JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 16706
|
|
|
Приказ на книга
ФИЗИОЛОГИЈА Владимир E. Трајковски
Филозофски факултет Институт за дефектологија |
| A review of a book
PHYSIOLOGY AND FUNCTIONAL ANATOMY Vladimir E. Trajkovski
Goran AJDINSKI
Faculty of Philosophy Institute of Special Education and Rehabilitation |
|
| |
Македонската дефектолошка и медицинска ризница добива уште една книга од перото на доц. д-р Владимир Е. Трајковски посветена на анатомските и физиолошките прашања. Книгата Физиологија со функционална анатомија претставува обид на авторот да го приближи материјалот предвиден со предметната програма по предметот физиологија со функционална анатомија на студентите од Институтот за дефектологија. |
| Macedonian special education and rehabilitation and the medical treasury gains a textbook by Ass. Prof. Dr. Vladimir E. Trajkovski dedicated to the anatomic and physiological issues. The textbook Physiology and Functional Anatomy presents the author’s attempt to bring closer the material anticipated with the curriculum for the subject physiology with functional anatomy to the students of the Institute of Special Education and Rehabilitation. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Уште на почетокот на овој приказ треба да се поздрави иницијативата на авторот д-р Трајковски, кој се обиде да ја збогати македонската дефектолошка и медицинска библиографија со уште едно оригинално дело на македонски јазик и со тоа да даде придонес во развивањето на дефектолошката теоретска мисла во нашата држава. Целта на овој труд е да се прикажат основните физиолошки и анатомски карактеристики на човековото тело. Публикацијата, пред сè, е наменета за студентите по дефектологија, колегите дефектолози од редовните и посебните основни училишта и оние кои работат во рехабилитациските установи, како и за постдипломците од нашиот институт. Истата може да ја користат и студентите од Институтот за психологија кои работат по слична предметна програма. Во литературата постојат бројни учебници по физиологија и анатомија кои се наменети за медицинари, биолози, стоматолози, итн. Сите тие се одлично подготвени и конципирани, но во исто време се обемни по содржина за еден дефектолог и затоа треба да се поздрави идејата на авторот да ги кондензира и акцентира содржините кои се потребни за еден иден дефектолог. На овој начин студентите ќе имаат можност многу подобро да се запознаат со целите и содржините на предметот физиологија со функционална анатомија и во исто време нема да бидат преоптеретени со непотребни содржини. Книгата е пишувана по вкусот и потребите на студентите, а не на наставниците. Физиологија со функционална анатомија содржи 15 глави богато илустрирани со слики во кои се обработени позначајните органски системи, а на крајот е изработен анатомско физиолошки речник кој треба да им ги разјасни некои од поимите со кои ќе се среќаваат во текот на студирањето, што на овој труд му дава посебна широчина и темелност. Книгата содржи 390 страници Б5 формат со 35 библиографски единици и 14 корисни интернет ресурси. Заинтересираните читатели во трудот детално може да се запознаат со следните содржини: функционална организација и општ план на телото; клеточна организација; телесни течности и електролити; крв; мускулен систем; нервен |
| At the very beginning of this review, the initiative of Dr. Trajkovski has to be complimented for enriching the Macedonian special education and rehabilitation as well as the medical bibliography with an original work in Macedonian language and for contributing to the development of special education and rehabilitation thought in our country. The aim of this work is to show the basic physiological and anatomic characteristics of the human body. The publication, first of all, is intended for the students in special education and rehabilitation, the special educators in the regular and the special primary schools, and those working in the centres for rehabilitation, as well as for post graduate students at our Institute. The textbook can also be used by the students of the Institute of Psychology who work according to a similar programme. There are various textbooks for physiology and anatomy that are intended for medical students, students in biology, stomatology etc. Although they are well prepared and outlined, they are huge in the contents for the students of special education and rehabilitation. Therefore we should compliment the author’s idea to condense and emphasize those contents that are necessary for the future special educators. Thus the students will be able to acquaint better the aims and the contents of the subject physiology and functional anatomy, and at the same time they will not be overloaded with unnecessary contents for their studies. The book is written according to the students’ taste and needs, and not to the teachers’. Physiology and Functional Anatomy consists of 15 chapters well illustrated with pictures presenting the most important organ systems. The anatomic-physiological vocabulary that can help students to clarify some terms important for their studies is at the end of the textbook, which gives this work special value and comprehension. The book contains 390 pages B5 format, 35 bibliographical units and 14 useful and internet resources. This work presents to the interested readers the following contents: Functional organization and general body structure; cell organization; body liquids and electrolytes; blood; muscular system; |
систем; систем на сетила; ендокрин систем; репродуктивен систем; терморегулација и метаболизам; физиологија на говорот; кардиоваскуларен систем; респираторен систем; дигестивен систем и уринарен систем. Книгата Физиологија со функционална ана-томија од доцент д-р Владимир Трајковски е дело на исклучително упатен научник, книга што ретко може да се најде во нашите книжарници и библиотеки. Во ова дело авторот покажува голема вештина во склопувањето на материјалот и во неговото систематско и прегледно изложување. Секое поглавје од книгата претставува одличен приказ на одделни прашања од анатомијата и физиологијата. Книгата е пишувана во високо техничко и естетско ниво и има мошне илустративна корица. Таа треба да биде прочитана и проучена од секој дефектолог, студент по дефектологија и сите оние кои се интересираат за базичната дефектологија. Затоа, оваа книга топло ја препорачувам на читателите кои би требало да ја имаат во своите лични библиотеки. Инаку, книгата може да се набави во Студентскиот сервис на Филозофскиот факултет и во книжарницата „Студентски збор“ во Скопје. |
| nervous system; system of senses; endocrine system; reproductive system; thermoregulation and metabolism; physiology of speech; cardiovascular system; respiratory system; digestive system and urinary system. The textbook Phisiology and Functional Anatomy by Ass. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski is a work by exclusively experienced scientist, a kind of textbook that can be rarely found in our bookshops and libraries. The author shows a great skill in structuring the material and its sistematic and clear explaining. Every chapter in the textbooks is an excellent summary of issues of phisiology anf anatomy. The textbook is written in a high technical and aesthereic style and it has a very illustrative coverpage. It has to be read and studied by special teachers, students of special education and rehabilitation, and all who are interested in the basic special education and rehabilitation. Therefore, I warmly reccomend to the readers to have this textbook in their libraries. The textbook can be found at the Student service at the Faculty of Phylosophy, the bookshop “Studentski zbor” in Skopje. |
Адреса за сепаратите: |
| Address requests for reprint to: |
Горан АЈДИНСКИ |
| Goran AJDINSKI |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” |
| University "St. Cyril and Methodius" |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE