JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 31670
СТАВОВИ НА НАСТАВНИЦИТЕ СПОРЕД НУМЕРИЧКОТО ОЦЕНУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА ТЕЛЕСНО-ИНВАЛИДНИ УЧЕНИЦИ
Даниела ИЛИЌ–СТОШОВИЌ1,
Универзитет во Белград, Факултет за специјална едукација и рехабилитација 1, |
|
THE ATTITUDES OF TEACHER TOWERED NUMERIC ASSMESSMENT IN SCHOOLS FOR PHYSICALLY DISABLED PUPILS
Danijela ILICH-STOSHOVIKJ 1,
Belgrade University, The Faculty for special education and rehabilitation 1, |
Ово истражување е дел од докторската дисертација под наслов „Вреднување на училиштниот успех кај телесно инвалидните ученици“, автор Даниела Илиќ–Стошовиќ. Дисертацијата е одбранета на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација при Универзитетот во Белград на 17.10.2005 година. |
|
This research is part of PhD dissertation called: “The evaluation of school success of physically disabled pupils”, by Danijela Ilic-Stosovic. This PhD dissertation was defended at Faculty for special education and rehabilitation, Belgrade University, 17.10.2005 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Современата педагошка литература има став дека оценувањето, првенствено треба да биде корисно, што значи дека мора да биде планирано и изводливо, благовремено, разновидно, достапно и максимално објективно. Тоа значи дека процесот на оценување треба да ја оценува или вреднува практичната вредност на информацијата која се изложува и како истата се користи во секојдневната практика (Хавелка и соработници 2003). Денес с¡ повеќе се зборува за вреднувањето, а с¡ помалку за оценувањето. Според Диетел и соработниците (1991) проценката (вреднувањето) може да се дефинира како кој било метод што се користи за подобро разбирање на моменталното знање кај ученикот. Ова укажува на тоа дека вреднувањето може да се движи од субјективен суд на наставникот, кој се базира врз она што ученикот го покажува во наставата, до сложен облик, како што се стандардните тестови. Според овие автори идејата која се однесува на моменталното знаење на ученикот покажува дека знаењето кај ученикот е променлива категорија и дека суд за целокупното знаење може да се даде по подолго набљудување. Вреднувањето може да го покаже степенот на напредувањето, положбата и потребата за подучување. |
|
The attitude in modern pedagogical literature is, that school assessment above of all, must be useful. It means that school assessment must be planned in a way to be executive, on time, heterogeneous, available to all, and maximum objective. The school assessment should be evaluated by its practical value of information that should be given by assessment and in a way of how the information is used in school practice. (Havelka et al. 2003) Because of those reasons, today, the most frequent talks are about evaluation, and less about school assessment. According to Dietel et al. (1999) evaluation can be defined as any method which we use for better understanding of concrete school knowledge of pupils. It means that evaluation can start from teacher’s subjective judgment, based on observation of pupil’s school performance, to more complicated ways, such as standardizes tests. According to these authors, the idea of concrete school knowledge of pupils shows that knowledge is variable category. It means that judgment about summative (objective) school knowledge can be given after observation and connection during long period. The evaluation can shows the grade, progress, place, needs for education and school programs. |
Во литературата може да се сретнат и многу други критики упатени на нумеричкото оценување кои се однесуваат на тоа дека нумеричкото оценување не е реално (Трој Ф., 1957), дека со ова оценување не може да се изразат квалитативните вредности кои се од психолошка, естетска, општествена и др. природа, а кои битно делуваат врз оцената од ученикот (Трој Ф., 1959, Милатовиќ В., 1984). Исто така се укажува на неможноста за наоѓање заедничка платформа за донесување нумеричка оцена врз основа на квалитативните фактори (Трој Ф., 1957, Ѓорѓевиќ Ј., 1982), а не може на оцената да £ се придава апсолутна вредност, зашто по правило таа зависи од квалитетот на останатите ученици во одделението, па и од целото училиште (Трој Ф., 1957). Потоа, оцената од субјективен карактер (усмени и писмени задачи) и оценувањето воопшто, зависат од бројни субјективни фактори од страна на наставникот и од страна на ученикот (Трој Ф., 1957, Милатовиќ В., 1984 и Ѓорѓевиќ Ј., 1982). Бидејќи оцената се состои од процена на знаењето на ученикот и јавното мислење за тоа, детето се бори за добра оцена не поради знаење, туку поради с¡ она што го обезбедува добрата оцена, а со тоа и за зголемување и зачувување на својот углед (Ѓорѓевиќ Ј., 1982). |
|
Besides, in literature many other critics can be found about school assessment such as that numeric assessment is deceiving by its precision (Troj F., 1957), than, with numeric assessment it is not possible to express qualitative values (psychological, esthetic, social and other nature) . (Troj F., 1957, Milatovic V., 1984) which influences pupils’ numeric marks. Also, it is impossible to find common base for giving numeric marks based on qualitative factors (Troj F., 1957, Djordjevic J., 1982), neither it is possible to give absolute value to numeric marks, because they depend on the quality of other pupils in the class and the whole school as well (Troj F., 1957). Furthermore, the mark of subjective tasks (verbal, literature tasks) and assessment in general, depends on many factors made by teachers and made by pupils (Troj F., 1957, Milatovic V., 1984., Djordjevic J., 1982). Since the numeric mark expresses assessment of pupils and public opinion about them, the child is fighting for good mark not because of knowledge but because of keeping and increasing his reputation (Djordjevich, 1982). There is an attitude that differences between abilities make competition for marks very complex and unjustly, and make bad influence to emotional stability of pupils (Djordjevic J., 1982). There are a lot of teachers that disregard instructions for school assessment, which are defined by law, so, there is a lot of arbitrariness in assessment style (Milatovic V, 1984, Djordjevic J. 1982). Law-giver does not make precise system of measures about discipline responsibility of pupils, so teacher can give punishment numeric mark, which is not good (Milatovic V., 1984). According to Milatovic V. (1984) numeric assessment is in spurts, while Djordjevic J. (1984) says that numeric marks make antagonism between teachers, parents and pupils, and make many problems. |
Во литературата може да се види и став дека разликата во способностите доведува до натпревар за оценки што е доста сложено и неправедно, а негативно делува врз емоциите кај слабите ученици (Ѓорѓевиќ Ј., 1982) како и тоа дека мал број наставници се придржуваат на напатствијата за оценување на учениците, кои се јасно дефинирани, па поради тоа се јавува самоволие и неуедначеност во стилот на оценување (Милатовиќ В., 1984). Законодавецот нема изградено добар и прецизен систем на мерки за дисциплинска одговорност на ученикот, па со општа оцена се казнува однесувањето на ученикот, што не е добро (Милатовиќ В., 1984). Според Милатовиќ В., нумеричкото оценување честопати е сведено на кампањско оценување, додека Ѓорѓевиќ Ј., (1984) укажува дека оцената е антагонизам меѓу наставниците, родителите и учениците и доведува до бројни проблеми. |
|
Табela 1. Односот меѓу традиционалното и автентичното оценување |
Table 1. The relation between traditional assessment and authentic assessment |
Поради наведените и многу други проблеми современата педагогија и докимологија, како нејзин составен дел, настојуваат да најдат најдобро решение за проблемот кој се јавува при вреднувањето на успехот на ученикот во редовните училишта. Самиот проблем при вреднувањето на успехот на ученикот со телесна инвалидност не е доволно испитан, ниту ставовите и мислењата од наставниците за актуелниот систем на оценување во подобри училишта не беше проблем при истражувањето. |
|
Because of these and many other problems, modern Pedagogy try to find the most acceptable solution for the problem of evaluation school achievement of pupils in regular schools. This problem has not been researched enough in schools for physically disabled pupils; neither attitude of teachers towered current assessment systems has been researched. |
|
|
|
Материјал и методи |
|
Material and methods |
Во ова истражување се вклучени наставници кои во текот на истражувањето работат во одделенска настава во основните училишта „Миодраг Матиќ“, Белград, „Д-р Драган Херцог“, Белград и „Милан Петровиќ“, Нови Сад. |
|
The sample for this research was made of teachers who worked with physical disabled pupils during the research, from the first to the fourth grades of the three primary schools: “Miodrag Matic”, Belgrade, “Dr. Dragan Hercog”, Belgrade, and “Milan Petrovic”, Novi Sad. The attitude of teacher towered needed function of assessment, criteria of assessment and most frequent problems in numeric assessment of physically disabled pupils, has been researched by a combined questionnaire, made especially for this research. The attitude towered numeric assessment has been researched by Wrinkle’s questioner. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
Истражувањето покажа дека наставниците имаат став дека оценувањето, во најголема мера, треба да има функција при следењето на ученикот, бидејќи најмногу наставници (8 или 53.3%) оваа функција је рангираат на прво место. Втората по застапеност функција за оценување, спред мислењето на наставниците, треба да биде мотивационата функција (7 или 46.7%), a третата рангирана функција е натамошното планирање на наставниот процес (7 или 46.7%). |
|
The research has shown that teachers have attitude that grading, in a very big degree, should have function of monitoring progress of pupils (8 or 53.3% teachers classified this function at the first rang). The motivation function is at the second place (7 or 46.7% teacher classified this function at the second rang), and the third function was planning of next step in teaching process (7 or 46.7% teacher classified this function at the third rang).
The last function was administrative function (13 or 86.7% of teachers classified this function at the sixth rang). |
На последно место се наоѓа административната функција на оцената и неа како шеста ја рангираа дури 13 или 86.7% од наставниците. |
|
|
Табела 2.Став на наставникот за потребниот интервал и видот на оценување |
|
Table 2. The attitude of teachers towered necessary frequency and kind of assessment |
Наставниците од нашето истражување најлесно даваат оцена по предметите запознавање на природата и општеството, српски јазик, математика, а најтешко од физичко, музичко и ликовно воспитување. |
|
It is the easiest to give numeric marks for school knowledge in subjects such as: Nature and society, than mother tongue, than math, but it is the most difficult to make assessment in subjects such as physical education, music and arts. Similar situation can be seen in arts culture (8 or 80% of teachers in “Miodrag Matic” school have problems in assessment of this subject and only 1 teacher (33.3%) in “Dr Dragan Hercog” school). The other teachers have not any problems to make assessment in their subjects (p=0.017). |
Слична е и ситуацијата со ликовното воспитување каде 8 (80%) од наставниците во ОУ „Миодраг Матиќ“ имаат проблеми со давање оцена и само 1 (33.3%) наставник од ОУ „Д-р Драган Херцог“. Другите наставници лесно се решаваат со која оцена да го оценат ученикот по својот предмет (p=0.017). |
|
Слика 1. Дистрибуција на наставниците според причините на проблемот при оценување |
|
Figurе 1. Distribution of research sample by causes of dfificulties in assessment |
На прашањето „Што навистина оценувате при испитувањето?“ најголем број наставници (12 или 80%) на прво место го рангираа напредокот на ученикот, на второ место (6 или 40%) е нивото на усвоеност на програмската содржина, на трето место (9 или 60%) односот на ученикот кон работните задачи, на четврто место (8 или 53.33%) мотивацијата и заинтересираноста на ученикот, на петто место (6 или 40%) субјективните и објективните можности за развој на ученикот, додека на шесто место (6 или 49%) се работните навики. Нема статистички значајни разлики меѓу наставниците во испитуваните училишта во односот на рангирањето на она што наставниците навистина го оценуваат. |
|
On question: “What do you really assess during the exam?” the important number of teachers said that the progress of pupils was the first in rang (12 or 80%), than, the level of school knowledge was the second in rang (6 or 40%), the attitude of pupils towered school tasks was the third in rang (9 or 60%), the motivation and interests for subjects was the fourth in rang (8 or 53.33%), the objective and subjective abilities for development were the fifth in rang (6 or 40%), and, the work habits were the sixth in rang (6 or 40%). There are no statistically significant differences between teachers in the examined schools. Our teacher have common attitude towered this research area. |
Табела 3.Структура на испитаниците според доследноста на ставот добиенасо Wrinke-овиот прашалник |
|
Table 3.Distribution of research sample according |
Кај 10 или 66.66% од наставниците e присутна доследноста во ставот дека конвенционалниот систем е надминат и дека не е во склад со модерните сфаќања за наставата, и како такoв има тенденција да ги одбира учениците со поголеми способности, а да ги елиминира учениците со помали способности. |
|
The traditional system of assessment is overruled and is disharmonious with modern understanding of teaching process. It has aim to choose pupils with better abilities, and to eliminate pupils with worse abilities. This is the strong attitude of 10 or 66.66% teachers from our research sample. Every teacher from our sample has strong attitude that criteria in assessment are the same as criteria in life, generally, so, they show the way of future success of pupils. The simple assessments “Pass” or “Fail” are not good replacement of traditional system of assessment, and it will not improve practice of assessment, which is the strong attitude of 11 or 73.33% teachers. A simple and clear definition of teaching goals could make possible for pupils and their parents to understand what school expects of them, it is the strong attitude of 13 or 86.66% teachers. The traditional system of assessment is not good a solution for professional orientation of pupils, motivation for learning and does not help pupils to find their own place in the society. This is the strong attitude for 9 or 60% teachers. We did not find any other attitude that teachers kept with their conviction. |
Едноставната и јасна дефиниција за целта на наставата, би овозможила учениците и родителите да сфатат што се очекува од нив, тоа е став на 13 или 86.66% од наставниците. 9 или 60% од наставниците мислат дека конвенционалниот систем на оценување не е добро решение на проблемот за ориентацијата на ученикот, мотивацијата за учење и не му помага да си го најде своето место во општеството. |
|
|
|
|
|
Дискусија |
|
Discussion |
Истражувањето што го направи Bandjur V. (1991) покажува дека практиката и докимолошките ставови значајно се разликуваат во редовните училишта, што не може да се каже за специјалните училишта според одговорите добиени на ова прашање. Спомнатото истражување покажа дека во проценката на местото на поедини компоненти што го потврдуваат успехот на ученикот од страна на наставникот, првото место го зазема знаењето што го покажуваат учениците, на второто место се тешкотите што ги имаат во текот на работата, а дури потоа следи интересот и субјективните можности на ученикот, работните навики и на крајот објективните можности на ученикот. |
|
The research which was done by Bandjur V. (1991) shows that practice and assessment attitudes differ in regular school, but we have not found something similar in special schools, according to our research. In regular school teachers have attitude that school knowledge is the most important component of assessment, than problems during school works, interests and subjective abilities, work habits, and, at the and, objective abilities of pupils. |
|
|
|
||
Citation:Ilich-Stoshovikj D, Nikolikj S, Nedovikj M. The Attitudes of Teacher Towered Numeric Assmessment in Schools for Physical Disabled Pupils. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):49-59. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
|
||
|
||
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE