JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 21916
МОДЕЛИРАЊЕ, РЕШАВАЊЕ И ПРИМЕНА НА МАТЕМАТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ
Јасмина КАРИЌ
Универзитет во Белград Дефектолошки факултет Белград, Србија |
|
MATHEMATICAL PROBLEM SOLVING, MODELING AND APPLICATION
Jasmina KARIKJ
University of Belgrade Belgrade, Serbia |
|
|
|
Решавање на применети математички проблеми |
|
Applied mathematical problem solving |
Решавањето на применетите математички проблеми претставува процес на обиди да се решат проблемите во кои ситуацијата и прашањата што го дефинираат проблемот имаат блиска врска со некој феномен од стварниот свет, а коj може да се реши со примената на одредени математички концепти, методи и резултати.
На пример: кој вид храна му е потребна? |
|
Applied mathematical problem solving is the process of attempting to solve problems in which the situation and questions defining the problem relate closely to some phenomenon in the real world and which may be solved by the application of certain mathematical concepts, methods, and results.
For example, what type of food will the dog need? |
|
|
|
Решавање чисти математички проблеми |
|
Purely mathematical problem solving |
Решавањето на чистите математички проблеми е процес на обиди да се решат проблемите во кои ситуациjата што ги дефинира во целост е дадена во математичката терминологија и операциите.
Кога и да се користи Математиката во ситуациите што не се во целост математички, потoчно ќе ги опишеме тие активности како примена на Математиката. Примена на Математиката секогаш претпоставува постоење модели. Моделирањето е процес на пренесување реален проблем во математичкиот модел. Математичкиот модел претставува и отсликува аспекти на реалниот проблем. |
|
Purely mathematical problem solving is the process of attempting to solve problems in which the defining situation is entirely embedded in mathematical terminology and operations.
Whenever mathematics is used in situations which are not purely mathematical (that is, non-mathematical situations), it is more correct to describe the activities as applications of mathematics. The applications of mathematics always presuppose the existence of a model. |
Значи, моделирањето е најважен процес во врската на Математиката со реалниот свет. Кога е даден проблемот во нематематичкиот свет, креираме математички модел што ги отсликува повеќето, ако не и сите, аспекти на проблемот. Потоа се решава математичкиот модел, а решението се интерпретира по примерот од реалниот свет. Моделот се потврдува со проверка на валидноста на решението во смисла на опишување на реалната ситуација. Психолошките процеси (когнитивни, афективни, емотивни), вклучени во моделирањето, примената на Математиката и решавањето на проблемот се критични за предавање и учење на Математиката. Акцентот на моделирањето, примената и решавањето на проблемот бара пристап на предавање на Математиката што се негува кај децата со високо ниво на креативност и размислување. |
|
Modelling is, therefore, a most important process of relating mathematics to the real world. A constructivism puts emphases on:
Four distinguishing features of constructivism are:
|
Конструктивноста става акцент на:
Четири главни одлики на конструктивноста се: |
|
Предностите на конструктивните обрасци за предавање на Математиката се:
Решавањето на проблемот одредува организација на училниците и активностите во нив. На пример: учениците се сместуваат во мали групи, члeновите на сeкоја група меѓусeбно комуницираат, манипулираат со објектите и дискутираат со предностите и мааните на стратегиите на решавањето. Учениците се впуштаат во размена на мислите и активностите, заеднички конструираат коректни објаснувања од општо знаење на групата. |
|
Advantages of constructive modes of teaching mathematics are:
Problem solving determines the organizations of the classroom and the activities within it. For example, pupils are placed in small groups, members of each group act and interact with each other, manipulate objects and discuss the pros and cons of solution strategies. Pupils engage in sharing their insights and activities, co-operatively constructing viable explanations of the common knowledge of the group. Emphasis on problem solving as described above, demands that more co-operative work should be done in the mathematics classroom. By enabling pupils to work in small groups of varying age, size and composition, pupils are able to:
|
Акцентот на решавањето на проблемот како што го опишавме погоре бара од учениците во математичката училница повеке да работат заеднички. Кога на учениците би им се овозможило да работат во мали групи со различна возраст, големина и состав, тие би можеле да:
|
|
|
|
|
|
Заклучок |
|
Conclusion |
Децата стекнуваат математичко знање така што го конструираат во својата глава. Тие не впиваат математичко знање директно од околината - од предавањето на учителите, од користењето на одредените материјали. Користејќи ги претходните знаења, децата конструираат односи меѓу објектите и истите ги проверуваат. Значи, главна особина на математичкото учење е фокусирана врз размислувањето на децата, а не врз пишувањето на точни одговори. Ова е од клучно значење за предавање Математика во училиштата за деца со оштетен слух, што се сведува главно, на пишување точни одговори. Затоа е важно за учениците да ја искусат Математиката низ разновидни обрасци на репрезентација, социјални поставки и начин на комуникација и резонирање. Истовремено, за да дефектолозите коректно предаваат Математика во одделенската настава во училиштата за деца со оштетен слух, неопходно е да го следат развојот на методиката на Математиката во основните училишта, бидејќи единствено така добиено и постојано дополнувано знаење, овозможува во училиштата за деца со оштетен слух да ги остварат оние задачи што ги поставуваме на таа настава. |
|
Children acquire mathematical knowledge by constructing the knowledge within their minds. They do not internalize mathematical knowledge directly from the environment (from being taught by the teacher, from using certain materials). Using their past knowledge, children construct relations between objects, and test these relations. Therefore, the main feature of learning mathematics is the focus on children’s thinking and not on children writing correct answers. |
Citation:Karikj J. Mathematical Problem Solving, Modeling and Application. J Spec Educ Rehab 2005; 6(1-2):53-60. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE