НАЗАЛНА СЕПТАЛНА ДЕВИЈАЦИЈА И КОНДУКТИВНА РЕДУКЦИЈА НА СЛУХОТ ВО ДЕТСКАТА ВОЗРАСТ

Габриела КОПАЧЕВА-БАРСОВА
Марина ДАВЧЕВА-ЧАКАР
Ирена ДУМА-ВАСОВСКА

 

ОРЛ-клиника, Скопје

 

NASAL SEPTUM DEVIATION AND CONDUCTIVITY HEARING LOSS IN CHILDREN

 

Gabriela KOPACHEVA-BARSOVA
MarinaDAVCHEVA-CHAKAR
Irena DUMA-VASOVSKA

 

ENT-Clinic, Skopje

Цел

 

Aim

Да се анализира и утврди фреквенцијата на про­ме­­ните направени со тимпанометриски ис­пи­ту­­ва­ња кај деца со девијација на носната пре­гра­да (ДСН), во од­нос на видот и локали­за­ци­јата на девијацијата како и придружни ОРЛ заболувања.

 

The aim of this work is to analyse the frequency of changes in tympanometry in children with a devi­ated nasal septum with regard to their location, shape and as­sociated diseases.

Материјал и методи

 

Material and method

Анализиравме медицинска историја на 55 па­ци­ен­ти со Dg: Deviatio septi nasi (девијација на нос­ната преграда), кои беа третирани и опе­ри­рани на ОРЛ клиника во Скопје во периодот од 1999-2007 год.
Испитувањето ги опфати: морфологијата и ана­том­ските деформитети на носната преграда, фрек­венцијата на појавата на кондуктивното намалу­ва­ње на слухот врз база на информација од роди­те­ли­те, аудиометриски испитувања, ка­ко и тимпа­но­мет­рија која беше спроведена кај сите деца.
Исто така, беа испитани и сите придружни сим­п­то­ми кои можат да предизвикаат хипа­ку­зи­ја кај децата со девијација на носната прегра­да.

 

We analysed the medical history of 55 nasal sep­tum patients who were treated or operated on at the ENT Clinic in Skopje in the years 1999-2007.
The analysis concerned morphology of nasal sep­tum deviation, frequency of occurrence of conduc­tional hypoacusia on the basis of parents' informa­tion, audi­ometry examination and tympanometry
performed on all children and analysis of accom­pa­nying symptoms which can cause hypoacusia in chil­dren with a deviated nasal septum.

Резултати

 

Results

Во испитуваната група 15 (27.3%) од па­ци­ен­ти­те со девијација на носната преграда немаа до­допол­ни­телни компликации или заболувања. Сите тие имааа задоволителен слух. Кај 40 деца (73.0%) бе­ше најдена тимпанометриска крива тип А и овие деца имаа и придружни симптоми.

 

In the examined group 15 (27,3%) of patients with a deviated nasal septum had no additional compli­ca­tions as checked in the examination. All the children had satisfactory hearing. With tym­panometry type A were examined 40 (73%) chil­dren. In this group chil­dren had some other prob­lems.

Заклучок

 

Conclusions

Назалната септална девијација не мора веднаш да доведе до промени во функцијата на Ев­ста­хиевата туба, а со тоа да доведе и до хипакузија кај децата.

 

Nasal septum deviation does not immediately cause disturbance of auditory tube function, and hence it does not cause hypoacusia in children.

Вовед

 

Introduction

Респирацијата претставува базична функција на секој жив организам. Човечкиот респираторен сис­тем е екстремно сложен орган којшто е под­ло­жен на постојани испитувања, но сè уште не е комплетно осознаен.
Одделни делови на респираторниот систем со­ра­бо­ту­ваат едни со други, при што во нормални окол­ности обезбедуваат ефикасна вентилација. (1, 2)
Девијацијата на носната преграда (ДСН), го про­менува текот на струењето на воздухот во гор­ните респираторни патишта, и може да де­лу­ва на сос­тој­бата на параназалните синуси, ка­ко и на функ­ци­јата на Евстахиевата туба. Исто така може да пре­дизвика хипертрофија на аде­но­идните вегета­ции.
Видот и локализацијата на девијацијата на нос­на­та преграда, може да има помало или пого­ле­мо вли­ја­ние на останатите респираторни орга­ни. (3, 4)
Литературата прикажува неколку типови на сеп­тална назална девијација, во однос на нив­ната ло­ка­лизација.
Една од тие класификации е на Котл (Cottle). (сл. 1) Ги опишува оперативните и функ­цио­нал­ните им­пликации на видовите девијации. (5, 6)

 

Respiration is a basic function of every living or­gan­ism. The human respiratory system is ex­tremely com­plicated and it has been extensively investigated, yet the system has not been fully rec­ognized. Particular parts of the respiratory system cooperate with one an­other, which, in normal health conditions, ensures effi­cient ventilation of the alveoli. (1, 2)
Deviation of the nasal septum, which changes the air­flow in this part of the respiratory tract, can af­fect the state of the paranasal sinuses as well as the functions of the auditory tube. It can also cause hypertrophy of adenoids.
One should take into account that the type of de­viation of the nasal septum, and the location of the deviation, can have a larger or smaller influence on the organs mentioned above. (3, 4)
The literature defines several divisions of the types of nasal septum deviation, with respect to their location.
One of these classifications is Cottle's (Figure 1) divi­sion of the nasal septum. It describes opera­tional and functional implications of this deviation. (5, 6)

Слика 1. Класификацијата на Котл

 

Figure 1. Cotlle's classification

 

Класификацијата на Младина

 

 

Classification of Mladina

Класификацијата на Младина (Слика 2) прет­ста­­­­вува помодерен пристап кој ја прикажува и мор­фологијата на промените. (7)
Тип 1. Опишува еднострана девијација која не ја нарушува функцијата на назалните валвули. Си­туи­рана е во нивото на валвуларната ареа.
Тип 2. Еднострана девијација во нивото на на­зал­ните валвули. Ја нарушува нивната функ­ци­ја. Присутен позитивен симптом на Котл. (7, 8, 9)
Тип 3. Унилатерална девијација во нивото на гла­­вата на средната носна конха.
Тип 4. Дефинира две девијации: едната во ни­во­то на главата на средната носна конха, а дру­га­та на спротивната страна во нивото на вал­ву­лар­на­та ареа која ја нарушува функцијата на вал­ву­ли­те.
Тип 5. Унилатерална девијација во пределот на базата на септумот. На другата страна септумот е рамен.
Тип 6. Ни прикажува унилатерален сулкус (жлеб) кој се протега низ каудо-вентралниот раб на септумот, со присутно испакнување кое сè заедно дава асиметрија на носната преграда.
Тип 7. Претставува мешавина од сите типови од 1 до 6.

 

Mladina’s (Figure 2) classification is another, more modern approach which includes the mor­phology of changes. (7)
Type 1 is described as a unilateral crest which does not disturb the function of the nasal valve. It is situ­ated in the area of the valve.
In type 2, disturbance of the valve function is caused by the unilateral crest. Positive Cottle’s symptom can be observed. (7, 8, 9)
Type 3, one unilateral crest at the level of the head of the middle nasal concha.
Type 4 defines two crests-one at the level of the head of the middle nasal concha, and the other on the opposite side in the valve area, disturbing the valve functions.
Type 5 is a unilateral ridge on the base of the sep­tum, while on the other side the septum is straight.
Type 6 shows a unilateral sulcus running through the caudal-ventral part of the septum, while on the other side there is a ridge and accompanying asym­metry of the nasal cavity.
Type VII is a mix of types from 1 to 6.

 

Слика 2. Класификација на Младина

 

Figure 2. Mladina’s classification

Во изминативе неколку децении се појави дина­ми­чен развој на хирургијата на носот. Сè до нео­дамна, многу ринохирурзи, придржу­вај­ќи се на методот на Килијан (Killian) не се ос­мелуваа да оперираат додека пациентот не достигне воз­раст од 16 до 18 години. (1, 10)
По претставувањето на шемата на Котл, за хи­рургија на носната преграда, операциите на нос­ната преграда почнаа да се изведуваат и во порана возраст, во зависност на видот и тежи­на­та на девијацијата и проблемите што таа ги прави при респирацијата. Девијацијата на нос­ната преграда во детската возраст предиз­викува поголеми проблеми при циркулацијата на воз­духот во горните респираторни патишта, така што претставува погодна подлога за чести ин­фек­ции во таа област. Инфекциите, резул­ти­ра­ни од различни, но често необјаснети меха­низ­ми, може да доведат до аденоидитис. (2, 3, 12)
Во достапната литература за девијацијата на нос­­на преграда и нејзиното влијание на сос­тој­бата на слухот, Евстахиевата туба и внат­реш­ното уво, нема униформирани ставови. Не­кои, сме­таат дека ДСН предизвикува хипа­ку­зија од кондуктивен тип. (1, 7, 9, 10 и 11).
Постојат методи кои овозможуваат евалуација   на сето ова преку аудиометриски и тимпа­но­метриски испитувања.

 

In the last few decades there has been dynamic development of nose surgery in the developmental age. In the first half of the 20th century most laryn­gology manuals, describing Killian’s method, stated that the operation should be postponed until the age of 16 or 18. (1, 10) After introducing Cot­tle’s method for surgery of the septum, nose opera­tions were carried out regardless of age, in any situation where deformation made breathing diffi­cult. A deviated septum in children impairs patency of the upper air passages, and so can cause recurring in­fections in this area. The infections, resulting from various not fully-recognized mechanisms, can lead to adenoiditis.
Evaluation of the influence of septum deviation on adenoid hypertrophy or prolonged inflammatory sinus disease has been mentioned many times in numerous scientific publications. However, reports describing how septum deviation affects the audi­tory tube, and hence the state of hearing, are very few and poorly documented. (2, 3, 12)
In the available literature on skeletal deviations of the nasal septum and their influence on the state of hearing and, particularly, on the state of the audi­tory tube and middle ear, there are no uniform views. In some current manuals, septum deviations are said to have responsibility for causing conduc­tional hypoacusia. (1, 7, 9, 10 and 11).
There are methods which allow evaluation of the state of the auditory tube as well as the state of hearing via audiometry and tympanometry.

 

 

 

Цели

 

Aim

Да се анализира фреквенцијата на промените до­биени при тимпанометрија кај децата со ДСН во однос на нејзината локализација, форма како и пропратни заболувања.

 

The aim of this work is to analyze the frequency of changes in tympanometry in children with a devi­ated nasal septum with regard to their location, shape, and associated diseases.

 

 

 

Материјал и методи

 

Material and method

Анализиравме медицинска историја на 55 деца со Дg Deviatio septi nasi (девијација на носната преграда), кои беа третирани и оперирани на ОРЛ клиника во Скопје во периодот од 1999-2007 год.
Испитувањето ги опфати: морфологијата и ана­том­ските деформитети на носната преграда, фреквенцијата на појавата на кондуктивното на­­малување на слухот врз база на информација од родителите, аудиометриски испитувања, ка­ко и тимпанометрија која беше  спроведена  кај

 

We analyzed the medical history of 55 nasal sep­tum patients who were treated or operated on at the ENT-Clinicin Skopje, Macedonia in the years 1999-2007.
The analysis concerned morphology of nasal sep­tum deviation (division according to Mladina and Cottle)-establishment of frequency of occurrence of conductional hypoacusia on the basis of parents’ information, audiometry examination and tym­pa­nometry performed on all children and  analysis  of

сите деца. Исто така беа испитани и сите при­друж­ни симптоми кои може да предизвикаат хи­пакузија кај децата со девијација на носната преграда.
Контролната група се состоеше од 20 деца од предучилишна и училишна возраст, прегледани по слободен избор, кои биле донесени на редов­ни ОРЛ прегледи. Аудиометриски и тимпано­мет­­рис­ки испитувања беа реализирани и кај овие деца.
И во двете групи беше испитувана коегзистен­ци­јата на асоцирани заболувања кои можат да влијаат на патологијата на Евстахиевбата туба како и на cavum timpani. При тоа беше реали­зи­ран и општ ОРЛ преглед, РТГ на нос и ПНС по Hürtz, како и КТ на нос и ПНС.
Статистичката анализа се изврши со Хи-квад­рат тест.

 

accompanying symptoms which can cause hy­poacusia in children with a deviated nasal septum.
The control group consisted of 20 secondary and primary school pupils chosen at random from schools whose parents or teachers approached the ENT clinic in Skopje to carry out control audi­ological examinations. Audiometry and tym­panometry examination was carried out on those children.
In the examined group as well as in the control group coexistence of associated diseases which could influence the pathology of the auditory tube and tympanic cavity was assessed. Hence, the co­existence of adenoids was assessed. This recogni­tion was based on medical and subject examination as well as on additional examinations (x-ray ex­amination of nasopharynx or computer tomogra­phy of the paranasal sinuses and nasopharynx).
Statistical analysis was done by chi-squared test.

 

 

 

Резултати и дискусија

 

Results and discussions

Оваа анализа ги опфати оние деца од двете гру­пи кои имаа целосна документација: 55 паци­енти од испитуваната група и 20 пациенти од контролната. Во испитуваната група 15 (27.3%) од пациентите имаа девирана носна преграда, но немаа дополнителни компликации. Сите де­ца од оваа група имаа задоволителен слух.
Тимпанометриска крива А и добар слух имаа 15 (27.3%) деца. 40 деца (73%) од оваа група имаа други проблеми прикажани на табела 1.

  • 22 (40%) со хипертрофија на аденоидните ве­ге­тации;
  • 15 (27.3%) со синузитис;
  • 3 (5.4%) со алергија.

 

The ultimate analysis included only those children from both groups for whom we had full documen­tation. There were 55 patients from the examined group and 20 from the control group. In the ex­amined group 15 (27,3%) of patients with a devi­ated nasal septum had no additional complications as checked in the examination. All the children had satisfactory hearing. Tympanometry type A were 15 children (27,3%). 40 children (73%) of this group had some other problems as specified below and in Table 1.

  • 22 (40%) cases with hypertrophy of the ade­noids;
  • 15 (27,3%) cases with sinusitis;
  • 3 (5,4%) cases with allergies.

 

Табела 1.Дистрибуција на клиничкиот наод кај ис­пи­туваната и контролната група

 

 

Table 1. Distribution of clinical findings between ex­amined and control group

Во испитуваната група беа 22 (27.3%) пациенти кај кои ДСН довела до аденоидни компли­ка­ции. Меѓу нив хипакузија беше детектирана кај 7 (12.7%) од децата.
Во испитуваната група со ДСН и синузитис ка­ко компликација се појави кај 15 (27.3%) деца. Меѓу нив хипакузија беше детектирана кај 4 деца или (7.3%). Алергија со ДСН беше најдена кај 3 (5.4%) од кои хипакузија имаше само кај 1 (1.8%) дете.
Во контролната група од 20 деца беше конста­ти­рано:
14 деца (70%) беа без никакви симптоми. Алер­гија беше најдена кај 2 (10%) деца, синузит кај 1 (5.0%), хипетрофија на аденоидните вегета­ции беше најдена кај 3 (15%) деца, од кои само 1 дете (5.0%) од целата контролна група имаше хипакузија. Статистичките анализи укажаа на важ­носта на врската помеѓу постоењето на аде­но­идни вегетации синузитис кај децата со ДСН, кои беа сигнификантни и во двете групи. (Та­бе­ла 2)

 

In the examined group 22 (27,3%) of children DSN developed adenoids. Among them hypacusis were detected in 7 (12,7%) of children.
In the examined group with DSN and sinusitis as a complication were in 15 (27,3%) of children. Among them hypacusis was detected in 4 children (7,3%). Allergy with DSN was found in 3 (5,4%) and hypacusis was detected only in 1 (1,8%) child.
In the control group of 20 children the following was found:
14 children (70%) were without any problems. Allergy was found in 2 (10%) children, sinusitis in 1 (5,0%), adenoid hypertrophy was found in 3 (15%) children. Only 1 child (5,0%) of all control groups had hypacusis. Statistical analyses were significant between correlation in existing of adenoids and sinusitis in children with DSN. (Table 2)

 

Табела 2. Тестирани разлики меѓу испитуваната и контролната група

 

 

Table 2. Difference between two proportions (control and examined group)


Табела 3. Нормален и намален слух кај испитув­а­на­та и контролната група

 

Table 3. Normal and hearing loss in examined and control group.

 

Резултати меѓу испитаната и контрол­на­та група.

 

Results in the examined group and control group

Анализирајќи ја хипакузијата во склоп на ДСН (спрема шемата на Котл), не покажаа важни статистички разлики, но случаите кои имаа девијации во ареите 1, 3 и 5 беа бројно мали за да се измери статистичката сигнификантност.
Анализирајќи ја конфигурацијата на ДСН по Младина, статистички сигнификантни беа ДСН тип V, χ²=0.002 и тип VII, χ2=1.007. Да се но­ти­ра дека девијациите под тип I, IV и VI се ретки форми и не даваат податоци за статистичка сиг­ни­фикантност.
Процентот на деца со синузит и ДСН ста­тис­тич­ки не се разликува од процентот на деца од контролната група. χ2=2.012

 

While analyzing hypoacusia with regard to the lo­cation of deviations (according to Cottle's divi­sion), no important statistical differences were rec­ognized among particular Cottle's areas, but the number of cases with deviations in areas 1, 3 and 5 was too small to undergo statistical assessment.
Analyzing the configuration of septum deforma­tions according to Mladina's scheme revealed that statistically significant were DSN of typeV, χ²=0.002, and type VII, χ²=1.007. It must be noted that deviations of types, I, IV and VI are rare forms, and in the given data there are too few cases to draw statistical conclusions.
The percentage of children with sinusitis and a deviated nasal septum was not statistically differ­ent from the percentage of patients with both dis­eases in the control group, χ²=2.012.

 

 

 

Заклучок

 

Conclusions

  • Назалната септална девијација не мора се­ко­гаш да доведе до промени во функцијата на Евстахиевата туба, а со тоа и да доведе до хипакузија кај децата.
  • Кај деца со ДСН, коегзистенцијата на аде­но­идната хипертрофија и синузит има важ­на улога во развојот на хипакузијата кај нив.
  • Најчеста патолошка состојба која ја при­дру­жу­ва ДСН во детската возраст се аденоид­ни­те вегетации;
  • Локализацијата и конфигурацијата на назал­на­та септална девијација нема влијание врз развојот на дисфункцијата на Евстахиевата туба;
  • Најчеста локализација на назалната септал­на девијација кај децата се ареата 2 и ареата 4 спрема шемата на Котл;
  • Најчеста локализација на назалната септал­на девијација кај децата се ареата 7 и ареата 5, според шемата на Младина.

 

  • Nasal septum deviation does not immediately cause disturbance of auditory tube function, hence it does not cause hypoacusia in children.
  • In children with a nasal septum deviation, the coexistence of adenoidal hypertrophy and si­nusitis has an important influence on the de­velopment of hypoacusia.
  • The most common pathological condition ac­companying nasal septum deviation in the up­per passages is adenoids.
  • The location and configuration of the nasal septum deviation has no influence on devel­opment of auditory tube dysfunction.
  • The most common locations of nasal septum deviation in children are regions 2 and 4 ac­cording to Cottle's division.
  • The most common configurations of nasal sep­tum deviation in children are types 7 and 5 ac­cording to Mladina's classification.

 

Citation:Kopacheva-Barsova G, Davcheva-Chakar M, Duma Vasovska I. Nasal Septum Deviation and Conductivity Hearing Loss in Children. J Spec Educ Rehab 2007; 8(3-4):33-40.

   

 

   

Литература  / References

 

 

  1. Becker W, et al. Ear, Nose and Throat Diseasses. G. Thieme Verlag Stattgart; 95, 1994.
  2. Darrow DH, et al. Zapalenie ucha środkowego. Current Opinion in Otolar. Head and Neck Surgery; 1, 2, 15-22,  2004.
  3. Gray L. The deviated nasal septum aetiology. J. Laryng. Otol; 7: 567-575, 1965,
  4. Chazan R.: Zakażenia układu oddechowego-Alfa-medica press 1998, 79.
  5. Chmielik M. Ocena spirograficzna i rynomanome­tryczna zmodyfikowanej techniki Cottle'a w op­eracjach przegrody nosa u dzieci. Praca habilitacy­jna AM w W-wie, 1987.
  6. Majer W, Krebs A. Is surgery of the inner nose indicated before tympanoplasty. Effects of nasal ob­struction and reconstruction on the Eustachian tube. Laryngorhinootologie; 77(12) 682-688, 1998

 

  1. Kenna MA. in: Practical Pediatric Otolaryngology red. Cotton R.T. print. Lippincott-Raven Philadel­phia-New York; 229, 1999.
  2. Krzeski A, Janczewski G. (red.) Choroby nosa i zatok przynosowych, Wydawnictwo Medyczne SANMEDIA Sp.z o.o. Wydanie II. 1998; 275-276.
  3. Chiappe de Miscione M. II Manual of Ped. ORL. Red. T. Sih wyd. Roland Eavey Harward Med. Sc; 230, 2001.
  4. Lund VJ, et al. Quantification for staging sinusi­tis. Ann. Otol. Rhinol. Laryngol; 104, 10, cz. 2, suppl. 167: 17-21, 1995.
  5. Subaric M, Mladina R. Nasal septum deformities in children and adolescents: a cross sectional study of children from Zagreb, Croatia Int. J. of Ped. ORL; 63:41-48, 2002.
  6. Szymański J. Podręcznik Oto-Ryno-Laryngologii PZWL, Warszawa; 334, 1971.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in