Приказ на книга

 

ФИЗИОЛОГИЈА
СО ФУНКЦИОНАЛНА АНАТОМИЈА

Владимир E. Трајковски


Горан АЈДИНСКИ

Филозофски факултет

Институт за дефектологија

 

A review of a book

 

PHYSIOLOGY AND FUNCTIONAL

ANATOMY

Vladimir E. Trajkovski

 

Goran AJDINSKI

 

Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation

 

 


Македонската дефектолошка и медицинска риз­ни­ца добива уште една книга од перото на доц. д-р Владимир Е. Трајковски посветена на ана­том­­ските и физиолошките прашања.

Книгата Физиологија со функционална ана­то­мија претставува обид на авторот да го при­б­ли­жи материјалот предвиден со предметната про­г­­­рама по предметот физиологија со функ­цио­­нал­на анатомија на студентите од Инсти­ту­тот за дефектологија.

 

Macedonian special education and rehabilitation and the medical treasury gains a textbook by Ass. Prof. Dr. Vladimir E. Trajkovski dedicated to the anat­omic and physiological issues.

The textbook Physiology and Functional Anat­omy presents the author’s attempt to bring closer the material anticipated with the curriculum for the subject physiology with functional anatomy to the students of the Institute of Special Education and Rehabilitation.

 

 

 

 

 

 

 

 

 










Уште на почетокот на овој приказ треба да се поз­драви иницијативата на авторот д-р Трај­ковски, кој се обиде да ја збогати македонската де­фектолошка и медицинска библиографија со уште едно оригинално дело на македонски ја­зик и со тоа да даде придонес во развивањето на де­фек­толошката теоретска мисла во нашата држава.

Целта на овој труд е да се прикажат основните физиолошки и анатомски карактеристики на човековото тело.

Публикацијата, пред сè, е наменета за студен­ти­те по дефектологија, колегите дефектолози од редовните и посебните основни училишта и оние кои работат во рехабилитациските устано­ви, како и за постдипломците од нашиот инсти­тут. Истата може да ја користат и студентите од Институтот за психологија кои работат по слич­на предметна програма.

Во литературата постојат бројни учебници по фи­зиологија и анатомија кои се наменети за ме­дицинари, биолози, стоматолози, итн. Сите тие се одлично подготвени и конципирани, но во исто време се обемни по содржина за еден де­фек­толог и затоа треба да се поздрави идејата на авторот да ги кондензира и акцентира содр­жи­ните кои се потребни за еден иден дефек­то­лог. На овој начин студентите ќе имаат мож­ност многу подобро да се запознаат со целите и содржините на предметот физиологија со функ­цио­нална анатомија и во исто време нема да бидат преоптеретени со непотребни содржини. Книгата е пишувана по вкусот и потребите на студентите, а не на наставниците.

Физиологија со функционална анатомија со­др­жи 15 глави богато илустрирани со слики во кои се обработени позначајните органски сис­теми, а на крајот е изработен анатомско фи­зио­лошки речник кој треба да им ги разјасни некои од поимите со кои ќе се среќаваат во текот на студирањето, што на овој труд му дава посебна широчина и темелност. Книгата содр­жи 390 стра­ници Б5 формат со 35 библио­граф­ски еди­ни­ци и 14 корисни интернет ресурси.

Заинтересираните читатели во трудот де­тал­но може да се запознаат со следните содр­жини: функ­ционална организација и општ план на те­лото; клеточна организација; телесни теч­нос­ти и електролити;   крв;  мускулен систем;  нервен

 

At the very beginning of this review, the initiative of Dr. Trajkovski has to be complimented for en­riching the Macedonian special education and re­habilitation as well as the medical bibliography with an original work in Macedonian language and for contributing to the development of special edu­cation and rehabilitation thought in our country.

The aim of this work is to show the basic physio­logical and anatomic characteristics of the human body.

The publication, first of all, is intended for the stu­dents in special education and rehabilitation, the special educators in the regular and the special primary schools, and those working in the centres for rehabilitation, as well as for post graduate stu­dents at our Institute. The textbook can also be used by the students of the Institute of Psychology who work according to a similar programme.

 There are various textbooks for physiology and anatomy that are intended for medical students, students in biology, stomatology etc. Although they are well prepared and outlined, they are huge in the contents for the students of special education and rehabilitation. Therefore we should compli­ment the author’s idea to condense and emphasize those contents that are necessary for the future special educators. Thus the students will be able to acquaint better the aims and the contents of the subject physiology and functional anatomy, and at the same time they will not be overloaded with unnecessary contents for their studies. The book is written according to the students’ taste and needs, and not to the teachers’.

Physiology and Functional Anatomy consists of 15 chapters well illustrated with pictures present­ing the most important organ systems. The anat­omic-physiological vocabulary that can help stu­dents to clarify some terms important for their studies is at the end of the textbook, which gives this work special value and comprehension.  The book contains 390 pages B5 format, 35 biblio­graphical units and  14 useful and internet re­sour­ces.

This work presents to the interested readers the following contents: Functional organization and general body structure; cell organization; body liquids and electrolytes;  blood; muscular  system;

систем; систем на сетила; ендокрин систем; ре­про­дуктивен систем; терморегулација и метабо­ли­зам; физиологија на говорот; кардиовас­ку­ларен систем; респираторен систем; дигестивен систем и уринарен систем.

Книгата Физиологија со функционална ана-то­­мија од доцент д-р Владимир Трајков­ски е дело на исклучително упатен научник, книга што ретко може да се најде во нашите кни­жар­ни­ци и библиотеки. Во ова дело авторот пока­жу­­ва голема вештина во склопувањето на ма­те­ри­јалот и во неговото систематско и прег­ледно изложување. Секое поглавје од книгата прет­ста­вува одличен приказ на одделни праша­ња од анатомијата и физиологијата. Книгата е пишу­вана во високо техничко и естетско ниво и има мошне илустративна корица. Таа треба да биде прочитана и проучена од секој дефекто­лог, сту­дент по дефектологија и сите оние кои се интересираат за базичната дефектологија. За­тоа, оваа книга топло ја препорачувам на чита­те­лите кои би требало да ја имаат во своите лични библиотеки. Инаку, книгата може да се набави во Студентскиот сервис на Филозоф­ски­от факултет и во книжарницата Студентски збор во Скопје.

 

nervous system; system of senses; endocrine sys­tem; reproductive system; thermoregulation and metabolism; physiology of speech; cardiovascular system; respiratory system; digestive system and urinary system.

The textbook Phisiology and Functional Anatomy by  Ass. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski is a work by ex­clusively experienced scientist, a kind of textbook  that can be rarely found in our book­shops and li­braries. The author shows a great skill in structur­ing the material and its sistematic and clear ex­plaining. Every chapter in the textbooks is an ex­cellent summary of issues of phisiology anf anat­omy. The textbook is written in a high techni­cal and aesthereic style and it has a very illustra­tive coverpage. It has to be read and studied by special teachers, students of special education and reha­bilitation, and all who are interested in the ba­sic special education and rehabilitation. Therefore, I warmly reccomend to the readers to have this text­book in their libraries. The textbook can be found at the Student service at the Faculty of Phy­loso­phy, the bookshop “Studentski zbor” in Skopje.


Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Горан АЈДИНСКИ

 

Goran AJDINSKI

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков” бб
, 1000 Скопје, Р. Македонија
e-mail: goran@fzf.ukim.edu.mk

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
"Krste Misirkov" bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
e-mail: goran@fzf.ukim.edu.mk


Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in