JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 48527
ПРИМЕНА НА МЕЃУНАРОДНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНЦИОНИРАЊЕТО, ПОПРЕЧЕНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА ПЕДИЈАТРИСКО ПОЛЕ1
Драгослав КОПАЧЕВ
Скопје, Македонија |
|
IMPLEMENTATION OF INTERNATIONAL CLASSIFICATION OF FUNCTION, DISABILITY AND HEALTH IN FIELD OF PEDIATRICS 1
Dragoslav KOPACHEV
Skopje, Macedonia |
Вовед |
|
Introduction |
Секоја класификација претставува процес што има цел да воспостави ред меѓу комплексните податоци преку нивно групирање во одредени категории врз основа на нивни заеднички карактеристики. До денес се изведени ревизии на поголем број класификациски системи, со цел да бидат поопфатни, лесни за примена и на стручњаците од разни средини, да им обезбедат полесно комуницирање. Денесво употреба се два основни класификациони система: Меѓународната класификација на болестите, повредите и причини за смртта (МКБ-10 или ИЦД-10 на СЗО од 1992) и ДСМ-IV класификацијата од 1994 година на Американската психијатриска асоцијација. И двете класификации се во голема мера компатибилни меѓусебно и со најновата МКФ (меѓународна класификација на функционалната попреченост и здравјето) и имаат можност за конверзија на дијагностичките критериуми. Во развојниот период Класификацијата МКБ-10 (ИЦД-10), која званично и ние ја користиме во Р. Македонија, многу придонесе да се расветлат некои растројства во однос на симптоматологијата, етиопатогенезата, текот, прогнозата или некои други варијабили. Сепак, поради немање јасна диференцијација меѓу "здравото" и "патолошкото" во развојниот период, многу растројства не ги задоволуваат дијагностичките критериуми на ниедна операционална дијагноза, така што сите се фрлаат во една заедничка "корпа", како "неозначени растројства". Така, за жал, денес уште ниедна класификација не е сеопфатна. 1. Усогласени мислења и ставови од семинарот: "Примена на МКФ на педијатриско поле", организиран од EducAid (невладина организација за соработка и помош на едукативен, социјален и здравствен план)
|
|
Each classification is a process aiming to establish certain order among complex data through their grouping in certain categories on the bases 1. Harmonized opinions and attitudes of the seminar “Implementation of ICF in the field of pediatrics”, organized by EducAid (non-governmental organization for cooperation and aid on educational, social and health plan”. |
|
||
Организација, цел и работа на семинарот |
|
Organization, aim and work of the seminar |
Семинарот "Примена на МКФ на педијатриско поле" беше организиран од Educ Aid (невладина организација за соработка и помош на едукативен, социјален и здравствен план). Предавачи беа обезбедени од Италија и тоа: д-р М. Леонарди, педијатар-невролог од Националниот невролошки институт во Милано и д-р А. Мартинуци, примариус по неврологија во Институтот за сместување и грижа од научен карактер “E. Medea”-здружение-"Нашата фамилија" во Конељано Венето. Двајцата се членови на СЗО-МКФ педијатриска група. |
|
EducAid (non-governmental organization for cooperation and aid on educative, social and health plan) organized the seminar “Implementation of ICF in the field of pediatrics”. The lecturers came from Italy: Dr. M. Leonardi, pediatrician –neurologist from National Neuralgic Institute from Milan and Dr. A. Martinuzzi, expert in neurology at the Institute for board and lodging and care “E. Medea” – association – “Our family” in Conegliano Venetto. Both of them are members of WHO-ICF group of pediatricians. The basic aim of the seminar was to enable the participants to understand the concept of health, promoted by the WHO, to be informed with the descriptive ability of items and codes, the influence of ICF in their own professional activities to be experienced practically. The participants should theoretically and practically experience the conceptual and structural model of ICF classification and take positive motivation for its implementation in practice. At the end of the seminar, a great number of participants from various institutions were given ICF questionnaires (version for children and youth) to be filled up for certain disorders in developmental age and sent to EducAid for examination their validity in the Macedonian environment. |
|
||
|
|
|
Согледувања, дискусија и ставови |
|
Impressions, discussions and attitudes |
Сметаме дека класификацијата МКФ во целост претставува чекор напред, особено во развојната возраст. Иако МКФ, за разлика од МКБ-10 (ICD-10) класификацијата, нема примарно значење во дијагностиката на болестите, во пречките и другите здравствени состојби, сепак, МКФ класификацијата со богатството на дополнителни информации што ни ги дава, има придонес и за полесно расветлување на дијагностиката, етиопатогенезата, текот, прогнозата и широката палета од постапки што може да се преземат. Затоа, најдобро е МКФ и МКБ-10 (ICD-10) класификациите да се користат заедно. МКФ-класификацијата, применета на педијатриско поле, нема цел да класифицира деца. Децата се развиваат и се менуваат, та дијагнозата може да се промени во однос на одредено растројство, во зависност од периодот на развојот што го достигнало детето. Сепак, МКФ детето го става во центарот на вниманието (педоцентрично) во контекст на неговата "развојна микросредина" и "макросредината", односно во општеството каде што треба да се интегрира и каде што детето ги остварува потребите и треба да |
|
We think that ICF is entirely a step forward, especially in the developmental age. Although ICF, contrary to ICD-10 classification, has no primary significance in the diagnosis of diseases, disabilities and other health conditions, still MCF classification with its richness of additional information contributes to better enlightening of diagnosis, etiopathogenesis, course, prognosis and wide range of procedures that can be undertaken. So, the best way is MCF and ICD-10 classifications to be implemented together. The MCF classification, implemented in the field of pediatrics, does not aim to classify children. Children develop and change, the diagnosis can change in relation to certain disorders depending on children’s developmental period. However, according to the MCF, children are in attention-centered position in the context of their “developmental micro environment” and “macro environment”, i.e. the society, where children are integrated, carry out their needs and are protected by legal regulations. When filling up the questionnaires, we could see that MCF classifications were based on facts. They use clear operational definitions, instructions and explanations. They offer better selection for helping children in the context of environmental and personal factors. They possess their logical system established on the principles with clear and precise rules and leave the door open for its further enhance and improvement; allowing inclusion of various experts and implementation of team work. MCF classification shows its interest for health and conditions related to the health. It does not talk about diseases and ill person. The medical concept of health takes social dimension and means achievement of greater individual quality for living, i.e. achievement of good feeling and own balance and balance with the environment. MCF classification insists, instead of the term “Fight against diseases”, the term “Health against diseases” to be implemented, i.e. “Health for everybody” and “All for one”. In this way, MCF classification abandons the domination of the classical terms “Medical model” and “Medicalization” of problems because they can cause more damages than benefits due to lack of use of huge energy from other social sectors and the society, as a whole. The experiences of all branches of medicine state that the burden of a condition or disease and the difficulty of diagnosis do not always match. Health as a concept can incorporate the disease, so one is ill or healthy depending on one’s functionality or disfunctionality in the social field. The implementation of MCF in the developmental period insists upon respect of holistic approach, i.e. to respect a child from both somatic and psychosocial aspect. MCF classification comprises live organism as a system of structures and a source of activities that are indivisible. The MCF classification for disability has not the best adequate term and comprises it as a “common umbrella” which is a multi dimensional phenomenon as a result of mutual action among human beings, physical and social ambient. The MCF dimension incorporates etiology, health condition, disabilities, limited activity and limited participation. We think that MCF classification will show greater closeness to the definition of disabilities if a dimension “Problems in the developmental period” is accepted and if “Special educational needs” is better evaluated. It is obvious that MCF classification in the developmental period insists on undertaking greater responsibilities about children with developmental disabilities from members of families, institutions and society. Thus, the need for obtaining their education and special services is obvious. Selection of items of screening, which are sensible indicators of developmental disabilities, enables MCF to have scientific value, to be implemented in epidemic purposes and each child to become “Study for oneself” in the moment of examination. Such attitude is important for the type of implementation of special education needs. MCF gives greater optimism in relation with prognosis, implementation of various education and rehabilitation procedures and undertaking greater general responsibility, realization of child’s rights and needs. It enables greater methodological and technical connection, as well as experience exchange among professionals from various environments, allowing the individuals to have right to say their opinions which, for the individual is a need or an obstacle (in the family, school, legislation, social environment and other). |
биде заштитено со законски регулативи. Низ практичното работење, при пополнувањето на прашалниците, имавме можност да се увериме дека МКФ-класификацијата се темели врз факти, користи јасни операциони дефиниции, упатства и објаснувања, нуди побогат избор на решенија за давање помош на детето во контекстот на срединските и личните фактори, располага со логичен систем, основан врз принципи со јасни и прецизни правила и остава отворени врати за нејзино натамошно проширување и усовршување, дозволувајќи вклопување на разнопрофилни стручњаци и примена на тимско работење. Класификацијата МКФ покажува интерес за здравјето и состојбите, поврзани со здравјето. Таа не зборува за болест и болна личност. Медицинскиот поим за здравјето сî повеќе добива социјална димензија и се содржи во постигање поголем квалитет на единката за живеење, односно во постигање добро чувство и рамнотежа со себе и околината. МКФ-класификацијата се заложува наместо терминот "борба против болестите", наша водилка да биде "со здравје против болестите", односно концептот "здравје за сите" и "сите за единката". На овој начин МКФ-класификацијата ја одбегнува доминацијата на класичниот "медицински модел" и "медикализацијата" на проблемите, од причини што тие може да дадат повеќе штета одошто полза, поради неискористеноста на огромна енергија од другите општествени сектори и општеството во целост. Од друга страна, искуствата од сите гранки во медицината зборуваат дека тежината на една состојба или болест и тежината на дијагнозата не одат секогаш заедно. Здравјето како поим може во себе да ја содржи и болеста, така што некој е здрав или болен во зависност од неговата функционалност или дисфункционалност во социјалното поле. Примената на МКФ во развојниот период се заложува за почитување на холистичкиот пристап, односно детето да го почитуваме и од соматски и од психосоцијален аспект. МКФ-класификацијата живиот организам го сфаќа |
|
|
како систем на структури и извор на активности што се неделиви. МКФ-класификацијата за попреченоста нема најадекватен термин и ја сфаќа како еден "општ чадор" што претставува мултидимензионален феномен, кој е резултат на заемното дејство меѓу лицето, физичкиот и социјалниот амбиент. МКФ-димензијата ја вклучува етиологијата, здравствената состојба, пречките, недостатоците, ограничената активност и ограниченото учество. Сметаме дека овде МКФ-класификацијата ќе покаже поголемо доближување до дефинирањето на попреченоста ако се прифати димензијата "проблеми во развојниот период" и ако му се даде поголемо вреднување на "посебните образовни потреби". Многу е очигледно дека МКФ-класификацијата во развојниот период се заложува за преземање поголеми одговорности од членовите на семејствата, институциите и општеството за децата со пречки во развојот. Ако е тоа така, очигледна е потребата и од обезбедување на нивна соодветна едукација и обезбедување посебни служби. Селектирање на ставките на скринингот, кои се чуствителни индикатори за попреченоста во развојот, овозможуваат МКФ да има научна вредност, да може да се користи во епидемиолошки цели, а секое дете да стане "студија за себе" во моментот на испитувањето. Ваквиот пристап е значаен за видот на примената на посебните образовни потреби. МКФ дава поголем оптимизам во однос на прогнозата, примената на разните едукативно-рехабилитациони постапки и за преземање поголема општа одговорност, остварување на правата и потребите на детето. Тој овозможува поголема методолошка и техничка поврзаност, како и размена на искуства меѓу стручњаците од разни средини, дозволувајќи личноста да има право на свое мислење што, за неа, би претставувало потреба или пречка (во семејството, училиштето, законодавството, социјалната средина и друго). |
|
Општи заклучоци |
|
General conclusions |
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
Citation:Kopachev D. Implementation of International Classification of Function, Disability and Health in Field of Pediatrics. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):103-109. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. Svetska Zdravstvena organizacija: ICD-10 Klasifikacija mentalnih poremeċaja i poremeċaja ponašanja, ZU i NS, Beograd, 1992. |
|
3. Светска здравствена организација (СЗО): ICF-Меѓународна класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето; работна верзија, EducAid, 2004. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE