ВАЛДОРФ ПЕДАГОГИЈАТА И ДЕЦАТА
СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
      

             

Лена ДАМОВСКА

 

Филозофски факултет
Институт за педагогија

Скопје, Македонија

 

 

THE  WALDORF  PEDAGOGY  AND  CHILDREN  WITH  SPECIAL  EDUCATION NEEDS

 

Lena DAMOVSKA

 

Faculty of Philosophy
Institute of Pedagogy

Skopje, Macedonia

     
     

Вовед

 

Introduction

Ако во светот може нешто да покренеме во позитивна насока, тогаш, според мислењето на Штајнер, треба да почнеме со воспитанието и образованието на младите. Ваквиот импулс со одушевување бил прифатен од работниците во фабриката Waldorf-Astorija, чиј директор Emil Molt, сосема спонтано го помогнал отворањето на првата Валдорфска школа. Оттогаш неговата филозофија на воспитание и образование постепено се ширела, а денес има голем број приврзаници, главно, во земјите на Западна Европа.
Валдорфската педагогија се темели на антропозофскиот духовен поглед на светот. Таа е единствен и специфичен пристап за воспитување и образование на деца, што се спроведува во Валдорфските училишта и градинки ширум светот.

 

According to Steiner, if anything in the world can be initiated in a positive direction, then we should start by educating the youth. Such an idea was excitedly accepted by the factory workers at Waldorf-Astorija, and the owner of this factory, Emil Molt, contributed to the opening of the first Waldorf School. Since then, Steiner’s philosophy of education slowly spread, and today there are a large number of followers, mostly from the countries of Western Europe.
The Waldorf pedagogy is based on the anthroposophical spiritual view of the world. It is the only approach for educating children, which is being practiced in Waldorf schools and day-care centers throughout the world.

 

 

 

Суштински аспекти на Валдорф-педагогијата

 

Crucial aspects of the Waldorf pedagogy

Клучниот збор во Валдорфската педагогија е слобода. Меѓутоа слободата не се однесува на самоволието на учителот или детето, ниту пак на едноставното отсуство на препреки. Слободата подразбира право, на секое човеково битие да порасне и да се развие, во се она што како поединец го донел со себе. Исто така, како право на секое дете да го развие и оствари сето она што од животот, а не од државата или од општеството му е дадено како задача.
Валдорфската педагогија човекот го разгледува како битие со тело, душа и дух, кое непрестано се развива, а детето како битие, кое до зрелоста поминува низ разни развојни етапи на свеста.

 

The key word in Waldorf pedagogy is freedom. However, freedom does not refer only to the free will of the teacher or the child, nor does it refer merely to the absence of obstacles. Freedom implies the right of each and every human being to mature and develop into whatever they desire to be. It also implies the right of each and every child to develop and accomplish the ideal that is given to them by life only, and what the country or society assigns to them as a task.
Waldorf pedagogy considers man as a human being with a body, soul and spirit, which is constantly developing, whereas the child is considered to be a human being that passes through various stages of development of its consciousness in order to reach maturity.

Оваа педагогија повикува на воспитување со кое им се помага на децата во нивниот развој и созревање, укажува на потребата од создавање услови за детето да ги препознае и развие своите потенцијали, да биде подготвено да ги употреби главата, срцето и рацете во наполно необични животни околности, во непознати ситуации и за нови цели.
Заради тоа често се вели дека Валдорфското училиште е училиште за раце, срце и глава.

 

This pedagogy which calls for a kind of teaching to aid children in their development and maturity, points out the need for creating appropriate conditions for the child to recognize and develop their potentials, to be prepared to make use of their head, heart and hands in completely unusual circumstances, atypical situations as well as for new goals.
This is the reason why the Waldorf School is considered to be a school for the head, heart and hands.

 

 

 

Сликата за детето во Валдорф-педагогијата

 

The image of the child in Waldorf pedagogy

Во оваа педагогија детето се сфаќа како човек во својот тоталитет. Затоа се истакнува дека образованието треба да му служи на детето за да ги интегрира интелектуалното, физичкото, емоционалното и духовното. Втемелена врз познавањето на човекот како духовно, душевно и физичко битие во развој, Валдорфската педагогија дава практични одговори за тоа како да се обликуваат воспитните и наставните содржини, со кои би се задоволиле детските потреби за правилен развој на секоја детска возраст. Исто така, таа треба да го поттикне развојот и на интелектуалните, на социјалните, на етичките, а и на духовно-душевните способности на детето. Истата стратегија се применува и кај деца со посебни образовни потреби.

 

In this pedagogy, the child is depicted as a human in its totality. This is why education is emphasized as something that should assist the child in integrating the intellectual, physical, emotional and spiritual. Being founded on the concept of man as a spiritual and physical human being in development, the Waldorf pedagogy offers practical answers as to how to structure the educational and teaching contents. These contents would satisfy children’s needs to develop normally at any age. It can be added that this pedagogy should instigate the development not only of the child’s intellectual, social and ethical capacities, but of the spiritual ones as well.

Целта на образованието, според оваа педагогија, не е стекнување знаења и факти, туку развивање способности и усвојување активности кои овозможуваат осмислено и богато обликување на животот. Практичната реализација на овие идеи, особено се забележува во градинките и училиштата, каде што престојуваат децата со посебни образовни потреби. Токму затоа, без разлика на видот на инвалидноста, со кој се соочуваат децата, организирани се воспитно-образовни активности, почнувајќи од градинките, а подоцна тие напредуваат и го завршуваат основното и средното Валдорфско училиште.
Валдорфската педагогија уште од основањето применува: отворен курикулум, корелација на наставните предмети, настава по епохи, и индивидуален пристап на сите ученици. Исто така, воспитните и образовните методи и содржини се менуваат со возраста на детето и во зависност од неговите телесни и духовни потреби и способности.
Главна тенденција на Валдорфската педагогија што се проткајува во целокупната филозофија на Штајнер, е настојувањето Валдорфското воспитување да не биде систем на норми, туку еден импулс за култивирање и будење на секој човек.

 

According to this pedagogy, the objective of education is not acquiring facts and knowledge, but developing abilities and adopting activities that provide great variety in one’s life. The practical application of these ideas is especially noticeable in day-care centers and schools which are attended by children with special educational needs. For this very reason, no matter what kind of diability children possess, there are educational activities which are organized for them starting from day-care centers, and continuing to the Waldorf elementary schools and high schools.
From its foundation until today, the Waldorf School performs the following: an open curriculum; connection between the school subjects; teaching in periods; as well as an individual approach towards the pupils. The learning and educational methods and contents are altered depending on the age of the child as well as their physical and spiritual needs and capacities.
The main tendency of the Waldorf pedagogy that is woven throughout Steiner’s philosophy is the assertion that the Waldorf education should not be a system of rules, but a desire for the nurturing and awakening of every human being.

Основни карактеристики на Валдорф педагогијата

 

Basic characteristics of the Waldorf pedagogy

 

 

 

Антропозофија

 

Anthroposophy

Изразот "антропозофија# доаѓа од грчкиот збор "anthropos-sophia", што во превод значи "човекова мудрост#. Во голем број книги и предавања Рудолф Штајнер го претставува своето учење што се нарекува "антропозофија#. Тој се обидува на еден сестран начин да го направи разбирлив ставот дека за нас нормалниот, секојдневен свет е втемелен врз духовниот свет.
Основата на целата антропозофската духовна наука, всушност, е повик за внатрешна активност, на оној човечки елемент што може да биде и понатаму активен, дури и тогаш кога сите сетила ќе замрат, само мислењето продолжува да функционира.
Филозофските и теориските антропозофски форми претставуваат основа за наставните методи што се применуваат во Валдорф-училиштата.
Овие идеи наоѓаат примена во воспитно-образовната работа кај децата со посебни образовни потреби.

 

The term “anthroposophy” derives from the Greek word “anthropos-sophia” which translated into English means human wisdom. In a large number of books and lectures, Rudolph Steiner presents his philosophy which is known as anthroposophy. He comprehensively attempts to make understandable the thought that our normal, everyday life is founded on the spiritual world.
The aim of the whole anthroposophical spiritual teaching is, in fact an appeal of the inner activity, of a certain human element which can be active even then when the other senses perish, and only thought continues to function.
The philosophical and theoretical anthroposophical forms present the basis of teaching methods that are being practiced at the Waldorf schools. These ideas are practically applied in the educational work with children with special educational needs.

Евритмија

 

Eurythmia

Евритмијата е уметност на движење, а нејзиниот облик е изразување на телото, со кое говорот и уметноста стануваат живи и видливи во изведените движења. Евритмијата е практично школување на волјата што го поттикнува индивидуалниот уметнички сензибилитет и стекнување свест за просторот.

 

Eurythmia is an art of movement, and its shape is illustrative of the body, which makes speech and art become alive and visible through its movements. Eurythmia refers to schooling of the will that instigates one’s individual artistic sensibility as well as acquiring consciousness of space.

Таа е дел од програмата на сите Валдорфски училишта. Децата многу добро ги прифаќаат едноставните ритми и вежби што им помагаат во јакнење и врамнотежување на сопствените тела и сопствената животна сила.
Покрај педагошката евритмија, има и терапевтска, а и евритмија како сценска уметност. Со уметничкото обликување на движењата, евритмијата го хармонизира душевно-духовното со физичкото, при што има и терапевтски  карактер. Кај децата со посебни образовни потреби евритмијата има терапевтски каректер. Во училиштата каде што се сместени децата со посебни потреба на евритмијата ñ се придава особено внимание. Таа се реализира во специјално адаптирани простории за таа намена и е редовен предмет во наставната програма.

 

Eurythmia is a part of the schedule of all Waldorf schools. The children acknowledge the simple rhythms and exercises as being helpful in the strengthening and balancing of their bodies.
Apart from the pedagogical eurythmia, there is also therapeutic eurythmia, and eurythmia as a performing art. By artistically shaping the movements, eurythmia balances the spiritual with the physical, while having an all-around therapeutic effect. Eurythmia has a therapeutic effect on children with special educational needs. Therefore it is given particular attention in schools for children with special educational needs. It is implemented in specially adapted premises for the given purpose and it is a full-time course in the syllabus.

 

 

 

Ботмер-гимнастика

 

Botmer gymnastics

Ботмер-гимнастиката претставува уште една каратеристика на Валдорфската педагогија. Таа се применува како состав на вежби за трите страни во просторот (горе-долу; лево-десно; напред-назад). Низ движењата таа воведува еден свој геометриски ред и формира свест за односот простор-човек-движење. Но тоа е движење што не престанува на завршетоците на телото, на пример на краиштата на прстите, туку продолжува и понатаму во просторот.
Ботмер-гимнастиката може да биде вклучена во часовите за физичката култура или во ритмичкиот дел на часот, а може да се користи и за терапевтски цели.

 

Botmer gymnastics presents another characteristic of the Waldorf pedagogy. It is practiced as a group of exercises that refer to the three oppositions of space (up-down; left-right; forward-backward). Through its movements, it introduces a geometrical order of its own as well as forming a consciousness of the relation space-man-movement. However, it does not represent movement that ends with the ends of the human body (for example: the finger tips), but it continues in space.
Botmer gymnastics can be included in physical education classes or in the rhythmical part of class and it can also be employed for therapeutic purposes.

 

 

 

Третманот на децата со посебни образовни потреби

 

The treatment of children with special educational needs

Според принципите на Валдорф-педагогијата, децата со посебни образовни потреби престојуваат во специјални училишта. Во рамките на оваа филозофија на воспитание и образование нема инклузија кај деца со посебни образовни потреби во редовните Валдорф-градинки и училишта.

 

According to the principles of Waldorf’s pedagogy, children with special educational needs spend their time in special schools. In the framework of this philosophy of education, children with special educational needs are not included in the regular Waldorf day-care centers and schools.

За оваа категорија на деца, согласно истите Валдорф стандарди (строго почитувани во однос на архитектонските решенија, ентериерот и опременоста), изградени се специјални установи (обично на големи приватни имоти, од предучилишно до средно образование).
Едно такво училиште е Friedel-Eder-Schule, на голем имот во близината на Минхен. Во рамките на училишниот кампус има градинка, основно и средно училиште, како и интернатски дел, каде што се сместени дел од децата и вработените во училиштето. Во ова училиште децата престојуваат с# до завршување на средното образование.
Без разлика на видот на инвалидноста и проблемите со кои се соочуваат децата, со запишување во ова училиште, тие формално од предучилишно напредуваат и ги завршуваат сите одделенија на основното и средното образование (нема повторување на одделенија). Секое дете одделно, напредува колку што е тоа можно. По завршување на школувањето, дел од нив се вработуваат или, пак, продолжуваат да живеат во Валдорфските заедници за возрасни лица.

 

Following the same Waldorf standards (strictly adhered to when architectural designs, interiors and furnishing are in question); there are special institutions for this category of children (they are usually built on large private estates, from elementary schools up to high schools).
One such school is Friedel-Eder-Schule, which is built on a large estate in the vicinity of Munich. On the school campus there is a day-care center, an elementary school and high school, as well as a boarding school where part of the children and school employees are housed. The children attend this school until they graduate from high school.
No matter what kind of handicap the children possess or what problems they are confronted with, by being admitted at this school, they technically pass all the grades in elementary and high school (they do not get failing grades in their classes). Each child individually develops as much as they can. After graduating, some of them are employed or continue to live in the Waldorf communities for adults.

Наставната програма во ова училиште воопшто не се разликува од моделот на воспитание и образование во редовните Валдорфски училишта. Во реализирање на наставната програма вклучени се повеќе воспитувачи и наставници, волонтери, лица што служат цивилна војска. Бројот на децата во групите и одделенијата е различен, ама тој никогаш не е поголем од 10 до 15 деца.

 

The syllabus for this school does not differ at all from the educational model which is being applied at the regular Waldorf schools. In the implementation of the syllabus, there are many teachers, volunteers and people from the army that are involved. The number of children in the groups and the grades is different, but it never exceeds the number of 10-15.

За потребите на секоја активност со децата, адаптирани се засебни кабинети, богато опремени со материјали и неопходни средства. Ваквата поставеност овозможува индивидуален пристап и работа со секое дете одделно, без разлика дали станува збор за предучилишно, основно или средно образование. Голем дел од активностите се реализираат заедно, без разлика на возраста на децата (на пример, на часот за евритмија заедно престојуваат деца од трето и од седмо одделение).
Училиштето ги нуди сите услови за удобен престој, воспитание, образование и оспособување на децата за самостоен живот (ако е тоа воопшто можно). По реализирање на целокупниот воспитно-образовен процес се почитуваат основните начела и принципи на Валдорф-педагогијата. Бидејќи целта на оваа педагогија не е стекнување знаења и факти, сите понудени активности во училиштето се во функција на развивање на интелектуалните, социјалните, етичките, и духовно-душевните способности на секое дете одделно.

 

There are special laboratories that are richly equipped with materials and the necessary instruments and adapted to the needs of every single activity with the children. Such positioning allows individual approach and work with every child separately, regardless of the fact whether the child goes to preschool, elementary school or high school. A large part of the activities are collectively put into practice, no matter what the age of the children is (for example: during the eurythmia class there are children from third grade and also those from seventh grade).
The school offers the children a comfortable and pleasant place to be housed during the day, good quality education, and the means to prepare children for an independent life (if that is at all possible). As it was mentioned before, in order to practice the educational process, one must follow the basic principles of the Waldorf pedagogy. The aim of this pedagogy is not to acquire knowledge and facts, but to realize that all of the accessible activities in the school only facilitate the development of the intellectual, social, ethical and spiritual capacities of each and every child.

 

 

 

 

 

 

Citation:Damovska L. The Waldorf - Pedagogy and Children with Special Needs. J Spec Educ Rehab 2005; 6(1-2):35-42.

   

 

   

Литература / References

 

 

1. Beli A. Рудолф Штајнер, Beograd: BRIMO, 2003.
2.Damovska L. Компатибилноста на предучилишното со основното воспитание и образование, Скопје: КРУГ, 2001.
3. Stejner R. Inicijacija; Kako se stiču saznanja viših svetova, Beograd: Književna zajednica Novog Sada, 1987.
4. Štajner R. Most između univerzalne spiritualnost i fizičke konstitucije čoveka, Zemun: ARION, 1988.
5. Štajner R. Pedagoški kurs za mlade; Duhovne delatne snage u saživotu starih i mladih generacuja, Pančevo: SUPRA LIBROS, 1996.
6. Штајнер Р. Филозофија слободе, Панчево: СУПРА ЛИБРОС, 1996.
7. Seitz M. & Hallwachs U. Montessori ili Waldorf, Zagreb: EDUCA, 1996.

 

8. Leber S. (Herasugegeben von) (3 Aufl.) Waldorfschule heute; Einführung in die Lebensformen einer Pädagogik, Stuttgart: Verlag Freies Geistesleben, 2001.
9. Von Heydebrand C. (Bearbeitet von) (8. Aufl.) Vom Lehrplan der Freien Waldorfschule, Stuttgart: Verlag Freies Geistesleben, 1986.
10. http://www.rudolfsteiner.de
11. http://www.rudolf-steiner.de
12. http://www.steinerwaldorf.org
13. http://www.openwaldorf.com
14. http://www.waldorfschule.info
15. http://www.waldorfcritics.org
16. http://www.waldorf-cro.com
17. http://www.waldorf-z g.hr
18. http://www.antroposophy.com
19. http://www.awsna.org

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in