JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 56753
ИМУНОЛОШКИ ПРИСТАП ВО ДИЈАГНОСТИКАТА НА АУТИЗМОТ
Мирко Ж.СПИРОСКИ
Медицински факултет Скопје, Македонија |
|
IMMUNOLOGYCAL APPROACH TO THE DIAGNOSIS OF AUTISM
Mirko Zh. SPIROSKI
Faculty of Medicine Skopje, Macedonia |
Вовед |
|
Introduction |
Покрај невробихејвиоралните симптоми, до денес постојано се документираат промени во невротрансмитерите и во имуниот систем кај лицата со аутизам. Меѓусебната комуникација меѓу двата најголеми адаптивни система во човековиот организам, централниот нервен систем (ЦНС) и имуниот систем се одржува низ повеќекратни патишта и се остварува со невротрансмитери, хормони, цитокини, хемокини и нивните рецептори (1). Доказите за комуникација меѓу нервниот и имуниот систем произлегуваат од универзалниот концепт за невроимунолошка регулација на хомеостазата. |
|
To date, neurotransmitter and immune abnormalities in autism are the only consistently documented findings other than neurobehavioral symptoms. Reciprocal communication between two major adaptive systems of the organism, the CNS and the immune system, is sustained via multiple pathways and is mediated by neurotransmitters, hormones, cytokines, chemokines, and corresponding cell receptors (1). Evidence for a dialogue between them has emerged as a universal concept of the neuroimmune regulation of homeostasis. |
Примарното имунолошко нарушување го напаѓа ЦНС |
|
Primary Immune Dysfunction Targeting the CNS |
Централниот нервен систем имунолошки се следи преку специјализирана, прилагодена форма. ЦНС не е целосно исклучен од циркулацијата - противтелата, како и имуните клетки може да поминат низ ендотелната крвно-мозочна бариера и да се движат низ мозочното ткиво. Вродениот имун систем во ЦНС го сочинуваат стационарни клетки во мозочниот паренхим (микроглија и астроглија) и во крвосадниот меѓупростор. Познато е дека микроглијалните клетки имаат особини на противген обработувачки клетки, како што е прикажувањето молекули од главниот ткивносовпадлив комплекс (ГТСК) и костимулаторни молекули (2). Нивната имунорегулаторна функција се остварува преку прикажување противгени врз Т-Ли и поларизација на Т-Ли кон цитокинскиот одговор (Тпо1 наспроти Тпо2 лимфоцити). Оттука микроглијалните клетки имаат способност да го почнат имуниот одговор кон надворешни противгени или кон внатрешните дегенеративни процеси во ЦНС.
Примарното имунолошко нарушување е докажано во неколку заболувања, вклучувајќи ги мултиплата склероза (МС), мијастенија гравис и синдромот на Гилиан-Баре (Guillian-Barre). Исто така се најдени невробихејвиорални нарушувања во автоимуни глувци кои спонтано развиваат системско лупусовидно автоимуно заболување, придружено со последователни промени во поведението (3).
Спротивно од мултиплата склероза, каде што присуството на противмиелински автопротивтела во ЦНС е здружено со демиелинизација, кај лицата со аутизам не е најдена демиелинизација било невроанатомски било со магнетна резонанца (5, 6). Дополнително не се најдени ни глиоза ни докази за воспалителни промени или претходни аноксични напади. Тоа укажува на отсуство на воспаление и/или активација на микроглијалните клетки во мозокот од лицата со аутизам. Мерењето воспалителни обележувачи во цереброспиналната течност од лица со аутизам не дало докази за воспаление (7, 8).
Во исто време "се покануваат"активираните противген-специфични Т-Ли во мозокот од резидентните противген-обработувачки клетки што прикажуваат онконеврални противгени. Процесот е придружен со воспалителна каскада со локално создавање цитокини. Тоа ја зголемува пропуштливоста на крвно-мозочната бариера што овозможува понатамошно навлегување на активирани Т-Ли. |
|
The CNS is subject to immune surveillance, though in a specialized, adapted form. The CNS is not completely secluded from circulating immune factors: antibodies as well as immune cells can pass through the endothelial blood–brain barrier and migrate through brain tissues. The innate CNS immune system is represented by resident cells within the brain parenchyma (microglia and astroglia) and at the vascular interface. Microglial cells are known to have features of Antigen-presenting cells (APC), such as an expression of Major Histocompatibility Complex (MHC) and costimulatory molecules (2). Their immunoregulatory functions feature antigen presentation to T cells and polarization of T-cell cytokine responses (Th1 versus Th2). Thus, microglia cells have the potential to initiate immune responses to exogenous antigens or endogenous degenerative processes within the CNS.
A causative role of primary immune dysfunction is confirmed for a number of disorders including multiple sclerosis (MS), myasthenia gravis, and Guillian-Barre´s syndrome. Neurobehavioral impairments are also found in autoimmune mice spontaneously developing a systemic, lupus-like autoimmune disease; disease progression is accompanied by a cascade of behavioral changes (3).
In contrast to MS, where the presence of anti-myelin auto-antibodies in the CNS is associated with demyelination, no signs of autism-related demyelination have been found either on magnetic resonance imaging or neuroanatomically (5, 6). In addition, neither gliosis nor evidence of inflammatory changes or previous anoxic insult was observed indicating the absence of persistent inflammation and/or activation of microglia in the autistic brain. Screening for inflammation markers in the CSF of children with autism also found no evidence of inflammation (7, 8).
In parallel, activated antigen-specific T-cells are “invited” into the brain by resident APC presenting onconeural antigens. The process is accompanied by an inflammatory cascade including the local production of cytokines. This, in turn, increases permeability of the blood-brain barrier and promotes further intake of activated of T-cells. |
Дефектот во ЦНС секундарно доведува до имуни нарушувања |
|
CNS Defect Leading Secondarily |
Во втората варијанта од невроимуната патогенеза на аутизмот се поставува како прво нарушувањето на ЦНС, кое подоцна предизвикува имун одговор. Овие имунолошки нарушувања подоцна може да придонесат за ширење на оштетувањата низ ЦНС или да останат како епифеномен. Сигналите од ЦНС, кон имуниот систем може потенцијално да се пренесат преку два патишта: симпатикусниот нервен систем (СНС) и хипоталамо-хипофизно-надбубрежна оска (ХХНО). |
|
The second scenario of neuroimmune pathogenesis in autism implies that an inherent CNS defect occurs first, triggering an immune response. These immune changes, in turn, may then contribute to further spread of CNS damage or remain an epiphenomenon. The signals from the CNS to the immune system may be potentially transmitted via two major pathways, the sympathetic nervous system (SNS) and the hypothalamic-pituitary-adrenal (HPA) axis. |
Активација на кој било од овие патишта доведува до општи имуносупресивни и противвоспалителни дејства врз имуниот систем (1). Централниот нервен систем може да ги смени особините на имуните клетки додека тие патуваат низ мозочниот паренхим. Опишани се влијанија на оштетениот ЦНС врз имуниот систем во неколку студии, каде што оштетувањата на специфичните подрачја од мозокот или стресот предизвикуваат промени во имунолошката состојба на имуниот систем во периферијата (крвта) (11, 12). Вкрстениот разговор меѓу ЦНС и имуниот систем се остварува со употреба на општите цитокини и со невротрансмитерите. На пример, цитокините што ја регулираат хематолимфопоеазата (создавањето имуни клетки во крвта) истовремено ја регулираат и морфогенезата (создавањето) и зреењето на клетките во нервната система (13). Ендокрините хормони и цитокините многу често служат како пренесувачи во патеките од ЦНС и го контролираат нивното создавање. На крајот, деноноќните ритмики (вклучувајќи ги и имуните одговори) што ја координираат физиологијата на организмот како целина, се случуваат во ЦНС. Нарушувањата на деноноќниот часовник ги менуваат симптомите на некои имуни заболувања, како што е астмата, ревматоидниот артрит и мултипла склерозата. Најдено е нарушување на деноноќниот часовник кај аутизмот и кај други патологии на ЦНС (Верникеова енцефалопатија, Алцхајмерова болест, локализирани хипоталамусни заболувања). Во испитувањата на аутизмот сите испитани лица покажувале нарушување во деноноќниот ритам на мелатонинот, сугерирајќи хипофункција во пинеалната жлезда (14).
|
|
The activation of either pathway has, but is not limited to, general immunosuppressive and anti-inflammatory effects on the immune system (1). The CNS may also modify properties of immune cells as they pass through the brain parenchima. The projection of CNS injury on the immune system has been documented in a number of studies where lesions in specific regions of the brain or stress stimuli induced changes of immune status in the periphery (11, 12). Cross-talk between the CNS and the immune system is sustained through the use of common cytokines and neurotransmitters. For instance, cytokines regulating hematolymphopoesis also regulate morphogenesis and maturation of nervous cells (13). The endocrine hormones and cytokines often serve as messengers in the CNS pathways that control their own production. Finally, circadian rhythms coordinating whole organism physiology, including the immune response, are generated within the CNS. Perturbations of the circadian clock are known to affect symptoms of some immune-mediated diseases, such as asthma, rheumatoid arthritis, and multiple sclerosis. Interestingly, the circadian clock was also found impaired in autism and in a number of brain pathologies (Wernicke’s encephalop-athy, Alzheimer’s disease, localized hypothalamic disorders). In study conducted on autism, all examined patients demonstrated abnormal melato-nin circadian rhythm, suggesting a pineal endocrine hypofunction (14). |
Заедничките нарушувања меѓу нервниот и имуниот систем |
|
Defects Shared between the Nervous and Immune Systems |
Заедничките нарушувања на ЦНС и на имуниот систем може да настанат поради истовремен недостиг само во овие два система од човековиот организам или поради примарна причина што е надвор од овие два система, а влијае и врз двата система. Не-невралните симптоми во аутизмот и другите первазивни развојни нарушувања остануваат незабележани во споредба со очигледната психијатриска слика. Повеќето автори објавуваат непрепознаени промени во црниот дроб и во дигестивниот систем кај лицата со аутизам. Најдена е нарушена црнодробна детоксификација (што ја надминува максималната толеранција кај возрасни) кај сите 20 деца со дијагноза на аутизам (15). Најдена е нарушена пропуштливост на цревата кај 9 од 21 лице со аутизам, но кај ниедно од 40 контроли, што сугерира дека има нарушување во цревната мукоза (16). Понатамошните студии открија хронични гастроинтестинални нарушувања како рекурентен наод кај лицата со аутизам (17). Ние најдовме значително зголемени концентрации на ИгГ4 кај децата со аутизам од двата пола, зголемени концентрации на ИгГ1 кај машките деца со аутизам и зголемени вредности на ИгГ и ИгГ1 кај женските деца со аутизам во споредба со нивните здрави браќа, односно сестри (18). Во најновиот труд ги изнесовме резултатите од специфичните противтела кај децата со аутизам во Република Македонија и најдовме дека ИгА, ИгГ и ИгЕ специфичните противтела во плазма за алфа-лакталбумин (f76), бета-лактглобулин (f77), казеин (f78), глутен (f79), и глијадин (f98), како и вкупниот ИгЕ се значително зголемени (19). Најновите епидемиолошки испитувања покажаа дека кај 18.8% од лицата со аутизам се најдени симптоми за гастроинтестинални нарушувања (20). Автоимуниот лимфопролиферативен синдром (АЛПС) е втор пример за системска состојба што може да се спореди со патологијата на аутизмот. Тоа е неодамна препознаено заболување со мутација на протеините од Фас-остварениот Т-Ли апоптотичен пат, кој доведува до општо нарушување на лимфоцитната хомеостаза и нормалната имунолошка толеранција (21). Во најновиот труд пациентите со мутација на умирачкиот домен од Фас-рецепторот и манифестациите на АЛПС (22) покажуваат брза развојна регресија со аутистички поведенија во исто време со појавата на АЛПС во 18-месечна возраст. Овие резултати укажуваат дека општото нарушување на автоимунитетот кај децата може да доведе до невробихејвиорални нарушувања слични на аутизмот. |
|
Parallel changes that occur in both the CNS and the immune systems in the course of the disease may be due to a deficiency inherent only to these two systems or reflect a more complex systemic condition where the primary source of pathology is located elsewhere, but influence to these two systems. Non-neural symptoms in autism and other pervasive developmental disorders may remain unnoticed compared to the more obvious psychiatric features. Multiple reports have suggested unrecognized liver/gut involvement in autism. Abnormal liver detoxification profiles exceeding adult maximum tolerance were found in all of 20 children diagnosed with autism (15). Abnormal intestinal permeability suggesting gut mucosal damage was noted in 9 of the 21 autistic patients, but in none of the 40 controls (16). Further studies identified chronic gastrointestinal abnormalities as recurrent findings in autistic children (17). We found significantly increased concentrations of IgG4 in the children with autism of both male and female, increased concentrations of IgG1 in male children with autism, and increased concentrations of IgG and IgG1 in the female children with autism in comparison with their healthy brothers and sisters (18). In our recent paper we presented the results of the specific antibodies in the children with autism in the Republic of Macedonia and found that specific IgA, IgG, and IgE antibodies in the plasma against alpha-lactalbumin (f76), beta-lactglobulin (f77), casein (f78)), gluten (f79), and gliadin (f98), as well as total IgE are significantly increased (19). A recent epidemiological study has estimated 18.8% comorbidity of PDD with sub-clinical gastrointestinal symptoms (20). Autoimmune lymphoproliferative syndrome (ALPS) is another example of a systemic condition, which may be relevant to autistic pathology. It is a recently recognized disease where mutations in proteins from the Fas-mediated T-cell apoptosis pathway lead to the general breakdown of lymphocyte homeostasis and normal immunologic tolerance (21). In a recent report, a patient with a mutation in the death domain of the Fas receptor and ALPS manifestations (22) demonstrated rapid developmental regression with autistic behavior coincident with the onset of ALPS at 18 months of age. These results shows that general outbreak of autoimmunity in childhood may result in autistic-like neurobehavioral sequelae. |
Препораки за имунолошко испитување кај лица со аутизам |
|
Recommendations for Immunological Investigations of Persons with Autism |
Испитување имуната функција кај лица со аутизам може да се изведе со: Основен имунолошки комплет и со Дополнителен имунолошки комплет.
Во Дополнителниот имунолошки комплет спаѓаат:
|
|
Immunological investigations of persons with autism can be evaluated with: The Basic Immuno-Panel, and Additional Immuno-Panel.
In the Additional Immuno-Panel are included following investigations:
Investigations should be done in the children with autism, their parents, and siblings (brothers and sisters). |
Благодарност |
|
Acknowledgement |
Трудот е дел од проектите: "Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија” (#40221400/0) и “ХЛА-ДНК испитувања кај фамилии со аутизам во Република Македонија” (#40117101/0) финансирани од Министерство за наука и образование на Република Македонија. Особена благодарност им искажувам на родителите и децата со аутизам, на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, Заводот за ментално здравје во Скопје, Специјалниот завод Демир Капија и на Институтот за дефектологија, Филозофски факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј#, Скопје за соработката во овие проекти. Посебна благодарност им должам на проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Ристо Петров и доц. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија, Филозофски факултет, Скопје за соработката во дефинирање на истражувањата и при изработката на проектите. Специјална благодарност им искажувам и на Елена Захариева за помошта при земање примероци од крв, обработка и нивно складирање, како и на асист. д-р Александар Петличковски, асист. д-р Ана Стрезова, и биотехнолог Оливија Ефинска-Младеновска за обработка на резултатите. |
|
This work was a part of the project "Serum Immunoglobulins and Specific Food Allergens in People with Autism in the Republic of Macedonia" (Grant No. 40221400/0), and “HLA-DNA investigations in the families with autism in the Republic of Macedonia” (Grant No. 40117101/0) sponsored by the Ministry of Education and Sciences of the Republic of Macedonia. I thank especially the parents and the children with autism, the medical staff of the Department for Rehabilitation of Hearing, Speech, and Voice, the Department for Mental Health in Skopje, Special Department in Demir Kapija, and the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, Ss Ciril and Metodij University in Skopje for their cooperation in these projects. I thank Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, Prof. Dr. Dragoslav Kopachev, Prof. Dr. Risto Petrov, and Assist. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski from the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, Ss Cyril and Metodius University in Skopje for the cooperation in defining and conducting the projects. Special thanks go to Elena Zharieva for taking blood samples, handling and deposition, as well as to Assist. Dr. Aleksandar Petlichkovski, Assist. Dr. Ana Strezova, and biotechnologist Olivija Efinska-Mladenovska for analysis of samples. |
Citation: Spiroski ZhM. Immunologycal Approach to the Diagnosis of Autism. J Spec Educ Rehab 2005; 6(1-2):17-26.
|
||
Литература / References |
|
|
2. Becher B, Prat A, & Antel JP. Brain-immune connection: Immuno-regulatory properties of CNS-resident cells. Glia 2000;29, 293–304. 3. Sakic B, Szechtman H, & Denburg, JA. Neurobehavioral alterations in autoimmune mice. Neurosci. Biobehav. Rev. 1997;21, 327–340. 4. Bar-Or A, Oliveira EM, Anderson DE, & Hafler DA. Molecular pathogenesis of multiple sclerosis, J. Neuroimmunol. 1999; 100, 252–259. 5. Bauman ML, & Kemper TL. The Neurobiology of Autism 1994; Johns Hopkins University Press, Baltimore. 6. Rumsey JM, & Ernst M. Functional neuroimaging of autistic disorders. Ment. Retard. Dev. Disabil. Res. Rev2000;6, 171–179. 7. Zimmerman AW. Commentary: Immunological treatments for autism: In search of reasons for promising approaches. J. Autism Dev. Disord. 2000;30, 481-484. 8. Wakefield AJ, Anthony A, Murch SH, Thomson M, Mont-gomery SM, Davies S, O’Leary JJ, Berelowitz M, & Walker-Smith JA. Enterocolitis in children with developmental disorders. Am. J. Gastroenterol. 2000;95, 2285–2295. 9. Musunuru K, & Darnell RB. Paraneoplastic neurologic disease antigens: rna-binding proteins and signaling proteins in neuronal degeneration. Annu. Rev. Neurosci. 2001;24, 239–262. 10. Tan EM. Autoantibodies in pathology and cell biology. Cell1991;67, 841–842. 11. Tilders FJ, Schmidt ED, Hoogedijk WJ, & Swaab DF. Delayed effects of stress and immune activation. Baillieres Best Pract. Res. Clin. Endocrinol. Metab. 1999;13, 523–540. |
|
12. Woiciechowsky C, Asadullah K, Nestler D, Eberhardt B, Platzer C, Schoning B, Glockner F, Lanksch WR, Volk HD, & Docke WD. Sympathetic activation triggers systemic interleukin-10 release in immunodepression induced by brain injury. Nat. Med. 1998;4, 808–813. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE