JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 47818
МИКРОЛИНГВИСТИЧКА АНАЛИЗА НА НАРАЦИЈА НАПРАВЕНА ОД 10-ГОДИШНИ ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНО ЈАЗИЧНО ОШТЕТУВАЊЕ
Маринка ГРОБЛЕР, Диана АРАПОВИЌ
Советодавен центар за деца, млади и родители |
|
MICROLINGUISTIC ANALYSIS OF NARRATIVE PRODUCED BY 10-YEARS OLD CHILDREN
Marinka GROBLER, Diana ARAPOVICH
Counselling Centre for Children, Youth and Parents Ljubljana, Slovenia |
Вовед |
|
Introduction |
Специфичното јазично оштетување е развојно нарушување за кое не се познати причините, а го карактеризираат различни профили на јазични тешкотии и од различни степени на тешкотија. Главно влијае врз областа на граматиката и заради оштетувањето сведоци сме на опструкција во процесот на јазичните пораки и во користењето на јазикот со цел комуникација и настава. Децата со СЈО се склони кон тешкотии на повеќе нивоа на оралниот јазик, вклучувајќи ги фонологијата, синтаксата, вокабуларот и прагматиката. Граматиката, која ги интегрира морфологијата и синтаксата, е област каде јазичните тешкотии и дефицити се најизразени и видливи. Типичните граматички грешки често се спомнуваат како видливи знаци на специфичното јазично оштетување. Изразувањето и разбирањето на граматиката (граматичките правила) кај некои деца е сржта на нивниот дефицит. Типичниот дефицит се јавува во организирањето на деловите на реченицата како и во координираните и некоординираните врски кои се потребни за интерпретација и составување реченица. Формирањето на специфични и јасни граматички врски меѓу зборовите и изразите претставува голем проблем за некои деца. Меѓутоа, овој проблем може лесно да се идентификува и најчесто јасно е изразен кај наративните способности. Дефицитите во областа на изразувањето можат да се набљудуваат во формирањето, организирањето и подредувањето на вербалната порака. Децата се соочуваат со проблеми во оваа област кога од нив се бара за да раскажат приказна, да направат резиме, да опишат настан или да формираат и дадат инструкции. Така, кога детето раскажува, забележуваме паузи кои водат до пелтечење. Тогаш тие често повторуваат зборови, текот на деталите може да биде непрекинат, постои мноштво на искривени или дури и измислени зборови, користат кратки реченици или одбиваат воопшто да зборуваат. Во споредба со децата без јазични тешкотии, децата од основно училиште со специфични јазични оштетувања постигнуваат послаби резултати кај наративните способности. (1) Утврдено е дека должината на нарацијата (која се мереше со вкупниот број на сите нарации) е помала кај децата со јазично оштетување. Тие користат помалку сложени реченици и им треба многу повеќе охрабрување за да раскажуваат. Меѓутоа, и покрај ова, тие користат ист број на сврзници за поврзување на реченицата и создавање кохезија. За да се надмине застанувањето во нарацијата, тие дури ги применуваат и таму каде не се потребни или едноставно ги повторуваат по секое поттикнување за да продолжат. Тие ги користат на погрешен начин, повторувајќи и додавајќи сврзници за да си помогнат да бидат пофлуентни (2). Постојат неколку студии за забавувањето на децата со јазични оштетувања во областа на наративните способности. Во своите студии, Лели (3), Лилес (4), Еванс (5), Ботинг (6), Кадерварек и Салзби (7) спомнуваат значително послаби резултат во сите анализирани варијабли сврзани со еден наративен текст, додека се осврнуваат главно на микролингвистичките анализи без разлика на различните наративни жанри. Овие разлики се поголеми кај малите предучилишни деца, а помали кај постарите деца. Развојниот фактор ги диференцира децата повеќе во кохерентноста на нарацијата отколку во кохезијата. Реили и соработниците (8) спроведоа истражување во областа на наративните способност кај три групи деца: деца со јазично оштетување, деца со еднофокусната мозочна повреда и децата со Вилијамсов синдром. Тие беа на возраст од 4-12 години. Сите три групи се споредуваа со групите деца без јазични тешкотии. Наративните текстови се добија со раскажување врз основа на слики, или се анализираа на јазично ниво. Беа забележани значителни разлики во должината на наративните текстови, а исто така се набљудуваа најголемите разлики меѓу групите. Децата со јазично оштетување користеа помалку проширени реченици и дури уште помалку сложени реченици. Овде, степенот на комплексноста на синтаксата е помала во споредба со другите групи. Само децата со еднофокусна мозочна повреда ги стигнуваат своиоте врсници без јазични тешкотии на возраст од 12 год. Во својата студија за наративните способности, Ботинг (6) ги споредува децата со специфично јазично оштетување, децата со прагматски тешкотии и оние без тешкотии. Возраста на децата беше 7,7 до 8,8 години. Текстовите се добија врз основа на опишување на слики и се анализираа според должината на приказната. И двете групи деца со јазични тешкотии раскажуваа пократки приказни. Ботинг исто така тврди дека должината на нарацијата може да послужи како добар дијагностички критериум за идентификување на овие деца. Дефицитите на сите нивоа на јазичниот систем и процесите, врз кои се занова функционирањето на јазикот, исто така се одразуваат при создавањето на нарацијата и кај наративните способности. Кога децата раскажуваат, тие ги сврзуваат зборовите во повисоки целини (на пример во фрази, реченици, текстови). Правејќи го тоа, тие мора да откријат извесни семантички врски и граматички правила. Така, децата со специфично јазично оштетување раскажуваат помалку, имаат повеќе тешкотии кога ги поврзуваат јазичните елементи во текстот и раскажуваат на помалку организиран начин. Ние сакавме да ја истражуваме нарацијата од микролингвистички аспект на деца со специфично јазично оштетување споредени со деца со типичен јазичен развој исто како и разликите во нарацијата. Нашата хипотеза е дека постојат разлики во нарацијата меѓу групата деца со специфично јазично оштетување и групата деца без јазични тешкотии. Целта на истражувањето беше да се утврдат разликите во нарацијата меѓу двете групи деца со специфично јазично оштетување и групата деца со нормален јазичен развој. |
|
Specific language impairment is a developmental disorder without a known cause characterised by various profiles of language difficulties and by different levels of difficulty. It affects mainly the area of grammar and because of this impairment we witness an obstruction in the processing of language messages and in the use of language for the purpose of communication and teaching. Children with SLI tended that have difficulties at multiple levels of oral language including phonology, syntax, vocabulary and pragmatic. Grammar, which integrates morphology and syntax, is the area where language difficulties and deficits are most expressed and visible. Typical grammar mistakes are frequently mentioned as visible signs of the specific language impairment. Expressing and comprehending grammar (grammar rules) is for some children the core of their deficit. The typical deficit occurs in the agreement of sentence parts as well as in coordinate and especially subordinate relations, which are necessary for sentence interpretation and production. The formation of specific and clear grammatical relations between words and word phrases represents a big problem for some children. This problem, however, can easily be identified and is most clearly expressed in narrative abilities. Deficits in the area of expression can be observed in the formation, organisation and ordering of the verbal message. Children encounter problems in this area when they are asked to tell a story, make a summary, describe an event or form and give instructions. Thus, when a child narrates, we can detect pauses that lead to stammering. Then they also frequently repeat words, the sequence of details might be unconnected, there is a host of distorted or even made up words, they use short sentences or avoid speaking at all. In comparison with children without language difficulties, primary school children with specific language impairment reach poorer results in their narrative abilities (1). |
|
It was established that the length of narration (which was measured with the total number of all narrations) is smaller for children with language impairment. They use fewer compound sentences and need far more encouragement in order to narrate. In spite of this, however, they use the same number of connectors for linking sentences and creating cohesion. In order to overcome stopping in their narration, they even apply them where they are not needed or they simply repeat them after every encouragement to continue. They use them in the wrong way, repeating or adding connectors in order to help themselves be more fluent (2). There are several studies which report on the delay of children with specific language impairment in the area of narrative abilities. In their studies, Lely (3), Liles, (4) Evans, (5), Botting (6) Kadervarek and Sulzby (7) mention significantly poorer results in all the analysed variables connected with a narrative text, while referring mainly to microlinguistic analyses regardless of the different narration genres. These differences are greater in younger pre-school children and smaller in older ones. The developmental factor differentiates children more in the coherence of the narration than in cohesion. Reily et al.(8) carried out research in the area of narrating abilities of three groups of children: children with language impairment, children with unifocal brain lesion and children with Williams' syndrome. They were aged from 4 to¸12. All three groups were compared with the group of children without language difficulties. Narration texts were acquired with recount, on the basis of pictures, or they were analysed at the language level. Significant differences in the length of narration texts were noted and also the greatest differences between the groups were observed. Children with language impairment use the fewest compound sentences and even fewer complex sentences. Here, the extent of syntax complexity is smaller in comparison with other groups. Only the children with unifocal brain lesion catch up with their peers without language difficulties at the age of 12. |
|
|
In his study of narrative abilities, Botting (6) compared children with specific language impairment, children with pragmatic difficulties and those without difficulties. The age of the children was 7.7 to 8.8 years. The texts were acquired on the basis of description of a picture and analysed in relation to the length of the story. Both groups of children with language difficulties narrated shorter stories. Botting also claims that the length of the narration could serve as a good diagnostic criterion in the identification of these children. Deficits at all levels of the language system and the processes, on which the functioning of a language is based, are also reflected in the creation of narration and in narrative abilities. When children narrate, they connect words into higher units (for example into word phrases, sentences, texts). In doing this, they have to observe certain semantic relations and grammar rules. Thus, the children with specific language impairment narrate less, have more difficulties when connecting language elements in the text and they narrate in a less structured way. We wanted to research the narration from microlinguistic aspect of children with specific language impairment as compared to the children with typical language development as well as the differences in narration. Our hypothesis is that there are differences in the narration between the group of children with specific language impairment and children without language difficulties. The goal of the research was to establish the differences in the narration between the group of children with specific language impairment and group of children with normal language development. |
|
|
|
|
Материјал и методи |
|
Material and methods |
|
|
|
Учесници |
|
Participants |
Примерокот вклучи 28 деца на возраст од 10 години. Сите беа ученици од основно образование од Љубљана и околината. Експерименталната група вклучи 14 деца со специфично јазично оштетување (СЈО). Експертски тим на Советодавниот центар оштетувањето го дијагностицираше според важечките критериуми. Контролната група вклучи 14 деца со нормален јазичен развој (НЈР). Групите беа еднакви во однос на пол, возраст и социо-културен статус. Мајчиниот јазик беше словенечки и сите беа монолингвални. |
|
The sample included 28 children aged 10 years. They were all primary school pupils from the wider Ljubljana area. The experimental group included 14 children with specific language impairment (SLI). |
|
Expert team of the Counselling Centre diagnosed the impairment according to the valid criteria. The control group included 14 children with normal language developmental (NLD). The groups were equal as to gender, age, and socio-cultural status. Mother tongue of all children was Slovene and they were all monolingual. |
|
|
|
|
Придобивки и анализа на |
|
Acquisition and analysis |
Нашата анализа на нарацијата беше направена врз основа на спонтан говор. За добивање материјали за нарација, применивме неорганизирана форма на поттикнување т.е. раскажување на лично искуство со едно животно. Нарациите беа снимени, транскрибирани, а наративните текстови се анализираа на микролингвистичко ниво. Наративните текстови се анализираа врз основа на варијабли кои го дефинираа просторот на микролингвистичките наративни способности. Вкупниот број реченици е варијаблата која ги вклучува сите реченици што се појавуваат во наративниот текст, без разлика дали тие се проширени или прости. Бројот на сите реченици исто така е мерка за оценката на нарацијата или должината на текстот. Варијаблата број на проширени реченици ги вклучува сите проширени реченици што се појавуваат во наративниот текст. Според Лабов (7), скелетот на наративниот текст се состои од проширени реченици. Од гледна точка на наративна анализа, текстот е со повисок квалитет ако вклучува неколку проширени реченици. Варијаблата број на сврзници ги вклучува сите сврзници што ги сврзуваат зборовите и речениците. Тие се фундаментални индикатори на синтаксичка и семантичка компетентност. Сврзувачките елементи (граматичкото име им е сврзници) го вклучуваат прилогот за време тогаш, комбинацијата на сврзникот и и прилогот тогаш: и тогаш и сите други зборови значат исто. Варијаблата број на стимулациите ги рефлектира разликите во организирањето на нарацијата на ниво на кохезија и кохерентност. |
|
Our analysis of the narration was made on the basis of spontaneous speech. In acquiring materials for narration, we applied the unstructured form of encouragement i.e. narrating personal experience with an animal (recount). The narrations were recorded, transcribed, and the narration texts were analysed at the microlinguistic level. The narration texts were analysed on the basis of variables which defined the space of microlinguistic narration abilities. Total number of sentences is the variable which includes all the sentences which appear in the narration text, regardless of whether they are compound or simple. The number of all sentences is also the measure of the scope of narration or the length of the text. The variable Number of compound sentences includes all the compound sentences which appear in the narrated text. According to Labov (7), the skeleton of a narration text consists of compound sentences. From the point of view of narrative analysis, the text is of higher quality if it includes several compound sentences. The variable Number of connectors includes all the connectors which connect words and sentences. They are the fundamental indicators of syntactical and semantic competence. The connectors (the grammatical name for them is conjunctions) included also the time adverb then, the combination of conjunction and and the adverb then: and then and all other words meaning the same. The variable Number of stimulations reflects the difficulties in the structuring of the narration at the level of cohesion and coherence. |
Нарацијата на децата со специфично јазично оштетување често се карактеризира со паузи, повторување на зборови, помалку или повеќе забавено изразуваање, пелтечење или слично. Заради оваа причина, ние треба да го поттикнуваме текот на нарацијата за да можат децата да ги надминат пречките и продолжат да зборуваат. Ако забавувањето беше предолго, ние ги стимулиравме децата со комбинација на сврзникот и и прилогот за време тогаш (и тогаш) за да можат полесно да продолжат. |
|
The narration of children with specific language impairment is frequently characterised with pauses, word repetitions, more or less expressed delays, stammering and similar. For this reason, we have to encourage the flow of the narration so that the children overcome the obstacles and continue talking. If the delay was too long, we stimulated the children with the combination of the conjunction and time adverb and then so that they could continue more easily. |
|
|
|
Методи и обработка на податоци |
|
Methods of data processing |
Спонтаниот говор на сите учесници во истражувањето беше снимен на лента и потоа транскрибиран и кодиран. Наративните текстови беа анализирани врз основа на варијаблите кои го дефинираа обемот на наративните способности. Разликите меѓу учесниците на истражувањето беа утврдени со робусна дискриминантна анализа (8, 9) и сите варијабли беа тестирани со анализа на различност. |
|
Spontaneous speech of all the participants in the research was recorded on tape and then transcribed and coded. The narration texts were analysed on the basis of variables which defined the space of narration abilities. Differences between the participants of the research were established with the robust discriminative analysis (8, 9) and all variables were tested with the variance analysis. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
Резултатите од робусната дискриминантна анализа и едноваријантната анализа на отстапување се сумирани за сите четири варијабли во табелата 1 и табелата 2. |
|
The results of robust discriminant analysis and univariate analysis of variance are summarised for all four variables in Table 1 and Table 2. |
|
|
|
Табела 1: Резултати на робусната дискриминантна анализа во варијабли меѓу групата СЈО и групата НЈР |
|
Table 1: Results of Discriminant analysis in variables between SLI group and NLD group |
Функција (Function) |
Ламбда (Lambda) |
F |
df1 |
df2 |
Sig. |
1 |
.9185 |
13.19 |
26 |
1 |
.002 |
Наративните текстови што се добија со неорганизираното поттикнување (раскажување) се анализираа врз основа на следните варијабли: вкупен број на изјави, број на проширени реченици, број на сврзници и број на стимулации. Врз основа на дескриптивната анализа, утврдивме статистички значајни разлики кај групите на сите учесници во вкупниот обем на варијаблите на наративниот текст (оценките на параметрите на дискриминантната функција се: |
|
Narration texts that were acquired with unstructured encouragement (recount) were analysed on the basis of the following variables: total number of statements, number of compound sentences, number of connectors and number of stimulations. On the basis of descriptive analysis, we established statistically significant differences for the groups of all participants in the total space of variables of the narration text (assessment of parameters of the discriminating function are: |
сила на ламбда дискриминација=0.9185,F=13.19 статистички сигнификантно на P=0.02 и центроиди на експирименталната група C1=-0.68 и контолната група C2=.068). |
|
strength of lambda discrimination=0.9185, F=13.19 statistically significant on P=0.02 and the centroides of the experimental group C1=-0.68 and control group C2=.068). |
|
|
|
Табела 2: Резултати на едноваријантната анализа на отстапување за двете групи деца |
|
Table 2: Results of the univariate variance analysis for both groups of children |
Варијабли
(Variables)
|
СЈО средна вредност СД |
НЈР средна вредност СД |
F |
Sig. |
Вкупен број на изјави (Total no. statements) |
-.24 (1.15) |
.24 ( .74) |
2.69 |
.110 |
Број на проширени реченици |
-.37 ( .68) |
.37 (1.13) |
5.20 |
.029 |
Број на сврзници |
-.36 (1.02) |
.36 ( .84) |
4.99 |
.032 |
Број на стимулации |
.37 (1.19) |
-.37 ( .56) |
5.28 |
.028 |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE