УЛОГАТА НА ДЕФЕКТОЛОГОТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНКЛУЗИЈА ВО РЕДОВНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

 

Горан АЈДИНСКИ

Филозофски факултет

Институт за дефектологија

 

THE ROLE OF THE SPECIAL TEACHER IN THE PROCESS OF INCLUSION IN THE REGULAR PRIMARY SCHOOLS

 

Goran AJDINSKI

 

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

     

Вовед

 

Introduction

Процесот на инклузивно образование во Репу­бли­ка Македонија е започнат и поголем дел од де­цата со посебни образовни потреби во рам­ки­те на можностите и способностите се интегри­ра­ни во редовните основни училишта. Би се по­ви­кале и на принципот образование за сите, каде Република Македонија е цврсто определе­на да ги следи препораките од меѓународните фактори за креирање на свет по мерка на детето и обезбеди квалитетно образовние за сите деца вклучувајќи ги и децата со посебни образовни потреби.

Инклузивниот процес во нашите училишта се од­вива со големи слабости и отсуство на ква­ли­тет и стручност. Можеби сами ќе се негираме на претходно кажаното, но факт е дека без струч­на поддршка во редовните основни учи­лиш­та (посебно од дефектологот) не може да има квалитетна инклузија на децата со посебни об­разовни потреби. Тоа сме го кажале и повто­ру­вале многупати, но освртот во ова излагање ќе биде на улогата на дефектологот во редов­ни­те училишта, односно каква е и каква треба да биде.

Претстои голема одговорност и обврска од де­фек­тологот и целиот стручен тим кој треба да го води инклузивниот процес, затоа што про­бле­мот на едукација на учениците со посебни

образовни потреби е сериозен, бара темелен прис­­­тап, постојана стручна помош, тимска ра­бо­­та, континуирано усовршување на тимот, нас­­­тавниците и на дефектолозите. Со послед­но­то кажано тоа и беше целта, да почнеме како стручњаци да ги подготвуваме дефектолозите за работа во редов­ни­те основни училишта. Таа подготовка не е са­мо стручно излагање туку и ди­ректна поддршка во практиката, одржување на работилници и семинари, размена на мисле­ња и развивање на понатамошни стратегии за унапредување на инклузивниот процес.

 

The process of inclusive education in the Republic of Macedonia has already started and most of the children with special education needs within their abilities and possibilities have been integrated in the regular primary schools. We point out the prin­ciple education for all, where the Republic of Ma­cedonia is strongly determined to follow up the recommendations of the international factors to create a world according to child’s needs and to provide quality education for all children including the children with special education needs as well.

The inclusive process within our schools operates with a lot of weaknesses and lack of quality and professionalism. Maybe it is opposite to what has been said, but the fact is that without professional support in the regular primary schools (especially by special teachers), quality inclusion of children with special education needs is not possible. This has been said and repeated many times, but this paper will present the role of the special teacher in the regular schools, what it is like, and what it should be like.

There are great responsibilities and obligations of the special teacher and the professional team that carry out the process of inclusion, because the problem of education of students with special education needs is very serious, needs a fundamen-

tal approach, constant professional assistance, team work, continuous improvement of the team work, qualifying teacher and special educators. The last that was point out, means that we, as ex­perts, should prepare special educators for working in the regular schools. The preparation does not necessarily mean professional lecturing but direct support in practice, holding workshops and semi­nars, exchange of attitudes and opinions, and de­velopment of further strategies for enhancing the process of inclusion.

 

 

Некои аспекти од инклузивниот процес

 

Some aspects of the process of inclusion

Децата имаат потреба од образование и во по­себ­ните основни училишта и во редовните ос­нов­ни училишта. Видот и типот на образование треба да биде одбран со претходна проценка од страна на мултидисциплинарен стручен тим.

 

Children in both the regular primary schools and the special primary schools need education. The type of education has to be chosen with a prior ass­essment by a multidisciplinary professional team.

Овој тим користејќи го своето знаење им пома­га на родителите во правилното насочување на детето според неговите функционални можнос­ти и способности. Изборот детето со посебни об­разовни потреби да биде во редовно учи­лиш­те претставува обврска за целото училиште кое треба да му обезбеди соодветни услови за еду­ка­ција. Учениците имаат основни потреби од при­­­лагодени училници, нагледни средства, прис­­­­тапност, прифатеност и стручна помош. До­­колку не се задоволат сите овие најосновни по­треби, несериозно е да се зборува за ин­клу­зи­вен процес и покрај тоа што учениците се веќе интегрирани во одделението. (1, 3)

Наставникот кој го води одделението треба да има постојано усовршување за основни позна­вања за лицата со пречки во развојот, нивните ка­рактеристики, одредени методски аспекти од еду­кацијата и сл. Тврдењето на некои дефек­то­ло­зи дека со доплнителна едукација настав­ни­кот ќе ја замени работата на дефектологот и де­ка дефектологот нема да има работа, претста­вува заблуда. Сите членови на стручниот тим вклучувајќи го и наставникот го имаат своето место во инклузивниот процес, не затоа што ние така сакаме, туку затоа што од една страна тоа го покажале научните истражувања и прак­тиката, а од друга страна и самата сложеност на биопсихосоцијалната структура на личноста на ученикот со посебни образовни потреби.

Од досегашните искуства позитивно е одржу­ва­њето на голем број семинари и работилници ка­де наставниците и педагозите се обучуваа да работат со учениците со посебни образовни по­тре­би, како и се повеќе вклучување на струч­ња­ци­те во голем број проектни активности и струч­ни расправи за инклузијата. Македонија врз основа на искуството, струч­ните мислења од многубројните расправи го прифати ком­би­ни­­раниот модел на инклузивно образование, што значи дека постојат и ќе пос­то­јат посебни ос­новни училишта и специја­ли­зи­рани установи и институции. Сепак во редов­ните основни учи­лиш­та треба да се интегрираат децата со по­лес­ни пречки во развојот и соод­вет­но на нивните можности и спoсобности. По­не­когаш за да се испочитува желбата на роди­телот, се случува деца со потешка попреченост да посетуваат ре­дов­на настава, на што нашиот образовен систем ни оддалеку не е подготвен (1, 3).

 

This team, using its knowledge, helps par­ents to direct their child properly according to his/her functional abilities and possibilities. If the child with special education needs is included in the regular school, this choice becomes responsi­bility for the whole school that has to provide ap­propri­ate conditions for education. Students have basic needs of adapted classrooms, teaching aids, acces­sion, acceptance and professional assistance. If all these basic needs are not satisfied, it is not serious to talk about the process of inclusion in spite of the fact that the students have already been integrated in the class. (1, 3)

The teacher who teaches this class has to achieve continually professional qualification of the basic knowledge for people with developmental dis­abilities, their features, certain methodological as­pects of education etc. The assertion of some spe­cial educator that with certain additional knowl­edge the mainstream teacher can replace the work of the special teacher, and that the special educa­tors can lose their jobs, is a delusion. Each member of the professional team, including the mainstream teacher has his/her place in the process of inclu­sion. That is not because we want so, but because the scientific researches have proved that, as well as the complexity of the bio-psychological struc­ture of the personality of the student with special education needs.

From the previous experience, we have found out that a number of seminars and workshops for training teachers and pedagogues to work with students with special education needs are posi­tively assessed, as well as including experts in many project activities and professional discus­sions on inclusion. Macedonia, on the basis of ex­perience, profes­sional opinions from numerous debates, has ac­cepted the combined model of in­clusive education, which means that there are and there will be spe­cial primary schools and special­ized institutions. Still the regular primary schools should integrate children with easier developmen­tal disabilities, according to their abilities and pos­sibilities. How­ever, due to the parents’ wish, chil­dren with severe disabilities are included in the regular education, although our educational system has not been pre­pared yet (1, 3).

 

Работата на дефектологот во редовното основно училиште

 

The work of the special teacher
in the regular primary school

Дефектологот како член на стручниот тим во ре­довното училиште има активно учество во ин­клузивниот процес, односно едукацијата на децата со посебни образовни потреби. (3)

За секој ученик со посебни образовни потреби дефектологот подготвува досие каде се наоѓаат сите релевантни податоци кои ќе му бидат по­требни да го следи неговиот развој во текот на едукацијата. Со поаѓање на детето на училиште тој зема анамнестички податоци или ги допол­ну­ва за да добие целосна слика за проблемот и ги внесува податоците од опсервацијата што тре­ба да ја спроведе задолжително за секој уче­ник. Тој ги внесува податоците од опсерваци­ја­та што треба да ја спроведе задолжително за секој ученик. Ова е особено важно доколку за учени­кот нема никакви податоци ниту наод и мисле­ње од соодветната стручна установа. Чес­то се случува детето по инсистирање на роди­те­лите да биде примено на училиште без стручна до­ку­мен­тација и дефектологот треба веднаш да ја започне својата стручна работа. Додека да се до­бие комлетната документација (наод и мис­ле­ње), што ја бара од Комисијата за определување на специфичните потреби на децата со пречки во развојот, се изведува процена на пси­хо­мо­торните и функционални способности во која учествуваат психологот и педагогот.

Ќе постојат и случаи каде стручниот тим ќе ви­ди дека детето не ги задоволува критериумите да го следи едукативниот процес и да биде ин­тегрирано во одделението без разлика дали има комплетна документација или не. Во тој случај се разговара со соодветните раководни органи во училиштето и со родителите за да се види мож­носта детето да биде префрлено во посебно ос­новно училиште или соодветни специјализи­ра­ни установи.

Дефектологот, како што споменавме и пред мал­ку, врши проценка на психомоторните спо­собности на личноста на секој ученик и како таа функционира во самата средина. Добиените податоци ги внесува во досието на детето. Врз ос­нова на овие проценки се прави план и стра­те­гија за понатамошната едукација. Поточно та­му каде се мисли дека има забавени актив­ности, недостатоци, недоволна изграденост на

 

The special teacher, as a member of the profes­sional team in the regular school, has active par­ticipation in the process of inclusion, i.e. education of children with special education needs. (3)

For each student with special education needs, the special teacher prepares a file with all relevant data necessary to follow up his/her development during the education. When the child starts school, the special teacher takes anamnesis or complements the data in order to get a more complete picture of the problem, and inputs data on the compulsory observation that has to be carried out for each stu­dent. This is especially important if there are no data or findings and opinions of a relevant profes­sional institution for that particular student. It often happens that the child enrolls school without pro­fessional documentation and it is the responsibility of the special teacher to start his/her professional work. Before the special teacher gets the complete documentation (findings and opinion) from the Commission for determining specific needs of children with developmental disabilities, he makes assessment of the psychomotor and functional abilities together with the psychologist and the pedagogue.

There are also cases where the professional team realizes that the child does not satisfy the criteria to be included in the educational process and to be integrated in the class regardless of the fact that he/she has or does not have a complete docu­men­ta­tion. Then, the case is discussed between the appropriate bodies of the school and the parents in order to find solutions for the child to be sent to special primary school or appropriate specialized institutions.

The special teacher, as mentioned above, makes assessment of the psychomotor abilities of the per­sonality of each student and how he/she functions in the environment. The achieved results are filled in the child’s file. On the basis of the assessment, a plan and strategy are made for further education. More precisely, where it is thought that there is a delay of activities, weaknesses, insufficient de­ve-

од­редени структури, се посветува повеќе вни­ма­ние во процесот на едукацијата и се при­ла­го­ду­ва постоечкиот програм за работа според мож­ностите на ученикот. Секако дека за ова треба задолжително да биде информиран одде­лен­скиот наставник како би ги спроведувал претстојните задачи во работата со ученикот. Проценката не застанува тука, по период од шест месеци дефектологот повторно врши ди­јаг­ностика (евалуација) за да види како функ­цио­нира едукативниот процес, дали детето на­пре­дува во развојот, дали се јавуваат други про­блеми и сл.

Паралелно со текот на образовниот процес, де­фек­тологот индивидуално работи со ученикот реализирајќи одредени стимулативни и психо­мо­торни вежби. Тоа е многу важно да се спро­ве­дува со самиот почеток на едукацијата и поа­ѓа­њето на детето на училиште. На пр.: доколку де­тето не може да пишува или има проблеми со пи­шувањето (дизграфија) и има проблеми пона­та­му во читањето, дефектологот се враќа на рано доживеаните шеми за рехабилитација и го учи детето да ја совлада телесната целовитост, да се осознае себе си во просторот, да ја усвои ла­терализацијата, па по одреден временски пе­риод и да го усвојува читањето и пишувањето.

Иако дефектологот е задолжен за учениците со по­себни образовни потреби, во училиштето се наоѓаат и ученици кои имаат одредени развојни проблеми а немаат пречки во развојот, дефек­то­логот и ним им помага да ги совладаат полесно постоечките проблеми. На пр.: тоа се деца кои имаат пречки во читањето, пишувањето, емо­цио­нални проблеми, анксиозни и агресивни уче­ници и ученици кои имаат потешкотии во говорот.

Како што кажавме дефектологот учествува во процесот на едукацијата на ученикот со по­себ­ни образовни потреби. Тој е во постојан кон­такт со одделенскиот или предметниот настав­ник и по потреба се вклучува заедно со нив во одделението додека трае наставата за да му по­мог­не на ученикот индивидуално во совладу­ва­ње на некои активности. Исто така, дефектоло­гот по потреба го извлекува ученикот во него­виот кабинет и дополнително работи на планот на совладување на одредени едукативни аспек­ти.

 

lopment of certain structures, more attention is paid to the process of education and the existing pro­gramme is adapted for work according to the child’s possibilities. Certainly, the mainstream teacher has to be informed about that so he/she can carry out the upcoming tasks in the work with such a student. The assessment does not end there, after six months the special teacher again makes as­sessments (evaluation) on how well the educa­tional process functions, the child’s development, on whether other problems have appeared etc.

Parallel with the duration of the educational proc­ess, the special teacher works individually with the student carrying out certain simulative and psy­chomotor exercises. This is very important to be carried out from the very start of child’s education. For instance, if the child is not able to write or he/she has problems in writing (disgraphy) and also has problems with reading, the special teacher returns to the early experienced schemes of reha­bilitation. The special teacher teaches the child to master the body, to get to know about him­self / herself in the space, to establish the lateraliza­tion, and after a certain period of time to master reading and writing.

Although the special teacher is in charge of the students with special education needs, he/she also helps students from that school with certain deve­lop­mental problems, but not with develop­mental disabilities, to solve the existing problems. For instance, these are children with diificulties to read and write, with emotional problems, anxious and aggressive students and students with speech diffi­culties.

The special teacher participates ih the process of education of students with special education needs. He/she is permanently in contact with the class teacher or with the subject teacher and if it is needed he/she participates in the class and helps the student individually in order to master his/her activities. The special teacher also invite the stu­dent to his cabinet for additional work in order to improve some educational aspects.

Дефектологот го подготвува и одделението за ре­ално прифаќање на детето што треба да се вклучи. На другите ученици во одделението внимателно им се објаснува дека таквиот уче­ник не е различен од нив, меѓутоа има одредени проблеми и тие треба да го прифатат, да му помагаат во текот на наставата, да играат со него за време на одморите.

Во рамките на самостојната дефектолошка ра­бота да споменеме и некои задачи кои треба да се реализираат:

·         изготвување на програма за набавка на на­глед­ни средства, опрема и помагала за рабо­та;

·         активности околу уписот, приемот на де­ца­та, формирање одделенија, групи и сл;

·         прифаќање и распоредување на учени­ци­те со посебни образовни потреби во одделени­ја­та;

·         изработка на програми за индивидуална ра­бо­та со учениците.

Доколку се јават одредени нерешливи пробле­ми или е потребна дополнителна стручна по­мош, дефектологот контактира и соработува со специјализираните установи и институции за рехабилитација на деца со пречки во развојот. Исто така тој бара помош и стручно мислење од други релевантни медицински установи и клиники (пр. амбуланти за логопедски третман, психијатрија, неврологија, очни болести, аудио­ло­гија, центри за медицинска рехабилитација и сл.)

 

The special teacher prepares the class for the real acceptance of the child to be intigrated. The other students of the class are carefully informed and explained that their school-mate is not different from them, although he/she has certain problems and that they should accept him/her, to help him/her during class activities and during the breaks.

Within our independent special education and re­habilitation work we should point out some tasks to be fulfilled:

·         Prepare a programme for purchsing teaching aids, equipment and other aids for working;

·         Activities during enrollment, acceptance, forming of the classes, groups etc.;

·         Acceptance and placement of children with special education needs in regular classes;

·         Prepare programmes for individual work with student.

If certain problems, that cannot be solved, appear or additional assistance is needed, the special teacher contacts or cooperates with specialized institutions for rehabilitation of children with de­velopmental disabilities. He also asks for profes­sional opinion from other relevant medical institu­tions or clinics (speech therapist treatment, psy­chiatry, neurology, eye diseases, audiology, cen­ters for medical rehabilitation etc).

Соработка со родителите

 

Cooperation with parents

Во првиот контакт дефектологот мора да стекне доверба и сигурност од страна на родителите на децата со посебни образовни потреби. Таа до­вер­ба се однесува за самата стручност која тре­ба да ја има дефектологот, а понатаму и пози­тив­ните човекови особини како добрина, вни­ма­телност, љубезност, хуманост итн.

Дефектологот постојано контактира со родите­ли­те на учениците со пречки во развојот и по­мага во начинот на совладување на наставните содржини по одделни предмети и програми. Им укажува како дополнително да им се помогне на учениците во домашни услови.

 

From the first moment, the perents of the children with special education needs must assure them­selves of the special teacher giving their children confidence and security. The confidence is related to his/her professionalism, positive and friendly approach, kindess, patience, politness etc.

The special teacher is permanetly in contact with the parents of the children with developmental dis­abilities and helps the children to overcome the difficulties in studying different subjects and con­tents.

Исто така родителите потребно е реално да ги со­гледаат можностите и способностите на свое­то дете и во рамките на тоа да го стимулираат, а од друга страна и да го поддржуваат, пофалат и критику­ваат. Дефектологот разговара со роди­те­лите за одредени проблеми кои би ги имале и ги имаат децата со социјалната адаптација и ин­те­ракција со сите деца во одделението. За од­ре­де­ни про­бле­ми од социјален, едукативен аспект се ан­гажира и целиот стручен тим од училиш­те­то.

Родителите на учениците со посебни образовни по­треби се во постојан контакт преку родител­ски средби и заедно со дефектологот градат стра­тегија за натамошните активности на де­ца­та во училиштето и надвор од него.

Дефектологот треба постојано да ги анимира и родителите на учениците кои немаат пречки во развојот. Овие родители им укажуваат на свои­те деца за неопходноста од интегративните про­це­си и начинот на помош кои децата ќе им ја даваат на своите врсници. Јасно е дека денес учениците со посебни образовни потреби се сè по­веќе прифатени во одделението и училиш­тето за што може да наведеме безброј примери. Сепак ваквиот пристап треба сè повеќе да за­зе­ма место во новите едукативни процеси и дру­же­њето, помошта и соработката помеѓу децата да бидат уште подобри и потемелни.

 

The special teacher also suggests how the parents can additionally help their children at home. The parents should approch the abilities and possibilitie of their children very realistically, and within that to try to stimulate, to support, to praise or to criticise their children’s work. The special teacher discusses with the parents about certain problems that the children may have with the so­cial adaptation and the interaction with their peers in the classroom. For problems of social, educa­tional aspect, the whole professional team in the school is engaged.

The parents of the children with educational needs, being in contact with the special teachers at the parents’ meetings as well, together build strategies for indoor and outdoor activities for the children.

The special teacher has to work with the parents of students without developmental difficulties as well. These parents should talk to their own chil­dren about the necessity of the process of integra­tion and the way of helping their peers. It is obvi­ous that students with special education needs are more and more accepted in regular classes and regular schools, and we can present numerous ex­amples. Although this approach takes place in the educational processes, making fiends, giving help, cooperation and interaction among children should be improved and enhanced.

Соработка со стручниот тим

 

Cooperation with the professional team

Како што налагаат стандардите за ефективно ин­клузивно училиште, главната цел на струч­ни­от тим е обезбедување инклузивното функ­цио­нирање и организација на училиштето пре­ку континуирана мобилност и заедничко зала­га­ње на секој поединец.

Стручниот тим во редовните училишта треба да го сочинуваат педагог, дефектолог, психолог и со­цијален работник. Во најголем број од наши­те училишта ни оддалеку не е запазена оваа стру­ктура. Во некои училишта постојат и со­цио­­лози како членови на стручниот тим, така што и тие можат во голема мерка да помогнат во решавањето на одредени проблеми кои се врзани за семејството и средината.

Социјалниот работник и дефектологот ги иден­тификуваат проблемите во семејството, ги

 

According to the standards for an effective inclu­sive school, the main aim of the professional team is to provide inclusive function and organisation of the school through continuous mobility and joint commitments for each student.

The professional team in the regular schools should consist: a pedagogue, a special teacher, a psychologist and a social worker. In most of our schools this structure is not fulfilled. In some schools the professional team includes a sociolo­gist who can be of great help in solving certain problems related to the family and the social envi­ronment.

The social worker and the special teacher identify the problems in the family, shelter and take care of

згрижуваат децата кои имаат социјални проб­ле­ми и помагаат при разрешување на кон­флик­ти­те и проблемите во семејството. На дефектоло­гот кој секогаш е во контакт со родителите и се­мејството од особена важност ќе му биде пос­то­јаната соработка и стручната помош во пона­тамошната едукација на учениците со посебни образовни потреби.

Дефектологот секогаш треба да го консултира пси­хологот за интелектуалниот статус и проб­ле­мите кои се врзани за психичките структури и функции на ученикот. Покрај самата состојба на личноста се јавуваат и дополнителни проб­ле­ми кои се однесуваат на проблемите во адап­та­ција и прифатеност на детето, анксиозност, ин­хибираност, потиштеност, разни емоционал­ни проблеми и сл. Дефектологот сиве овие пра­шања треба да ги решава заедно со психологот и заеднички да изнаоѓаат решенија во тој по­глед. Заедно учествуваат во изработка и апли­ци­­рање на техники за мотивација за учење на уче­ниците со развојни проблеми и со посебни образовни потреби. Исто така изработуваат и инструменти за следење и напредување на де­ца­та.

Од особена важност во заедничката стручна ра­бота претставува и соработката со училишниот педагог. Тој заедно со дефектологот треба да ја води улогата и да му помага на дефектологот во раз­војот на програмите за екстракурикуларни ак­­тивности на учениците, изработката на од­ре­де­­ни програмски активности за работа со уче­ни­ците со развојни проблеми и со посебни об­ра­зовни потреби како и поддршка на ини­ци­ја­ти­ви за прифаќање на овие ученици. Секако мо­же уште многу работи да се посочат за важ­нос­та од помошта на педагогот во работата на де­фек­тологот, како на пример: следење на напре­ду­вањето на децата, редовно учество во рабо­та­та на училишниот инклузивен тим, решавање на конфликти и сл.

Една од клучните улоги во процесот на едука­ци­ја на учениците со посебни образовни пот­ре­би ја има одделенскиот наставник. Дефек­то­ло­гот му помага на наставникот (а може да кажеме и обратно) во запознавање со најваж­ни­те особини  во  образованието на  ученикот,  со

 

the children with social problems and help them to resolve the conflicts and the problems in their family. For the special teacher, who is always in contact with the parents and the family, it is very important to cooperate and receive expert assis­tence in the further education of students with spe­cial education needs.

The special teacher has to consult the psychologist on the intellectual status and the problems related to psychic structures and functions of the student. Besides the students’ conditions, additional problems appear such as problems of adaptation and acceptance of the child, anxiety, inhibition, depres­sion, various emotional problems etc. The special teacher tries together with the psychologist to solve these issues. They together create and ap­ply for techniques for motivation of learning in stu­dents with developmental problems and special education needs. They also create instruments for follow up and development of students.

The cooperation with the pedagogue is also of great importance for the professional work. The pedagogue has to help the special teacher in devel­oping programmes for students’ extracurricular activities, preparation of certain programmed ac­tivities for working with students with devel­opemntal problems and special education needs, as well as for supporting initiatives for accepting such children. We could ceratinly mention many other activities of the pedagogue important for the work of the special teacher such as the follow up of the child’s enhancement, regular participation in the school inclusive team work, conflict solving etc.

One of the key roles in the educational process of students with special education needs is the class teacher. The special teacher helps the regular teacher (or vice-verse) in getting to know the most important  features of the student’s  education,  the

на­чинот по кој детето ќе добива информации за про­цесот на учењето, како ќе може да кому­ни­ци­ра со него и во какви образовни дејности мо­же да учествува.

Заедничката работа и комуникација ја согле­ду­ва­ме низ:

·         специфичната методичка помош по од­дел­ни образовни дисциплини;

·         заедничкото планирање на активнос­тите;

·         проверката и оценувањето на знаењето на ученикот;

·         обезбедувањето стручна литература и тех­ничко-технолошки и аудиовизуелни сред­­ства;

·         засилената индивидуална работа со овие деца и диференцираните пристапи во уче­њето;

·         афирмацијата на постапките за учење со раз­бирање во рамките на можностите на се­кое дете. (3)

Треба да нагласиме дека дефектологот кога е по­требно задолжително се вклучува и во нас­та­ва­та заедно со наставникот и изведува допол­ни­тел­на индивидуална активност со ученикот со по­себни образовни потреби. Честопати ќе биде по­требно, во зависност од тежината на прог­рам­­ските содржини, како што нагласивме прет­ход­но дополнително да го земе ученикот од од­де­­лението и да работи со него.

*
*       *

Наместо заклучок, би сакале да констатираме дека улогата на дефектологот во процесот на ин­­клузијата на учениците со посебни образовни потреби е навистина голема, не запоставувајќи го тука и стручниот тим. Неминовно се гледа сè понагласената потреба од континуирано вклу­чу­вање и конечно вработување на дефекто­ло­зи­те во редовните основни училишта. Ова посеб­но сакаме да го потенцираме, бидејќи во поче­то­кот на инклузивниот процес во нашата земја се споменуваше моделот на ресурсни служби и мо­билни дефектолози кои би одделе по учи­лиш­тата и би вршеле стручни активности. Врз основа на досегашното искуство и какви сè и кол­ку сè работни задачи претстојат пред дефек­то­логот, сметаме дека тој постојано треба да би­де присутен во редовното училиште.

 

way of obtaining information in the learning proc­ess, the way of communication with the student and what kind of educational activities he can par­ticipate in.

Mutual work and communication is comprehended through:

·         Specific methodical assistance in certain educa­tional disciplines;

·         Mutual planning of activities;

·         Testing and assessment of the student’s knowl­edge;

·         Providing professional literature, techno-tech­nological and audio equipment;

·         Enhanced individual work with these children and differentiated approaches to learning;

·         Affirmation of learning procedures with under­standing within the abilities and possibilities of each child; (3)

It should be pointed out that the special teacher, whenever it is necessary, is included in teaching together with the regular teacher, and performs additional individual activities with the student with special education needs. Depending on the level of the program contents, very frequently the special teacher has to work individually with the student out of the classroom.

*
*       *

Instead of conclusion, we would like to point out that the role of the special teacher in the process of inclusion of children with special education needs is of great importance, without neglecting the im­portance of the professional team. It is obvious that there is a need of including special teachers and employing them in the regular primary schools. We want to emphasize this, because at the begin­ning of the inclusive process in our country, there were talks on the model of resource services and a mobile special teacher, who could visit schools and perform various professional activities. On the ba­sis of the previous experience on special teachers’ duties and tasks, we think that he/she has to be in­cluded in the regular schools.

Некаде ќе биде само еден, меѓутоа некаде треба да би­дат и најмалку два дефектолога. Има ос­нов­ни учи­лишта во Македонија кои имаат пре­ку 30 уче­ници со посебни образовни пот­ре­би.

Овој приказ не кажува ништо ново на стручен план во работата на дефектологот, меѓутоа дава насоки и ги синтетизира повеќето стручни ак­тив­ности што треба нашиот стручен профил да ги реализира и да биде подготвен кога ќе се нај­де во основните училишта.

 

Some schools may need only one special teacher and others may need two or more. There are pri­mary schools in Mace­donia that have over 30 stu­dents with special edu­cation needs.

This paper does not tell you anything new on the professional plan of the special teacher’s work, but it gives directions of the professional activities that should be performed by the professional team, that has to be prepared for work in the regular primary schools.

 

 

 

Citation:Ajdinski G. The Role of the Special Teacher in the Process of Inclusion in the Regular Primary Schools. J Spec Educ Rehab 2007; 8(1-2):5-14.

   

 

   

Литература / References

 

 

1.  Ајдински Г, Киткањ З, Ајдински Љ. Основи на дефектологијата, Македонска ризница, Ку­маново, 2007.

2.  Ајдински Љ. Методика на ран третман и пред­­училишно воспитание, скрипта.

 

3.     Министерство за образование и наука, Стан­­дарди за ефективно инклузивно учи­лиш­те, Скопје, 2006.

4.    Министерство за образование и наука, На­цио­нална стратегија за развој на обра­зо­ванието во РМ, 2005-2015, Скопје, 2006.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in