JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 21297
Приказ на книга OСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈА
Горан Ајдински, Зоран Киткањ,
Кирил ТЕМКОВ
Филозофски факултет |
|
A review of a book BASICS OF DEFECTOLOGY
Goran Ajdinski, Zoran Kitkanj,
Kiril TEMKOV
Faculty of Philosophy |
|
|
|
Ова научно дело Основи на дефектологијата претставува изменето и преработено издание на претходната книга Основи на дефектолошката теорија и пракса. Во овие две дела направен е преглед на историскиот период на третманот на лицата со пречки во развојот, методологијата на самата наука, распостранетоста, причините за попреченоста, разработка на клиничкиот, едукативниот и социјално економскиот дел на дефектологијата. Во новото, изменето издание-Основи на дефектологијата разработени се и новите тенденции во дефектолошката теорија и практика, дадени се и објаснувања на новините во терминологијата на попреченоста од една страна и термините кои се присути како синоними на оваа наука од друга страна. Содржината на ова дело е прикажана на 241 страница и истата е поделена на 16 дела кои заедно претставуваат функционална целина. Во рамките на содржината авторите ги опишуваат и измените на новиот Правилник за регулирање на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој. Изложени се и целите, задачите, елементите и постапките во институционалниот систем на заштита, едукација, рехабилитација и згрижување на лицата со пречки во развојот. |
|
The scientific work Basics of Defectology presents a changed and revised edition of the previous book Basics of Defectological Theory and Practice. These two works present a survey of the historical period of the treatment of people with developmental disabilities, the methodology of the science itself, the spread, the reasons for disabilities, the approach to clinical, educational and socio-economic part of defectology. The new, revised edition-Basics of Defectology works out the new tendencies of defectological theory and practice, giving explanation of both the new terminology on disabilities and the terms used as synonyms in this science. The content of this work, presented on 241 pages, is divided into 16 parts which together make a functional unit. Within the content, the authors write about the changes in the new Rule Book for regulation of specific needs of people with disabilities in physical and psychic development. The aims, tasks, elements and procedures in the institutionalized system of protection, education, rehabilitation and care of people with developmental disabilities. This excellently outlined book, in detail and comprehensively presents the new documents and standards, as well as the changes and the innovations in our recent legislation and legal regulations. This scientific work, besides the significant role in the development of defectological theory and practice, plays the fundamental role in preparing qualified defectologists (special teachers). More concretely, this book is intended for students of defectology (special education and rehabilitation), enabling them to acquire elementary, basic knowledge of this science. The content of this work follows the new tendencies and trends worldwide for integration and socialization of children with developmental disabilities in all spheres of the society. It discusses the integration of handicapped children in the formal system of pre-school, primary education and health care. The book can be used as supplementary literature in order to enhance the professional level of mainstream teachers, educators, psychologists, rehabilitators and scientific workers involved in the sphere of education and rehabilitation of children with developmental disabilities. The book in outlined in such a way that it enables parents of these children to obtain new knowledge and get information and can be very helpful in their everyday care and work. This text book is sublimation of long-year-work and the authors’ hard work and deserves to be found in any defectologist’s library as well as in the library of everyone engaged in this issue. |
Во оваа одлично концепирана книга сеопфатно и детално се изложени новите меѓународни документи и стандарди, како и измените и новините на нашата законска и правна регулатива во последните неколку години. Научниот труд освен што има голема улога во развојот на дефектолошката теорија и практика има и фундаментална улога за подготовка на квалификувани дефектолошки кадри. Поконкретно, оваа книга, пред сè, е наменета за студентите на дефектологија, на кои им овозможува да стекнат елементарни, основни познавања на оваа наука. Содржината на делото ги следи и новите тенденции и трендови во светот за интеграција и социјализација на децата со пречки во развојот во сите сфери на општеството. Ни дава расправа за интеграција на хендикепираните деца во редовниот систем на предучилишно, основно образование и здравствена заштита. Затоа книгата може да ни послужи како дополнителна литература за зголемување на професионалното ниво на учителите, воспитувачите, психолозите, рехабилитаторите и научните работници што работат во сферата на едукацијата и рехабилитацијата на децата со пречки во развојот. Книгата има таква концепција што им овозможува и на родителите на овие деца да добијат основи сознанија и информации во нивната секојдневна грижа и работа. Овој учебник претставува сублимација на долгогодишен труд и макотрпна работа на авторите и заслужува да се најде во библиотеката на секој дефектолог, како и на секој поединец кој на некој начин е засегнат со оваа проблематика. |
|
Адреса за сепаратите: |
|
Address requests for reprint to: |
Кирил ТЕМКОВ |
|
Kiril TEMKOV |
Универзитет "Св. Кирил и Методиј"
Институт за филозофија 1000 Скопје, Република Македонија |
|
“Ss. Cyril and Methodius” University
Institute of Philosophy 1000 Skopje, Republic of Macedonia |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE