Приказ на книга

OСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈА

 

Горан Ајдински, Зоран Киткањ,
Љупчо Ајдински

 

Кирил ТЕМКОВ

Филозофски факултет
Институт за филозофија

 

A review of a book

BASICS OF DEFECTOLOGY

 

Goran Ajdinski, Zoran Kitkanj,
Ljupcho Ajdinski

 

Kiril TEMKOV

Faculty of Philosophy
Institute of Philosophy

 

 

 

Ова научно дело Основи на дефектологијата претставува изменето и преработено издание на претходната книга Основи на дефектолошката теорија и пракса. Во овие две дела направен е преглед на историскиот период на третманот на лицата со пречки во развојот, методо­логијата на самата наука, распостранетоста, причините за попреченоста, разработка на клинич­киот, еду­кативниот и социјално економскиот дел на дефектологијата.­­­­­­­­

Во новото, изменето издание-Основи на де­фек­тологијата разработени се и новите тенден­ции во дефектолошката теорија и практика, даде­ни се и објаснувања на новините во терми­но­ло­ги­јата на попреченоста од една страна и тер­мините кои се присути како синоними на оваа наука од друга страна.

Содржината на ова дело е прикажана на 241 страница и истата е поделена на 16 дела кои за­ед­но претставуваат функционална целина.

Во рамките на содржината авторите ги опи­шу­ваат и измените на новиот Правилник за ре­гу­ли­рање на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој. Изложени се и целите, задачите, елементите и постапките во институционалниот систем на заш­тита, едукација, рехабилитација и згрижу­вање на лицата со пречки во развојот.­

 

The scientific work Basics of Defectology presents a changed and revised edition of the previous book Basics of Defectological Theory and Practice. These two works present a survey of the historical period of the treatment of people with develop­mental disabilities, the methodology of the science itself, the spread, the reasons for disabilities, the approach to clinical, educational and socio-eco­nomic part of defectology.

The new, revised edition-Basics of Defectology works out the new tendencies of defectological theory and practice, giving explanation of both the new terminology on disabilities and the terms used as synonyms in this science.

The content of this work, presented on 241 pages, is divided into 16 parts which together make a functional unit.

Within the content, the authors write about the changes in the new Rule Book for regulation of specific needs of people with disabilities in physi­cal and psychic development. The aims, tasks, elements and procedures in the institutionalized system of protection, education, rehabilitation and care of people with developmental disabilities.

This excellently outlined book, in detail and com­prehensively presents the new documents and standards, as well as the changes and the innova­tions in our recent legislation and legal regulations.

This scientific work, besides the significant role in the development of defectological theory and practice, plays the fundamental role in preparing qualified defectologists (special teachers). More concretely, this book is intended for students of defectology (special education and rehabilitation), enabling them to acquire elementary, basic knowl­edge of this science.

The content of this work follows the new tenden­cies and trends worldwide for integration and so­cialization of children with developmental dis­abilities in all spheres of the society. It discusses the integration of handicapped children in the for­mal system of pre-school, primary education and health care. The book can be used as supplemen­tary literature in order to enhance the professional level of mainstream teachers, educators, psycholo­gists, rehabilitators and scientific workers involved in the sphere of education and rehabilitation of children with developmental disabilities.

The book in outlined in such a way that it enables parents of these children to obtain new knowledge and get information and can be very helpful in  their everyday care and work.

This text book is sublimation of long-year-work and the authors’ hard work and deserves to be found in any defectologist’s library as well as in the library of everyone engaged in this issue.

Во оваа одлично концепирана книга сеопфатно и детално се изложени новите меѓународни до­ку­менти и стандарди, како и измените и но­ви­ните на нашата законска и правна регулатива во последните неколку години.­

Научниот труд освен што има голема улога во развојот на дефектолошката теорија и практика има и фундаментална улога за подготовка на ква­лификувани дефектолошки кадри. Покон­кре­тно, оваа книга, пред сè, е наменета за сту­ден­­тите на дефектологија, на кои им овозможу­ва да стекнат елементарни, основни познавања на оваа наука.­

Содржината на делото ги следи и новите тен­денции и трендови во светот за интеграција и социјализација на децата со пречки во развојот  во сите сфери на општеството. Ни дава распра­ва за интеграција на хендикепираните деца во редовниот систем на предучилишно, основно об­разование и здравствена заштита. Затоа кни­гата може да ни послужи како дополнител­на ли­тература за зголемување на професио­нал­ното ниво на учителите, воспитувачите, пси­хо­ло­зи­те, рехабилитаторите и научните работ­ници што работат во сферата на едукацијата и ре­хабилитацијата на децата со пречки во раз­војот.

Книгата има таква концепција што им овозмо­жу­ва и на родителите на овие деца да добијат основи сознанија и информации во нивната се­којдневна грижа и работа.

Овој учебник претставува сублимација на дол­го­годишен труд и макотрпна работа на автори­те и заслужува да се најде во библиотеката на секој дефектолог, како и на секој поединец кој на некој начин е засегнат со оваа проблематика. 

 


 

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Кирил ТЕМКОВ

 

Kiril TEMKOV

Универзитет "Св. Кирил и Методиј"
Филозофски факултет,

Институт за филозофија
Крсте Мисирков бб

1000 Скопје, Република Македонија

 

“Ss. Cyril and Methodius” University
Faculty of Philosophy,

Institute of Philosophy
“Krste Misirkov” bb

1000 Skopje, Republic of Macedonia

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in