JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 70328
УЛОГАТА НА ДЕФЕКТОЛОГОТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНКЛУЗИЈА ВО РЕДОВНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
Горан АЈДИНСКИ Филозофски факултет Институт за дефектологија |
|
THE ROLE OF THE SPECIAL TEACHER IN THE PROCESS OF INCLUSION IN THE REGULAR PRIMARY SCHOOLS
Goran AJDINSKI
Faculty of Philosophy |
||
Вовед |
|
Introduction |
||
Процесот на инклузивно образование во Република Македонија е започнат и поголем дел од децата со посебни образовни потреби во рамките на можностите и способностите се интегрирани во редовните основни училишта. Би се повикале и на принципот образование за сите, каде Република Македонија е цврсто определена да ги следи препораките од меѓународните фактори за креирање на свет по мерка на детето и обезбеди квалитетно образовние за сите деца вклучувајќи ги и децата со посебни образовни потреби. Инклузивниот процес во нашите училишта се одвива со големи слабости и отсуство на квалитет и стручност. Можеби сами ќе се негираме на претходно кажаното, но факт е дека без стручна поддршка во редовните основни училишта (посебно од дефектологот) не може да има квалитетна инклузија на децата со посебни образовни потреби. Тоа сме го кажале и повторувале многупати, но освртот во ова излагање ќе биде на улогата на дефектологот во редовните училишта, односно каква е и каква треба да биде. Претстои голема одговорност и обврска од дефектологот и целиот стручен тим кој треба да го води инклузивниот процес, затоа што проблемот на едукација на учениците со посебни образовни потреби е сериозен, бара темелен пристап, постојана стручна помош, тимска работа, континуирано усовршување на тимот, наставниците и на дефектолозите. Со последното кажано тоа и беше целта, да почнеме како стручњаци да ги подготвуваме дефектолозите за работа во редовните основни училишта. Таа подготовка не е само стручно излагање туку и директна поддршка во практиката, одржување на работилници и семинари, размена на мислења и развивање на понатамошни стратегии за унапредување на инклузивниот процес. |
|
The process of inclusive education in the Republic of Macedonia has already started and most of the children with special education needs within their abilities and possibilities have been integrated in the regular primary schools. We point out the principle education for all, where the Republic of Macedonia is strongly determined to follow up the recommendations of the international factors to create a world according to child’s needs and to provide quality education for all children including the children with special education needs as well. The inclusive process within our schools operates with a lot of weaknesses and lack of quality and professionalism. Maybe it is opposite to what has been said, but the fact is that without professional support in the regular primary schools (especially by special teachers), quality inclusion of children with special education needs is not possible. This has been said and repeated many times, but this paper will present the role of the special teacher in the regular schools, what it is like, and what it should be like. There are great responsibilities and obligations of the special teacher and the professional team that carry out the process of inclusion, because the problem of education of students with special education needs is very serious, needs a fundamen- tal approach, constant professional assistance, team work, continuous improvement of the team work, qualifying teacher and special educators. The last that was point out, means that we, as experts, should prepare special educators for working in the regular schools. The preparation does not necessarily mean professional lecturing but direct support in practice, holding workshops and seminars, exchange of attitudes and opinions, and development of further strategies for enhancing the process of inclusion.
|
||
Некои аспекти од инклузивниот процес |
|
Some aspects of the process of inclusion |
||
Децата имаат потреба од образование и во посебните основни училишта и во редовните основни училишта. Видот и типот на образование треба да биде одбран со претходна проценка од страна на мултидисциплинарен стручен тим. |
|
Children in both the regular primary schools and the special primary schools need education. The type of education has to be chosen with a prior assessment by a multidisciplinary professional team. |
||
Овој тим користејќи го своето знаење им помага на родителите во правилното насочување на детето според неговите функционални можности и способности. Изборот детето со посебни образовни потреби да биде во редовно училиште претставува обврска за целото училиште кое треба да му обезбеди соодветни услови за едукација. Учениците имаат основни потреби од прилагодени училници, нагледни средства, пристапност, прифатеност и стручна помош. Доколку не се задоволат сите овие најосновни потреби, несериозно е да се зборува за инклузивен процес и покрај тоа што учениците се веќе интегрирани во одделението. (1, 3) Наставникот кој го води одделението треба да има постојано усовршување за основни познавања за лицата со пречки во развојот, нивните карактеристики, одредени методски аспекти од едукацијата и сл. Тврдењето на некои дефектолози дека со доплнителна едукација наставникот ќе ја замени работата на дефектологот и дека дефектологот нема да има работа, претставува заблуда. Сите членови на стручниот тим вклучувајќи го и наставникот го имаат своето место во инклузивниот процес, не затоа што ние така сакаме, туку затоа што од една страна тоа го покажале научните истражувања и практиката, а од друга страна и самата сложеност на биопсихосоцијалната структура на личноста на ученикот со посебни образовни потреби. Од досегашните искуства позитивно е одржувањето на голем број семинари и работилници каде наставниците и педагозите се обучуваа да работат со учениците со посебни образовни потреби, како и се повеќе вклучување на стручњаците во голем број проектни активности и стручни расправи за инклузијата. Македонија врз основа на искуството, стручните мислења од многубројните расправи го прифати комбинираниот модел на инклузивно образование, што значи дека постојат и ќе постојат посебни основни училишта и специјализирани установи и институции. Сепак во редовните основни училишта треба да се интегрираат децата со полесни пречки во развојот и соодветно на нивните можности и спoсобности. Понекогаш за да се испочитува желбата на родителот, се случува деца со потешка попреченост да посетуваат редовна настава, на што нашиот образовен систем ни оддалеку не е подготвен (1, 3). |
|
This team, using its knowledge, helps parents to direct their child properly according to his/her functional abilities and possibilities. If the child with special education needs is included in the regular school, this choice becomes responsibility for the whole school that has to provide appropriate conditions for education. Students have basic needs of adapted classrooms, teaching aids, accession, acceptance and professional assistance. If all these basic needs are not satisfied, it is not serious to talk about the process of inclusion in spite of the fact that the students have already been integrated in the class. (1, 3) The teacher who teaches this class has to achieve continually professional qualification of the basic knowledge for people with developmental disabilities, their features, certain methodological aspects of education etc. The assertion of some special educator that with certain additional knowledge the mainstream teacher can replace the work of the special teacher, and that the special educators can lose their jobs, is a delusion. Each member of the professional team, including the mainstream teacher has his/her place in the process of inclusion. That is not because we want so, but because the scientific researches have proved that, as well as the complexity of the bio-psychological structure of the personality of the student with special education needs. From the previous experience, we have found out that a number of seminars and workshops for training teachers and pedagogues to work with students with special education needs are positively assessed, as well as including experts in many project activities and professional discussions on inclusion. Macedonia, on the basis of experience, professional opinions from numerous debates, has accepted the combined model of inclusive education, which means that there are and there will be special primary schools and specialized institutions. Still the regular primary schools should integrate children with easier developmental disabilities, according to their abilities and possibilities. However, due to the parents’ wish, children with severe disabilities are included in the regular education, although our educational system has not been prepared yet (1, 3).
|
||
Работата на дефектологот во редовното основно училиште |
|
The work of the special teacher |
||
Дефектологот како член на стручниот тим во редовното училиште има активно учество во инклузивниот процес, односно едукацијата на децата со посебни образовни потреби. (3) За секој ученик со посебни образовни потреби дефектологот подготвува досие каде се наоѓаат сите релевантни податоци кои ќе му бидат потребни да го следи неговиот развој во текот на едукацијата. Со поаѓање на детето на училиште тој зема анамнестички податоци или ги дополнува за да добие целосна слика за проблемот и ги внесува податоците од опсервацијата што треба да ја спроведе задолжително за секој ученик. Тој ги внесува податоците од опсервацијата што треба да ја спроведе задолжително за секој ученик. Ова е особено важно доколку за ученикот нема никакви податоци ниту наод и мислење од соодветната стручна установа. Често се случува детето по инсистирање на родителите да биде примено на училиште без стручна документација и дефектологот треба веднаш да ја започне својата стручна работа. Додека да се добие комлетната документација (наод и мислење), што ја бара од Комисијата за определување на специфичните потреби на децата со пречки во развојот, се изведува процена на психомоторните и функционални способности во која учествуваат психологот и педагогот. Ќе постојат и случаи каде стручниот тим ќе види дека детето не ги задоволува критериумите да го следи едукативниот процес и да биде интегрирано во одделението без разлика дали има комплетна документација или не. Во тој случај се разговара со соодветните раководни органи во училиштето и со родителите за да се види можноста детето да биде префрлено во посебно основно училиште или соодветни специјализирани установи. Дефектологот, како што споменавме и пред малку, врши проценка на психомоторните способности на личноста на секој ученик и како таа функционира во самата средина. Добиените податоци ги внесува во досието на детето. Врз основа на овие проценки се прави план и стратегија за понатамошната едукација. Поточно таму каде се мисли дека има забавени активности, недостатоци, недоволна изграденост на |
|
The special teacher, as a member of the professional team in the regular school, has active participation in the process of inclusion, i.e. education of children with special education needs. (3) For each student with special education needs, the special teacher prepares a file with all relevant data necessary to follow up his/her development during the education. When the child starts school, the special teacher takes anamnesis or complements the data in order to get a more complete picture of the problem, and inputs data on the compulsory observation that has to be carried out for each student. This is especially important if there are no data or findings and opinions of a relevant professional institution for that particular student. It often happens that the child enrolls school without professional documentation and it is the responsibility of the special teacher to start his/her professional work. Before the special teacher gets the complete documentation (findings and opinion) from the Commission for determining specific needs of children with developmental disabilities, he makes assessment of the psychomotor and functional abilities together with the psychologist and the pedagogue. There are also cases where the professional team realizes that the child does not satisfy the criteria to be included in the educational process and to be integrated in the class regardless of the fact that he/she has or does not have a complete documentation. Then, the case is discussed between the appropriate bodies of the school and the parents in order to find solutions for the child to be sent to special primary school or appropriate specialized institutions. The special teacher, as mentioned above, makes assessment of the psychomotor abilities of the personality of each student and how he/she functions in the environment. The achieved results are filled in the child’s file. On the basis of the assessment, a plan and strategy are made for further education. More precisely, where it is thought that there is a delay of activities, weaknesses, insufficient deve- |
||
одредени структури, се посветува повеќе внимание во процесот на едукацијата и се прилагодува постоечкиот програм за работа според можностите на ученикот. Секако дека за ова треба задолжително да биде информиран одделенскиот наставник како би ги спроведувал претстојните задачи во работата со ученикот. Проценката не застанува тука, по период од шест месеци дефектологот повторно врши дијагностика (евалуација) за да види како функционира едукативниот процес, дали детето напредува во развојот, дали се јавуваат други проблеми и сл. Паралелно со текот на образовниот процес, дефектологот индивидуално работи со ученикот реализирајќи одредени стимулативни и психомоторни вежби. Тоа е многу важно да се спроведува со самиот почеток на едукацијата и поаѓањето на детето на училиште. На пр.: доколку детето не може да пишува или има проблеми со пишувањето (дизграфија) и има проблеми понатаму во читањето, дефектологот се враќа на рано доживеаните шеми за рехабилитација и го учи детето да ја совлада телесната целовитост, да се осознае себе си во просторот, да ја усвои латерализацијата, па по одреден временски период и да го усвојува читањето и пишувањето. Иако дефектологот е задолжен за учениците со посебни образовни потреби, во училиштето се наоѓаат и ученици кои имаат одредени развојни проблеми а немаат пречки во развојот, дефектологот и ним им помага да ги совладаат полесно постоечките проблеми. На пр.: тоа се деца кои имаат пречки во читањето, пишувањето, емоционални проблеми, анксиозни и агресивни ученици и ученици кои имаат потешкотии во говорот. Како што кажавме дефектологот учествува во процесот на едукацијата на ученикот со посебни образовни потреби. Тој е во постојан контакт со одделенскиот или предметниот наставник и по потреба се вклучува заедно со нив во одделението додека трае наставата за да му помогне на ученикот индивидуално во совладување на некои активности. Исто така, дефектологот по потреба го извлекува ученикот во неговиот кабинет и дополнително работи на планот на совладување на одредени едукативни аспекти. |
|
lopment of certain structures, more attention is paid to the process of education and the existing programme is adapted for work according to the child’s possibilities. Certainly, the mainstream teacher has to be informed about that so he/she can carry out the upcoming tasks in the work with such a student. The assessment does not end there, after six months the special teacher again makes assessments (evaluation) on how well the educational process functions, the child’s development, on whether other problems have appeared etc. Parallel with the duration of the educational process, the special teacher works individually with the student carrying out certain simulative and psychomotor exercises. This is very important to be carried out from the very start of child’s education. For instance, if the child is not able to write or he/she has problems in writing (disgraphy) and also has problems with reading, the special teacher returns to the early experienced schemes of rehabilitation. The special teacher teaches the child to master the body, to get to know about himself / herself in the space, to establish the lateralization, and after a certain period of time to master reading and writing. Although the special teacher is in charge of the students with special education needs, he/she also helps students from that school with certain developmental problems, but not with developmental disabilities, to solve the existing problems. For instance, these are children with diificulties to read and write, with emotional problems, anxious and aggressive students and students with speech difficulties. The special teacher participates ih the process of education of students with special education needs. He/she is permanently in contact with the class teacher or with the subject teacher and if it is needed he/she participates in the class and helps the student individually in order to master his/her activities. The special teacher also invite the student to his cabinet for additional work in order to improve some educational aspects. |
||
Дефектологот го подготвува и одделението за реално прифаќање на детето што треба да се вклучи. На другите ученици во одделението внимателно им се објаснува дека таквиот ученик не е различен од нив, меѓутоа има одредени проблеми и тие треба да го прифатат, да му помагаат во текот на наставата, да играат со него за време на одморите. Во рамките на самостојната дефектолошка работа да споменеме и некои задачи кои треба да се реализираат: · изготвување на програма за набавка на нагледни средства, опрема и помагала за работа; · активности околу уписот, приемот на децата, формирање одделенија, групи и сл; · прифаќање и распоредување на учениците со посебни образовни потреби во одделенијата; · изработка на програми за индивидуална работа со учениците. Доколку се јават одредени нерешливи проблеми или е потребна дополнителна стручна помош, дефектологот контактира и соработува со специјализираните установи и институции за рехабилитација на деца со пречки во развојот. Исто така тој бара помош и стручно мислење од други релевантни медицински установи и клиники (пр. амбуланти за логопедски третман, психијатрија, неврологија, очни болести, аудиологија, центри за медицинска рехабилитација и сл.) |
|
The special teacher prepares the class for the real acceptance of the child to be intigrated. The other students of the class are carefully informed and explained that their school-mate is not different from them, although he/she has certain problems and that they should accept him/her, to help him/her during class activities and during the breaks. Within our independent special education and rehabilitation work we should point out some tasks to be fulfilled: · Prepare a programme for purchsing teaching aids, equipment and other aids for working; · Activities during enrollment, acceptance, forming of the classes, groups etc.; · Acceptance and placement of children with special education needs in regular classes; · Prepare programmes for individual work with student. If certain problems, that cannot be solved, appear or additional assistance is needed, the special teacher contacts or cooperates with specialized institutions for rehabilitation of children with developmental disabilities. He also asks for professional opinion from other relevant medical institutions or clinics (speech therapist treatment, psychiatry, neurology, eye diseases, audiology, centers for medical rehabilitation etc). |
||
Соработка со родителите |
|
Cooperation with parents |
||
Во првиот контакт дефектологот мора да стекне доверба и сигурност од страна на родителите на децата со посебни образовни потреби. Таа доверба се однесува за самата стручност која треба да ја има дефектологот, а понатаму и позитивните човекови особини како добрина, внимателност, љубезност, хуманост итн. Дефектологот постојано контактира со родителите на учениците со пречки во развојот и помага во начинот на совладување на наставните содржини по одделни предмети и програми. Им укажува како дополнително да им се помогне на учениците во домашни услови. |
|
From the first moment, the perents of the children with special education needs must assure themselves of the special teacher giving their children confidence and security. The confidence is related to his/her professionalism, positive and friendly approach, kindess, patience, politness etc. The special teacher is permanetly in contact with the parents of the children with developmental disabilities and helps the children to overcome the difficulties in studying different subjects and contents. |
||
Исто така родителите потребно е реално да ги согледаат можностите и способностите на своето дете и во рамките на тоа да го стимулираат, а од друга страна и да го поддржуваат, пофалат и критикуваат. Дефектологот разговара со родителите за одредени проблеми кои би ги имале и ги имаат децата со социјалната адаптација и интеракција со сите деца во одделението. За одредени проблеми од социјален, едукативен аспект се ангажира и целиот стручен тим од училиштето. Родителите на учениците со посебни образовни потреби се во постојан контакт преку родителски средби и заедно со дефектологот градат стратегија за натамошните активности на децата во училиштето и надвор од него. Дефектологот треба постојано да ги анимира и родителите на учениците кои немаат пречки во развојот. Овие родители им укажуваат на своите деца за неопходноста од интегративните процеси и начинот на помош кои децата ќе им ја даваат на своите врсници. Јасно е дека денес учениците со посебни образовни потреби се сè повеќе прифатени во одделението и училиштето за што може да наведеме безброј примери. Сепак ваквиот пристап треба сè повеќе да зазема место во новите едукативни процеси и дружењето, помошта и соработката помеѓу децата да бидат уште подобри и потемелни. |
|
The special teacher also suggests how the parents can additionally help their children at home. The parents should approch the abilities and possibilitie of their children very realistically, and within that to try to stimulate, to support, to praise or to criticise their children’s work. The special teacher discusses with the parents about certain problems that the children may have with the social adaptation and the interaction with their peers in the classroom. For problems of social, educational aspect, the whole professional team in the school is engaged. The parents of the children with educational needs, being in contact with the special teachers at the parents’ meetings as well, together build strategies for indoor and outdoor activities for the children. The special teacher has to work with the parents of students without developmental difficulties as well. These parents should talk to their own children about the necessity of the process of integration and the way of helping their peers. It is obvious that students with special education needs are more and more accepted in regular classes and regular schools, and we can present numerous examples. Although this approach takes place in the educational processes, making fiends, giving help, cooperation and interaction among children should be improved and enhanced. |
||
Соработка со стручниот тим |
|
Cooperation with the professional team |
||
Како што налагаат стандардите за ефективно инклузивно училиште, главната цел на стручниот тим е обезбедување инклузивното функционирање и организација на училиштето преку континуирана мобилност и заедничко залагање на секој поединец. Стручниот тим во редовните училишта треба да го сочинуваат педагог, дефектолог, психолог и социјален работник. Во најголем број од нашите училишта ни оддалеку не е запазена оваа структура. Во некои училишта постојат и социолози како членови на стручниот тим, така што и тие можат во голема мерка да помогнат во решавањето на одредени проблеми кои се врзани за семејството и средината. Социјалниот работник и дефектологот ги идентификуваат проблемите во семејството, ги |
|
According to the standards for an effective inclusive school, the main aim of the professional team is to provide inclusive function and organisation of the school through continuous mobility and joint commitments for each student. The professional team in the regular schools should consist: a pedagogue, a special teacher, a psychologist and a social worker. In most of our schools this structure is not fulfilled. In some schools the professional team includes a sociologist who can be of great help in solving certain problems related to the family and the social environment. The social worker and the special teacher identify the problems in the family, shelter and take care of |
||
згрижуваат децата кои имаат социјални проблеми и помагаат при разрешување на конфликтите и проблемите во семејството. На дефектологот кој секогаш е во контакт со родителите и семејството од особена важност ќе му биде постојаната соработка и стручната помош во понатамошната едукација на учениците со посебни образовни потреби. Дефектологот секогаш треба да го консултира психологот за интелектуалниот статус и проблемите кои се врзани за психичките структури и функции на ученикот. Покрај самата состојба на личноста се јавуваат и дополнителни проблеми кои се однесуваат на проблемите во адаптација и прифатеност на детето, анксиозност, инхибираност, потиштеност, разни емоционални проблеми и сл. Дефектологот сиве овие прашања треба да ги решава заедно со психологот и заеднички да изнаоѓаат решенија во тој поглед. Заедно учествуваат во изработка и аплицирање на техники за мотивација за учење на учениците со развојни проблеми и со посебни образовни потреби. Исто така изработуваат и инструменти за следење и напредување на децата. Од особена важност во заедничката стручна работа претставува и соработката со училишниот педагог. Тој заедно со дефектологот треба да ја води улогата и да му помага на дефектологот во развојот на програмите за екстракурикуларни активности на учениците, изработката на одредени програмски активности за работа со учениците со развојни проблеми и со посебни образовни потреби како и поддршка на иницијативи за прифаќање на овие ученици. Секако може уште многу работи да се посочат за важноста од помошта на педагогот во работата на дефектологот, како на пример: следење на напредувањето на децата, редовно учество во работата на училишниот инклузивен тим, решавање на конфликти и сл. Една од клучните улоги во процесот на едукација на учениците со посебни образовни потреби ја има одделенскиот наставник. Дефектологот му помага на наставникот (а може да кажеме и обратно) во запознавање со најважните особини во образованието на ученикот, со |
|
the children with social problems and help them to resolve the conflicts and the problems in their family. For the special teacher, who is always in contact with the parents and the family, it is very important to cooperate and receive expert assistence in the further education of students with special education needs. The special teacher has to consult the psychologist on the intellectual status and the problems related to psychic structures and functions of the student. Besides the students’ conditions, additional problems appear such as problems of adaptation and acceptance of the child, anxiety, inhibition, depression, various emotional problems etc. The special teacher tries together with the psychologist to solve these issues. They together create and apply for techniques for motivation of learning in students with developmental problems and special education needs. They also create instruments for follow up and development of students. The cooperation with the pedagogue is also of great importance for the professional work. The pedagogue has to help the special teacher in developing programmes for students’ extracurricular activities, preparation of certain programmed activities for working with students with developemntal problems and special education needs, as well as for supporting initiatives for accepting such children. We could ceratinly mention many other activities of the pedagogue important for the work of the special teacher such as the follow up of the child’s enhancement, regular participation in the school inclusive team work, conflict solving etc. One of the key roles in the educational process of students with special education needs is the class teacher. The special teacher helps the regular teacher (or vice-verse) in getting to know the most important features of the student’s education, the |
||
начинот по кој детето ќе добива информации за процесот на учењето, како ќе може да комуницира со него и во какви образовни дејности може да учествува. Заедничката работа и комуникација ја согледуваме низ: · специфичната методичка помош по одделни образовни дисциплини; · заедничкото планирање на активностите; · проверката и оценувањето на знаењето на ученикот; · обезбедувањето стручна литература и техничко-технолошки и аудиовизуелни средства; · засилената индивидуална работа со овие деца и диференцираните пристапи во учењето; · афирмацијата на постапките за учење со разбирање во рамките на можностите на секое дете. (3) Треба да нагласиме дека дефектологот кога е потребно задолжително се вклучува и во наставата заедно со наставникот и изведува дополнителна индивидуална активност со ученикот со посебни образовни потреби. Честопати ќе биде потребно, во зависност од тежината на програмските содржини, како што нагласивме претходно дополнително да го земе ученикот од одделението и да работи со него.
* Наместо заклучок, би сакале да констатираме дека улогата на дефектологот во процесот на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби е навистина голема, не запоставувајќи го тука и стручниот тим. Неминовно се гледа сè понагласената потреба од континуирано вклучување и конечно вработување на дефектолозите во редовните основни училишта. Ова посебно сакаме да го потенцираме, бидејќи во почетокот на инклузивниот процес во нашата земја се споменуваше моделот на ресурсни служби и мобилни дефектолози кои би одделе по училиштата и би вршеле стручни активности. Врз основа на досегашното искуство и какви сè и колку сè работни задачи претстојат пред дефектологот, сметаме дека тој постојано треба да биде присутен во редовното училиште. |
|
way of obtaining information in the learning process, the way of communication with the student and what kind of educational activities he can participate in. Mutual work and communication is comprehended through: · Specific methodical assistance in certain educational disciplines; · Mutual planning of activities; · Testing and assessment of the student’s knowledge; · Providing professional literature, techno-technological and audio equipment; · Enhanced individual work with these children and differentiated approaches to learning; · Affirmation of learning procedures with understanding within the abilities and possibilities of each child; (3) It should be pointed out that the special teacher, whenever it is necessary, is included in teaching together with the regular teacher, and performs additional individual activities with the student with special education needs. Depending on the level of the program contents, very frequently the special teacher has to work individually with the student out of the classroom.
* Instead of conclusion, we would like to point out that the role of the special teacher in the process of inclusion of children with special education needs is of great importance, without neglecting the importance of the professional team. It is obvious that there is a need of including special teachers and employing them in the regular primary schools. We want to emphasize this, because at the beginning of the inclusive process in our country, there were talks on the model of resource services and a mobile special teacher, who could visit schools and perform various professional activities. On the basis of the previous experience on special teachers’ duties and tasks, we think that he/she has to be included in the regular schools. |
||
Некаде ќе биде само еден, меѓутоа некаде треба да бидат и најмалку два дефектолога. Има основни училишта во Македонија кои имаат преку 30 ученици со посебни образовни потреби. Овој приказ не кажува ништо ново на стручен план во работата на дефектологот, меѓутоа дава насоки и ги синтетизира повеќето стручни активности што треба нашиот стручен профил да ги реализира и да биде подготвен кога ќе се најде во основните училишта. |
|
Some schools may need only one special teacher and others may need two or more. There are primary schools in Macedonia that have over 30 students with special education needs. This paper does not tell you anything new on the professional plan of the special teacher’s work, but it gives directions of the professional activities that should be performed by the professional team, that has to be prepared for work in the regular primary schools. |
||
|
|
|
||
Citation:Ajdinski G. The Role of the Special Teacher in the Process of Inclusion in the Regular Primary Schools. J Spec Educ Rehab 2007; 8(1-2):5-14. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. Ајдински Г, Киткањ З, Ајдински Љ. Основи на дефектологијата, Македонска ризница, Куманово, 2007. 2. Ајдински Љ. Методика на ран третман и предучилишно воспитание, скрипта. |
|
3. Министерство за образование и наука, Стандарди за ефективно инклузивно училиште, Скопје, 2006. 4. Министерство за образование и наука, Национална стратегија за развој на образованието во РМ, 2005-2015, Скопје, 2006. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE