JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 16877
АНАЛИЗА НА ПРОЦЕСОТ НА ПИШУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА СО ТЕШКОТИИ ВО ЧИТАЊЕТО И ПИШУВАЊЕТО
Билјана НАУМОВСКА
Медицински центар „Трифун Пановски“-оддел за ментално здравје-Битола |
| ANALYSIS OF THE WRITING PROCESS IN CHILDREN WITH IMPEDIMENTS IN READING AND WRITING
Biljana NAUMOVSKA
Medical Centar “Trifun Panovski”-Mental Health Department-Bitola |
|
|
|
Билјана Наумовска ја одбрани својата докторска дисертација на 08.01.2008 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет-Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Ристо Петров и проф. д-р Љубомир Ајдински. |
| Biljana Naumovska defended her doctoral thesis on 8 January 2008 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Phylosophy-Ss Cyril and Methodius University in Skopje, before the Commission consisted of Prof. Dr. Zora Jachova, Prof. Dr. Dragoslav Kopachev, Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Risto Petrov and Prof. Dr. Ljubomir Ajdinski. |
|
|
|
|
|
|
Резиме |
| Abstract |
Говорот, а со тоа и читањето и пишувањето имаат важна импресивна улога и имаат големо значење во социјализацијата на човекот и во стекнувањето на знаења и проширување на погледот кон светот и животот. Современиот човек сè повеќе зависи од пишаниот збор. Утврдувајќи ја поразителната ситуација во однос на третманот на општествената заедница кон децата со потешкотии во читањето и пишувањето, а земајќи ја предвид значајната улога на родителите на овие деца во рамките на инклузивниот процес, се определив за реализација и истражување, со цел да го анализирам процесот на пишување и во исто време да ги лоцирам проблемите и предложам соодветни стратегии.
Билјана Наумовска ја одбрани својата докторска дисертација на 08.01.2008 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет-Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Ристо Петров и проф. д-р Љубомир Ајдински. Истражувањето е насочено кон пишаното изразување, бидејќи проблемите во експресијата на мислата низ пишаниот јазик, ако не се отстранат навреме перзистираат не само до адолесценцијата, туку се протегаат и во периодот на зрелоста. Основната цел на ова истражување е да се утврдат и анализираат разликите во нивото на пишување, меѓу испитаниците кои се дијагностицирани како деца со тешкотии во читањето и пишувањето. Освен тоа анализирана е и поврзаноста на пишувањето со некои модалитети за кои сметаме дека се важни во реализацијата на процесот на пишување, како што се: читањето, јазичните способности и аудио-визуелните процеси. Примерокот на испитаници го сочинуваат ученици од 2., 3. и 4. одделение од редовните основни училишта на подрачјето на град Битола. Издвоени се две групи на испитаници. Првата група ја сочинуваат испитаници со тешкотии во читањето и пишувањето-60 испитаници, а втората група ја сочинуваат испитаници без тешкотии во читањето и пишувањето, кои со првата група се изедначени по број, пол и возраст (± 3 месеци). Во истражувањето користени се следните инструменти: тест за проценка на графомоториката, тест за пишување по диктат, тест за проценка на писмениот состав, тродимензионален тест на читање, слушна дискриминација, памтење на ритамот, памтење на броеви, видно-моторна координација и можност за следење, видна дискриминација, видно памтење, испитување на речникот, слушна анализа и синтеза и повторување на реченици. Скоро на сите тестови успехот на децата со тешкотии во читањето и пишувањето е полош. |
| Speech, and with it reading and writing have an impressive role and great significance in man’s socialization as well as in acquiring knowledge and expanding the view towards the world and life. The modern man increasingly depends on the written word. Having realized the defeating situation regarding the treatment the society provides for children with impediments in reading and writing and considering the significant role that the parents of these children have in the frame of the inclusive process, I opted for realization and research in order to analyze the process of writing and at the same time to pinpoint the problems and suggest appropriate strategies. Biljana Naumovska defended her doctoral thesis on 8 January 2008 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Phylosophy-Ss Cyril and Methodius University in Skopje, before the Commission consisted of Prof. Dr. Zora Jachova, Prof. Dr. Dragoslav Kopachev, Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Risto Petrov and Prof. Dr. Ljubomir Ajdinski. The research is directed towards the written expression, since the problems in expressing one is thought in writing, if not removed on time do not persist up to the period of adolescence only, but they tend to span to the period of maturity as well. The main aim of this research is to determine and analyze the differences in the level of writing among the subjects diagnosed as children with impediments in reading and writing. Apart from this analysis has been made on the relation of writing with certain modalities which are considered to be important in realization of the process of writing such as: reading, language abilities and audio-visual processes. The sample of subjects consists of pupils from second, third and fourth grade of the formal primary schools in the city of Bitola. Two groups of subjects have been distinguished. The first group consists of subjects with reading and writing impediments-60 subjects and the second group consist of subjects without reading and writing impediments and they are equal in number, sex and age (± 3 months) with those in the first group. During the research, the following instruments have been used: graphomotoric evaluation test, dictation test, evaluation test on composition, three-dimensional reading test, listening discrimination, remembering the rhythm, remembering the numbers, visual and motor coordination and ability for following, visual discrimination, visual remembering, examing the vocabulary, listening analysis and synthesis and sentence repetition. In nearly all of these tests the children with reading and writing impediments have shown worse results.
|
Адреса за сепаратите: |
| Address requests for reprint to: |
Билјана НАУМОВСКА |
| Biljana NAUMOVSKA |
Медицински центар „Трифун Пановски“ Оддел за ментално здравје Партизанска бб, 7000 Битола Република Македонија e-mail: naumovskab@yahoo.com |
| Medical Center “Trifun Panovski” Mental Health Deparment Partizanska bb, 7000 Bitola Republic of Macedonia e-mail: naumovskab@yahoo.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE