ПРОЦЕНКА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ФУНКЦИОНАЛНИОТ ВИД КАЈ СЛАБОВИДНИТЕ ДЕЦА

                                

Даниела ДИМИТРОВА-РАДОЈЧИЌ

 

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

 

ASSESSMENT AND REHABILITATION OF FUNCTIONAL VISION IN LOW VISION CHILDREN

 

Daniela DIMITROVA-RADOJCHIKJ

 

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

 

 

Даниела Димитрова-Радојчиќ ја одбрани своја­та доктор­ска дисертација на 23.01.2007 година на Инс­ти­тутот за дефектологија при Филозоф­ски­от факултет Универзитет Св. Кирил и Ме­то­­диј-Скопје пред комисијата во состав: проф. д-р Владимир Радулов, проф. д-р Ристо Пет­ров, проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Го­ран Ајдински и проф. д-р Зора Јачова.

 

Daniela Dimitrova-Radojcikj defended her doctoral thesis on January 23th, 2007 at the Institute for Special Edu­cation and Rehabilitation at the Faculty of Philoso­phy, University “Ss Cyril and Methodius”-Skopje before the com­mission cosisted of: Prof. Dr. Vladimir Radulov, Prof. Dr. Risto Petrov, Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, Prof. Dr. Goran Ajdinski and Prof. Dr. Zora Jachova.

Целта на оваа докторска дисертација е да се ут­вр­дат различните аспекти на влијанието на ин­ди­ви­дуалната програма за развој на функцио­нал­­ни­от вид кај слабовидните лица.

Во истра­жува­њето беа опфатени 25 слабовид­ни уче­ни­ци. За утврду­ва­ње на степенот на функ­­ционал­ни­от вид во ини­цијалното и фи­нал­но­то тес­ти­ра­ње го користевме тестот DAP (Diagnostic Assess­ment Procedure) од Програ­ма­та за развој на ефикасноста на функ­цио­налниот вид на Bar­raga и Morris (1998).

По анализирањето на резултатите добиени од ини­­­ци­јал­ното тестирање, изготвивме индиви­ду­ал­на програма за развој на визуелната ефи­кас­ност и истата ја имплементиравме во пе­ри­о­дот од април до јуни 2005 година. Добиените ре­­зул­та­ти од финалното тестирање статис­тич­ки ги анализиравме со дескриптивно статис­тич­ки мер­ки, како што се: средна вредност, стандарна де­ви­јација и проценти на структура. Разликите меѓу нумеричките варијабли се ана­ли­зирани со Student-ов t-тест.

Со анализа на добиените резултати се конс­та­ти­ра дека во иницијалното тестирање испита­ни­ците ус­­пешно реализирале 29.12±8.78 за­да­чи, од вкуп­но 40 задачи. Испитаниците пока­жаа нај­сла­би резултати при решавањето на последната секција од DAP тестот, секција Х. Само 38% од ис­питаниците успеаја да ги иден­ти­фикуваат и репродуцираат симболите пред­ви­дени за оваа сек­ција. По внесувањето на до­биените резултати од DAP-тестот во сумарната табела, пристапивме кон планирање на инди­ви­дуалната програма за развој на визуелната ефикасност кај секој испи­та­ник посебно. Во оваа фаза од нашето истра­жу­ва­ње го корис­тев­ме посебниот Индекс за плани­ра­ње инструк­ции, односно водич, со кој на­пра­вив­ме анали­за на визуелните способности на се­кој испита­ник посебно, но воедно ги утвр­див­ме и лекции­те кои треба да се планираат при изгот­ву­ва­ње­то на оваа програма. Значи, лекциите започ­нав­ме да ги применуваме врз основа на до­бие­ни­те резултати од DAP-тестот. По спроведу­ва­њето на предвидените лекции, повторно ги тестирав­ме испитаниците. Во финалното тести­ра­ње кон­с­­та­ти­равме дека се зголемил бројот на ус­пешно реа­лизирани задачи. Имено, испитани­ци­те успеаја да решат 36.28±4.99 задачи од можни 40. Значи, применетата индивидуална програма до­­ве­ла до развој на ефикасноста на визуелното функ­­цио­ни­ра­ње кај слабовидните ученици (p<0.01). По­до­бру­вањето на резулта­ти­те во фи­нал­ното тес­тирање покажуваат и висока коре­ла­­­ција помеѓу резултатите пред и по приме­на­та на програмата (r=0.94). Истата е статистички зна­чај­на на ниво од 0.01. Од нашето истражување, може да заклучиме де­ка рехабилитацијата на слабиот вид е битен фактор во целокупната рехабилитација и шко­лу­вање на слабовидните ученици, па поради тоа, во учи­лиш­­тето треба да % се обрне адек­ват­но стручно вни­мание.

 

The aim in this doctoral dissertation is analyzing the different aspects of influence of individual pro­gram for development of functional vision of the children with low vision.

In this investigation we included twenty-five stu­dents with low vision. For approval the level of functional vision in initial and final assessment we used the DAP-Diagnostic Assessment Procedure from the Program for development of efficiency in visual functioning from Barraga and Morris (1998). After analyzing the results received from initial as­sessment, we prepared the Individual program for development of efficiency in visual functioning. We implemented it at the period from April till June 2005. We analyzed the received results from the fi­nally assessment statistically by using the de­scriptive statistical measures such as mean, stan­dard deviation, and percentages. Differences be­tween numeric vari­ables are analyzed with Student t-test.

By analyzing the received results we found that the students in the initial assessment successfully real­ized in average 29.12±8.78 items (mean). Only 38% of the students had correct respond on the items from the last section from the DAP-test. That means that they had problems in identification and reproduc­tion of the symbols. First we recorded the received results from the DAP in the summary ta­ble, and than we started the plan of the individual program for development of visual efficiency for each stu­dents separately. In this phase of our study we used the Instructional Planning Index. This In­dex was a guide for analyzing perform­ance on as­sessment items in relation to the type of instruction needed by students. So we determined which les­sons we would use for each students. After the im­plementa­tion of the lessons, we made retest with DAP. In the final assessment we found that the stu­dents had realized in average 36.26±4.99 items.

We could conclude that the implementation of the Indi­vidual program improved the visual efficiency in students with low vision (p<0.01). Improving the re­sults in the final assessment also showed a high cor­relation between the pre-assessment and post-assess­ment results (r=0.94).

From our investigation we can conclude that the re­habilitation of low vision is an important factor in all rehabilitation and education of students with visual impairment. This is the reason why the schools must show more professional attention to the rehabilitation of functional vision of children with low vision.

 

 

 

 

Индексни зборови: функционален вид, визу­ел­на ефикасност, DAP-тест, индивидуална про­гра­ма за развој на визуелната ефикасност.  

 

Index terms: functional vision, visual efficiency, DAP, individual program for development of visual efficiency.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in