JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 49384
НЕВРОПСИХОЛОШКИ-РАЗВОЈНОДИНАМИЧКИ
Драгослав КОПАЧЕВ
Филозофски факултет Скопје, Македонија |
|
NEUROPSYCHOLOGICAL DEVELOPMENT DYNAMIC APPROACH IN CHILDREN WITH AUTISM
Dragoslav KOPACHEV
Faculty of Philosophy Skopje, Macedonia |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Во последниве години во научниот свет во значајна мера расте интересот за аутизмот во развојната возраст. Се преземаат низа истражувања во разни области. Во овој контекст ги споменуваме истражувањата во областа на генетиката, невропсихологијата, имунологијата, биохемијата, полето на трансмитерско-синаптичкиот систем, ендокринологијата, анатомско-невроразвојните структури и други. |
|
In recent years, the interest about autism in growth age has significantly increased in the scientific world. A large number of researches in different areas have been undertaken. In that context we mention researches in the area of genetic, neuro-psychology, immunology, biochemistry, the area of transmitter-synaptic system, endocrinology, anatomic-neurodevelopment structures etc. |
|
|
|
Leo KannerиHans Asperger основоположници на научната мисла на детскиот аутизам |
|
Leo Kanner and Hans Asperger founders of scientific thought of child’s autism |
Сo Виенските клиничари Leo Kanner и Hans Asperger почнува научната мисла во развојната психопатологија за аутизмот. Leo Kanner во 1943-та година опиша деца со фасцинантна необичност и го воведе терминот "ран инфантилен аутизам" (1), а Hans Asperger во 1947 година опиша деца со лоша социјална адаптација, со некоординирани движења, без застој во говорот и когнитивните способности, а ги дефинира со терминот "аутистистична психопатија" (2). Двајцата автори терминот го позајмиле од E. Bleuler. |
|
Development psychopathology of autism starts with the scientific thought of Vienna doctors Leo Kanner and Hans Asperger. Leo Kanner in 1943 described some children with fascinating abnormalities and introduced the term “early infantile autism” (1), and Hans Asperger in 1947 described some children with bad social adaptation, with uncoordinated movements, without stagnancy in speech and cognitive abilities, and defined them with the term “autistic psychopathy”. |
|
||
|
|
|
Класификацијата МКБ-10 и детскиот аутизам |
|
MKB-10 Classification and child's autism |
Најновата класификација МКБ-10 аутизмот го класира во первазивните растројства. Иако оваа класификација, за разлика од претходните, се чини дека е посеопфатна и посовремена, па во овој контекст прави диференцијација меѓу аутизмот и Аспергеровиот синдром, сепак, н" става во дилема дали не се работи за една иста патолошка појава, само со различен степен на тежина на растројство и присуство на дополнителни варијации што ги регулираат менталните феномени. |
|
The new MKB-10 classification includes autism in pervasive disorders. Although this classification, contrary to the previous ones, seems to be more comprehensive and contemporary, and in that context it makes distinction between autism and Asperger’s Syndrome. However, we are in dilemma whether it is the same pathological occurrence, with only different level of disorder and presence of more variations which regulate mental phenomena. Our observations, regarding frequency of parental pathology |
|
|
|
Развојнодинамички пристап |
|
Development dynamic approach |
Сите постапки што ги преземаме кај децата со аутизам треба да се темелат врз развојнодинамичкиот пристап. Детето треба да се разгледува во контекст на онтогенетскиот развој и неговата интеракција со околината. Во фокусот на нашето истражување не треба да бидат само констатираните органски дефекти, оштетувањата или физиолошките дисфункции, туку детето како тоталитет со целата негова егзистенцијална проблематика. Развојот е процес во кој органските и функционалните аспекти, како и карактеристиките на средината, едни на други делуваат и заемно се менуваат. Во овој контекст развојната невропсихологија, развојно-когнитивниот и феноменолошко-егзистенцијалниот, холистички пристап треба да н" водат во сите дијагностички и тераписки постапки (9). |
|
The procedures we undertake with autistic children should be based on development dynamic approach. The child should be treated in context of ontogenetic development and his/her interaction with the environment. Our research should not only be focused on discovered organic disorders, impairments or psychological dysfunctions, but on the child as a totality with all existential problems. The development is a process in which the organic and functional aspects, as well as the environmental characteristics, influence each other and change mutually. In this context the neuro-psychological development, cognitive development and phenomenon-existential, holistic approach should lead to all diagnostic and therapeutic procedures (9). |
Дали аутизмот е само една од фазите за развој на детето? |
|
Is autism merely a phase of child’s development? |
Margaret Mahler укажува дека детето од еден првобитен интраутеринен симбиотичен однос со мајката по раѓањето влегува во друг т.н. период на нормална симбиоза, во која ги остварува сите свои потреби. Во оваа симбиотична затвореност, кога мајката и детето претставуваат една целина, се води фин "тоничен дијалог" на размена на движења и емоции меѓу двете суштества. Со текот на времето ќе забележиме дека детето почнува самостојно да го освојува просторот преку своите движења, емоционално и сознајно разоткрива нови случувања надвор од симбиотичниот однос и, на крајот, постепено него го разградува (10). Ако симбиозата претставува заемност на живите суштества што е во функција на размената на одредени видови односи, кои се потребни за опстанок на единките, по с" изгледа дека кај аутистичните деца симбиотичниот однос на детето со мајката не претставува ништо од сево ова. Исклучена е секоја размена на емоции меѓу двете суштества, како и потребата да се осознае новото и светот околу детето. Оваа аутистичка развојна заробеност или, сликовито кажано, "аутистична инкапсулација", н" тера да размислиме: дали аутизмот не го заслужува терминот "аутистичен континуум"? Болката што ја доживуваат децата со аутизам при изненаден посилен звук или при директен поглед очи в очи со други лица, најверојатно, се должи на дразбите што допираат во ЦНС без одреден ред, остануваат неинтегрирани и свесно недоживеани. |
|
Margaret Mahler indicates that the child, from the first inter-uterine-symbiotic relation with the mother, after the birth, enters another period so called normal symbiosis, in which he/she realizes his/her needs. In this symbiotic relation, when mother and child present a totality, a fine “tonic dialogue” of exchange of movements and emotions between two beings is led. As time passes we notice that the child starts discovering the space through movements, emotionally and knowledgeably finds out new experiences out of the symbiotic relation, and at the end, he/she disintegrates it (10). If symbiosis is a relationship of living beings in the function of exchange of certain kinds of relations which are necessary for survival of individuals, it seems that the symbiotic mother-child relationship in autistic children is nothing of the above mentioned. Each exchange of emotions between the two beings is excluded, as well as the need to discover new ones and the world around the child. This autistic development captivity or so called “autistic encapsulation” imposes on us to think whether the autism deserves the term “autistic continuum”. The pain which children with autism feel at a sudden strong sound or a direct look at other people, probably is due to irritations which reach to CNS with certain disorder, stay disintegrated and consciously inexperienced. |
|
||
|
|
|
Нервен систем и психички живот |
|
Nervous system and psychic life |
Сите случувања во нашата околина доаѓаат до мозокот и минуваат низ мозокот. Ова покажува дека и сите ендогени и егзогени фактори (биолошки, хемиски, психолошки, социјални и други), што предизвикуваат одредени психички растројства, тоа делување го остваруваат во мозокот и преку мозокот. Развојот на компјутерската технологија и особено примената на тродимензионалната и четиридимензионалната техника со ултра звук, овозможуваат уште интраутерино кај фетусот да забележиме одредени моторни, емоционални или сензорни доживувања, односно дознаваме дека нероденото дете живее свој живот. |
|
Everything what happens in the environment comes to the brain and passes through it. This indicates that all endogenous and exogenous factors (biological, chemical, psychological, social and others) which cause certain psychic disorders, act in the brain and through the brain. |
говорот, моториката, сознајните процеси, а децата манифестираат поведение слично на аутизам. Во овој контекст, авторите ставаат акцент врз "феталните" карактеристики на новороденчињата и нивната слаба заштитна бариера спрема околината (13). |
|
region, give characteristic images of autistic behavior (lost social interest, disabled approach and refusal of other people). |
|
|
|
Детето со аутизам има лош прием и одговор на информација |
|
An autistic child has a bad input and output of information |
Аферентните и еферентните нервни патишта се недоволно зрели и неинтегрирани, а дразбите течат хаотично, како низ пренатрупани или пусти улици. Претцентралниот и постцентралниот регион на големиот мозок, поради (видливи или невидливи-интранеурални) морфолошки промени, екстремно се дисфункционални на ниво на структурите и функциите. Сево ова прави децата со аутизам да покажат општа збрканост во егзистенционалното поле на живеење, т.е. "ментален хаос" (15). |
|
Afferent and efferent nervous paths are insufficiently matured and disintegrated, and the irritations flow chaotically, as through crowded or deserted streets. Pre-central and post central region of the cerebrum, due to (visible or invisible intra-neuralgic) morphological changes, are extremely dysfunctional on the level of structures and functions. This makes children with autism show common confusion in the existential life field, i.e. “mental chaos” (15). |
Дисфункција на фронто-префронталните региони и аутизам |
|
Dysfunction of frontal and pre-frontal regions and autism |
Според A. R. Lyria (1983) овој регион на мозокот го претставува блокот за програмирање, регулација и координација на сложените форми на дејности, односно претставува генерализатор на кората за свесните психички и психомоторни активности, а со двојни врски, практично е врзан со сите други делови на мозокот, како што се: темено-слепоочните-тилни предели, таламусот (одговорен за моторното внимание), лимбичниот систем (ги регулира емоциите, мотивацијата, нагоните, социјалните релации, вниманието), ретикуларниот систем (саморегулативен апарат го модулира тонусот на кората на мозокот и обезбедува најсложени свесни активности во будна состојба), а преку неа обезбедена е поврзаност и со малиот мозок, вестибуларениот апарат, хипоталамусот, мозочното стебло и спиналниот систем (16).
Ивона Милачиќ (2001) истакнува дека децата со аутизам, поради дисфункција на префронталниот кортекс, покажуваат проблеми во когнитивните фунции (17). Сметаме дека ваквото нејзино толкување ќе биде поубедливо ако покрај префронталните предели бидат вовлечени, во својата дисфункционалност и субкортикалните и другите региони на мозокот. Знаеме дека префронталниот кортекс обезбедува и други функции, како што се на пример: вниманието, перцепцијата, мотилитетот, волевите динамизми, свесноста и други. Тој истовремено го регулира и приемот од неокортексот, лимбичкиот систем, хипоталамусост, продолженото мозочно стебло, а преку таламусот и најголемиот дел од мозокот. Неговиот орбитален дел испраќа директно проекции до базалните ганглии (х. каудатус, путамен, палидус, супстанција нигра). |
|
According to A. R. Lyria (1983) this brain region represents the block for programming, regulation and coordination of complex forms of activities, i.e. it generalizes the cortex for conscious psychic and psychomotor activities, and with double connections is joined with other brain parts such as: parietal-temporal-occipital regions, thalamus (responsible for motor responsiveness), limbic system (regulates emotions, motivations, instincts, social relations and responsiveness), reticular system (self-regulating apparatus which models the tonus of the cortex and provides the most conscious activities in an awaken condition) and connects the cerebellum, vestibular apparatus, hypothalamus, brain stem and the spinal system (16).
Ivona Milachikj (2001) emphasizes those autistic children due to the dysfunction of pre-frontal cortex, show problems in cognitive functions (17). We think that her interpretation will be more persuasive, if, besides pre-frontal regions, sub-cortical and other regions of the brain are included in its dysfunctions. We know that pre-frontal cortex has other functions, such as; attention, perception, motility, will dynamism, consciousness and etc. At the same time it regulates the receptions from neocortex, limbic system, hypothalamus, medulla oblongata, and through the thalamus the largest parts of the brain as well. |
|
||
Губењето на работната меморија, што е пресудна за сите видови когнитивни операции и поведенија, како и губењето на своето потекло (18), би можеле да го објасниме со растројството што се јавува во егзекутивната функција на претфронтално-фронталните предели на кората на големиот мозок. |
|
Loss of working memory which is very important for all types of cognitive operations and behavior, as well as loss of own genesis (18), could be explained by a disorder which appears in the executive function on prefrontal-frontal regions in the regions of the cerebral cortex. |
|
|
|
Дисфункција на темено-слепоочно-тилниот дел од мозокот и аутизам |
|
Dysfunction of parietal-temporal-occipital regions of the brain and autism |
Според A. R. Lyrija (1983), овој дел претставува т.н. "синтетизер" на мозокот или блок за прием, обработка и чување на надворешните информации. Овој регион врши прием на сите екстерорецептивни информации што доаѓаат до сензорните полиња на кората на големиот мозок. Тука се создаваат визуокинестетичките моторни енграми, т.е. моторните репрезентации, како когнитивни шеми одговорни за програмирање на одделните секвенции на сложените психомоторни активности, а заедно со гностичките предели, кои ја претставуваат мислата на психомоторните активности (визуелна интелигенција), вршат контрола на временската и просторната организација на движењата. Тука се изведува синтеза на очигледната информација, синтеза на ниво на симболичките процеси, изведување операцијата за знаење на бројките, значењето на граматичките и логичките структуири на зборовите во речениците, помнењето на организираните искуства и друго (16). Сметаме дека кај децата со аутизам дисфункцијата на овие предели е причина за нарушената телесна шема, димензијата за простор и време, како и стереотипните активности како останоци од волевите активности и недограденоста на димензијата време. |
|
According to A. R. Lyrija (1983), this region is the brain “synthesizer” or the block for receiving, elaborating and keeping the outer information. This region receives all external-perceptive information which comes to the sensor areas of the cerebral cortex. Visual-kinesthetic motor-engrams are created there, i.e. motor-representations as cognitive schemes responsible for programming of various sequences of complex psychomotor activities and together with gnostic regions which represent the thought of psychomotor activities (visual intelligence), control the time and space organization of movements. Here the following is performed: synthesis of obvious information, synthesis on the level of symbolic processes, operation for learning numbers, the meaning of grammar and logical structures of words in dictionaries, remembering organized experiences and so on (16). We consider that the dysfunction in these regions in autistic children is the reason for disorders of physical scheme, time and space dimension, stereotypical activities as residual will activities and incompleteness of time dimension. In context of parietal-temporal-occipital brain regions, the comparative patho-anatomical and visual studies, operated on autistic children show high percentage of anomalies of limbic system especially in hippocampus, amygdala complex, frontal gyrus cingulum and others important for remembering, emotional expression and social communication. In autistic children, in medial parts of temporal lobus, anomalies in morphological and cyto-architecture of brain neurons on a level of synaptic connections are found out (14).
Genesis of disordered emotional reactions in autistic children can significantly be related to the structures of limbic system with dysfunction of Papez circle from where paths to other centers and brains structures start. The poor auditory-verbal perception, i.e. the occurrence of disorders in receptors in corti organ and sensor paths make the irritations which come from the environment be carried out slowly and due to poor processing in cortical analyzers autistic children behave as deaf. |
|
|
|||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
Од невропсихијатриски аспект за појавата на аутизмот многу ни е блиска невроразвојната хипотеза за појавата на аутизмот кај децата. Таа претставува синтеза на сознанијата од визуализацијата на мозокот за одредени абнормалности на неговите структури. Во целокупниот контекст на нашите согледувања останува уверувањето дека аутизмот кај децата е резултат на меѓуиграта на генетските фактори, развојот и стресот. Овие деца како да доаѓаат на свет со вродено намалена или целосна неспособност за воспоставување афективни контакти и комуникации со лицата од околината. |
|
The neurodevelopment hypothesis for the occurrence of autism is very close from neuro-psychiatric aspect. The hypothesis is a synthesis of knowledge of brain visualization for certain abnormalities of its structures. In context of our study is the conviction that autism in children is a result of the inter-game of genetic factors, development and stress. These children seem to be brought to the world with reduced ability or total disability for establishing contacts and communication with people in their environment. |
||
|
||||
|
|
|
||
|
|
|
||
Citation:Kopachev D. Neuropsychological-Development Approach in Autistic Children. J Spec Educ Rehab 2005; 6(1-2):5-16. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE