МУДРИ ПОУКИ ЗА ДОБРО ЖИВЕЕЊЕ

 

WISE MORALS FOR GOOD LIVING

Кон книгата Одбрани мудрости - Водич низ бурите и ветровите на животот", составиле Марија Ајдинска и Величко Андреевски, Скопје 2005

 

Towards the book Chosen Wisdoms - a guide through the storms and winds of life”, composed by Marija Ajdinska and Velichko Andreevski, Skopje 2005

 

 

 

Кирил ТЕМКОВ

Филозофски факултет
Институт за филозофија

 

Kiril TEMKOV

Faculty of Philosophy
Institute of Philosophy

 

 

 

Една добра книга несомнено ќе го привлече вниманието на сите воспитувачи и на сите оние кои се заинтересирани за правилните животни сознанија. Марија Ајдинска и Величко Андреевски, познати македонски педагози и дефектолози, собраа илјадници поучни изреки од целиот свет и ги објавија како неопходно дело за секого кој размислува за себе, за другите и за животот. Оваа голема збирка на морални поуки на 300 страници несомнено може да го насочи човекот по правиот животен пат.
Поуките се поделени во 10 поглавја - за човекот и животот, за жената и за љубовта, за работата и успехот, за доброто и злото, за среќата и надежта, за слободата и мирот, за здравјето и за староста, за хуманоста и за пријателството, за радоста и за маката. За секој проблем може да се најдат значајни согледби и поуки, секој може да си пронајде нишка водилка за своето однесување. Еве една од тие пораки: “Практичниот човек во животот треба да сфаќа с¢ сериозно, но не и трагично".
Оваа книга од мудрости потсетува дека секој треба да се образува и да се изгради. Човекот се раѓа како суштество кое може да опстане само со помош од другите луѓе и со учење.

 

A good book will certainly attract attention of educators and those interested in regular life knowledge. Marija Ajdinska and Velichko Andreevski, well - known pedagogues and special educators, collected thousands of edifying sayings from all over the world and published them as a necessary work for those who think of themselves and others and of life itself. This collection of morals on 300 pages can certainly direct one on the right life path.
The morals are divided in 10 chapters – for man and life, woman and love, work and success, good and evil, happiness and hope, freedom and peace, health and age, humanity and friendship, joy and trouble. For each issue there are important considerations and morals, everyone can find a guide for his/her behaviour. Here is one of the morals: “A practical person considers everything in life seriously, but not tragically.”
This book of wisdoms reminds us of education and development for everyone. A man was born as a human being that could survive only with the help of other people and learning.

Therefore one of the most important tasks is taking care of children and their upbringing - to include them in the entirety of humanity, to contribute to its existence and development. The little beings must pass through this long and complex path in order to become people, to gain strength, knowledge and skills for living and working. Each person has potentials for this, but he/she must be helped to develop them, to become a complete personality, with developed mentality. Everybody should try to stand on his/her own feet, to develop and dignify him/her.
A person is called to continuously develop him/her, always to watch what he/she does, not to put aside but face challenges and cope with problems and develop understanding of life and its realization, development and growth. This is contributed by human wisdom, the power of people for real understanding of problems and finding wise solutions to them. Knowledge is a sign of human greatest power – intellect, which helps humans to perceive the world, to be their guide through the labyrinth of life and their judge for their work and achievements.
Man does not keep knowledge for himself. Man lives, grows and develops together with other people, and shares the ideas with others. Some of these spiritual and moral knowledge become the most important, necessary and desired morals that help people to understand the existence and behave better. It is very important how people give good advice to others. So far there have been thousands, millions of knowledge and morals. In a few words, in one breath, aphoristically, things are said with great meaning for men. Those are attempts to catch directly the sense of the world and life, to explain the most important life and ethics aspects,  to help

men to understand the complex life phenomena, to help men to solve life and ethics dilemmas, to improve human understanding, responsibilities and actions.
Moral advice serves the purpose. As sun rays, advice can light up the soul and help man to revive, to move, to overcome, not to give up, to try, to find solution, to induce to right actions, to gain success. Therefore the pedagogues Marija Ajdinska and Velichko Andreevski made a great effort to collect a lot of moral advice of all times to present to us what people have learnt about various phenomena and issues and what has been recommended for different spheres of life. This is the treasure of humanity collected in one book. In our convulsive times, when everybody tries to think out his/her existence, to find the right way for himself/herself and the next of kin, it is necessary to have strong ethic conscience, such moral ideas. This book can be of great assistance. It is an immense treasure of thoughts, treasury of moral lessons. It opens the sacristy of enormous ethic and life sentences, a huge cave where from the knowledge is gathered, without exhausting the sources, but enhancing them by multiplying them in people and the multiplied knowledge becomes a Great Importance for all.
This is a unique book of world’s moral thoughts. The choice by Marija Ajdinska and Velichko Andreevski is an encyclopedia manual of life and ethic lessons. This book of universal wisdoms will become a real guide through the storms and the winds of life, necessary for everybody.

Затоа, една од најважните задачи е чувањето на децата и нивно воздигнување - за да се приклучат кон целината на човештвото, за да дадат свој придонес кон неговата опстојба и развиток. Малечките суштества мора да го изминат тој долг и сложен пат на станување луѓе, на здобивање сили, знаења и вештини кои ќе им овозможат да живеат и да творат. Секој човек има потенцијали за ова, само треба да му се помогне да ги развие, за да стане што поцелосна личност, со развиена душевност. Ова е исто така важна и пријатна задача за секоја личност спрема самата себе. Секој треба и самиот да настојува и да се труди да застане на своите нозе, да се развие и да се облагороди.
Човекот е повикан непрестајно да се развива, секогаш да внимава што прави, да не одлага да се справува со предизвиците и со маките и да напредува во разбирањето на животот и во неговото спроведување, изградба и развиток. За тоа придонес дава човечката мудрост, моќта на луѓето за вистинска согледба на проблемите и за пронаоѓање умни решенија за нив. Тие сознанија се знак на човековата најголема сила - разумот, кој му служи да го согледа светот, да му биде водич низ лавиринтот на животот и судија за делата и постигањата.
Тие сознанија човекот не ги чува само за себе. Човекот живее, расте и дејствува заедно со луѓето и тој ги споделува идеите со другите. Некои од овие духовни и морални сознанија стануваат најважни, стануваат потребни и сакани поуки кои им помагаат на луѓето да го разберат суштествувањето и да се однесуваат поквалитетно и подобро. Особено важна и вредна човечка појава е давањето добри совети на луѓето. За таа цел се искажани досега илјадници, милиони сознанија и поуки. Со неколку зборови, во еден здив, афористички, се кажуваат нешта од огромно значење за човекот. Тоа се обиди директно да се дофати смислата на светот и на животот, да се објаснат најважните животни и етички аспекти, да се даде помош човекот едноставно да ги разбере сложените живот-

 

ни појави, да му се помогне на човекот да ги разреши животните и етички дилеми, да бидат унапредени човековите сфаќања, одговорност и дејства.
Моралните совети се прават за тоа. Како зрак од сонцето, тие може да ја озарат душата и да му помогнат на човекот да се освести, да се тргне, да се соземе, да не се предава, да се напрегне, да го открие решението, да се поттикне на правилно дејствување, да постигне успех. Затоа педагозите Марија Ајдинска и Величко Андреевски направија голем напор да присоберат голем број мудри совети од сите времиња за да ни посочат што луѓето научиле за разни појави и прашања и што се препорачува за многу области од животот. Тоа е богатство на целото човештвонасобрано во една книга. Во нашите конвулзивни времиња, кога секој се обидува да го осмисли своето постоење, да најде добар пат и да се движи во правилна насока заедно со своите и со ближните, неопходна е силна етичка свест, нужни се ваквите морални идеи. Оваа книга може многу да помогне за тоа. Таа е неизмерно богатство од мисли, ризница од поуки. Со неа е отворена сокровишница со огромен број етички и животни сентенци, една неизмерна пештера, од која може да се црпи без да се потроши материјалот, туку уште се зголемува, зашто се мултиплицира во луѓето и го спојува умноженото знаење кај мнозина луѓе во едно Големо Значење за сите.
Ова е единствена вака опстојна книга кај нас на светски поучни мисли. Изборот на Марија Ајдинска и Величко Андреевски е енциклопедиски прирачникна животните и етички поуки. Со оваа книга општочовечките мудрости ќе станат вистински водич низ бурите и ветровите на животот, што му е потребно секому.

 


Citation:Temkov K. Wise Morals for Good Living. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):112-114.

   

 

   

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Кирил ТЕМКОВ

 

Kiril TEMKOV

Универзитет “Св. Кирил и Методиј" Филозофски факултет
Институт за филозофија
бул. “Крсте Мисирков" бб
1000 Скопје, Република Македонија

 

“Ss. Cyril and Methodius” University
Faculty of Philosophy

Institute of Philosophy
Bull. “Krste Misirkov” bb
1000 Skopje, Republic of Macedonia

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in