JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 25827
СЕ ОДРЖА ТРКАЛЕЗНА МАСА
Боге ЧАДИНОВСКИ
Член на Националното коордативното тело за еднакви права на лицата со инвалидност |
| ROUND TABLE DISCUSSION HELD IN THE CLUB OF THE MEMBERS OF THE PARLAMENT
Boge CHADINOVSKI
Member of the National Coordinative Body For equal rights of people with disabilities |
На 26.09.2007 година на одржаната тркалезна маса на тема: „Состојба, проблеми и развој во образованието и вработувањето на лицата со инвалидност во РМ” по уводните излагања и дискусиите од страна на учесниците на тркалезната маса се донесоа следните ЗАКЛУЧОЦИ: 1. Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика во рамките на своите надлежности да пристапат кон измени и дополнувања на законските прописи и со новите измени да обезбедат: · прифат на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби во предучилишното, основното и средното образование; · критериуми и стандарди за вклучување (инклузија) на инвалидните деца во редовните предучилишни, основни и средни училишта; · соодветен дефектолошки кадар, вработување на дефектолози, дополнителна стручна помош во текот на работната недела од 3 часа за предучилишна и 5 часа за училишна возраст, односно да се обезбеди вработен дефектолог; · обезбедување банка на податоци. 2. Министерството за образование и наука и Министерството за култура да обезбедат печатење на учебници и други книги за сепите лица, а исто така добро да се согледа начинот и времето на интеграција на децата во образовниот процес, да се овозможи објективна и стручна оценка за вклучувањето; 3. Во новиот Предлог-закон за високо образование да се обезбедат одредени бенефиции за лица со оштетен слух, оштетен вид и тешко телесни инвалидни лица со обезбедување на одредени права како: за глуви право на толкувач, знаковен говор како можност за комуникација, за лица со оштетен вид: да се обезбеди техничка помош и обука за Браево писмо за сите слепи лица и компјутери со потребна соодветна софтверска програма со печатачи и читачи, како и создавање услови за тешко телесно инвалидни лица за пристап до просториите во образовните институции, како и одредени бенефиции при упис и изборна постапка, стипендии, престој, исхрана и др. и финансиска компензација на државата за определените бенифиции; 4. Натамошно развивање на процесот на отварање на дневни центри, деинституционализација на децата од посебните институции, избор на биолошки и други семејства, изборот на станови за домување со претходно изградена стратегија и донесување закон за остварување на оваа дејност и нејзино финансирање; 5. Министерството за труд и социјална политика да подготви Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на законот за вработување на инвалидни лица со кои ќе се уреди зголемување на процентот од 5% на 15% од вкупно остварените средства од постојниот придонес за вработување издвоени на потсметката во Агенцијата за вработување на Р. Македонија (Посебен фонд) со примена од 01.01.2008 година; 6. Агенцијата за вработување на РМ доследно да го применува Правилникот за работно оспособување по барање на претпријатијата кои вработуваат инвалидни лица; 7. Во средното и високото образование потребно е да се обезбедат нови занимања и работни операции зависно од видот и степенот на оштетувањата на инвалидните лица, со што ќе се отворат поголем број на работни места-со можност за обезбедување на занимања од електрониката и информатиката во наредниот период, односно перспективен развој; 8. Оперативното тело при Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност да определи и ангажира работна група од 3 члена и тоа во состав: Боге Чадиновски-проф. дефектолог, Владо Додевски-дипл. инж. за заштита при работа и Љупчо Ефремов-проф. дефектолог, која ќе изготви номенклатура на занимања на кои може да работат инвалидизираните лица и координативното тело ќе се ангажира да им обезбеди просторни и материјални финасиски средства за овој проект; 9. Составен дел на овие заклучоци се предлозите од уводните излагања на тркалезната маса за образованието, законската регулатива, вработувањето на инвалидните лица, како и предлозите што произлегуваат од дискусиите и работните материјали; 10. Инвалидните лица ги потсетуваат надлежните институции во државата и одговорните лица на мотото: НЕ ПРАВЕТЕ НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС; 11. Координативното тело да го задолжи оперативното тело, претседателот и секретарот на Националното координативно тело да укажуваат и да барааат од надлежните институции реализација на овие заклучоци. |
| The round table discussion on “The Conditions, Problems and Development in Education and Employment of People with Disabilities in RM” was held on 26th September 2007. After the introductory presentations and the round table discussions the following CONCLUSIONS were brought.
1. The Ministry of Education and Science and the Ministry of Labor and Social Affairs within their authorities to approach to changes and amendments of the legal regulations in order to provide: · To accept children with developmental problems and special education needs in pre-school, primary and secondary education; · criteria and standards for inclusion of children with disabilities in mainstream pre-schools, primary schools and secondary schools; · qualified defectologists (special teachers), to employ defectologists and additional professional assistance weekly: 3 hours in pre-school institutions and 5 hours in schools; · To provide database. |
| 2. The Ministry of Education and Science and the Ministry of Culture should provide publication of textbooks and other books for the blind; should consider the way and timing for integration of these children in the educational process and enable objective and professional assessment for inclusion; 3. The new Draft Law on Higher Education should provide benefits for people with impaired hearing, impaired vision and people with severe physical disabilities. Benefits such as the right to an interpreter for the deaf and the sign language should be provided as opportunities for communication. For the people with impaired vision–technical aid and training on Braille’s alphabet, computers with appropriate software, printers and readers to be provided. For people with severe physical disabilities-access to the buildings of educational institutions to be provided; and for all certain benefits at enrollment at the University, scholarships, board and lodging and financial compensation of the state; 4. Further development of the process for establishing daily centers, deinstitutionalization of children from the special institutions, the choice of biological and foster families, the chice of housing with previously accepted strategies, as well as bringing a Law on thises issues ; 5. The Ministry of Labor and Social Affairs prepared Proposals for changes and amendments on the Law of Employment of people with disabilities in order to regulate the increase of the percentage of the total amount of the existing contribution for employment from 5% to 15%, which is allocated to sub-account in the Agency for Employment in the Republic of Macedonia (Special Fund) and is to be applied from 1st January 2008; 6. The Agency for Employment in the Republic of Macedonia to apply the Rulebook for training disabled people on the requests of enterprises that employ such people; | |
| 7. The secondary and Higher education should provide new vocations and jobs depending on the level of person’s disability, which will enable employment of these people, possible activities related to electronics and information technology, i.e. prosperous development; 8. The Operative Body of the National Coordinative Body for equal rights of people with disabilities is to appoint a working group consisted of 3 members: Boge Chadinovski–a defectologist, Vlado Dodevski–a eng. in protection at work and Ljupcho Efremov–a defectologist, to prepare the nomenclature of vocations meant for people with disabilities and the Coordinative Body should provide premises as well as financial means for this project; 9. Components of the Conclusions are the proposals in the introductory presentations of the round table discussions on education, legal regulations, employment of people with disabilities as well as proposals of the discussions and working materials; 10. People with disabilities appeal to the relevant institutions in the state and the authorities with the motto: DON’T DO ANYTHING FOR US-WITHOUT US; 11. The Coordinative Body entrusts the President and the Secretary of the National Coordinative Body to point out and appeal to the authorized institutions to carry out these conclusions. |
Adresa za separatite: |
| Address requests for reprint to: |
Боге ЧАДИНОВСКИ |
| Boge CHADINOVSKI |
„11 Октомври“ 42/а 1000 Скопје |
| “11 Oktomvri” 42/а 1000 Skopje |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE