НАУЧНО СТРУЧНА ПОСЕТА
НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “LA SAPIENZA”
ВО РИМ-ИТАЛИЈА

 

Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА

Филозофски факултет-Скопје
Институт за дефектологија

 

EDUCATION-PROFESSIONAL VISIT OF THE UNIVERSITY “LA SAPIENZA”
IN ROME, ITALY

 

Natasha CHICHEVSKA-JOVANOVA

Faculty of Philosophy-Skopje
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

 

 

Во рамките на меѓусебната научно струч­на соработка меѓу Универзитетот “La Sa­pien­za” во Рим и Универзитетот "Св. Ки­рил и Методиј# во Скопје, наставници од Институтот за дефектологија при Фило­зофскиот факултет во Скопје: д-р Љупчо Ајдински, м-р Наташа Чичевска-Јованова, м-р Даниела Димитрова-Радојичиќ и м-р Зоран Киткањ од 11 до 18 декември 2005 година престојувавме на Факултетот за специјална психологија во Рим.
За време на посетата се запознаме со ор­га­низацијата, наставниот план и програ­ми­­те, изведувањето на теоретската и прак­­­­тичната настава на Факултетот за спе­­цијална психологија, како и со це­лос­на­та организациона структура на Уни­вер­зи­тетот. Исто така домаќините овозмо­жи­ја посета на неколку институции за трет­ман на деца и младинци попречени во пси­хич­киот развој: редовно основно училиш­те во кое има вклучено деца со лесна по­пре­ченост во развојот, стан во станбена згра­да каде се сместени шест лица со Down-синдром и една институција за згри­жу­вање и работна терапија на лица со теш­ка попреченост.

 

Within the mutual scientific and professional co­operation between the La Sapienca University in Rome and Ss Cyril and Methodius University in Skopje, scholars from the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy in Skopje: Dr. Ljupcho Ajdinski, Mrs. Natasha Chichevska-Jovanovska, MA, Mrs. Da­nie­la Dimitrova-Radojichikj, MA, and Mr. Zoran Kitkanj, MA, visited the Faculty of Special Psychology in Rome from 11 to 18 December 2005.
During the visit we got to know the organization, the curriculum and the syllabuses, the theoretical studies and practical training at the Faculty of Special Psychology, as well as the organizational structure of the University. The hosts enabled us to visit several institutions for treatment of chil­dren and youth psychic and developmental dis­abilities: regular primary school in which children with easy developmental disabilities are included, a flat in a block of flats where six people with Down syndrome were accommodated and one institution for care and work therapy of people with hard disabilities.

Во текот на престојот, одржавме неколку пре­­­­давања пред наставниците и студент­и­те од трета и четврта година на спом­на­ти­от факултет:

  • Д-р Љупчо Ајдински: "Законските права на инвалидните лица во Република Ма­ке­донија "Спроведување на интеграцијата на лицата со инвалидност во Република Македонија#; а во дискусијата се осврна и за "Примената на терминологијата за лицата со инвалидност во светот и кај нас#.
  • М-р Наташа Чичевска-Јованова: "Ста­во­ви­те на воспитно-образовниот кадар кон инклузијата на учениците со пречки во развојот#.
  • М-р Даниела Димитрова-Радојичиќ: "Ста­­вовите на студентите кон примената на видео-интеракцијата во наставата ка­ко нов методски пристап#.
  • М-р Зоран Киткањ: "Ученици со социо­вос­питни проблеми и нарушено пове­де­ние и инклузивното образование#.

Предавањата предизвикаа интерес кај слу­ша­­телите во преполнетата сала, се пос­та­вија голем број прашања и се разви плодна дискусија.
Според сето она што беше овозможено да го видиме на стручен план во однос на кон­цепцијата во остварувањето на едукацијата, може да кажеме дека Факултетот стои на високо рамниште, а постојат и некои заед­нич­ки карактеристики меѓу нашите два фа­култети. Во однос на организацијата и ра­бо­та­та на посетените установи упативме чес­тит­ки кон вработените и корисниците.
Во слободното време домаќините организи­раа заедничка посета на културно-исто­рис­ки знаменитости и разгледување на градот Рим од каде понесовме незаборани впечато­ци.

 

We held lectures in front of the scholars and the students of the third and the fourth year of the mentioned Faculty:

  • Dr. Ljupcho Ajdinski: “The legal rights of the disabled people in the Republic of Mace­donia”, “Realization of the integration of dis­abled people in the Republic of Macedonia”, and during the discussions he turned to “The Implementation of terminology for people with disabilities worldwide and in our country.”
  • Mrs. Natasha Chichevska-Jovanova, MA: “The Attitudes of the upbringing-educational staff towards inclusion of pupils with developmen­tal disabilities.”
  • Mrs. Daniela Dimitrova-Radojichikj, MA: “Stu­dents’ attitudes towards the implementa­tion of video-interaction in the studies as a new methodological approach.”
  • Mr. Zoran Kitkanj, MA: “Pupils with socio-education problems and impaired behaviour and inclusive education.”

The lectures aroused interest of the students, a lot of questions were asked and there was fruitful dis­cussion afterwards.
According to what we were able to see of the pro­fessional plan and the concept to realize the edu­cational process, we consider the work of the Fac­ulty with high quality and professionalism, and there are mutual characteristics of the two facul­ties. In regard with the organization and the work of the visited institutions we express our gratitude and congratulations to their employees and benefi­ciaries.
Our hosts organized some social activities as vis­iting some cultural and historical monuments and sightseeing of Rome, unforgettable impressions for us. 


Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Наташа Чичевска-Јованова

 

Natasha Chichevska-Jovanova

Филозофски факултет
Институт за дефектологија
Бул. "Крсте Мисирков" бб
1000 Скопје
Република Македонија
E-mail: cicevska@freemail.com.mk

 

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
Bull. “Krste Misirkov” bb
1000 Skopje
Republic of Macedonia
E-mail: cicevska@freemail.com.mk


Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in