ПРОЦЕНКА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ФУНКЦИОНАЛНИОТ ВИД КАЈ СЛАБОВИДНИТЕ ДЕЦА Даниела ДИМИТРОВА-РАДОЈЧИЌ Филозофски факултет Институт за дефектологија | | ASSESSMENT AND REHABILITATION OF FUNCTIONAL VISION IN LOW VISION CHILDREN Daniela DIMITROVA-RADOJCHIKJ Faculty of Philosophy Institute of Special Education and Rehabilitation |
Даниела Димитрова-Радојчиќ ја одбрани својата докторска дисертација на 23.01.2007 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје пред комисијата во состав: проф. д-р Владимир Радулов, проф. д-р Ристо Петров, проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Горан Ајдински и проф. д-р Зора Јачова. | | Daniela Dimitrova-Radojcikj defended her doctoral thesis on January 23th, 2007 at the Institute for Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy, University “Ss Cyril and Methodius”-Skopje before the commission cosisted of: Prof. Dr. Vladimir Radulov, Prof. Dr. Risto Petrov, Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, Prof. Dr. Goran Ajdinski and Prof. Dr. Zora Jachova. |
Целта на оваа докторска дисертација е да се утврдат различните аспекти на влијанието на индивидуалната програма за развој на функционалниот вид кај слабовидните лица. Во истражувањето беа опфатени 25 слабовидни ученици. За утврдување на степенот на функционалниот вид во иницијалното и финалното тестирање го користевме тестот DAP (Diagnostic Assessment Procedure) од Програмата за развој на ефикасноста на функционалниот вид на Barraga и Morris (1998). По анализирањето на резултатите добиени од иницијалното тестирање, изготвивме индивидуална програма за развој на визуелната ефикасност и истата ја имплементиравме во периодот од април до јуни 2005 година. Добиените резултати од финалното тестирање статистички ги анализиравме со дескриптивно статистички мерки, како што се: средна вредност, стандарна девијација и проценти на структура. Разликите меѓу нумеричките варијабли се анализирани со Student-ов t-тест. Со анализа на добиените резултати се констатира дека во иницијалното тестирање испитаниците успешно реализирале 29.12±8.78 задачи, од вкупно 40 задачи. Испитаниците покажаа најслаби резултати при решавањето на последната секција од DAP тестот, секција Х. Само 38% од испитаниците успеаја да ги идентификуваат и репродуцираат симболите предвидени за оваа секција. По внесувањето на добиените резултати од DAP-тестот во сумарната табела, пристапивме кон планирање на индивидуалната програма за развој на визуелната ефикасност кај секој испитаник посебно. Во оваа фаза од нашето истражување го користевме посебниот „Индекс за планирање инструкции“, односно водич, со кој направивме анализа на визуелните способности на секој испитаник посебно, но воедно ги утврдивме и лекциите кои треба да се планираат при изготвувањето на оваа програма. Значи, лекциите започнавме да ги применуваме врз основа на добиените резултати од DAP-тестот. По спроведувањето на предвидените лекции, повторно ги тестиравме испитаниците. Во финалното тестирање констатиравме дека се зголемил бројот на успешно реализирани задачи. Имено, испитаниците успеаја да решат 36.28±4.99 задачи од можни 40. Значи, применетата индивидуална програма довела до развој на ефикасноста на визуелното функционирање кај слабовидните ученици (p<0.01). Подобрувањето на резултатите во финалното тестирање покажуваат и висока корелација помеѓу резултатите пред и по примената на програмата (r=0.94). Истата е статистички значајна на ниво од 0.01. Од нашето истражување, може да заклучиме дека рехабилитацијата на слабиот вид е битен фактор во целокупната рехабилитација и школување на слабовидните ученици, па поради тоа, во училиштето треба да % се обрне адекватно стручно внимание. | | The aim in this doctoral dissertation is analyzing the different aspects of influence of individual program for development of functional vision of the children with low vision. In this investigation we included twenty-five students with low vision. For approval the level of functional vision in initial and final assessment we used the DAP-Diagnostic Assessment Procedure from the Program for development of efficiency in visual functioning from Barraga and Morris (1998). After analyzing the results received from initial assessment, we prepared the Individual program for development of efficiency in visual functioning. We implemented it at the period from April till June 2005. We analyzed the received results from the finally assessment statistically by using the descriptive statistical measures such as mean, standard deviation, and percentages. Differences between numeric variables are analyzed with Student t-test. By analyzing the received results we found that the students in the initial assessment successfully realized in average 29.12±8.78 items (mean). Only 38% of the students had correct respond on the items from the last section from the DAP-test. That means that they had problems in identification and reproduction of the symbols. First we recorded the received results from the DAP in the summary table, and than we started the plan of the individual program for development of visual efficiency for each students separately. In this phase of our study we used the Instructional Planning Index. This Index was a guide for analyzing performance on assessment items in relation to the type of instruction needed by students. So we determined which lessons we would use for each students. After the implementation of the lessons, we made retest with DAP. In the final assessment we found that the students had realized in average 36.26±4.99 items. We could conclude that the implementation of the Individual program improved the visual efficiency in students with low vision (p<0.01). Improving the results in the final assessment also showed a high correlation between the pre-assessment and post-assessment results (r=0.94). From our investigation we can conclude that the rehabilitation of low vision is an important factor in all rehabilitation and education of students with visual impairment. This is the reason why the schools must show more professional attention to the rehabilitation of functional vision of children with low vision. |
Индексни зборови: функционален вид, визуелна ефикасност, DAP-тест, индивидуална програма за развој на визуелната ефикасност. | | Index terms: functional vision, visual efficiency, DAP, individual program for development of visual efficiency. |