JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 77640
Сулејман Хрњица, Вера Рајовиќ, Татјана Чолин, Ксенија Крстиќ и Дијана Допуновиќ
УЧИЛИШТЕ ПО МЕРКА НА ДЕТЕТО
Софија М.АРНАУДОВА Скопје, Македонија |
|
Sulejman Hrnjica, Vera Rajovikj, Tatjana Cholin, Ksenija Krtikj and Dijana Dopunovikj
A SCHOOL TO MATCH ANY CHILD
Sofija М. АRNAUDOVA Skopje, Macedonia |
|
|
|
Авторот на ова дело, Сулејман Хрњица, е доктор по психолошки науки, а неговите трудови се од подрачјето на психологијата на лицата со посебни потреби. Добитник е на наградата „Д-р Борислав Стевановиќ“ во 1983 год., за научен придонес со објавување на книгата „Зрелост на личноста“, а во 1993 год. (заедно со Ј. Бергер и М. Биро) за учебникот „Клиничка психологија“. Најголемиот број од неговите активности се однесуваат на истражувања на развојот и социјалната положба на децата со посебни потреби, ризичните деца и децата од социо-културно депримирани средини. Хрњица има објавено поголем број научни трудови од кои позначајни се: „Општа психологија со психологија на личност“ (1994), „Зрелост на личноста“ (1993), „Детето со развојни тешкотии во редовното училиште“ (1997), „Попречено дете“ (коуредник) (1992), „Клиничка психологија“ (коуредник) (1991). |
|
The author of this work, Sulejman Hrnjica, is a doctor of psychological science and his works are from the field psychology of people with special needs. He is a winner of the award “Dr. Borislav Stevanovikj” in 1983 for his scientific contribution in his published book “Maturity of a Personality” and in 1993 (together with J. Berger and M. Biro) for the textbook “Clinical Psychology”. Most of his work and activities refer to his research of the development and social condition of children with special needs, risky children and children of socio-cultural deprived environments. Hrnjica published a lot of scientific works as follows: “General Psychology with Psychology of a Personality” (1994), “Maturity of a Personality” (1993), “A child with developmental difficulties in regular schools” (1997), “Disabled child” (coeditor) (1992), “Clinical Psychology” (coeditor) (1991).
In the first chapter of the part Conceptual approach and characteristics in the assessment of children with developmental disabilities, explanations are given who children with developmental disabilities are, what the approach towards these children is in different countries in the world and how they are classified according to the International classification of deceases.
At the beginning of the second part, Preparation of a child with developmental disabilities to start school and the period of adaptation, the author Sulejman Hrnjica states the necessary child’s preparation to start school, what kind of conditions the child with developmental disabilities needs in order to be educated together with his schoolmates without developmental disabilities, what the school expects of these children. He explains that it is necessary to work with the parents of children with developmental disabilities, in parallel with the teachers included in the work with these children. Therefore, according to him, one of the most important factors for a successful adaptation of these children is the connection of the school with health institutions, preschool institutions and Centers for social work, as well as forming a special team to work with these children that will prepare individual files for the children. In addition no. 2 a model of a file for follow up of child’s development is presented, getting data in regard with many criteria. Besides this, it is necessary to observe these children systematically during the school adaptation period, so in addition no.3 he presents the scale for assessment of child’s behavior in the school during the period of adaptation according to some criteria (coming to school, child’s interests for school activities, child’s response to success/failure, child’s relationship to other children in the classroom, to the teachers and his/her dominant emotions during his/her stay at school). In addition no. 4 he gives the scale for assessment of child’s development at early school age, which has to be filled up by the teacher for all pupils regarding nine characteristics shown in three groups (intellectual, emotional and social).
Then he turns to the whole group, which the given plan refers to and the period it is supposed to be prepared. Besides that, according to the author and the UN Convention of Children’s Rights, certain principles are necessary for the professional team and the parents of children with developmental disabilities to carry out the individual working plan. Then the author states the areas where the problems of the children arise, and gives suggestions to solve them. At the end of this chapter the author takes three examples of different children, their developmental status and the individual education plan within the inclusion in the regular education.
Besides parents, the teachers should be prepared to accept and work with children with developmental disabilities through forming a determined valuable orientation in them, additional training for successful upbringing and education work and presenting a draft-program for half-term course for work with these children. The children, certainly, are the most important factor in this phase, so they have to be prepared for communication and interaction with their schoolmates, as well as with their teachers, through explanation of these two issues and through stimulation of active participation in games and workshops. The author gives examples of workshops for preparation of these children for inclusion in the regular education.
|
Во првата глава од делот Концепциски пристап и особености во процената на децата со пречки во развојот се дадени објаснувања за тоа што се деца со пречки во развојот, каков е пристапот кон овие деца во различни земји во светот и како тие се класифицирани според Меѓународната класификација за болести. |
|
|
Авторот навлегол и подлабоко, па наведува и со што се карактеризира секоја категорија од децата со пречки во развојот, какви се примарните и секундарните последици од пречките во развојот. Потоа, тој ги елаборира сите тешкотии кои може да се јават кај овие деца (гранични интелектуални способности, оштетувања на видот и слухот, комуникациски пречки, телесни оштетувања, хронична болест, специфични тешкотии во учењето, емоционални проблеми и тешкотии во социјалното прилагодување и деца подложни на замор), ги истакнува нивните слабости, нивните позитивни страни, нивните специфичности но, укажува и на најдобрите методи и препораки за понатамошна работа со секоја потешкотија одделно. Покрај своите препораки, авторот ги наведува и препораките на специјализираната агенција на ОН за работа со деца со пречки во развојот утврдени со Конвенцијата за правата на децата. Покрај другото, наведени се и членовите од оваа Конвенција, кои се однесуваат на децата со посебни потреби, а се усвоени на Генералното собрание на ОН 1989 година. Исто така, Хрњица наведува како треба да £ се пристапи на инклузијата во основното образование од страна на децата со и без развојни проблеми, од страна на родителите на децата со и без развојни проблеми, но и од страна на наставниците и членовите на стручниот тим (педагози, психолози, дефектолози и социјални работници). Освен наведеното, во овој дел авторот дава осврт и на тоа колку е битна процената на аномалијата кај децата со пречки во развојот, па во прилогот бр. 1 дава и еден прашалник кој треба да го пополнат надлежните за да направат проценка на однесувањето на детето во текот на тестирањето и тоа од аспект на неколку критериуми (влез во просторијата, првите реакции, односот спрема барањата на испитувачот, реакциите на неуспех, реакциите на продолжен неуспех, реакциите на доживување успех, односот спрема испитувачот, ставот на телото, движењата и изразот на лицето). |
|
|
Во почетокот на вториот дел, Подготовка на детето со пречки во развојот за поаѓање во училиште и период на прилагодување, авторот Сулејман Хрњица, наведува кои предиспозиции е потребно детето да ги поседува за да биде подготвено за поаѓање во училиште, во кои услови е потребно детето со пречки во развојот да се образува заедно со своите врсници без равојни потешкотии, но, и што очекува училиштето од овие деца. Освен тоа, авторот објаснува дека треба да се работи и со родителите кои имаат деца со пречки во развојот, паралелно како и со наставниците кои ќе бидат вклучени во работата со овие деца. Затоа, според него, еден од најбитните фактори за успешна адаптација на овие деца е поврзување на училиштето со здравствените установи, предучилишните установи и центрите за социјална работа, како и формирање посебен тим кој ќе работи со овие деца и ќе изработи индивидуално досие за децата. Во прилогот бр. 2 е наведен модел на досие за следење на развојот на учениците, од кое се добиваат податоци во однос на повеќе критериуми. Покрај тоа, потребно е и систематизирано да се набљудуваат овие деца во текот на прилагодувањето во училиштето, па во прилогот бр. 3 прикажана е скала за процена на однесувањето на детето во училиште во периодот на адаптација во однос на неколку критериуми (доаѓање во училиштето, заинтересираност на детето за училишните активности, реакциите на детето на успех/неуспех, односот кон другите деца во одделението, односот кон наставниците и доминантните емоции во текот на престојот во училиште). Како прилог бр. 4 наведена е скала за процена на развојот на учениците во раната училишна возраст која треба да ја пополни наставникот за сите ученици во однос на девет особини групирани во 3 групи (интелектуални, емоционални и социјални). |
|
|
Потоа, тој се осврнува на целната група за која се однесува посочениот индивидуален план и периодот кога е потребно да се направи истиот. Освен тоа, според авторот, како и според Конвенцијата за правата на децата на ОН, потребни се одредени принципи според кои ќе работи тимот (составен од стручни лица) и родителите на децата со пречки во развојот во индивидуалниот план за работа. Понатаму, авторот ги наведува областите во кои се јавуваат проблемите на децата и дава предлози за нивното решавање. На крајот на ова поглавје авторот наведува три примери на различни деца за нивниот развоен статус и индивидуалниот образовен план во рамките на инклузијата во редовното образование. |
|
|
Покрај родителите, и наставниците треба да се подготват за прифаќање и работа на децата со пречки во развојот преку формирање одредена вредносна ориентација кај нив, дополнителна обука за успешна воспитно-образовна работа и давање предлог - програма од полугодишен курс за работа со овие деца. Секако децата се најбитниот фактор со кој треба да се работи во оваа фаза, па така, тие треба да се подготват за комуникација и интеракција со своите врсници, но и со своите наставници, преку објаснување на значењето на овие два поими, но и преку поттикнување на активно учество во игри и работилници, па авторот дава и два примери за работилници за подготовка на овие деца за вклучување во редовното образование. При крајот на ова поглавје, авторот приложува скала за набљудување на комуникацијата и социјалната интеракција на децата со пречки во развојот во процесот на инклузија во редовното образование. Пред, библиографијата, која е прилично нова и разновидна, наведени се резултатите од евалуацијата на проектот, специфичните цели и задачи на проектот, како и плановите за натамошните активности. На крајот да истакнам две работи:
|
|
Citation:Arnaudova MS. A Review of a Scientific Work a School to Match Any Child aManual for Working with Pupils with Developmental Dificulties in Regular Schools. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):105-111. |
||||
|
||||
Адреса за сепаратите: |
|
Address requests for reprint to: |
||
Софија М. АРНАУДОВА |
|
Sofija М. АRNAUDOVA |
||
Универзитет "Св. Кирил и Методиј# |
|
“Ss. Cyril and Methodius” University |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE