JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 33254
ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ НА ДЕТЕ СО АЛАЛИЈА
Маре СТОЈМЕНОВСКА
Специјален Завод-Демир Капија |
|
DESCRIPTION OF CHILD WITH ALALIA
Mare STOJMENOVSKA
Special Institute-Demir Kapija |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Алалијата е состојба на потполна неразвиеност на говорот и јазикот кај децата кои имаат зачуван слух но не се во состојба да ја разберат говорната порака поради перцептивни пречки настанати поради оштетување или дисфункција на ЦНС на ниво на аудитивни репрезентативни кортикални области.
Меѓутоа, во клиничката пракса, најчесто постојат комбинирани оштетувања со претежно изразена една или друга форма. |
|
Alalia is a condition of completely undeveloped speech in children that have kept hearing, but they are not in a condition to understand language message, because they have bad perception caused by disorders and dysfunction of CNS on level of auditory representative cortical area.
But in clinical practice, there are often combined impairments with mostly impressive or expressive type. |
|
|
|
Приказ на случај |
|
Presentation of a case |
Машко дете Д. К. родено 1987 година, упатено од страна на Центарот за социјална работа за сместување во Специјалниот завод-Демир Капија како тешко ментално ретардирано дете, категоризирано според правилникот за распоредување и евидентирање на лица попречени во физичкиот и психичкиот развиток. Детето е примено во институцијата на 3 год. и 6 месечна возраст, како дете кое е ментално ретардирано со психотичен изглед, оди, не јаде само, и има конвергентен страбизам. |
|
Male child D. K. born 1987 was sent by the Center for Social Work to be accommodated in the Special Institute in Demir Kapija, as a severe mentally retarded person, categorized according to the Rule Book for distribution and evidence of people with disabilities in physical and psychical development. |
|
|
|
Анамнезата на семејството |
|
Anamnesis of the family |
Д.К. е најмалото и четврто дете (3 год.) во семејството составено од 4 деца. Нивната здравствена психофизичка состојба е оценета б.о. Сите се родени како деца во брак. Таткото е стар 43 години, невработен, често неоправдано отсутен од дома, а воедно и алкохоличар. Мајката е на возраст од 29 години, домаќинка. |
|
D. K. is the youngest, fourth child in the family. The other 3 children are with good psychophysical condition. All were born in a marriage. The father is 43 years old, unemployed, very often absent from home and an alcoholic. The mother is 29 and a housewife. |
Вклучување на детето во процесот за деинституционализација и следење на неговиот психомоторен развој |
|
Including the child in the process of deinstitutionalization and following up his psycho-motor development |
Детето на 13 годишна возраст е вклучено во проектот за деинституционализација. Тогаш за првпат е дијагностицирано од мултидисциплинарен тим составен од: клинички невропсихијатар, развоен психолог и дефектолог. |
|
The child at the age of 13 was included in the project of deinstitutionalization. Then for first time he was diagnosed by a multidisciplinary team: a clinical neuro-psychiatrist, a developmental psychologist and a special educator. |
|
|
|
Следуваат препораките за понатамошна работа со детето |
|
Instruction for further work with the child |
Стимулирање на општите психомоторни, сензомоторни, емоционални, социјални димензии на развојот преку индивидуално насочен третман. Интензивен логопедски третман со посебен акцент на збогатување на појмовниот инвентар - семантичко значење на зборовите. Стимулирање на моторниот развој со посебен акцент на реедукација на фата моторика - манипулативни активности. Општа и специфична реедукација, доградување на телесната шема. |
|
Stimulation of general psychomotor, sensor-motor, emotional, social dimensions of development trough individual treatment. Intensive speech treatment for enriching the vocabulary – semantic meaning of words. Stimulation of motor development and reeducation of manipulative activities, general and specific reeducation and building of body scheme. |
По деветмесечно следење стручниот тим повторно врши редијагностика и го дава следново мислење |
|
After 9 months’ observation the multidisciplinary team reconsider the diagnosis with the following conclusion: |
Спонтано воспоставува контакт, манифестира радост во присуство на друг. Емоциите се поиздиференцирани и потранспарентни. Крупната и ситната моторика е похармонизирана. Има изградено топографија на себе и друг, иако латерализацијата не е дефинирана. Напредок постои и на планот на симболичките функции: с¡ уште говорот е алаличен, се забележува напредок на планот на невербален говор (адекватно користи гест, мимика). Присутна е ликовна експресија, поускладена визиомоторна координација. Искуствено побогат, насочени интереси за околината, социјално значајно адаптиран во својата група, со иницијатива за воспоставување на врснички интеракции. Се забележува значително подобрување на волевите динамизми. Контролира свинктери, сам се храни, врши лична хигиена. |
|
The child spontaneously makes contacts, manifests joy in the presence of others. Emotions are more differentiated and more transparent. He has developed body scheme, but lateralization is not yet defined. There is improvement in symbolic function: his speech is still undeveloped, but he uses non-verbal speech (he uses adequately gests and mime). There is arts expression, more harmonized visuo-motor coordination. He is more experienced, interested in the environment, socially adapted in his group with initiative for interaction with his mates. He is better at will dynamisms. He can feed on his own and take care of his personal hygiene. |
|
|
|
Логопедски третман-статус |
|
Speech treatment |
Детето Д. К. уште со самото вклучување во проектот за деинституционализација беше опфатено со логопедски третман од страна на логопедот кој работеше двапати неделно со него, и секако секојдневната корепетиторска логопедска работа на дефектологот кој работи со детето. |
|
The child D. K. being included in the project of deinstitutionalization started with speech treatment with a speech therapist twice a week, and everyday repetition with a special educator.
He has good articulation of vowels (a, e, u, o, u), plosives (p, b, t, d, k, g), africative (ch, z), fricative (j, f), nasals (m, n) and minimal receptive speech. At the lingua-gram test he recognizes pictures of: a clock, eyes, ear, chicken, grandmother, needle, train, sun, dog, car, cap, tooth, gun, key, leaf, frog, shawl and etc. He recognizes simple commands. He remembers two-syllable words. His oral practice is good. He experiences verbal communication. He has developed certain word fund which he combines in a compound but non-grammatical sentence. He can remember short songs. The articulation is still unsteady, he can pronounce all voices one by one, but in communication some of them can be omitted or substituted with other easier to pronounce. He shows extraordinary results during speech-therapy treatment. |
Во состојба е добро да ги артикулира вокалите (а, е, и, о, у ), плозивите ( п, б, т, д, к, г), африкатите (ч, з), фрикатите (ј, ф), назалите (м, н) и има делумно развиен рецептивен говор. На лингвограм-тестот ги препознава поимите претставени со сликички (игла, саат, око, уво, пиле, капа, баба, заб, топ, очи, клуч, воз, лист, сонце, жаба, пес, кола, шал). Постои рекогниција на налози и извршува едноставни налози. Должината на вербалното памтење е на ниво на двосложни зборови. Оралната праксија е добра. |
|
|
Воспоставува и вербална комуникација. Има развиено и одреден фонд на зборови кои ги комбинира во проширена, но аграматична реченица. Вербалното памтење во поглед на неговите интелектуални способности е добро. Може да запамети и пократки стихотворби. Артикулацијата е с¡ уште непостојана, скоро сите гласови поединечно може да ги изговори, но во комуникацијата некои од нив може да ги испушти или супституира со други полесни за изговор. За време на логопедските вежби покажува извонредни резултати. |
|
|
|
|
|
Вежби за развој на говорот кај тешкоментално ретардирани според "РЕСЅ#програмата |
|
Exercise for speech development in children with severe mental retardation according to “PECS” program |
“РЕСЅ” е американска програма-систем на комуникација со помош на замена на слики. Таа најчесто се употребува како алтернативна метода во вежбањето на комуникацијата претежно кај аутистични деца и деца со други потешки проблеми во социјалната комуникација. Се состои од следниве вежби:
Моментално се работи на одржување на вака формираниот говор и учење песнички составени од по 4 стиха. Резултатите од вежбите постојано ги наградуваме со чоколадо, бонбони, јаболка... |
|
“PECS” is an American program-system of communication with help of changes of pictures. It is usually used like an alternative method with autistic children and children with other more difficult problems in social communication. It is consisted of the following exercises:
We try to sustain the formed speech by learning longer songs. The results are always awarded with chocolate, apples, toys... |
|
||
|
|
|
Евалуација |
|
Evaluation |
Врз основа на резултатите кои ги добивме со серија тестови за испитување на говорот пред да го вклучиме детето на логопедски третман и резултатите добиени по одреден временски мултидисциплинарен третман може да ги изнесеме следниве забелешки: Артикулацијата според глобалниот артикулационен тест се покажа дека е многу подобра во однос на почетокот на тимската работа. |
|
On the basis of the achieved results from the serial of tests for examination of speech before including the child in speech therapy treatment and the results after the multidisciplinary treatment, show the conclusion: The articulation according to the global articulation test is much better in relation to the beginning of the team work. |
Табела 1. Резултати од глобалниот артикулационен тест кај детето |
|
Table 1.The articulation is much better from the beginning. (Global articulation test) |
Пред почетокот на третманот имавме 18 гласови со добра артикулација, 4 со делумна и 9 со лоша, додека по тимската работа добивме 23 чисто артикулирани гласови и 8 со лоша артикулација. Треба да се нагласи и тоа дека во почетокот постоеше замена на 7 гласови, а по третманот кај 3 гласови имавме супституција. |
|
Before the beginning of treatment we had 18 voices with good articulation, 4 with medium and 9 with bed articulation. After the treatment we had 23 good articulated voices and 8 with bed articulation. We need to mention that at the beginning the child had 7 voices with substitution, and after the treatment there were only 3 voices with substitution. |
|
|
|
Кај лингвограм тестот добивме дека
|
|
In ”Lingua-gram test”
|
|
|
|
Тест-речникот за деца покажа дека фондот на зборови на детето Д. К. по тимската работа одговара на 3-годишна возраст. |
|
“Vocabulary test” shows that the child D. K. has developed vocabulary for 3 years of age. He uses sentences composed of 1 word, usually a noun or a verb, rarely a sentence composed of two words, using the subject and the object in the sentence. |
Заклучок |
|
Conclusion |
||
Во горенаведениот приказ на случај на дете со алалија станува збор за случај со кој е почнато да се работи многу доцна, кога неговиот развоен период е веќе поминат. Затоа е неопходна навремена детекција, дијагностика и третман кај овие деца бидејќи резултатите кои ги добивме укажуваат на тоа дека можат да се постигнат задоволителни резултати во однос на развојот на говорот кај децата со тешка ментална ретардација и да се постигне соодветно ниво на социјална комуникација кај овие лица. |
The case of child with alalia, is a case in witch the treatment started late, when his developing period was passed. Therefore, it is necessary to have prompt detection, diagnosis and treatment of these children because the results we get from researches indicate that good results could be achieved in relation to development of speech and appropriate level of communication in children with severe mental retardation. |
|||
|
|
|
||
|
|
|
||
Citation:Stojmenovska M, Filipova S. Description of Child with Alalia. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):89-97. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE