JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 73044
СОСТОЈБА, ПРОБЛЕМИ И РАЗВОЈ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРАБОТУВАЊЕТО НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Љупчо АЈДИНСКИ
Член на Национално координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ |
|
THE CONDITIONS, PROBLEMS AND DEVELOPMENT OF EDUCATION AND EMPLOYMENT OF PEOPLE WITH DISABILITIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA
Ljupcho AJDINSKI
Member of the National Coordinative Body For equal rights of people with disabilities in RM |
||
|
|
|
||
Состојба |
|
Conditions |
||
Образованието и вработувањето на лицата со инвалидност во РМ се организира и изведува врз воспоставен систем кој опфаќа: превентива, детекција, дијагностика, рана интервенција, предучилишно, основно, средно и високо образование, вработување, социјализација, интеграција и институционално згрижување.
|
|
The education and employment of people with disabilities in the Republic of Macedonia is organized and carried out through an established system that includes: prevention, detection, diagnosis, early intervention, pre-school, primary, secondary and higher education, employment, socialization, integration and institutionalalized care. | ||
За успешна реализација на системот работат следните установи и стручни служби: 1. За рана интервенција постојат: 2 специјализирани развојни центри и 2 институции за ментално здравје при здравствените домови во Скопје и Битола за детекција, дијагностика, рана интервенција и следење на функционалниот раст и развој на ризично родени деца; 2. За посебно предучилишно воспитание за деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби со потежок недостаток постојат посебни групи при 7 посебни установи: по една за слепи и деца со аутизам; телесно инвалидни деца; две за деца со умерена, тешка и длабока психичка попреченост, како и две за деца со оштетен слух и говор. Во сите овие облици се опфатени околу 150 деца; 3. Во редовни детски градинки опфатени се повеќе од 250 деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби од предучилишна возраст; 4. За посебно основно образование за деца со посебни образовни потреби од разни видови и степени на попреченост постојат 7 посебни основни училишта и тоа: по едно училиште за глуви, слепи и тешко инвалидни и четири училишта за ученици со лесна и умерена психичка попреченост со вкупно опфатени 656 ученика; 5. Покрај посебните училишта за посебно основно образование, постојат уште 69 посебни одделенија за ученици со лесна психичка попреченост при редовните основни училишта со 346 ученици; 6. Во 1998 година, се започна и со инклузија (вклучување) на децата со посебни образовни потреби во редовните одделенија во 5 редовни основни училишта, а сега тој број е проширен на повеќе од 73 со околу 200 ученици со посебни образовни потреби; 7. Посебното средно образование се изведува во 4 посебни средни училишта: по едно училиште за глуви и слепи ученици и две училишта за ученици со лесна психичка попреченост со 303 ученика; 8. Покрај посебното средно образование слепи, слабовидни, наглуви, телесно инвалидни и глуви посетуваат и редовни средни училишта; 9. Во високото образование се вклучени слепи лица на музички академии, филозофски факултет, правен факултет; глуви на уметничка академија, филозофски факултет и телесно инвалидни лица на правниот, економскиот, техничкиот и во други високо образовни установи; 10. За деца и младинци со умерена психичка попреченост постои една установа за заштита, образование и рехабилитација со 70 корисници; 11. За лица со тешка и длабока психичка попреченост постои една установа во која се згрижени 330 лица со обезбедена здравствена заштита, нега, исхрана, терапевтски третман, работна окупација, воспитни активности и тренинг; (1) 12. За дневен престој и работна окупација за лица со потежок инвалидитет од страна на Министерството за труд и социјална политика организирани се 17 дневни центри, во кои се опфатени 317 лица со потежок инвалидитет, а од страна на Центарот „Порака“ организирани се 6 центри во кои се опфатени 106 лица со потежок недостаток; (2) 13. Од 2001 година започна деинституционализација на тешко психички попречени деца и досега се сместени во биолошки и други згрижувачки семејства, повеќе од 30 деца; 14. Во 2007 година се започна со подготовки за создавање услови за отворање на дом-семејства-станови во станбени згради во кои самостојно ќе живеат лица со умерена и тешка психичка попреченост со поддршка; 15. За оспособување за работа и вработување на лица со инвалидност постојат 650 заштитни трговски друштва во кои се вработени 7.900 лица од кои 3.550 се инвалиди; Исто така постојат и 190 трговци-поединци каде се вработени 630 лица од кои 460 се инвалиди. |
|
The following institutions and professional services provide for a successful realization of the system: 1. For early intervention there are: 2 specialized developmental centres and 2 institutions for mental health at the health centres in Skopje and Bitola for detection, diagnosis, early intervention and follow up of the functional growth and development of children born with a risk; 2. For pre-school upbringing of children with developmental problems and severe disabilities and special education needs there are special groups at seven special institutions. One institution for each blind, children with autism, and physically disabled children, two institutions for moderate, hard and severe psychic disabilities, as well as two for children for impaired hearing and vision. The institutions include about 150 children; 3. The regular kindergartens include more than 250 children with developmental problems and special education needs at pre-school age; 4. For special primary education of children with special education needs and different kind and degree of disabilities there are seven special primary schools: one school for each blind, deaf and physically hard disabled children, and four schools for children with mild and moderate psychic disabilities, including the total of 656 students; 5. Besides the special schools for special primary education, there are other 69 special classes (with the total number of 346 students) for students with mild psychic disabilities included in the regular primary schools; 6. The inclusion of children with special education needs in the regular classes at five regular primary schools started in 1998, but now this number has increased to 73 schools with about 200 students with special education needs; 7. The special secondary education is carried out in four special secondary schools: one school for each deaf and blind, and two schools for students with mild psychic disabilities with the total number of 303 students; 8. Besides the special secondary education, there are blind, with poor vision, hard-of-hearing, physically disabled and deaf students who have enrolled regular secondary schools; |
||
|
9. Blind students have been included in the higher education at the Musical Academy, Faculty of Philosophy, and the Faculty of Law ; deaf students at the Fine Arts Academy and Faculty of Philosophy; students with physical disabilities at the Faculty of Law, Faculty of Economics, Technical Faculty and other higher educational institutions; 10. For children and youth with moderate psychic disabilities there is an institution for protection, education and rehabilitation with 70 users; 11. For people with hard and severe psychic disabilities there is an institution sheltering 330 students with provided health care, therapeutic treatment, nutrition, work occupation, upbringing and training; (1) 12. There are 17 daily centres organized by the Ministry of Labour and Social Policy for a day stay and work occupation for people with hard disabilities, including 317 people with hard disabilities, as well as 6 centres organized by the Centre « Poraka » which include 106 people with hard disabilities; (2) 13. Deinstitutionalization of children with severe psychic disabilities started in 2001, and more than 30 children have been sheltered in biological or foster families since then; 14. Preparations for making conditions for opening home-family-flats in buildings in which people with moderate and hard psychic disabilities can live with support; 15. There are 650 shelter commercial companies for work training and employment of people with disabilities, employing 3.550 disabled people out of the total number of 7.900 employees. There are also 190 one-man commercial firms employing 630 people out of which 460 are disabled people. |
|||
Проблеми |
|
Problems |
||
Во досегашната работа на установите постигнати се забележителни резултати, но постојат и одредени проблеми. Дозволете да го насочам вашето внимание кон следното: |
|
So far the institutions have achieved significant results, but still there are certain problems. Allow me to attract you attention to the following: |
||
1. Двата специјализирани развојни центри и двете институции за ментално здравје за детекција, дијагностика, рана интервенција и следење на ризично родените деца, иако добро работат, се недоволни да ги задоволат потребите на државата, бидејќи работат само во Скопје и Битола. Има просторни и кадровски услови во медицинските центри во другите општини и во нив треба да се организираат такви установи; 2. Во предучилишното и основното воспитание и образование постојат голем број напластени проблеми како што се: · Мал е бројот на вклучени деца со полесна попреченост во редовните детски градинки, а и таму каде што има вклучено, иако има побарување до Министерството за образование и наука, нема поставено дефектолози за помош на воспитувачите и за работа со таквите деца; · Посебните основни учлишта повеќе од 30 години изведуваат настава по стари програми. Овие денови сме информирани дека тие се изготвени од Бирото за развој на образованието, но сè уште не се објавени; · Во посебните одделенија при редовните училишта, условите за работа, особено просторните, како и опремата, наместо да се подобри од оние во редовните одделенија, тие се многу полоши; · Во редовните основни училишта во кои има вклучено ученици со посебни образовни потреби нема вклучено дефектолози за помош на наставниците и за работа со таквите деца иако инклузијата се спроведува повеќе од 10 години; · Инклузијата се врши неорганизирано и нестручно. Децата се примаат во училиштата без наод и мислење. Не постојат програми за индивидуална работа. Не постои надлежна служба за следење на овој процес и не се води евиденција за вклучените ученици; · Не е донесен посебен закон и соодветни стандарди и нормативи за инклузија и за финансирање на истата, како што има во многу европски земји каде инклузијата успеала; · И по десет години од спроведувањето на инклузијата не е направена евалуација на истата од надлежен орган или од УНИЦЕФ како финансиер на поголем дел од истата; · Во посебните училишта и установи постои долгогодишна негативна кадровска политика, директорска функција вршат „вршители на директори“ а спротивно на законот на таа функција се поставуваат лица кои не се дефектолози. Исто така во посебните училишта и установи се поставуваат лица кои не се дефектолози и на наставнички и воспитувачки работни места. 3. Во посебните средни училишта за ученици со посебни образовни потреби постои потреба од иновации од воведување на нови софистицирани занимања, бидејќи сегашната практика е застарена. Потребно е изготвување на нови програми и ангажирање соодветен стручен кадар; 4. Во изминатите години направени се позитивни чекори за студирање од страна на лица со инвалидност на високообразовните институции, но ваквата вклученост е недоволна и треба да се направат напори за поголем опфат во високото образование и подобрување на условите за нивно успешно студирање; 5. Установата за умерена и тешка психичка попреченост, иако врши образовна дејност повеќе од 40 години, одделни државни органи го оспоруваат образованието на овие лица (во актите на установата е избришано образованието) наспроти светските и европските документи и определби. Таа дејност се оспорува и во центрите за дневен престој. Оспорувањето ќе треба да се запре, бидејќи со ваквата постапка се загрозуваат правата за образование на овие лица предвидени во правилото бр. 6 од Стандардните правила усвоени од ОН и во најновата Конвенција на ОН за правата на лицата со инвалидност донесена во декември 2006 година; (3) 6. Установите за лица со тешка и длабока психичка попреченост и за тешко телесно инвалидни лица, покрај другите тешкотии што ги имаат, долго време работат со голем број намален негователски кадар, што во голема мера се одразува врз хигиената, здравствената заштита, во исхраната и во безбедноста на корисниците; 7. Во центрите за дневен престој се врши прием неорганизирано, без наод и мислење, без целосно финансирање на трошоците, без ангажирање на потребен стручен дефектолошки кадар, дидактичките и другите нагледни средства се недоволни, има проблеми со превозот на корисниците итн; 8. Во заштитните трговски друштва поголемо внимание се обрнуваше на отстранувањето на злоупотребите во користењето финансиски средства, што беше добро, но малку внимание се обрнуваше на условите во кои работат лицата со инвалидност, не е ангажиран доволно стручен кадар во работата со овие лица, адаптацијата и прилагодувањето на работните места според видот и степенот на инвалидноста се недоволни и др. |
|
1. Although the two specialized developmental centres and the two institutions for mental health for detection, diagnosis, early intervention and follow up of children born with risks work well, they are insufficient and cannot satisfy the needs of the state, because they operate only is Skopje and Bitola. There are spatial and personnel conditions in the medical centres in other municipalities, but such institutions have to be organized there; 2. There are many problems in pre-school and primary school education such as: · Only a small number of children with mild disabilities are included in the regular kindergartens. But even they are included, and although it has been requested from the Ministry of Education and Science, there are no special educators to assist to the nursery teachers who work in those institutions; · The special primary schools carry out the curricula that are more than thirty years old. The Bureau for development of education has prepared new curricula, but they have not been announced yet; · The special classes in the regular primary schools cope with spatial problems, with lack of equipment. In stead of being better equipped than the regular classes, they are badly equipped; · Although the inclusion has been carried out for more than ten years, the special educators have not been included to assist the mainstream teachers in those school with students with special education needs and to work with those children; · The inclusion has not been carried out well-organized and professionally. The children are accepted in schools any findings or opinions. There are no curricula for individual work. There is no authorized service for following up of this process and registering included students; · There is no special Law on appropriate standards and norms on the inclusion and its financing, as it is in many European countries, where the inclusion has shown positive experiences; |
||
|
· Although the inclusion has been carried out for more than ten years, there has not been any evaluation of it, done by the authorized organ or UNICEF, as the biggest supporter of inclusion; · There has been a negative personnel policy for long in the special schools and institutions, and the directors’ function has been done by vice directors, and against the Law, this function has been done by people who are not special educators. The same happens in the special schools and institutions with the positions of teachers and nursery teachers, special teachers have not been employed either. 3. There is need for innovation and inclusion of new sophisticated vocations in the special secondary schools, because the existing practice is old-fashioned. New curricula have to be prepared and appropriate professional staff has to be engaged; 4. In the recent years, positive steps have been made for enabling students with disabilities to study at higher educational institutions, but this inclusion is insufficient, and needs further attempts in order more students to achieve higher education, and as well as to improve the conditions for their successful studying; 5. Although the Institution for hard and severe psychic disabilities has performed educational activities for more than 40 years, certain state organs deny the education of these people (education is omitted from the acts of this institution) contrary to the international and European documents and commitments. This activity has been denied by the centre for day stay as well. This denial should stop, because such procedure endangers the rights to education of these people according to Rule no. 6 of the Standard Rules adopted by UN and the latest UN Convention on the rights of people with disabilities brought in December 2006; (3) |
|||
|
6. Besides other difficulties, the Institutions for people with hard and severe psychic disabilities and hard physical disabilities, have worked for a long time with reduced number of nursing staff, what, in fact has been reflected on the hygiene, health care, nutrition and the security of the users; 7. Centres for day care accept patients without findings and opinion, unorganized, without complete financing of the expenditures, without engaging professional staff-special educators, without sufficient didactical and other teaching aids, with problems related to transport of the users etc; 8. In the shelter commercial companies more attention has been paid to avoid misuse of funds, which is good, but no attention has been paid to the conditions in which people with disabilities work, to the lack of the professional staff working with these people, and to the work place adaptation according to the degree of disabilities etc. |
|||
Новини |
|
Innovations |
||
Напредокот на науката, а посебно на биохемијата, хуманата генетика, психологијата, медицината и педагогијата влијаеше врз процесот на созревањето на сознанието за квалитетно менување на општествената практика во третманот на овие лица. Од органите и специјализираните агенции на ООН и Европската унија, се донесоа бројни резолуции и декларации во кои се сугерира комплетна ревизија на целокупното законодавство за правата на лицата со инвалидност. Меѓународните документи укажаа на потребата за нивно имплементирање во националното законодавство за почитување на сите права содржани во овие документи и со обврска да бидат достапни до надлежните органи, организации, установи и медиуми. |
|
The progress of sciences, especially biochemistry, humane genetics, psychology, medicine and pedagogy has influenced the process of knowledge enhancement for quality change of the social practice in the treatment of these people. Different bodies and special agencies of UN and the European Union have brought numerous resolutions and declarations suggesting complete revision of the entire legislation related to the rights of people with disabilities. The international documents have indicated on the need for implementing them in the national legislation for respecting all rights included in those documents and with obligations to be available for the authorities, organizations, institutions and media. |
||
Во овие документи се содржани голем број новини и искуства за образовната стратегија за децата со посебни образовни потреби како што се: образование за сите деца, интеграција и инклузија во редовните средини, неиздвојување на овие деца од семејната и блиската средина, менување на свеста за односот кон овие лица, што ни овозможи и кај нас да започнеме со организирани активности околу спроведувањето на овие нови алтернативни решенија. (3) |
|
These documents contain a large number of innovations and experience about the educational strategy for children with special education needs such as: education for all children, their integration and inclusion in the environment, keeping these children within the family or close environment, change of the awareness about these people. These documents have enabled us to start with organized activities for carrying out these new alternative solutions. (3) |
||
|
|
|
||
Развој |
|
Development |
||
1. Потребна е доследна имплементација на меѓународните документи во националното законодавство. Надлежните републички органи потребно е што поскоро да донесат национална стратегија и закон за инклузија и нејзино финансирање, како и да ги донесат потребните нормативи и стандарди за спроведување на инклузијата; 2. Потребно е организирано спроведување на инклузивните и деинституционалните облици со сите обезбедени предуслови за тоа, но и задржување на постојните облици за третман на децата со потешка попреченост во помали капацитети и поблиску до средината од каде што се децата со инвалидност; 3. Предучилишното воспитание на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби треба да се организира и спроведува во редовните детски градинки заедно со другите деца со обезбедена стручна помош од дефектолог, а за оние со потешки и комбинирани недостатоци да се организираат посебни групи за дневен престој во градинките, односно во дневните центри; 4. Основното образование треба да биде достапно за сите ученици со посебни образовни потреби. Треба да се настојува вклучување на полесните случаи во редовните одделенија, таму каде што тоа е можно, според видот и степенот на попреченоста на учениците, но под услов да се обезбедени сите потребни услови за остварување на инклузијата и што побргу да се направи евалуација на досегашната десетгодишна практика; 5. Средното образование ќе треба повеќе да се осовремени со нови софистицирани занимања и следење на интегративните процеси со претходно обезбедени и исполнети услови; 6. Во сите градинки, основни и средни училишта каде има вклучено деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби, треба да бидат вклучени дефектолози (специјални едукатори) кои покрај тоа што ќе им помагаат на воспитувачите и учителите, ќе работат и поединечно со секое дете најмалку 4-5 часа во неделата; 7. За успешно вклучување на лицата со инвалидност во високото образование треба да се извршат подготовки уште во средното образование. Лицата-кандидати за запишување на факултет, при уписот под исти услови, треба да имаат предност при запишувањето и да им се обезбедат неопходните услови при студирањето; 8. Во посебните установи и центрите за дневен престој за лица со умерена, тешка, длабока и со комбинирана попреченост потребно е да се изготват стандарди, нормативи и да се обезбеди потребен дефектолошки и друг стручен кадар и да се подобрат просторните и материјалните услови; 9. За деинституционализацијата и извлекувањето на корисници од посебните установи, изборот на семејствата, обезбедувањето на станови за живеење на лица со инвалидност во нив, потребно е претходно да се донесе стратегија и закон за остварување на таа дејност и за нејзино финансирање; 10. Во однос на вработувањето на лицата со инвалидност во зашитните трговски друштва, покрај решеното финансиско прашање, треба да се обезбедат подобри услови на работните места, да се обезбеди подобар стручен инструкторски кадар, да се изготват стандарди, нормативи и правилници и да се изврши евалуација на досегашната практика. (4) |
|
1. Consistent implementation of the international documents in the national legislation is needed. The relevant state organs should adopt, as soon as possible, a national strategy and a Law on inclusion and its financing, as well as the necessary norms and standards for carrying out the inclusion; 2. It is necessary to carry out organized inclusion and deinstitutionalization with all preconditions for that, but still keeping the existing smaller facilities for treatment of children with severe disabilities close to the environments where their families come from; 3. Preschool upbringing and education of children with developmental problems and special education needs should be organized and carried out in the regular kindergartens together with the other children with provided professional assistance by a special educator. For those with hard or combined disabilities, special groups should be organized within the kindergartens, i.e. day care centres; 4. The primary education should be available for all students with special education needs. The children with easy developmental disabilities should be included in the regular classes, where it is possible, according to the kind and the degree of the students’ disabilities, only if all conditions for inclusion were fulfilled. Furthermore, an immediate evaluation of the previous ten-year practice should be done; 5. The secondary education should be modernized with new sophisticated knowledge and follow up of the integrative processes with prior provided and fulfilled conditions; |
||
|
6. The special educators should be included in all kindergartens, primary and secondary schools where the children with developmental disabilities and special education needs have been accepted. Besides their assistance to the mainstream nursery teachers or teachers, the special educators can work individually with each child at least 4-5 hours a week; 7. For successful inclusion of people with disabilities in the higher education, preparation should be done starting with the secondary school education. The future university students, entering the university under the same conditions, should be provided with necessary conditions for studying; 8. In the special institutions and centres for day care of people with moderate, hard, severe and combined disabilities, standards and norms should be prepared, as well as spatial and material conditions and professional staff should be engaged; 9. For deinstitutionalization and exclusion of the users from the special institutions, the choice of families, the flats for the people with disabilities, it is necessary to adopt strategy and a law for carrying out these activities and their financing; 10. In relation to the employment of people with disabilities in the shelter commercial companies, besides solving the financial issues, better conditions at work should be provided, professional instructors, standard, norms, and rulebooks as well. Furthermore, evaluation of the previous practice should be done (4). |
|||
Citation:Ajdinski Lj. The Conditions, Problems and Development of Education and Employment of People with Disabilities in the Republic of Macedonia. J Spec Educ Rehab 2007; 8(1-2):25-32. |
||||
|
||||
Literatura / References |
|
|
||
1. Ајдински Љ. „Сервисните служби во Македонија за заштита, образование и рехабилитација на лицата со посебни образовни потреби“, „Дефектолошка теорија и практика“, бр. 1-2, 2006. 2. Анализа за состојбата и работата на дневните центри во РМ (Министерство за труд и социјална политика). |
|
3. Ајдински Љ. „Национални и локални сервисни служби на лицата со инвалидност во Република Македонија“, „Дефектолошка теорија и практика“, бр. 3-4, 2006. 4. Ајдински Љ. „Предлози за посоодветно образование за децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби“ (Од расправата по Нацрт-националната програма за развој на образованието во РМ, „Дефектолошка теорија и практика“, бр. 3-4, 2005. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE