Во последните дваесет години се зголеми напорот да се обезбеди еднакво образование, а како резултат на тоа започна сместувањето на децата со специјални потреби во редовното основно училиште. Децата со специјални потреби имаат право на еднакви образовни можности и според тоа и право на инклузивно образование.
Според статутот, децата со специјални потреби се деца со пречки во менталниот развој, слепи и слабовидни, глуви и наглуви, деца со говорна мана, со моторни пречки, со долготрајна болест, деца со пречки во специфична област на учење и деца со бихевиорални и карактерни пречки, сите кои имаат потреба од прилагодена имплементација на образовна програма со дополнителна експертска помош или прилагодена образовна програма или специјални образовни програми. (ZUOPP, 2. параграф)
Во овој напис јас ќе се фокусирам посебно на децата со моторни пречки и улогата на мобилниот дефектолог во основното училиште. Децата со моторни пречки имаат наследна или стекната повреда, повреда на моториката, централен или периферен апарат (систем). Моторниот недостаток се изразува во функционалните и во пречките на движење. Постојат многу видови на моторни пречки, од благи, умерени, тешки до екстремни моторни пречки.
Децата со специјални потреби се сместени согласно Законот за сместување на деца со специјални потреби. Врз база на експертско мислење, Комитетот за сместување издава решение и детето е вклучено во редовно основно училиште со прилагодена имплементација на образовна програма и со дополнителна образовна експертска помош.
Дополнителна специјална помош за децата со специјални потреби значи прикривање, коригирање и компензирање на детските пречки и недостатоци. Тоа вклучува проценување на степенот на детската функционалност, проценување на детските потреби од специјално педагошко гледиште, проценување на интегралната стимулација на детските потенцијали и проценување на влијанијата на развојот на експертизата, стратегиите и вештините потребни за учење и работа. Интегрираниот приод го смета детето како био-психо-социјално суштество во детското социјално опкружување. Затоа, тоа не инволвира само директна работа со детето, туку и советување.
Децата со моторни пречки обично се сместуваат во најблиското основно училиште што мора да ги задоволи следните услови:
-
пристап без архитектонски препреки,
-
обезбедено паркиралиште за инвалиди,
-
прилагодено место во училиштето,
-
прилагодени санитарни услуги,
-
обезбеден пристап меѓу катови (лифтови, подвижни скали),
-
обезбедено место за индивидуално внимание,
-
прилагодено работно место (маса, столче...).
Со сместувањето на детето со моторни пречки, мобилниот дефектолог и мобилната служба имаат важна улога. Мобилната служба е дизајнирана како интегрален третман на децата со моторни пречки кои учат во нивна домашна средина во редовните училишта. Моторната служба се инволвира кога училиштето и родителот едногласно сметаат дека заедничкото учество ќе придонесе за намалувањето на тешкотиите на децата и за поефикасен и поефективен образовен процес. Соработката меѓу родителите, училиштето и нас се базира на еднакви и волонтерски основи.
Моето прво искуство во оваа област беше полно со вознемиреност, немоќ, закана и лутина бидејќи морав да го најдам и да се борам за своето место во едно основно училиште. При нашето пристигање, наставниците и советниците во исто време се соочија со нивните дилеми. Само искуствата што ги стекнавме низ работата и знаењето во областа на тимската соработка, како и соживувањето, н¢ донесоа до општите упатства и препознавање дека сите ние работиме за доброто на детето. Важно е дека дефектологот добро соработува со детето, наставниците, советниците и родителите. Специјалниот едукатор обезбедува индивидуален третман со соодветни дијагностички методи, го следи прогресот на детето, континуирано ја дополнува индивидуализираната програма, ги зацврстува силните сфери на детето и ги презентира пред наставникот. Специјалниот едукатор го запознава наставникот со особеностите на детето, го воведува во прилагодените дидактички инструменти и опрема, заедно со наставникот ја планира домашната работа, вклучен е во работата во училницата како член на тимот, го информира наставникот за подробностите и му дава поддршка која води до подобри односи. Соработката со родителите е многу важна. Дефектологот мора редовно да ги информира родителите и да ги вклучи во тековниот работен процес, како и да ги советува.
Кога ни треба помош од експертите советници, може да го контактираме тимот на мобилната служба во нашиот институт. Вклучувањето на експерт зависи од проблемот за кој се работи. Сите експерти го третираат детето од нивно стручно гледиште и придонесуваат за постигнување на општата цел.
|
|
In the last twenty years the strive to provide equal educational has increased as a result of which a placement of children with special needs into a regular primary school has began. Children with special needs have a right to equal educational opportunities and consequently to an inclusive education.
Under the statute, children with special needs are children with mental development impediment, blind and weak-sighted children, deaf and hard of hearing children, children with speech impediment, motor-disabled children, children with long-term illness, children with deficiencies in a specific learning area and children with behaviour and personality impediment, all of which need an adopted implementation of an educational programme with additional expert assistance or an adopted educational programme or a special educational programmes. ( ZUOPP, 2. paragraph)
In this article I shall focus especially on motor-disabled children and the role of mobile special educator in a primary school. Motor-disabled children have an inherited or acquired injury, an injury of a motor, central or peripheral apparatus. Motor impediment is expressed in a functional and motion impediment. They are many types of motor impediment, from mild, moderate, heavy and extreme motor impediment.
Pupils with special needs are placed pursuant to the Placement of Children with Special Need Act. On the basis of an expert opinion, a committee for placement issues a decision and a child is included in a regular primary school with an adopted implementation of an educational programme and with an educational additional expert assistance.
Additional special assistance for children with special needs means suppressing, correcting and compensating children’s impediments and deficiencies. It includes assessing the level of child’s functionality, assessing child’s needs from a special pedagogical viewpoint, assessing integral stimulation of child's potentials and assessing influences on the development of expertise, strategies and skills required for learning and work. The integrated approach considers the child as a bio-psycho-social being in to child’s social environment. Therefore, it does not involve only a direct work with a child but also counselling.
A motor-disabled children are generally placed into the closest primary school that must satisfy the following conditions:
-
access without architectural obstacles,
-
insured parking space for disabled,
-
adopted school space,
-
adopted sanitation,
-
insured access between floors (elevators, escalators),
-
insured space for individual attention,
-
adopted working space (table, chair...).
With a placement of a motor-disabled child a mobile special educator and a mobile-service have an important role. The mobile-service is designed for an integral treatment of motor-disabled children that are learning in their home environment in regular schools. The motor-service is involved when the school and the parent unanimously hold that a joint participation would contribute towards diminishing the child’s difficulties and would contributed towards more efficient and effective educational process. Cooperation between parents, the school and us is based on equal and voluntary foundations.
My first experience in this area was full of distress, powerlessness, threat and anger since I had to find and fight for my space in a primary school. Upon our arrival, the teachers and counsellors were also at the same time faced with their dilemmas. Only the experiences we have gained through work and knowledge in the area of team cooperation, like empathy, have brought us to common guidelines and recognition that we all work for the wellbeing of a child. It is important that a special educator cooperates well with the child, teachers, counsellors and the parents. The special educator provides individual treatment with appropriate diagnostic methods, monitors child’s progress, continually supplements individualised programme, strengthens child’s strong areas and presents these to the teacher. The special educator acquaints the teacher with child’s particularities, introduces to him the adopted didactic instruments and equipment, together with the teacher plans homework, is included in a class-room work as a team member, notifies the teacher of the particularise and gives him support that lead to better relations. A cooperation with parents is very important. The special educator must regularly inform the parents, and must include them in the actual work process as well as advise them.
When we need an assistance from one of the expert counsellors, we can contact the mobile-service team in our Institute. The inclusion of an expert is dependant upon the problem in question. All experts treat the child from their expert viewpoint and contribute towards achieving a common goal.
|