JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 56887
ЗНАЧЕЊЕТО НА СОЦИЈАЛНАТА РАБОТА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА ГРИЖА ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Величко АНДРЕЕВСКИ |
|
IMPORTANCE OF SOCIAL WORK IN IMPLEMENTATION OF SOCIAL CARE FOR DISABLED PEOPLE
Velichko ANDREEVSKI |
Резиме |
|
Abstract |
Остварувањето на општествената грижа за лицата со инвалидност е условена од степенот на развиеност на стручните служби за социјална заштита, ангажираност на медицинските и дефектолошките кадри во мошне сложениот процес на рехабилитација и едукација. Органите и службите за социјална заштита и социјална работа, преку правна регулатива се задолжени да учествуваат во обезбедување, организирање и реализација на општествена грижа за лицата со инвалидност, процес кој почнува од превентивата, откривањето, дијагностицирањето, рехабилитацијата, остварувањето на нивните права и трае до нивното вклучување, односно социјална интеграција каде што живеат и работат, а во поголем број случаи и до крајот на нивниот живот.
|
|
The implementation of social care for disabled people is conditioned by the level of development of the professional services for social care, engagement of medical and special education staff in a very complex process of rehabilitation and education. The organs and services of social care and social work, through legal regulations, are obliged to participate in providing, organization and implementation of social care for disabled people. This process starts with prevention, detection, diagnosis, rehabilitation, realization of their rights and lasts until their inclusion, i.e. social integration and in a large number of cases to the end of their lives. |
Вовед |
|
Introduction |
Човекот како индивидуа се раѓа донесувајќи со себе на овој свет огромна "бовча" свое биогенетско потекло и социјално милје и тоа во мошне разнолико, крајно сложено и неизвесно семејно и општествено опкружување, така да независно од својот вредносен систем, ни семејството, ни општеството во контекст на нивниот материјален и духовен развој не се во можност без посебно организирани институционални активности да обезбедат услови за социјализација на човековата единка. Тоа дотолку повеќе кога се во прашање лица со инвалидност, што не смее да се третира како "нус производ" на биолошките, социјалните, економските, еколошките и други процеси сврзани со човековата егзистенција, бидејќи историски е верифицирана аксиомата дека тоа е дел од неговиот ентитет и целокупното битисување. Затоа мисијата на социјалната работа во хуманизација на условите за живот, односно на лицата со инвалидност, е длабоко човечки детерминирана нужност на општествената практика, особено во областа на социјалната заштита и социјалната политика во секое цивилизирано општество. |
|
The human beings are born with “basket” full of their own biogenetic origin and social milieu in very heterogeneous, complex and uncertain family and social environment and regardless their value system, neither family nor the society in the context of their material and spiritual development are able, without specially organized institutional activities, to provide conditions for socialization of human beings. When disabled people are in question, they must not be treated as “side effect” of biological, social, economic, ecological or other processes connected with human existence, since the historically verified axiom is that is a part of human entity and existence. Therefore, the mission of social work in humanization of life conditions, i.e. disabled people, is deep human determined necessity of social practice, especially in social care and social policy of a civilized society. |
|
||
|
|
|
1. Некои од претпоставките за избор на социјалната работа како професија поврзана со општествената игра на лицата со инвалидност
|
|
1. Some hypotheses on choosing social work as profession connected to social care of disabled people |
Општествената грижа на лицата со инвалидност, има поширока општествена димензија отколку што се мисли и делува во практиката. Проблеми ги тиштат нé само нив самите, туку и нивните семејства, роднини, пријатели и општеството со своите институции. Се претпоставува дека 30% од популацијата непосредно е врзана со проблемите на овие лица и нивната судбина. Токму поради тоа, приоритетите во општествено-хуманите основи на развојот на институционалната заштита на ваквите лица, не смеат да губат од своето значење, особено кога се во прашање економските детерминанти во сегашниве услови на транзиција на општеството. Во таа смисла одат во прилог повеќе анализи и сознанија како:
Човекот со инвалидност е сложена структура која мора да се гледа како сплет од низа фактори (биолошки, социјални, психолошки, едукативни, економски, етички и др.) чие влијание не може да се предвиди и затоа се потребни ангажмани од стручни кадри во нивниот интердисциплинарен третман, од општествени органи, организации, институции од областа на здравството, социјалната заштита, трудот и др. |
|
Social care of disabled people has a wider social dimension than it is considered in practice. These problems are not only theirs, but they refer to their families, relatives, friends and society with its institutions. It is assumed that 30% of the population is directly connected to the problems of these people and their destinies. That is why the priorities of social and human basis of institutionalized care development of such people must not lose their meaning especially when the economic determinants in the present conditions of transitional society are in question. There are many analysis and knowledge related to this:
The absence of coordination among interested factors in solving the problems of disabled people leads to marginalization of problems, improvisation and minimization of activities in creating systemic solutions, professional interpretation and existing practice. |
|
||
|
||
|
|
|
1.1. Специфичните потреби на лицата со инвалидност како основа за организирање и креирање на социјалната работа |
|
1.1. Specific needs of disabled people as a base for organizing and creating social work |
Специфичните потреби што ја карактеризираат животната егзистенција на лицата попречени во психофизичкиот развој се манифестираат во широк дијапазон условен од видот и степенот на оштетеноста како последица на етиолошки фактори. Нивна целосна идентификација, нивно воопштување и ставање под заеднички именител практично е невозможно. Ќе спомнеме потреби врзани за одредени оштетувања, како што се губење вид, слух, ментална ретардација, телесна инвалидност. Социјалните работници во Центрите за социјална работа и во социјално хуманитарните организации треба да знаат да комуницираат со лицата со инвалидност на соодветен начин во нивните бројни животни ситуации. Тоа се облици на помош зависни од специфичните потреби условени од психосоматските оштетувања што бараат ангажман на социјални работници во контекстот на нивната професионална и етичка компетенција. |
|
Specific needs, which characterize life existence of people with psychophysical developmental disabilities, are manifested in a wide range conditioned by the type and level of the impairment as result of etiological factors. Their complete identification, their generalization and putting them under common denominator, practically is impossible. We shall mention some needs related to certain impairments, such as vision loss, hearing, mental retardation, physical disabilities. Social workers of centers for social work and social and humanitarian organizations should know how to communicate with disabled people in a number of their life situations. Those are forms of assistance, depending on the specific needs and conditioned by psychosomatic impairments that require engagement of social workers in the context of their professional and ethical competence. |
|
|
|
Оштетувањата на органот за вид и неговата функција остава тешки последици што се рефлектираат врз формирање на личноста, оспособување за работа и севкупниот живот, наметнувајќи проблеми од социјална, едукативна, психолошка и економска природа. |
|
Vision organ impairments and its function leave severe consequences that are reflected on formation of personality, training for work and life, imposing problems of social, educational, psychological and economic nature. The structure of people with impaired vision is a process conditioned by factors, which are mutually connected and have crucial importance for their integrity as individuals and social beings in everyday practical communication. |
Структуирањето на личноста со оштетен вид претставува процес условен од фактори чија взаемна поврзаност има пресудно значење за интегритетот како индивидуално и општествено битие во секојдневната практична комуникација. |
|
|
|
|
|
Нивото на социјалната интеграција на лицата со оштетен слух зависи од природата и причините кои доведуваат до оштетување (разни заболувања, наследни фактори, трауми и др.), со последици за личноста со физичка, психичка и социјална компонента. |
|
Level of social integration of people with impaired hearing depends on the nature and reasons for the impairments (different diseases, innate factors, traumas etc.) with consequences for people with physical, psychic and social component. |
Животот на човекот се одвива врз поставување врски што зависат од комуникацијата и односите со луѓето и социјалната средина. Целокупната комуникација на човекот како општествено битие ја остварува преку говорот. Кај глувите лица заради загубениот слух му е оневозможено спонтано учење на говорот, се јавуваат сложени проблеми во процесот на нивното оспособување и социјализација. Треба да се преземат мерки и активности за ублажување и компензирање на последиците од загубениот слух, да не дојде до ограничувања во знаењата, комуникациите, движењето и социјалната димензија на неговото живеење. На лицето со оштетен слух треба да му се овозможи да се чувствува како вреден и способен член на општеството и своите духовни и работни способности да ги стави на располагање на заедницата. Важна е и подготовката на средината која треба да покаже соодветно разбирање неопходно во процесот на рехабилитацијата. Глувоста претставува сериозна инвалидност во однос на јазикот, говорот, социјалниот развој и развојот на личноста. Луѓето во некои работни средини, во кои има вработено глуви работници, доброволно не се прифаќаат да го научат гестикулациониот говор и рачната азбука на глувите. Но, постојат и поинакви искуства, во некои институции биле организирани курсеви за изучување на гестикулациониот говор и рачната азбука, а одѕивот бил многу голем. Тоа е мошне значаен социјален феномен што зборува дека кај луѓето треба да се развива чувството за пристап кон лицата со психосоматски оштетувања. Социјалниот работник што се грижи за лицето со тешки растројства на слухот задолжително треба да го знае гестикулативниот говор заради непосредна комуникација. На таков начин се јавува доверба меѓу социјалниот работник и глувото лице и ќе се раздиплат "тајни" кои глувото лице вечно ќе ги задржи во себе, или "модифицирано" ќе ги соопштува пред другите преку "толкувач". |
|
|
Менталната ретардација претставува инсуфициенција на општите интелектуални способности која негативно се одразува врз учењето, емоционалната приспособливост, адаптацијата во социјалната средина, способностите за користење искуства. Задолжителните придружни манифестации на менталната ретардација се социјалната инадекватност, намалени можности за економска самостојност без помош на општеството. Менталната ретардација се класифицира во четири степени и тоа: лесна, умерена, тешка и најтешка и според тоа социјалната интеграција може да има различни нивоа во рехабилитациониот третман. Социјалната работа обезбедува рано откривање, класификација, објективно информирање за нивната иднина, обезбедува соодветен третман на лицата и нивните семејства, нивните права и услуги од нематеријална природа. Многумина од овие лица остануваат делумно или целосно зависни од општествените односи, од културниот и социјалниот статус на луѓето од непосредната околина. |
|
|
|
|
|
Во сложениот комплекс на специфичните потреби на телесно инвалидните лица ќе го спомнеме прашањето за совладување архитектонски бариери што ги наметнува техничко-технолошкиот развој. Треба да се води борба за нивно елиминирање за да ваквите луѓе не ги прави беспомошни во остварување на нивните егзистенцијални и културни потреби. Треба да се води грижа и за потребата од технички помагала за транспорт и комуникација. Непосредната физичка помош што на овие лица им ја даваат родителите, роднините, пријателите, граѓаните и социјалниот работник е заради информираноста за нивните специфични потреби. Психичката оптовареност на ваквите лица бара и соодветен тимски третман, и тоа не само од социјалната работа, туку и од здравствената заштита во разрешување на нивните лични проблеми и проблемите на нивните семејства. |
|
In the complex of specific needs of physically disabled people, the issue of surmounting architectonic barriers imposed by technological development will be mentioned here. They have to be eliminated, so these people do not feel helpless in their existential and cultural needs. Care should be taken for technical aids for transport and communication. Direct physical assistance given to these people by parents, relatives, friends, citizens and social workers is due to the information on their specific needs. The psychic burden of these people requires appropriate team work, not only of social work, but health care in solving their personal problems as well as the problems of their families. |
2. Етички аспекти на социјалната работа во остварување на општествената грижа за лицата со инвалидност
|
|
2. Ethical aspects of social work in implementation of social care for disabled people |
Мотивите за избор на социјална работа од аспект на трајно професионално ангажирање, во стручната литература посебно не се експлицирани. Ова прашање, со своите социјални, психолошки, општествени и други имликации има широк домен за расправа, но, ќе се задржиме само на одредени импресии од досегашната организирана социјална работа во земјава. Не постојат доволно истражувања и стручни прилози од областа на етиката и социјалната работа што во сегашниве општествено-економски трансформации сé повеќе од потребни. |
|
The motives for social work choice from the aspect of permanent professional engagement have not been explicit in professional literature. This issue with its social, psychological and other implications has a wide range of discussion, but we shall point out certain impressions from experiences of organized social work in our country. There are not enough researches and professional articles in the field of ethics and social work, which are more than necessary in present socio-economic transformations. Determination for social work is an epilogue of ones’ own desires for proving themselves. It is not only a philanthropic exposition, on the contrary, a vision of conscience that is torn by contradictories. Good and evil, abundance and poverty, human and inhuman, health and disease, birth and death, youth and old age, traditional and modern, conservative and progressive, war and peace, trouble and joy, desires and possibilities, individual and social, cruelty and gentleness, grumpy and lazy, intimacy and openness, modesty and arrogance. They all disturb the totality of perfection, leaving a space for permanent struggle as civilization tendency between individual and society. |
|
||
|
|
|
2.1. Принципи на социјалната работа во остварување заштита на лицата со инвалидност |
|
2.1. Principles of social work in implementation of care for disabled people |
Социјалната работа според својата суштина поаѓа од интересите на граѓаните и обврските на општествената заедница да им овозможи помош на оние што имаат потреба. Таа помош не е сомилост туку обезбедување материјална и социјална сигурност на граѓаните заради создавање заедничка благосостојба на државата и поединецот. |
|
Social work, according to its essence, starts from people’s interest and obligations of social community to provide assistance to those who need it. That assistance is not compassion, but it is a material and social security of people in order to create mutual welfare of state and individuals. |
|
||
|
|
|
Наместо заклучок |
|
Instead of conclusion |
Егзистенцијата на лицата со инвалидност е поврзана со задоволување на нивните животни потреби и потребите на нивните семејства. Се наметнува потребата од континуирано следење и анализирање на проблемите што се последица од нивните психосоматски оштетувања. Заради економската криза и низа објективни и субјективни причини, лицата со инвалидност се наоѓаат во неповолни услови за живеење. Со социјалната работа треба да се решаваат основните егзистенцијални проблеми, проблемите на нивните семејства и семејства што ги формираат овие лица. Предмет на социјалната работа ќе бидат чести конфликти на работното место, разводи, алкохолизам, коцка, асоцијално однесување кои ќе се решаваат континуирано со воспоставен систем на давање услуги во вид на социјална работа. |
|
The existence of people with disabilities is connected with satisfaction of their life needs and the needs of their families. The need for continuous follow up and analysis of problems, which are results of their psychosomatic disability, is imposed. Due to economic crisis and objective and subjective reasons, people with disabilities live in unpleasant conditions. Social work has to solve basic existential problems, problems of their families and families these people will raise. Social work faces frequent conflicts at work places, divorces, alcoholism, gambling and asocial behavior and solves them continuously with established system of providing services. |
Citation:Andreevski V. Importance of Social Work in Implementation of Social Care for Disabled People. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):85-96. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. Зборник појмова у социјалној политици, Југословенска Конференција за социјалну делатност, Београд, 1973. |
|
4. Ружин Нано, Социјална политика, Македонско Радио, Скопје, 1994. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE