JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 43182
ОБЉУБА ВРЗ НЕМОЌНО ЛИЦЕ, КРИВИЧНО ПРАВНИ,
Крсте МАЉАНОВСКИ |
|
CRIMINAL, LEGAL, SOCIAL AND TERMINOLOGICAL ASPECTS OF SEXUAL INTERCOURSE WITH A DISABLED PERSON
Krste MALJANOVSKI |
Вовед |
|
Introduction |
И покрај тенденцијата на кривичното право да се повлекува од инкриминации што навлегуваат во интимната сфера на човековото опстојување, како што беше казнувањето на хомосексуализмот, онанијата, промискуитетот, кои во минатото беа ригорозно санкционирани, кривичните дела, како на пример, силувањето, обљубата врз немоќни лица и др. секогаш биле лоцирани од другата, казнивата страна на законот.
да е само психофизички здраво лице и кое треба да е постаро од четиринаесет години, лице кое на одреден начин може да се спротивстави, кај кривичното дело што е предмет на интерес во овој труд, жртва на кривичното дело е немоќно лице кај кое е злоупотребено душевното заболување, душевната растроеност, немоќта, заостанатиот душевен развој или друга состојба поради која тоа лице не е во состојба да му се спротивстави на сторителот. |
|
Besides the tendency of criminal legislation to withdraw from incriminations that enter the intimate sphere of human existence, such was punishment of homosexualism, onanism and promiscuity, which were rigidly sanctioned, the criminal acts, for example, rape, sexual intercourse of disabled person etc; they have always been located on the other side, the punishment side of the law. |
|
||
|
||
слободно може да го заземе местото на злостор со несогледливи последици како врз жртвата на самото дело така и врз неговото семејство. |
|
|
|
|
|
Обем и динамика на кривичното дело "Обљуба врз немоќно лице", изразени преку статистички податоци во нашата земја |
|
Quantity and dynamic of the criminal act “sexual intercourse with disabled person” shown through statistical data in our country |
Многу е интересен прегледот на статистичките податоци, кои може да се добијат во нашите официјални институции за обемот и динамиката на овие кривични дела. Во годишните извештаи на Државниот завод за статистика на Република Македонија не може да се добијат релевантни бројки на пријавени, обвинети и правосилно осудени лица за кривичното дело-"обљуба врз немоќно лице". Во нивните табели ова дело со неколку други се ставени под графата-останати. Од тука, не може да се согледа официјалната статистика за овие дела. Во табелата што следи се дадени податоците за 2000, 2001 и 2002 година. |
|
The survey on statistical data, received from our official institutions on quantity and dynamics of these criminal acts, is very interesting. The annual surveys of the State Institute of Statistics in the Republic of Macedonia do not provide relevant figures of registered, accused and sentenced in effect people for the criminal act “sexual intercourse with a disabled person”. In their tables, this act is put with several other acts in the graph “others”. Thus, we can not get official statistics of these acts. The Table 1 shows the data for the years 2000, 2001 and 2002. |
Табела 1. Обем и динамика на кривичните дела од Глава XIX од КЗ на РМ |
|
Table 1. Quantity and dynamic of the criminal acts in Chapter XIX of Criminal Law of the Republic of Macedonia according to the registered, accused and sentenced people |
Објавувајќи ги поединечно овие егзактни податоци за сите кривични дела, се овозможува реално да се согледа нивната застапеност, а со тоа би можело да се преземат соодветни превентивни активности за нивното спречување. Не е никакво оправдување наводната "мала застапеност", поради фактот што е општо присутна појавата за непријавување на сите кривични дела од оваа глава во КЗ, за што ќе стане збор подолу во текстот.
Една од значајните карактеристики на кривичните дела од оваа област е нивното непријавување или темната бројка на криминалитетот. Вистинската бројка на некои видови криминал речиси и да не е можно да се дознае. Ова тврдење е општо прифатено насекаде во светот. Така, според едно истражување, направено во САД, од ФБИ на секое едно пријавување имаме по десет непријавувања. Со ова тврдење се согласува и Слаѓана Тасева. Голем број се причините за непријавување. Сексот уште е табу-тема на овие наши простори кои, во основа, се обременети со традиционални вредности и забрани да се зборува за сексот, од една страна, а од друга, срамот за семејството од околината, чувството на несигурност и недовербата во институциите на системот, долготрајноста на постапката за докажување и пресудување, неинформираност, отпуштање од работа (мислиме кај заштитните работилници) и др. Во основа, наведените причини се општи за сите кривични дела, поврзани со сексуалната делинквенција. Освен тоа, има и некои специфични причини кои директно се поврзани со пријавите поднесени од лицата со инвалидитет или од нивните старатели, а тоа се: недовербата и несериозноста во прифаќањето на нивните изјави, |
|
Announcing of these individual exact data of criminal acts, enables us to perceive their representation, and according to this to undertake preventive activities. It is no excuse for supposed “small representation”, because it is obvious that the criminal activities, from this chapter of Criminal Law, are not reported. This is given below in the text.
One of the most significant characteristics of criminal acts in this field is not registering and it is a dark number of criminality. The real number of some types of criminal acts is impossible to get to know. This assumption is worldwide generally accepted. According to one research carried out in the USA by FBI, there are ten non-registered to every one registered case. Sex is still taboo for our regions. It is burdened with traditional values and bans for talking about it on one side, and on the other side, the family’s embarrassment, feelings of uncertainty and non-confidence in institutions of the system; long duration of the procedure for prove and judgment, lack of information, job loss (at shelter workshops) and others. The quoted reasons are common for all criminal acts connected to sexual delinquency. There are some specific reasons, directly connected to submitted reports by disabled people or by their guardian. They are as follows: non-confidence and non-seriousness in accepting their statements,
|
|
||
|
|
|
|
|
|
Кои се сторителите на ова кривично дело |
|
Who are the doers of such a crime |
Прашање на кое се обидувале да одговорат голем број луѓе од најразлични струки и професии, лаици и експерти. Дали се тоа нормални луѓе или болни психијатриски случаи, кои сексуалниот порив сакаат да го задоволат со лице кое со ништо не го предизвикало овој акт? Каков е менталниот склоп на овие лица? - Сигурно е дека еден физички инвалид не е лице кое со изгледот и поведението го предизвикало сторителот за да го стори ова кривично дело. Можеби, со неколку потврдни реченици ќе може да се презентираат причините за сторување на ова кривично дело.
Дали се овие тврдења на нормални психофизички здрави лица, лица кои работат, создаваат семејства, раководат или, сепак, се лица со тешки психички нарушувања? Не може да се смета за здрава личност човек кој, користејќи ја улогата на старател, негувател, лекар, а во некои случаи и родител, да има сексуален однос со некој што тоа не го сака или не е свесен за сето тоа, и покрај фактот дека е свесен дека за ова дело може да биде казнет. Лесно е со злоупотреба на положбата на зависност да се изврши обљуба на женско лице што е постојано во инвалидска количка, што е слепо, што е неподвижно, лице што, можеби, ги нема горните екстремитети, што чека да му се принесе јадење, да му се помогне во некои основни хигиенски потреби, да се однесе на лекар и др., а притоа со сериозни закани дека сето тоа ако биде обелоденето или ако евентуално биде пријавено на надлежните органи, сите "бенифиции" ќе му бидат оневозможени. Очигледно е дека тоа се луѓе без никаков морал. Луѓе кои не избираат средства и начини за да си го задоволат сексуалниот порив кој, веројатно, е на животинско рамниште. |
|
This is a question that a great number of people of various professions (laymen and experts) tried to answer. Are they normal or sick, psychiatric cases who want to satisfy their sexual instinct with person who does not cause this act? – What is these people’s mental integrity like? – It is for sure that one physically disabled person is not one who challenged the doer with appearance and behavior to commit such crime. The reasons for such crime can be presented with several sentences.
Are these statements of normal psychophysical healthy people, people who work, form families, manage or they are people with severe psychical disturbances? A human being cannot be treated as healthy one who, using his role as guardian, nurse and doctor and, in some cases, a parent, has sexual intercourse with one who does not like it or is not aware of it besides the fact that he will be prosecuted. It is easy to misuse the dependent position and commit sexual crime on female in a wheelchair or blind, motionless, maybe without arms, who needs to be fed and assisted in common hygiene, who needs to be taken to the doctor’s and, at the same time, to be banned to talk about the abuse, threatened that if he is reported to the authorities, she would lose all the “benefits”. These people obviously are without any moral. People who do not chose means and ways to satisfy their sexual instinct that is probably at level of animals. |
|
||
Тие се невпечатливи кои во основа, добро функционираат во други сегменти на општественото живеење. Тие луѓе нас нé опкружуваат, сé до моментот на нивното откривање и евентуално казнување. Во нивните изјави пред судовите тие речиси никогаш не си ја признаваат вината. Изјавите на оштетените и на сведоците ги сметаат за лажни-сé со единствена цел, според нивно мислење, тие да бидат казнети, понижени, дисквалифицирани, исфрлени од работното место и др. |
|
|
|
|
|
Последици |
|
Consequences |
Во основа последиците може да се класифицираат во две основни групи и една како комбинација на двете основни групи. |
|
The consequences can be classified in two basic groups and one that is a combination of two basic ones. |
|
||
|
|
|
Откривање |
|
Discovering |
Првенствено, што можеби е и суштинско, е сериозниот пристап кон изјавите што ги даваат оштетените лица од разговорот со родителите, а и со старателите и другите лица со кои тие комуницираат или имаат доверба. Имено, мала е веројатноста родителите добро да не ги познаваат најблиските кога зборуваат вистина или кога измислуваат. |
|
It is very important that it should require a very serious approach towards the statements given by the abused people in conversation with their parents or guardians and others they communicate with or have confidence in them. It is obvious that parents know their next of kin when they tell the truth or lie.
We point out the importance of special teachers who, according to general opinion, should be included in all stages of the procedure, starting from registering in Ministry of Internal Affairs until court hearing. Their practical training to work with such a category of people can contribute in getting relative data for each case.
|
Го истакнуваме значењето на дефектолозите, кои по општо мислење мора да бидат вклучени во сите фази на постапката, почнувајќи од самото пријавување во МВР, сé до распитот во судовите. Нивната практична обученост за работа со оваа категорија луѓе многу може да придонесе за добивање релевантни податоци за секој поединечен случај.
|
|
|
|
|
|
Препораки и заклучоци |
|
Recommendations and Conclusions |
Општо е прифатен ставот дека основниот вид превенција е подигнувањето на свеста кај луѓето дека овој вид криминал и кај нас го има и дека секој сторител на ова кривично дело би требало да биде казнет. Значи, како примерен фактор во превенцијата на ова дело и на другите сродни кривични дела е нивното пријавување. Непријавувањето значи продолжување со криминални активности на оние сторители кои тоа го сториле. Одлуката за пријавување е исклучително тешка ако се работи за родител или за близок од семејството (срамот, материјалната зависност, заканите, уцените, разводот, неверување на изјавите на жртвата и др.). |
|
Generally accepted attitude, that the basic type of prevention is raising people’s awareness that this criminal act is present in our environment and each doer of this crime should be punished. The exemplary factor in prevention such an act and similar criminal acts is their registering. If not registered, such criminal activities mean continuing criminal activities of abusers. The decision for registering is exclusively difficult if a parent or relative is in question (embarrassment, financial dependency, threats, blackmails, divorce, questioning the victim’s statements etc).
A very important role in preventing such acts is a serious approach and special training of investigating organs (Ministry of Internal Affairs) in finding the doers, collecting evidence and their efficient and fast delivering to the prosecuting organs. The generally acknowledged fact is that the doers are always known. |
Непријавувањето, значи соучесништво и во секој случај и кај нив има можност за кривична одговорност. |
|
Citation:Maljanovski K. Criminal, Legal, Social and Terminological Aspects Sexual Intercourse with a Disabled Persons. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):111-123. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. Арнаудовски Љ, Стојановски Т. Трговија со луѓе-криминалитет, Скенпоинт, Скопје, 2002. |
|
4. Merćant J. Izbor, Zagreb, 1980. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE