќето од предметите се двосеместрални (освен Општа психологија). Што се однесува до фондот на часови, забележуваме дека доаѓа до намалување на оптовареноста на студентите. Имено, во старата програма вкупниот неделен фонд за двата семестри изнесуваше 33 часа предавања и 25 часа вежби, а во новата програма 30 предавања и 17 часа вежби. Испитите во старата програма се полагаа по вториот семестар, со исклучок на предметот oпшта психологија кој можеше да се полага после првиот семестар. Според старата програма, студентот можеше да се запише во наредната година со неположени 2 испита од претходната. Во новата програма, студентите имаат право на сукцесивно оценување преку 2 теста за време на семестарот со можност за ослободување од завршен испит по соодветната предметна програма. Во оформувањето на конечната оценка, покрај резултатите од двата теста влегува и: редовната посета и активно учество на предавањата и вежбите, семинарската работа, презентираната тема на час, изработената библиографија и изработениот есеј. За сите овие активности, студентите добиваат одреден број на поени. Во зависност од бројот на освоени поени се добива соодветна оцена (на пр.: од 51-60 поени-оцена шест, итн.). Доколку студентот има доволно поени за преодна оценка, ги добива кредитите за предметот кои се предвидени во студиската програма (за секој предмет кредитите се дадени во заградата до фондот на часови). Вкупниот број на кредити за семестар изнесува 30 кредити. Студентот за да запише II семестар треба да има освоено минимум 21 кредит, а за III семестар студентот мора да ги положи сите заостанати испити од I и од II семестар, значи да освои 60 кредити. Доколку не ги исполни овие критериуми, односно не положи некој испит, тогаш го квадрира истиот.
|
|
Analyzing the schedule of the subjects in the I and II semester, according to the New Curriculum all subjects last one semester, contrary to the Old Curriculum where more of the subjects lasted for two semesters (except General Psychology). In regard with the number of classes, it can be noticed that the overloading of students has been reduced. According to the Old Curriculum, the total number of classes weekly in both semesters was 33 classes of lectures and 25 classes of exercises and according to the New Curriculum there are 30 classes of lectures and 17 classes of exercises. The exams were taken after the 2nd semester, except the subject General Psychology which could have been taken after the 1st semester. According to the Old Curriculums students could enter the next year with 2 non-passed exams from the previous year. According to the New Curriculum students have the right to successive assessments through 2 tests during the semester with possibility for being released from the final exam of appropriate subject program. In forming the final mark, besides the results of the two tests the following is taken into consideration: regular and active participation at lectures and exercises, seminar papers, presented topics at classes, produced bibliography, worked out essay. Students get credits for all these activities. Depending on the number of achieved credits, the student gets an appropriate mark (for instance 51-60 credits-the mark is 6, etc.) If the student passes the exam he/she gets the credits for the subject anticipated in the study program (the credits for each subject are given in brackets next to the number of classes). The total number of credits is 30 per semester. In order to enter the II semester the student has to acquire the minimum of 21 credits and to enter the III semester the student has to pass all exams left from the 1st and the 2nd semester, i.e. to acquire 60 credits. Unless the student fulfills the criteria, i.e. passes the exams, he/she repeats the semester. |
Стар наставен план-Old Curriculum |
|
Нов наставен план-New Curriculum |
Според старата програма студентите имаа право да ги полагаат испитите по IV-тиот семестар за разлика од новата каде што сите испити се едносеместрални и може да се полагаат по нивното слушање. Како и во претходната година и овде може да се забележи дека е намален бројот на часови и вежби, односно од 43 часа предавања намалено е на 37 часа и од 28 на 16 часа вежби неделно. Друга новина е тоа што предметот Структурална дефектологија е поделен на неколку предмети, и тоа: Олигофренологија, Тифлологија, Сурдологија и Соматопедија.
|
|
According to the Old Curriculum students have the right to take exams after the IV semester contrary to the New Curriculum, due to one semester subjects, the exams can be taken after the semester finishes. As in the first year, it is noticed that the number of classes of lecture and exercises is reduced, i.e. 43 classes of lecture are reduced to 37 and 28 classes of exercises are reduced to 16 weekly. The news is that the subject Structural Special Education and Rehabilitation has been divided into other subjects: Oligofrenology, Tiphlology, Surdology and Somatopedy. |
Стар наставен план-Old Curriculum |
|
Нов наставен план-New Curriculum |
Соодносот на неделниот фонд на часови во старата програма изнесуваше 34+32, а во новата тој е намален на 31+19. Во новата програма се воведоа повеќе изборни предмети с# со цел да се задоволат афинитетите и интересите на студентот за други научни дисциплини или гранки. Додека во VI семестар студентите избираат од следниве пет: детска и младинска психопатологија, методика на одделенска настава, предучилишна педагогија, ментална хигиена и педагошка психологија. Фондот на часови на овие предмети изнесува 2+0 и секој од нив носи по 2 кредита. |
|
The number of classes according to the Old Curriculum was 34+32 weekly compared to 31+19 classes weekly according to the New Curriculum. The New Curriculum includes more optional subjects aiming to satisfy the affinity and interests of students for other scientific disciplines or fields. In the V semester students can choose one of five compulsory optional subjects (Institutional upbringing and education of people with developmental disabilities; Ethics, Economics of Education; Logic; Sociology of Health and Disease). While in the VI semester they can choose from: Children and Youth Psychopathology; Methodology of Primary-school Teaching; Pre-school Pedagogy; Mental Hygiene; and Pedagogical Psychology. The number of classes for these subjects is 2+0 and each one gets 2 credits. |
|
||
|
|
|
Стар наставен план-Old Curriculum |
|
Стар наставен план-Old Curriculum |
Во старата програма неделниот фонд на часови и вежби изнесуваше 24+40, во новата 33+26.
|
|
The number of classes according to the Old Curriculum was 24+40 weekly compared to 33+26 classes weekly according to the New Curriculum. |
||
Citation:Dimitrova-Radojichikj D, Chichevska-Jovanova N. Implementation of the Bologna Process at the Institute of Special Education and Rehabilitation. J Spec Educ Rehab 2007; 8(3-4):5-14. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE