АНАЛИЗА НА ПРОЦЕСОТ НА ПИШУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА СО ТЕШКОТИИ ВО ЧИТАЊЕТО И ПИШУВАЊЕТО

 

Билјана НАУМОВСКА

 

Медицински центар „Трифун Пановски“-оддел за ментално здравје-Битола

 

ANALYSIS OF THE WRITING PROCESS IN CHILDREN WITH IMPEDIMENTS IN READING AND WRITING

 

Biljana NAUMOVSKA

 

Medical Centar Trifun Panovski-Mental Health Department-Bitola

 

 

 

Билјана Наумовска ја одбрани својата док­тор­ска дисертација на 08.01.2008 година на Инсти­ту­тот за дефектологија при Филозофскиот факултет-Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Зо­ра Јачова, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Ристо Петров и проф. д-р Љубомир Ајдински.

 

Biljana Naumovska defended her doctoral thesis on 8 January 2008 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Phylosophy-Ss Cyril and Methodius University in Skopje, before the Commission consisted of Prof. Dr. Zora Jachova, Prof. Dr. Dragoslav Kopachev, Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Risto Petrov and Prof. Dr. Ljubomir Ajdinski.

 

 

 

 

 

 

Резиме

 

Abstract

Говорот, а со тоа и читањето и пишувањето има­ат важна импресивна улога и имаат големо значење во социјализацијата на човекот и во стекнувањето на знаења и проширување на погледот кон светот и животот. Современиот човек сè повеќе зависи од пишаниот збор.

Утврдувајќи ја поразителната ситуација во од­нос на третманот на општествената заедница кон децата со потешкотии во читањето и пи­шу­­вањето, а земајќи ја предвид значајната уло­га на родителите на овие деца во рамките на инклузивниот процес, се определив за реа­ли­за­ци­ја и истражување, со цел да го анали­зи­рам процесот на пишување и во исто време да ги лоцирам проблемите и предложам соодвет­ни стратегии.

 

Билјана Наумовска ја одбрани својата док­тор­ска дисертација на 08.01.2008 година на Инсти­ту­тот за дефектологија при Филозофскиот факултет-Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Зо­ра Јачова, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Ристо Петров и проф. д-р Љубомир Ајдински.

Истражувањето е насочено кон пишаното изра­зу­вање, бидејќи проблемите во експресијата на мислата низ пишаниот јазик, ако не се отстра­нат навреме перзистираат не само до адолес­цен­цијата, туку се протегаат и во периодот на зрелоста.

Основната цел на ова истражување е да се ут­вр­дат и анализираат разликите во нивото на пи­шување, меѓу испитаниците кои се дијагнос­ти­цирани како деца со тешкотии во читањето и пишувањето. Освен тоа анализирана е и повр­за­носта на пишувањето со некои модалитети за кои сметаме дека се важни во реализацијата на процесот на пишување, како што се: читањето, јазичните способности и аудио-визуелните про­­­­цеси.

Примерокот на испитаници го сочинуваат уче­ни­ци од 2., 3. и 4. одделение од редовните ос­новни училишта на подрачјето на град Би­то­ла. Издвоени се две групи на испитаници. Пр­ва­та група ја сочинуваат испитаници со теш­ко­тии во читањето и пишувањето-60 испитаници, а вто­рата група ја сочинуваат испитаници без тешкотии во читањето и пишувањето, кои со првата група се изедначени по број, пол и воз­раст (± 3 месеци).

Во истражувањето користени се следните инс­тру­менти: тест за проценка на графомото­ри­ка­та, тест за пишување по диктат, тест за процен­ка на писмениот состав, тродимензионален тест на читање, слушна дискриминација, пам­те­­ње на ритамот, памтење на броеви, видно-мо­торна координација и можност за следење, видна дискриминација, видно памтење, испи­ту­вање на речникот, слушна анализа и синтеза и повторување на реченици. Скоро на сите тес­то­ви успехот на децата со тешкотии во чита­ње­то и пишувањето е полош.

 

Speech, and with it reading and writing have an im­pressive role and great significance in man’s sociali­zation as well as in acquiring knowledge and ex­panding the view towards the world and life. The modern man increasingly depends on the written word.

Having realized the defeating situation regarding the treatment the society provides for children with im­pediments in reading and writing and considering the significant role that the parents of these children have in the frame of the inclusive process, I opted for reali­zation and research in order to analyze the process of writing and at the same time to pinpoint the problems and suggest appropriate strategies.

Biljana Naumovska defended her doctoral thesis on 8 January 2008 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Phylosophy-Ss Cyril and Methodius University in Skopje, before the Commission consisted of Prof. Dr. Zora Jachova, Prof. Dr. Dragoslav Kopachev, Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Risto Petrov and Prof. Dr. Ljubomir Ajdinski.

The research is directed towards the written expres­sion, since the problems in expressing one is thought in writing, if not removed on time do not persist up to the period of adolescence only, but they tend to span to the period of maturity as well.

The main aim of this research is to determine and analyze the differences in the level of writing among the subjects diagnosed as children with impediments in reading and writing. Apart from this analysis has been made on the relation of writing with certain mo­dalities which are considered to be important in reali­zation of the process of writing such as: reading, lan­guage abilities and audio-visual processes.

The sample of subjects consists of pupils from sec­ond, third and fourth grade of the formal primary schools in the city of Bitola. Two groups of subjects have been distinguished. The first group consists of subjects with reading and writing impediments-60 subjects and the second group consist of subjects without reading and writing impediments and they are equal in number, sex and age (± 3 months) with those in the first group.

During the research, the following instruments have been used: graphomotoric evaluation test, dictation test, evaluation test on composition, three-dimen­sional reading test, listening discrimination, remem­bering the rhythm, remembering the numbers, visual and motor coordination and ability for following, vis­ual discrimination, visual remembering, examing the vocabulary, listening analysis and synthesis and sen­tence repetition. In nearly all of these tests the chil­dren with reading and writing impediments have shown worse results.

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Билјана НАУМОВСКА

 

Biljana NAUMOVSKA

Медицински центар „Трифун Пановски“

Оддел за ментално здравје

Партизанска бб, 7000 Битола

Република Македонија

e-mail: naumovskab@yahoo.com

 

Medical Center “Trifun Panovski”

Mental Health Deparment

Partizanska bb, 7000 Bitola

Republic of Macedonia

e-mail: naumovskab@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in